Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене :)

    Гунгула денес на работа, ама баш ми е гајле. Моето си е сработено, другиве нека му ја мислат :P

    Синоќа сум се комирала како никогаш. Слушнав во полусон бебе како кенка, ама мислев сонувам (facepalm) Маж станал, и дал цуцла и си продолжила. Знае така во сон да кенка, цимоли и бара цуцла. Секогаш ја слушам, ама синоќа не знам што ми се случило, баш кома. Обично лесен сон имам, и најмал шум ме буди, ама ете. Па цело сабајле се фали маж како он станал и и дал, да не бил он, ќе се разбудела па ќе требало да ја презаспиваме. Сам си се фали бе, срце :D Демек којзнае што направил. Маж :rofl:

    @Mari* и јас сакам чисто, не мора друго, ама подот обавезно. Бебе лази и само на земја е, па тоа ми е сега приоритет. Теписи ние немаме, паркет само, и онакви коцки гумени за бебе врз него, па само тргам коцките, бришам и постилам. Дрво ни е паркетот, не е ладен ни во најладната зима, баш е топол и пријатен. И јас најчесто си седам со бебе на земја :D Она не седи на коцките, да се разбереме, шета по паркет и лази до првото нешто на кое може да се фати и исправи на нозе, ама не ја мислам. Да беше ламинат, немаше шанси да ја оставам така. Кај свеки е ламинат и е ладно камен доле, таму не ја пуштаме да лази :|

    @galapce драга, уште малку и ќе дојде крај на сите маки. Сите тука стискаме палци за вас и чекаме да слушнеме добри вести. И ќе слушнеме :hug: Не можам ни да замислам како ти е, јас го поминав тој пат со татко ми, но дете е многу подруго ;(. Немам зборови колку си храбра и позитивна, алал да ти е мајче :muscle::l: Сите сме со тебе :hug:

    @Chanell* не ми збори за невоспитани деца на гости :devil: Братучед на мм има две деца, кое од кое се. Особено постарото е страшно немирно. Минатиот пат кога биле кај свеки (ние на одмор бевме, среќа :D), големиот скршил еден брод, украс што мојот покоен свекор рачно го има правено и тоа беше единственото нешто што го имаа како спомен од него. Мм ќе заплачеше кога дојдовме кога виде, свеки се утепала од плачење :( Мајката седната со кафето и од место викала немој ова, немој она. Уф да е мое дете јас би го исплескала за такво однесување, ма цела куќа беше наопаку превртена. Уште па и кучето го тепал, среќа што е мирен, инаку нејќам да знам што можело да се случи.

    Јас за гости си кажувам, бебе бањам во 20.00, легнувам во 20.30. Кој сака нека дојде, ама седење до 20.00. И јас одам на работа, и мм оди, и бебе имаме, и стварно треба да си без осет да дојдеш и да седиш до полноќ (или покасно). Еднаш-двапати имавме такви вечери со гости, не им текнуваше да си одат, и тогаш реков, веќе ред на бебе (и наш) не реметам за никого апсолутно. Ако ти одговара да дојдеш во пристојно време ок, ама не можеш да ми доаѓаш во 21.00 и да седиш до ниедно време. Се напнувам значи за луѓе без осет, особено со мали распрдени деца и родители со став “што да му правиме, нека го, таков си е“. Е никој не си е таков, туку е каков што ќе го воспиташ. Јас така дете да преврти туѓа куќа наопаку, а јас да седам со кафето во рака не можам да замислам.
    Се напнав значи :^)

    Ај да одам да каснам нешто да се смирам, ми се пријаде :D

    Убав ден на сите :)
     
