Добар ден. Се поднови темава со тазе мајки. И ние сега со подпораснатите ги имавме истите маки, си се жалевме исто тука и за неспиење и за се. Тешко е додека се навикнеме и на нова улога и хормони работат, ама ќе помине. Само смирено и со многу љубов. Гледајте колку што можете да си олесните и не слушајте многу многу луѓе од страна. Колку има вистина во ова, раѓаме бебе, но и ние сме нешто ново, влегуваме во еден нов свет. Бидете добри и кон себе и ќе бидете добри и кон малечкото. И пишувајте тука, олеснете си, се разбираме сите овде верувам. Ние правевме леб од банана, и реков ќе печеме заедно, па ќе и направам чоколадно млекце со какао и топло лепче да јаде со банана. Бутна еден тањир го искрши, јас накриво сум го оставила, нозе ми се пресекоа да не се повреди, среќа на скаличката стоеше, а гледам ептен да сум внимателна со неа во кујна. Се исплаши и јас што викнав, ама јас од страв. Ја земав одма, ја прашав дали е добра, да не и летнало стакленце, ја прегледав, па и објаснив зашто викнав и дека се случува да се скрши нешто, не е ништо страшно. После истури нешто доле, ама земала го шлапка со нозе, и подвикнав, па сама си се прекорив. Не сакам детето да истури нешто и да се плаши од мојата реакција дека ќе викам. И реков кога ќе истури нешто да ми каже, па ќе и дадам да си исчисти. Така мислам е многу подобро и за двете. Лепчето супер испадна, млекцето не го пиеше, како што и мислев, ама ај за атер. Само чај се пие, друго не се признава. @Корнелија на мојата додека ја доев малку градите и беа како потечени од моите хормони. Педијатар рече тоа е нормално и кога веќе нема да ја дојам ќе се нормализира. Каква врска има тоа што ти ќе го чуваш подалеку од тебе не ми е јасно зашто како што пишаа погоре, не се пренесуваат преку воздух. Смешно дури. Еве сега кај ќерка ми нема ништо. За крварењето после породување, и општо за опоравувањето после породување, има посебна тема, можеш и таму да прочиташ искуства. Толку од мене, имајте убав ден сите.
Кога бев трудна, шетавме низ парк и имаше едни родители со 2 деца. Поголемото пиеше сокче и се покапа на јакната. Мајката почна да му се дере и да го вреѓа, татко му ми шлапна една шлаканица и му рекоа оти си таков ќе си одиме дома. Се собраа и си отидоа, оти мајката сеа ќе морала да пере јакна. А уствари капна цевчето, детето не можеше да знае дека тоа ќе се случи. Пораката до детето беше, иако не си крив, глуп си, татко ти ќе те тепа за нешто за кое не си виновен, ќе бидеш казнет и ти и брат ти. Во тој мемент со ветив дека јас ова нема да му го направам на моето дете. Сега оди изфлекна, покапана, со различни чорапи. Ја оставам да учи да јаде сама и да се брише сама. Што мми е мене работа ако не да ја перам облеката? Што ако е чисто по дома? Што ако елката е накитена совршено? Што ако скрши лампион? Што ако немам сервис од 6 чаши? Елката ја раскитува у секој слободен момент, играчки има насекаде. И немам проблем со тоа никаков. Лампиони крши, ќе купамнови. Знаев дека ова ќе се случи па затоа оставив стари и евтини лампиони. Купувам само памучна облека евтина. Нека се флека. И старите се флекаат некогаш.
Мајки ме интересира колку пари дава општината за второ дете? Дали има некоја што оставила документи за паричен додаток од општина за второ дете? За прво даваат 6.000 денари. И што е со законот за еднократен надоместок од 20.000 денари дали веќе важи или уште не е во функција?
Aj и ја да се надоврзам, фала што ме потсети. Мене за близначиња ми следи нешто или второто пупу не важи? И патем следува само од град Скопје или + општина?
