МОРА ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ – На чекор од Македонија: Регистриран е првиот случај на мајмунски сипаници и во Србија
СЗО во среда ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба
https://www.ecdc.europa.eu/en/news-events/mpox-epidemiological-update-monkeypox-2-september-2024 Како што заклучив јас одлучено е ....Не ме радува ништо од ова што пишува а на ТВ немаат ништо кажано....
https://mia.mk/story/china-to-screen-people-arriving-in-country-for-mpox-virus Се ме потсетува на корона вирус...
Го следите моменталниот случај со мајмунски сипаници? Некни фатив кратка изјава од доктор дека едниот дава различни верзии, а другиот одбива да соработува.
Извинете што ве цитирам после толку години, го правам тоа чисто ради информираност и за другите што читаат низ форумов: Во народот Мали сипаници се нарекуваат морбилите, но е сосема друг вид вирус во однос на големата и крупната. Овча сипаница наречена и крупна, е варичела - на англиски ја нарекуваат chickenpox. Голема сипаница позната и како арапска или црна сипаница е вариола вера - на англиски била наречена smallpox, во Југославија 1972 имало епидемија (низ Косово и Србија), а последен забележан случај бил во 1977, за во 1980 е прогласена за искоренета благодарејќи на обемна и долготрајна кампања за масовна вакцинација. Вакцинираните против вариола т.е. голема сипаница имаат мал вдлабен кратер на рамото кој настанал откако малечко гнојно топче (кое не смеело да се чепка затоа што можело да предизвика инфекција тнр. вакцинија) отпаѓало после спонтаното исушување по неколку недели а истото настанувало како реакција на успешната вакцинација. Розеола е позната како тридневна болест (бидејќи поминува за неколку дена). Против морбилите постои вакцина (MMR вакцина - штити и против рубела и заушки). Измислена е одамна која воедно штити и против веќе истребената голема сипаница (вариола вера) и против кравји сипаници (така се нарекува, но ја пренесуваат и стаорци и мачки но е ретка). Некогаш тоа биле вакцините Dryvax и Acam2000 до скоро со која ги вакцинирале здравствените работници во САД и припадници на нивната војска како превентивна мерка против биотероризам. Денешно време (од 2022 навака) постои дво-дозна вакцина против мајмунски и големи сипаници - Imvanex, во САД брендирана како Jynneos, односно како Imvamune во Канада. Тоа е можно бидејќи сите три вируси се од истата фамилија на тнр. ортопоксија вируси. Разликата е што најновата вакцина е побезбедна и не остава мал вдлабен кратер на кожата во однос на претходната Acam2000 и постарата Dryvax.