    На Coco31, M&M, Ano и 32 други им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    77.426
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од нас. Бебе заспа втора тура, весело е пак навечер.. ич не спие, станува за секое и си плаче :drunk: а вчера вечер како божем за да се наспиеме повеќе, јас легнав на креветот на синко во неговата соба, тука и она во креветче, синко и мм на спална... и погодете кој не се наспа :D Секое сабајле иста песна, на кој прво да дадам да јаде... не мијам заби, трчам во кујна и прво јадење им правам... малава околу нозе ми се вртка, а синко како навиен, сакам да јадам, сакам да јадам... не ми јасно како така станати од спиење одма се гладни или јас така сум ги научила :?: Имам тон алишта за перење и пеглање, па додека спие малава нешто од нешто за средам, а на синко ке му дадам да црта со фломастери... хаосот во кујна останува за после. Кога ке стане мадам ке одам да ги прошетам малку на љуљашки, додека има сонце да користиме. До роденден ни остана уште малку, скоро се е спремно и организирано, благодарение на мене :) Другиве никој не се замара, не се радува, ниту ме прашале дали помош треба, не ми е јасно како толку може некој да нема кеиф, се осеќам како јас сама да ке и славам роденден и крштевка на малава. Имаме една тешка ситуација дома, ама сепак мислам дека бар малку некој треба да ми подпомогне, немора да прави којзнае што, бар да ми направи муабет, што е подобро ова или она, за роденденот и крштевката не се зборнало, од а до ш се јас сама. Се обидов совет да побарам, но толку без кеиф одговор и се откажав. Друго се мислам синко дали да го носам на клиника пред род, ама толку се ми е собрано, мозочен удар ке ме удри мислам од главоболки јаки понекогаш... а толку не ми требаат и тие болници и доктори сега, ама ке мора да го однесам што побрзо. И така, го напишав постов и воздивнав како којзнае што да сум направила...
    @galapce :l::hug:
    Убав ден :hug:
     
    На Coco31, Верче4, Ano и 31 други им се допаѓа ова.
  3. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    8.790
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Јас деновиве со термини, како дојдов да завршам све. Сабајле бев крв да ми проверат па утре ке си одам по рецептите. Попладне сме во една институција, понеделник забар и гинеколог. И конечно вторник доручек со другарка без деца.
    Денес да ми земат крв јас држам дете во една рака и се трудам да му одвлечам внимание додека ме боцкаат на другата рака ( ова втор пат ми се случува). Многу ми е тешко што во вакви моменти немам на кој да го оставам да завршам работа да не го носам со мене. Мислам некој термини ги правам кога мм е слободен ама некој работи што мислам дека ќе можам сама гледам да ги завршам, да имаме повеќе време за шетање.
    И кај него новости ми најави дека следната година ќе почне со ноќни смени, а толку не сакам ама добро ќе ни дојде на буџетот со оглед на тоа што не планирам да го пуштам синко во градинка пред да наполни две.
    @Mari* и јас се спремам после нова година да почнам со часови, а страв имам голем ама неопходна ми е возачка.
    Толку од мене имајте убав ден одам да ставам ручекот за бебе полека да се спрема.
     
    На Coco31, Ano, karibian и 23 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден.
    Имам некој мир деновиве.
    Не зимам кусур на никого за ништо веќе.
    Само ради свој мир.
    И детето ми е помирно кога сум јас смирена.
    И си спие.
    И отепајте ме ама мислам дека вади заби.
    Двете раце и се во уста. Магично ја прифати цуцлата одеднаш преку ноќ. И по 3 лигавчиња утоп менувам на ден, ако не и повеќе.
    Напредна можда е, на 2 ипол месеци заби. И и се вцрвенуваат образите. Знае да се смее и во секунда да заплаче без причина и исто магично да се врати на смеењето.
    Можда е некоја фаза. Не знам, првпат ми е. ;)
    Денес ден за големи промени. Едвај чекам да видам што ќе испадне, па ќе се пофалам попосле коа ќе е готово.8)
     
