Додека трае ковид пандемијата, деновиве почна да се шират паника и разни информации за опасноста од мајмунски сипаници кои се претставуваат како опасни по живот и лесно преносливи. – Од социолошки аспект мислам дека треба да се пополни просторот што медиумите го имаа со ковид, тие се навикнаа на тоа. Инаку мајмунските сипаници не заслужуваат никакво внимание, освен научно-истражувачко и епидемиолошко значење. Мајмунските сипаници се покс сипаници. Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае. Стручен назив е вариола вера, но Англичаните го викаат смол покс. Нашите новинари, а понекогаш и стручните лица го преведуваат како мали сипаници. Кај нас малите сипаници најчесто ги викаме морбили, додека смол покс и ние и Србите, Хрватите, Русите ги викаме големи сипаници, појаснува во Утрински брифинг микробиологот, проф. д-р Никола Пановски за фамата која се крева околу мајмунските сипаници. Низ годините имало појава на спорадични случаи на мајмунски сипаници, но вакцините од мали сипаници, пружаат голема заштита од оваа болест. – Пред некој ден слушав дека СЗО вели ако сте вакцинирани од мали сипаници, 85% ќе бидете заштитени од мајмунски сипаници. Кога би било тоа вистина, би било одлично, бидејќи од мајмунски сипаници се сите вакцинирани, додека од вариола вера кои се големи сипаници, вакцинирани се оние кои се постари од 51 година. Значи Југословените два пати, а останатите во светот еднаш. Сите останати не се вакцинирани. Манки покс за првпат е изолиран во 1958 во Копенхаген. Слична покс сипаница е варичелата, што ние ја викаме овчи сипаници, а врска нема со овци. Во иста фамилија спаѓаат вариола вера, мајмунски сипаници и вакциниа. Вакциниа е болест на кравите од која се разболуваат луѓето. Фамата се крена бидејќи во последниот месец се појавија стотина случаи. Но за разлика од вариола вера, мајмунските сипаници не предизвикуваат смрт, рече д-р Пановски и објасни дека меурчињата се опасни само ако се инфицираат од бактерии. Тој објаснува дека во медиумите се објавуваат страшни слики од екстремни случаи кои предизвикуваат страв кај населението. Д-р Пановски во гостувањето во Утрински брифинг се осврна и на ковид пандемијата. – Не би требало да има нов бран. Варијантите кои се појавуваат на омикрин се со поблаги симптоми. Населението и со вакцините и со прележување стекна имунитет. На есен и да има нов бран нема да има 50 туку 200 случаи и тие ќе бидат полесни. Нема да има ниту потреба од тестирање. Тоа се случи со војната во Украина. Илјадници Украинци излегоа од земјата, никој не ги тестираше, Полјаците кои ги прифатија не пријавија зараза, дециден е д-р Пановски. https://www.slobodenpecat.mk/video-...j-vo-evropa-se-ushte-ne-umrel-od-ovaa-bolest/
Ова Пановски што изјавил дека стручен назив е вариола вера, дали е тоа онаа болест за која е снимен филмот со Раде Шербеџија или некоја мутација?... Малку се збунив и исплашив
Мајка ми и татко ми се вакцинирани од Вариола Вера уште како деца и имаат пликови на рамената уште од вакцината..
Variola vera е филмот со Раде Шербеџија, точно, за епидемијата на голема или крупна сипаница во СФРЈ во 70тите години на 20век. За два месеци сите се извакцинирале и ја искорениле болеста со понатамошна апликација на вакцината. Денес тоа нема шанси да се случи, оти народов е премногу себичен. Второ, вариола вера не е исто со мајмунска сипаница, туку припаѓаат на иста група вируси, предизвикувачи на сипаници. Во истата група е вирусот на варичела - зостер кој повеќето го прележуваме ко деца и е всушност ситна сипаница. Мала сипаница или морбили е друг тип вирус. Пановски ако го разбрав од статијава, вика дека вакцината против морбили штити од мајмунски сипаници, а всушност вакцината против варичела која ја нема кај нас е таа што штити од monkey pox.
https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/magazin/мајмунски-сипаници-му-се-закануваат-н/ Во 2018 ни се заканувале мајмунски сипаници. Зошто не се сеќавам на ова? Мене ми се чини дека Пановски малку ги измеша сипаниците. Measles и smallpox не се исти. Кај нас се става вакцина за морбили, или measles.
Така и јас го разбрав. Само што кај нас има еден куп деца невакцинирани со Мрп. Она што ме исплаши е дека стручен назив бил вариола вера, фала на објаснување. Откако го гледав тој филм а пред тоа бремена прележав варичела имам уплав од сипаници. Значи не е толку страшно или така се тешам п.с. Во Југославија имале доверба во здравствениот систем затоа ја решиле за два месеца, кај нас ова недај боже ако дојде (а ќе дојде) којзнае што ќе се исподешава дур дојдеме до вакцини
Се надевам дека нема. Но, ако нашава влада намириса профит и во ова, ќе дојде. Затоа што ние сме продадена држава за пари и интереси.
Не значи дека ќе се рашири. Мене ми мати памет што многу брзо се рашири по западот, имајќи предвид дека се шири преку размена на телесни течности, односно со многу близок контакт. Дали е нешто маткано со вирусот или се работи за едноставна еволуција на истиот во комбинација со заспаниот имунитет од ковид изолациите. Ќе видиме, ама мислам дека нема толку да се прошири.
Да се надеваме, не му треба на светот нова пандемија. Па на нашава економија ич. Човек се да си помисли, можеби е само медиумска фама...
Ќе скокнат сега ова антиваксериве ама повеќето заради такви изникнуваат веќе искоренети болести. Вакцините не се смислени за џабе.
Ама едно добар процент ја прележуваме оваа некогаш. Дали тоа значи дека сме колку толку имуни на мајмунскиве?
И јас за тоа размислував. Дека можеби ние што прележуваме како деца имаме каков таков имунитет. Ама не знам, не сум сигурна. На запад мислам подолго време ја има вакцината за варичела, па веројатно е дека таму не ја прележуваат баш како кај нас, па затоа полесно се шират мајмунскиве сипаници. Ќе видиме, но дај Боже да остане вака. Да не се шири повеќе.
И капки кога киваш, кашлаш... Transmission Human-to-human transmission is thought to occur primarily through large respiratory droplets. Respiratory droplets generally cannot travel more than a few feet, so prolonged face-to-face contact is required. Other human-to-human methods of transmission include direct contact with body fluids or lesion material, and indirect contact with lesion material, such as through contaminated clothing or linens.
Да, ја има вакцината, конкретно овде, ама пак, овде моментално има многу заразени. Некаде од кај јануари има варичела. И доста деца овде имаат прележано.
Monkeypox - до денес 90 заразени во светот. Вели вакцината против smallpox штити во извесна мера, до денес никој од овие 90 нема фатален исход. И теории за ширењето во линкот подолу https://apnews.com/article/health-w...ions-animals-72a9efaaf5b55ace396398b839847505 Значи овие smallpox се еквивалент на што уствари?
Smallpox се вариолата. Варичела на англиски се chickenpox, морбили се measles. Аман измешаа термини. Еднаш со вариола, еднаш со варичела се слични.
Ок, значи не сме вакцинирани ама вакцина има за сваки случај. Отидов јас да умрам денес на раат, i can't stand this shit once again
Не знам Јуле, навистина не знам, само претпоставував дека поради тоа што има вакцина која е задолжителна, логично е да има понизок морбидитет, со многу лесна клиничка слика. Ама ете, може не е така. Сепак е заразна болест.