Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајмунски сипаници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од нина122, 20 мај 2022.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    А зашто кај геј само?
     
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    38.376
    Пол:
    Женски
    Не е кај геј само, туку овие случаи што се поврзани во државите кај што има најмногу, се случиле помеѓу хомосексуалци на забави.
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.386
    Допаѓања:
    250.073
    Всушност од оргии. Од некои забави кај што имало доста луѓе, претежно геј.
    Секако од театар не е.
    Во Кина лилјаци јадеа, овде се *беле кој најде, кој стигне и сега чорба.
     
    На cresa-jagoda и kristina.k им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.490
    Допаѓања:
    15.642
    Пол:
    Машки
    :o
    МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВЕРОЈАТНО СЕ ШИРЕЛЕ ПРЕКУ СЕКС НА ДВЕ ГОЛЕМИ ЗАБАВИ ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ СЗО


    1000-4-1.jpeg
    Водечки советник на Светската здравствена организација го опиша досега невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како случаен настан кој може да се должи на ризично сексуално однесување на два неодамнешни масовни настана. Според Дејвид Хејман, водечката теорија со која може да се објасни ширењето на болеста е сексуална трансмисија помеѓу геј и бисексуални мажи на забави одржани во Шпанија и Белгија.


    Оваа болест е карактеристична за зафрлени делови на централна и западна Африка и случаите надвор од овој регион најчесто се поврзани со патувањата во тие подрачја. Станува збор за ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо и заразените заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се пренесува така лесно помеѓу луѓето, па ризикот од поголемо ширење е многу мал.


    „Знаеме дека мајмунски сипаници можат да се пренесат при близок контакт со лезиите на некој што е заразен и се чини дека сексуален контакт го засилил тој пренос“, кажа Хејман.


    Ова е отстапување од вообичаениот шаблон на пренесување на болеста во Африка, каде што луѓето главно се заразуваат од диви животни. Над 90 случаи на мајмунски сипаници досега се потврдени во повеќе од десет земји, меѓу кои и Велика Британија, Шпанија, Израел, САД, Франција, Швајцарија и Австралија.

    Здравствените власти на Мадрид кажаа дека во градот се регистрирани 30 случаи и се истражува можна врска помеѓу неодамнешна геј парада на Канарските Острови, на која имало 80.000 луѓе и мадридска сауна.

    Хејман вели дека нема докази дека вирусот би можел да мутира во позаразен сој.

    Не постои посебна вакцина за мајмунски сипаници, но СЗО вели дека вакцините против мали сипаници се 85% делотворни против ова заболување. Симптомите вклучуваат осип, треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Значи мајмунските сипаници и големите сипаници (вариола вера) спаѓале во иста група поксвируси. Вакцината против вариолата се добивала од vaccinia вирусот, кој исто спаѓа во поксвируси, и давал имунитет и за мајмунските с.
    Ова од извадок на книгата на др. Марковски "Биотероризам и биолошки војни".
    IMG_20220523_235322.jpg
    Пиша некој погоре дека официјално во 1980 г. е прогласена победа, искоренување на вариолата, но не е лошо да се знае дека САД и тогашниот Советски Сојуз задржале одредени количини од овој вирус во своите лаборатории.
    А дали во тогашна Сфрј вакцината била задолжителна само кризната 1972 г. или се примала до 1980 г.?
     
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    38.376
    Пол:
    Женски
    @orevokrsacka во 1972 е извршена масовна вакцинација во Југославија, во неколку недели.
    А вирусот уште го имаат во лабаратории, да. :worried: Овој е многу поблаг од него, според тоа што читав, нема толкава смртност.
     
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.283
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Машки
    Секогаш, околу погрешно протолкувани информации се прави највеќе драма. Вариола вера, ги напаѓа гејовите… :|
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Ах да како заборавив на тоа, гејовите се криви, ене има и со огромни букви два три постови погоре. :D
     
    На anngelique му/ѝ се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Да, но дали е додадена како задолжителна вакцина и за новородените се до оној момент кога СЗО вика "готово, ја искоренивме", (1980) или била задолжителна само во 1972?
    Инаку, прашував мои блиски постари луѓе дали ја примиле тогаш вакцината, и одговори имаше разни:некој примил, некој не примил (не зошто одбил, туку немало притисок дека тоа мора да се направи) , трет не памти..
    А сите биле полнолетни, вработени во Скопје во тој период. Што знам што да кажам, и социјализмот имал "дупки".
     
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.416
    Допаѓања:
    38.376
    Пол:
    Женски
    @orevokrsacka мислам дека само тогаш е вакцинирањето, не е како редовна вакцина после воведена. Барем според информациите на интернет и филмот што го имам гледано. И јас ги прашував, никој не се сеќава да примил, може претежно било на деловите од Југославија кај што е епидемијата, Косово и Белград. Ако имаа примено ќе се сеќаваа, на специфичен начин се става вакцината.
     
    На WildMk и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.386
    Допаѓања:
    250.073
    Не се криви, ама од вакви оргии се прошири.
    Еве учествувале и бисексуалци.
    Отприлика забавите секако не се ко да одеш на опера.
    Сакаш да кажеш ок ти се?
    Еве го резултатот.
    Другите болести не ги ни спомнувам, тие си се нормални.
     
    На cresa-jagoda и Anah им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    Вирусот го имаат доста лаборатории низ светот, не се само Америте. Може кога сакаат да го пуштат, и не би ме изненадило, оти човекот е клето битие.

    Вариола вера (smallpox) отсекогаш е голема или крупна сипаница. Народот е тој што погрешно ја вика варичелата (chickenpox) крупна, а таа е всушност ситна сипаница. Така останало, за да не се мешаат со морбили кои се мали сипаници (measles).