    На Coco31, Ano, karibian и 26 други им се допаѓа ова.
  5. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    22.781
    Пол:
    Женски
    Здраво, немногу наспана ,да пишам....
    Синко кога заспива кашла ко стар дедо,се корне! На лекар ни кажаа ништо нема спуштено..нос не му тече..е зашто кашла незнам..Уште е на сируп...
    Уште еден ден,па викенд.Незнам дали да се радува што на кратко ке избегам од канцеларијава и луѓево,ама па сама ќе бидам без мм.Тоа значи се на мене оставено...
    Кога бев бремена,секогаш си правев планови како ќе читам книга дур детето ќе спие,или ќе работа од лаптопт..Невозможна мисија били тоа :)
    @Lolipop23 со лесно да си ја истераш бременоста!
    И јас сум во некој филм влезена за второ,ама уште ми е страв како би се снашла. Башка уште цица малово,немам срце да го одбијам...

    Ај да одам по втора тура кафе,денов некако до 17ч да се истера...
     
    На Coco31, Ano, karibian и 26 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    @Mari* и да не кажеш дека сакаш чисто, ние знаеме дека е така. По постовите те знаме дека сакаш дома тип топ да ти е.
    Туку кажи што прават малите ти додека чистиш. Како те оставаат да работиш низ дома?!?!
    Ова го пишувам зашо јас во последно време имам проблем со работење низ дома. Дури спие беба правам ручек и евентуално да соберам некоја играчка , да пружам алишта, да спремам каша. Значи едвај основни работи кои морам. Кога е будна едвај да успејам да испразнам / наполнам садоперачка, да диплам облека, некогаш да усисам ак е расоположена беба да се вози во дубакот.
    Пеглам наврчер одкога ќе ја заспијам, и раскревам нередов со последни сили за утре да има што да се растура.
    Иначе обврски како бришење, миење прозори, чистење купатило, миење тераси , средување плакари... тоа се задачи кои сама со бебо не можам, чекам ММ да е дома за да завршам.
    До мене ли е, до бебо ли е?!?!
    Озбилно жени што имате бебиња како се организирате околу обврски низ дома? Колку сами со бебе можете да постигнете и како?
    Кога се веќе деца од 1,5 год и повеќе е далеку полесно, ама кога се бебиња ми се чини чистењето е предизвик.

    @Mari-Ja за запчињата стоматолозите велат дека има врска исхраната... чоколадата, бомбони (шеќерот де) соковите ( па и од цуцла ако пие) и те како носат кариес. Можда и гени имат врска, сигурно и редовното и правилно четкање ( мојата четка обавезно 3 пати дневно,од мерак некогаш и повеќе)
    Не знам што би можело да се преземе за веќе расипани запчиња. Носи го на забар.
     
    На Coco31, M&M, Ano и 28 други им се допаѓа ова.
  7. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Конечно успав бебе па сеа со компјутерот пред мене јадам смоки и пијам кафе. Мм денеска отиде на пат па само за мене не ми се готви. Ручек за мене смоки .

    Редовно ве читам , ама некогаш заборавам да пишам , некогаш ме мрзи , а некогаш и немам желба , не за друго од дома немам ништо да ви кажам. Од сабајле фатив метев , прашина бришев , џогирав и некако се изморив , само што седнав со кафето , ми се јави брат ми пред зграда бил , па дојде он , со него малце помуабетивме . Се јави мајка ми , после што ќе сум правела сама дома ќе дошол татко ми да ме земел со малиов да идеме накај нив.
    Мајка сакала по бутици да шета па јас друштво да сум и правела . Бебе пошо е размрсулавен ќе си седи домче со дедо му :D.

    Нема ништо ново инаку. Полека почнувам да се спремам за дипломска. За тоа што пишав работа што бараше мм и што имаше интервју , кога видоа дека има добро познавање од неговата бранша , веднаш другиот ден имаше интервју таму со тој шеф некој што бил на фирмата и му понуди веднаш да одиме ама некако веднаш ни дојде набрзо , па падна договор нешто незнам некое мини проектче да го изработи од дома да им го прати , а за одење да одиме во јануар , односно после нова година,

    За одење на моите и на неговите ништо им немаме спомнато оти малце ќе почнат да препаѓаат , не им ни спомнуваме се додека не дојде недела пред одење. Тогаш ќе им кажеме. Малце не кочи што не го знаеме германскиот , али имало некои курсеви таму ни објасни човекот , ќе сме ги посетувале тие. Како ќе биде незнам , ама се надевам на добро нешто да излезе .


