1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајмунски сипаници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од нина122, 20 мај 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Вирусите и бактериите се различни, во различен еко-систем.
    Исто како инсектите, птиците и сите животни.

    Затоа кај нас нема кенгури и фламинга.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Женски
    Има во зоолошка фламинга, ама не се розеви, бели се како штркови..
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Има во золошка, ама нема по ливадите.
    Оти ова не им е природен хабитат.

    Затоа не треба да постојат Зоолошки.
    Според мене.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Konfetka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    @JuLleE, да беа и жените без грам памет ко маживе што се, верувај и кај стрејт луѓето ќе имаше голем број на оргии. Така да, јас ги обвинувам мажите in general, не само геј и бисексуалците. :D
     
    На cresa-jagoda, Lianna Anna, Аргентина * и 5 други им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Можат и праќале но програмата не била толку агресивна како против вариолата и некои други болести токму затоа што смртноста е значително помала и болеста понераспространета.
    Не, нема резон.
     
    На Lianna Anna и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.277
    Пол:
    Женски
    Ама секој климатски појас има своја специфика, секој континент е посебна приказна, различен екосистем има во различни делови на ист континент на пример. Затоа и има различна флора и фауна, како и бактерии и вируси кои се карактеристични за тоа подрачје оти тие таму се развиле, се прилагодиле и опстанале. Микробите се најстарите жители на планетава и се развивале соодветно со еволутивниот процес како останатите видови. Се шират вон ендемските подрачја оти светов е помал од кога и да е. Башка и луѓето свесно пренесуваат болести, што всушност е биотероризам. Американците не го однеле вирусот на monkeypox во Африка, таму си живеел тој одамна. А луѓето патуваат насекаде и секогаш постои ризик од ширење на било кој вирус или бактерија надвор од ендемското подрачје во кое живее.

    Вариола вера ја немало на американскиот континент, Европејците ја однеле, намерно ги заразувале домородните жители.

    Да си ми жив и здрав. Мажите. Небитно геј, стрејт, би. Мажите.
     
    На нина122, cresa-jagoda, BlackNight и 5 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Женски
    Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, јави Н1 Словенија. Според медиумот, станува збор за маж кој се вратил од Канарските Острови.
     
    На MemoryOfUniverse му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Женски
  10. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Само да не дојдат кај нас.
     
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.487
    Пол:
    Женски
    За каква смртност зборувате?

    Еве работам во приватна болница, баш денес разговарав со еден од најдобрите инфектолози во државава кој спаси илјадници од коронава. Човекот се смее на темава.
    Прво не се работи за никаков нов вид туку е подвид на веќе постоечката голема сипаница која е искоренета во текот на 70тите години кај нас. Друго - има многу мала смртност.
     
    На buba4e89 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Ќе Ве замолам кога ќе пристигне кај нас во Маќедонија оваа сипаница, да ме известите, да клајме по едно кафе , ко шо е редот :)
     
    На MemoryOfUniverse му/ѝ се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Женски
    Со локумче
     
  14. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Ако се пренесува преку сексуален однос, јас безбедна сум. 8)

    Досега си кажувавме од работа префатив, од маркет, од на свадба...сега како ќе кажите од кој?
    И таман престанавме раце да миеме, пак сега.
     
    На Amellie13, cresa-jagoda, Biljarkata и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    Замисли те прашува епидемиолог контакти и мора да ги кажеш сите со кои си се ехем:wasntme:
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, fast_and_curious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Сега освен раце, ќе треба и нешто друго почесто да (за)миеме. :rofl:

    Шала на страна, сакав да прашам дали и како е ова поврзаноста на мајмунскиве со Големите сипаници (веројатно овие беа Вариола Вера), пошто дознав дека сите ние родени во 90-те сме примале, а многу од нас и ги прележале. Дали тоа значи дека сме заштитени, или сепак не? :?:
     
    На simoncelicius, mal.ecka и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека некој роден после* 75та прележал вариола.
    80та била прогласена за истребена.
     
    На daylight, cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Тогаш може се работи за некоја друга врста на сипаници, но знам дека беа доста распространети и скоро сите ги прележавме. Дури некои и до болница стигнаа, од кои и јас.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    Повеќето сме прележале варичела како деца. За таа нема задолжителна вакцина зашто не се смета за толку опасна.
    Вариолата е друго, многу поопасна.
    Вакцината од вариола наводно штитела од мајмунскиве. Таа се примала 70тите, откако е истребена веќе не се прима.
     
    На simoncelicius, MemoryOfUniverse, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.277
    Пол:
    Женски
    Варичела биле тие. Вариола вера е искоренета, ниту си вакциниран против неа, ниту си прележал.
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.