    Татко ми ми кажа дека сите во 1972 и после тоа се вакцинирале некој период, тој памети каква краста имал на местото на боцкање. Има и лузна. Задолжително било вакцинирањето. И сигурна сум дека на цела територија било спроведено, плус имало строг карантин.
     
    На Lianna Anna, H.VAGA, kristina.k и 2 други им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    Не, го имаат само две лаборатории, освен ако некој не успеал во тајност да го чува со децении на трето место. Официјално последните примероци се чуваат во високобезбедната лабораторија на центарот за контрола на болести (CDC) во САД и центарот за вирологија и биотехнологија (ВЕКТОР) во Русија. Голем број научници се залагаат за нивно уништување во интерес на светската безбедност, другите пак се против уништувањето верувајќи дека можат да послужат за натамошни истражувања воопшто на вирусите.

    Самата вакцина против вариола инаку не се прави од истиот вирус, туку од вакцинија вирус сроден со тнр. кравјите сипаници (анг. cowpox) а vaca на латински значи крава инаку па од таму и името - вакцина.
    Да, според она што читав вакцината против вариола се дава исклучиво поткожно и по неколку дена се создава гнојна краста (може да биде поголема или поситна, зависно од типот на вакцината) која не смее да се чепка. Доколку се чепка со прсти па потоа со прстите во око или други делови од телото може да се создадат и таму красти или дури да се искомплицира здравствената состојба. Мора да се почека неколку недели (ако не и повеќе) да се исуши и спонтано отпадне. Потоа трајно останува вдлабена лузна. Слично како кај вакцините против туберкулоза но тие се поинакви (малкуцка испакнати и чворести) помали лузни.
    Според извештаите воглавно било така, но имало и тогаш случаеви на купени лажни сертификати бидејќи југословените за времетраење на епидемијата (технички зафатени биле само Косово и Србија) можеле да ја напуштат и влезат во други држави само со жолт картон (меѓународен документ со кој се потврдуваат примените задолжителни вакцини при патување во одредени земји). Но имало и случаеви на себично украдени вакцини. Среќа немало интернет тогаш па не се ширеле толку брзо глупости против вакцините, па не само што ја запреле болеста во СФРЈ туку и ја истребиле во целиот свет.

    Во почетокот се давале со обични шприцеви, но забрзаното масовно вакцинирање во Југославија за време на епидемијата (март-мај 1972) било овозможено со пиштол-инекции (на млазен погон, без игли) донирани од САД.
     
    Последна измена: 24 мај 2022
    На MilaSs12, Lianna Anna, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    Вакцината против вариола била задолжителна приближно до крајот на истата деценија, но се сум сигурен за годината. Таа била задолжителна и пред епидемијата 1972 но колку што знам само при одењето во војска (ЈНА) која пак воглавно ја служеле само мажи, и при патување, особено на аџилак во Саудиска Арабија каде што болеста веќе ја немало во тоа време, но поради прилив на верници од целиот свет барале задолжителна вакцинација, како што и сега бараат вакцинираност против менингoкокален вирус.
    Ама естетското нагрдување е слично, не знам за миризбата.
     
    На Lianna Anna, orevokrsacka и kristina.k им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Мислите дека намерно е пуштен?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    Не мислам. Само ми е чудно што наеднаш се зголеми бројот на заразени, имајќи предвид дека не е високо заразен вирус како вариола или варичела. Не дека немало порано, но спорадично било. Макар сега за сите вируси е полесно да се шират, имајќи предвид дека патувањето е многу олеснето за разлика од порано, благодарение на авионскиот превоз.
     
    На Lianna Anna, Angie1432, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.557
    Пол:
    Женски
    Да ама не сега баш дека е пуштен, си циркурилал во Афричките земји како биолошко оружје сигурно долго време, ама сега има многу егзотични патување од кај нас за Африка, од цел свет за Африка.. Буквално за 1000€ можеш да одиш и да уживаш 10 дена на Танзанија, Сејшели, Маурициус, Мадагаскар и слични места, ако порано немало, сега има за евтини пари, можеш многу лесно да го донесеш овде вирусот, не само овде, било каде низ цел свет..
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Јас сум на'две...
    Предолго макијавелизмот е водилка на глобалното оопштество... ништо чудно и вакво нешто да се случи.

    Од друга страна, сакам да мислам дека генерално, сите се трудиме да создадеме 'подобро утре'

    ... преку ку*ов!
    Во Африка кружел оти е специфичен за тоа подрачје.
    Секој екосистем си има ралични бактерии и вируси.
    Затоа ако одиш во Индија на пример, ќе те вакцинираат од триста чуда, што кај нас не се вообичаени, а за таму се.
     
    На Lianna Anna, Ahoy и Annath им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.623
    Пол:
    Женски
    Си постои вирусот одамна, не е дека човекот го измислил, не е биолошко оружје, само со ограничена локализација и помало ширење оти не е високо инфективен.
     
    На Lianna Anna, daylight и WildMk им се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.557
    Пол:
    Женски
    Како мислиш специфичен за тоа подрачје, нели можат СЗО и други слични на СЗО да пратат вакцини таму и да се истреби вирусот, ама ако уригираш на тоа дека повеќето болести ги добиле од кога европејците дошле во Африка, и немаат стекнато колективен имунитет тоа е друго..
    Иначе во Индија по пазари доле на земја готват храна и ја продаваат, ние да пробаме таква храна готвена доле на под на пазар три месеци ќе не можеме да се оправиме.. Они немаат гајле, дали имунитет, дали вакцина ама немаат гајле..