    Мм ќе си дојде во сабота па едвај чекам да го искористиме викендов.
    Бебе почнува да разбира па ако му речам не таму и ме слуша , некогаш додека си игра јас седам до него ќе дојде ќе ме гушне , се топам , дури ми иде да се расплачам од среќа . Душа мајкина е он , само забчињата не мачат , а и сега што е размрсулавен , само чистам носе и насабајле и навеччер инхалации правам.

    Леле многу се распишував.

    @galapce Гушки до тебе и до дечкото твој. Многу сте храбри , значи постовите твои ми зрачат со позитивност , браво мајка за пример.
    @Lollipop23 со лесно бременоста.
    @danichap мајка само додека читам што се правиш се осеќам уморно , ама браво како се справуваш со сите три женски.
    @gjoker4e ја нема некако.
     
    На Coco31, Ano, karibian и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    @snegulkata работиме заедно :D
    Мислам дека треба да знаат за во иднина дека хаосот треба да се собере
    Една крпа на Могли,џогерот на мали :$
    Тие повеќе го сваќаат како игра низ која еден ден ќе научат да се педантни
    Могли ја зема смукалката и си ја чисти собата :inlove:
    Ми помага да ја испразниме машината за садови
    Стои позади мене и јас и давам тањирче таа го става на место,нормално не и давам чаши и прибор ама тоа што може зошто да не :wasntme:
    Исто и после јадење знае да ги собере тањирите и да ги остави на работна маса вкујна
    Заедно бришиме прозори,ги вклучувам скоро во се
    Мали зема крпче и ја бриши кожата на гарнитурата :lol:
    Мислам не ги користам децата него изнајдувам начин како да не живееме во загаден простор
    Тоа не засега сите нас
    А ќе научат во иднина да помагаат и да ги делат обврските со останатите
    Мислам јасно ви е дека повеќе шљакаат ама ме радува што се трудат
     
    На Coco31, M&M, Ano и 31 други им се допаѓа ова.
  9. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    :hai::hai:
    Утрово иако тмурно сепак направив еден круг низ град :)
    Оставивме дете во градинка и продолживме во лиделот со мм, сакав да земам од меките тренерки за мене и него ама згрешив што го земав и него со мене :doh:
    Маж не е за пазарење :!:
    Цело време се брзаше, требаше да се шиша а и втора смена на работа па ќе задоцнел |(
    Како и да е, успеав пак за пола саат да потрошам стотче ]:)

    Ручекот беше што најдовме во фрижидер.
    Испратив маж на работа и седнав да одморам од шетање :lol:
    Треба да спремам нешто за јадење за синко, секој ден кога излегува од градинката бара да јаде, се гледа колку јаде таму.
    Кога е паста и така и вака, кога е рижото ич не го сака.
    Тука првото е тоа, потоа имаат второ месо со салата или риба, еден ден има пица и крема од зеленчук.

    Два пати го препрочитав постот на @Sexybaby86 и сама се смеам.
    Значи или сум поспана или имам проблем со видот.
    Жената убаво си напишала ама јас упорно читам дека маж и се разбудил и дал ци*ка на малото :tmi::D
    И си велам еве маж а не мојот :rofl::rofl:
    @galapce ти си едно позитивно суштество, зрачиш жено - Ти си лавица :!:
    Да даде Бог се да се заврши добро, наредното твое одење во Истанбул да биде за една друга работа што ја спомна во еден твој пост ;)
     
    На Coco31, Ano, karibian и 25 други им се допаѓа ова.
  10. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Дете спие,а јас го зедов новиот тел на мм да ве исчитам и да пишам збор-два.

    Толку од мојот тел синко денеска уште еднаш го искапи во вода додека бришев џамови.
    Мајка ми вели да ми даела некој пензионерски,не сакам сакам помодерен за да чепкам по нетов.

    И така дете ме изнервира го ставив во хранилка му пуштив цртани и се фатив да доработам.Избришав џамови,пердиња исправ и обесив (добро е што не сакаат пеглање).Мегу време додека се переа пердињата заедно со дете метевме,џогиравме и избришавме прашина.
    Ама неговото бришење е како некоја 80годишна баба која не гледа.И не те остава да поминиш по него.

    Бевме во двор да искористиме сонце.Стандарт дете се заигара со камчињата,а јас собрав алишта од жица,ги здиплив и еве ги на кревет ме чекаат мене...

    Дете исто како вчера ,сношти незнам колку пати се разбуди го нишкав,му пеев бараше сокче му давам и само го гушка.
    Знам ке помине за ден два,ама не можам да го гледам кај што се мачи да си ја голтне плунката.За доручек касна едно кифке мало со сиренче ,покасно му дадов овошје не сака, малку смоки касна и испи 150мл сок. Се лигуши како некое бебе...
    @galapce:hug::hug::hug: до тебе и Алек
    @Lollipop23 со ледно да си ја износиш бременоста.
     
    На Coco31, azelea, Lorins и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @Monella ма :rofl: Камо да можеше и тоа да и даде додека доев :rofl:

    На тема второ дете, се фаќам како се почесто размислувам за тоа :$ Сакам па :$ Добро, не одма сега, ама во блиска иднина. Само ме плаши помислата како ќе се снајдам со две, ама сакам второ додека бебка е помала. Ќе видиме, како ќе реши Господ, така ќе биде :angel: Рано ми е уште, после Нова Година може да размислувам на темата. МаШ би уште одма, и тоа не едно, уште две сака :whew: ама јас сум способна само за уште едно. Додуша, во моментов уште не сум ни за тоа, ама одам натаму :)

    Уште 2 минути имам на работа и ташната на рамо :D Едвај чекам да излезам. Денес сработив се од сабајле и цел ден дремам, времево едвај ми помина. Ај да се спремам и да фаќам патот.

    Убав ден :)
     
    На Coco31, Ano, TarantulaA и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @mariz :hug: се изнервирав со муабетот околу роденденот на малата спремај си радувај се ич од колено не удирај никого, за синко кога се роди мм порача мекици, зема пијачки и одбележа не каневме туку спонтано како се јавуваа да честитаат им кажавме повелете на пијачка е сега за второ дете не се правеле такви ''џумбуси'' а знам и од кај му е идеата:!: ок нема проблем секако јас не сум дома што сакаат нека прават ама си кажав и дека годинава јас на термин слава за цела родбина од свеки да ме нагази нема, како што нема да има ни именден на неполни месец дена од бебе. Ајт мрш ми нагазија на жуљот:smoke:
     
    На TarantulaA, azelea, Lorins и 11 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    77.426
    Пол:
    Женски
    Јас и повеќе се нервирав, ама тоа е... си се помирив и се сама. Дури децава со мене и низ продавници да си купам работи за колачиња едни сакам да правам за род, свеќичка, сама правам и некои декорации, па материјал со нив заедно купував, што џумбус беше дома :D користев бар малата додека спие, па јас правев.. синко сецкаше се занимаваше и тој нешто. И коментар знаеш каков добив? Што се замараш толку (facepalm)
     
    На Верче4, TarantulaA, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Женски, абе мислам дека ќе добијам во секој момент.
    Со денови боли стомак,ама сега ептен почна.
    Што смеам да пијам а да не штети на доење?
    Или кетонал чепчиња да земам?
    Заборавив како болеше, ау не се трпи :(
     
    На Independiente, eli25 и Seline им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    77.426
    Пол:
    Женски
    Смееш бруфен да се напиеш.. сум пиела, не се лачи во млекото, бар од тука тоа го дознав и кога не се трпеа главоболки тоа пиев. Јас од кога го родив првото, немам болки никакви кога добивам, како да немам добиено исто ми е, само што тече :D
     
    Последна измена: 18 октомври 2018
    На mal.ecka, Independiente, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    https://forum.femina.mk/threads/Употреба-на-лекови-за-време-на-доење.28479/
    Разгледај овде, може некоја мајка има споделено.
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Се сторив плавуша.
    И многу убаво ми стои.

    Ми требаше некоја промена.

    Убав денов фин, колку и да пробаа да ме изнервираат, не им успева.

    Имајте мирна ноќ. Да ни спијат дечињата како бајчиња.
    |-)
     
    На Coco31, Ano, mal.ecka и 22 други им се допаѓа ова.
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.756
    Пол:
    Женски
    Добра вечер!
    Синко и мм заминаа да спијат, јас реков ќе гледам серија ама мм се размрчи не сме се имале ,, видено,, подолго време, па за кратко ќе им се придружам. Мм има некој глуп распоред со работа, преку еден ден рано станува и патува во друг град, па се нешто му се спие.
    Ништо паметно немам да кажам периодов, страшно ме болат заби, не ми се тргнува да почнам, сите од страв јас од мрза.
    И јас сакам да е се под конец дома, може не тата-мата скоцкано, ама да е средено, онака како што сакам јас. Играчки имаме во соба, ама сите се средени во катче на синко, тоа е негова обврска, и богами он воопшто не сака да му е растурено. Подот е секогаш чист, и со оглед на тоа дека се грееме на дрва, околу каминот нон стоп метам :)
    Почнаа да ми тропаат од горе, отидов да дремнам.
    Мирна ноќ!
     
    На Coco31, Верче4, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Ај да пишам збор два па да легнам.. 11 се сторило неосетно.
    Сабајле се испрефорсирав.
    Демек ќе сум чистела ама сакав малку посаглам. Кое чистење жени кога ми се соврте у глава абе правам чекор напред 2 се враќам назад не бива и не бива а има денови полни со елан кога се лскам по дома ама ете..
    Си се помирив нанервирана дека треба да запрам па и ручек ставив згора на тоа па масло па прженици па замириса лошо ..

    Баталив се се најадов и легнав до дете маж дојде па дете стана измеѓу јадевме и одмаравме се оставив така
    Попладнето прошетавме
    Се вративме дур зспие јас натаму наваму го оставив со татко му да гушкаат и да спијат и еве го чукна часот

    Утре пак петок. Денови како луди летаат ..
    Маж 100 пати повторил не сакал утре да руча дека пости а нема што да јаде а јас пак му направив знам дека нема да одбие и дека ќе му се пријаде

    Со дете чистиме средуваме заедно он обожава смукалка па кога е на арните добро ни оди
    А кога беше бебе немав проблем моето беше мирно бебе
    Денес беше на не арните па не успеавме :D исто така знае да се загледа пиличи по некоја минута па компенсираме односно и јас сум брза за час време се прередувам и чистам.

    Така добра ноќ.
    Ми се спие
     
    На Coco31, Ano, karibian и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Добро утро, долг ден ќе биде денес. Мм пред 5 замина за Скопје само за да заврши работа и да не треба да остане и викендов. Синко го осети уште кога стана па почна да се врти низ кревет и за кратко станавме и ние ама па и сношти во 8 беше веќе заспан.
    Кафе испиено, дете намирено сложува сложувалки, машина врти, во план ми е смукалка и прашина да пребришам па да се позатопли и ќе излеземе. После ручек ќе одиме до кај моите, а богами ако не се враќа денес мм и ќе им отспиеме.
    Имајте убав ден, петок секако е убав :hug:
     
    На Ano, tina-63, 24.07 и 15 други им се допаѓа ова.