цццц за таква ли работа тепање ,викање, карање??? Што им е на некои родители не ми е јасно ?? Изгледа чекаат нешто да им направат децата па лечат фрустрации врз нив! Страшно ! Јас син ми го пуштам сам да јаде, да се искапе и да се испрља. Не гледам ништо страшно во тоа. После се бришеме,поминувам околу и готово. Ме нервира кога јаде и баба му кога го поминува по секое залче лапнато со салфета. Мене многу ми се слатки деца кои се прават лом со јадење Не сум од тие мајки кои уредно го ранат детето Секој ден цртаме со оние бои што се за деца , шлапаме со раце,со четки,лепиме, сечеме,цртаме . И со тоа се праи лом.А што да му правам друго ?? да го седнам на таблет или моб и само тоа да гледа. Не дека му забранувам да седи на моб, ама се си има мерка . Елката ја никитивме заедно , и сега секој ден откачува лампиони ,фрла, крши. Го карам не за друго , за утре ако одам на гости да знае дека не смее така да праи таму. Очекувам кај и да е да ја јавне Уште тоа му остана Играчки на сите страни, на коцки казиме, на коли, со мм пцуеме ама зошто боли кога ке згазиш не за друго Во кука со деца така е.Едвај чекав да го родам, да го имам па сега да му кратам негови игри.Нема шанси!! А тие таквите родители што ги тепаат децата за капка на јакната , не знам кога јадат и пијат по кафани дали толку се уредни! Безобразни ! Се напнав
Паричен надоместок има само за прво живо новородено дете. Да го редактирам тогаш ова дека имало и за второ. Кога ли го сменија законот? Ја едвај и за првото зедов кога отидов ми рекоа дека не знаат, па ме маткаа со документи, па зошто матичниот гинеколог не ми бил од тој град туку сум одела во друг град... https://forum.femina.mk/threads/Паричен-надоместок-породилно.17969/page-99#post-3213805. @Корнелија @Charlotte* Додека бев на гости 5 годишно дете истури чоколадно млеко на блузата, несакајќи беше секому може да му се случи, татко му го удри и му рекоа да оди в соба и да не излегува од таму. Човек ќе се потруди да оправда дека е резултат на насобран стрес, работа, секојдневни обврски, напор, постепено се дуе балонот и пука, но најчесто на погрешно место. А тоа дете? Со страв ли ќе живее? И мене ми викале родителите за сосем банални работи ама секогаш си велев дека не сум јас виновна, тие се нервозни и затоа ми викаат, не се плашев или нервирав, само молчев и ги сожалував што се нервозни и под стрес. РАЗГОВОР! @RainBow Јас и викам кога ќе истуриш да избришеш и намерно тура и брише. Се уште е мало за убаво да сфати дека не треба така, како игра го сфаќа и еден од начините да ме зафркава. Кога сме кај зафркавање ептен сака да ме зафркава и само се смее.
Законот уште не е изгласан, мислам некаде спомнаа после јануари. Зависи од општината, ама да, ти следува од општината и не сум сигурна ама мислам дека следува поголем надоместок. Инаку рокот за поднесување е 2 месеци, ако не си поднела побрзај. Тоа се исфрустрирани и нереализирани родители, си ја празнат својата неспособност преку децата. Јас сум строг родител, викам, карам, плескам по газе, не дозволувам многу многу да растура, ама па не и да чувам дома робот. Играчките се прибрани и има 2 гајби играчки донесени во дневна со нив се игра, игралната поради тоа што е ладно е затворена. Следна недела други 2 гајби ќе донесам овие ќе ги приберам. Не за друго, многу се играчки, ќе му здосадат, па поарно вака. Мене мм ме нервира, што дозволува сва и свашта на дете, па и да се кршат и да се расфрлаат играчки, он го учи како. Дете ко дете знае да се заигра и со капаче и лажица. Оставам и да прља, и да растура, и се, ако се испрља ќе го преслечам и ќе избришам, сам јаде, и тоа убаво и бааги, пие сам и тоа од чаша уште после годинка. Ако јас му квачам на глава како ќе научи? Никако. Во јавност па да го тепам да му нарушам самодоверба, никако. Во општината и во социјално, во Скопје е позади средношколскиот дом во Карпош социјалното. Венчаница, лични карти и трансакциска, и отпусно писмо мислам ми бараа ако не се лажам, а и некоја потврда од матичен гинеколог, сега така ми иде во памет. Рокот е 2 месеци мислам. А да и извод од бебе секако. Скоро сите општин даваат сега и за второ, социјално исто така. Мајки ево мене, саботата ќе ви пишев ама имав бурен ден, со фризери, маникири, со забави, со шминки, со родендени... Ама затоа недела поштено се одморив. Уживам во неделни опуштени денови, не сакам кога мора само да чистам. Ем со дете внимание, ем убав ручек натенане, ем десерт. Сме изгледале Преспав сите 5 епизоди повторно и се дупнавме од смеење. Имаме нова фаза, носиме играчка од дома во градинка, една количка остаивме таму ама денес запна со омиленото камионче и со бебешката перничка ќе идел, леле мори мајко, едвај перничката ја земавме, ама количката не ја дава никако. Ќе морам навечер да собирам играчките сите, да ги носам во игрална, на пладне да ги враќам, иначе ќе останеме без играчки. Барам под дрво и под камен баба да ни причува дете едно недела дена да закрепнеме, ама нема. Не е болен, ама кашла и не е во топ форма, може многу подобро. Ајде ваљда ќе изгураме некако, што знам. Ај сега следат поише денови дома, ќе одмориме малце. Имаме бар јадачка фаза, јадеме ко дупнати, се што ќе ни дојде под рака. Го префатило од мајка тоа. Пакетчиња немаме уште ама тоа едно што го имаме го напраивме сатар, само се вади и се враќа внатре, само се пребројува и пак иде накај мандарините после, не му се интересни колачите ала домачица во пакетчето, и тие па, се ставаат ли наполитанки и колачи за баби во детско пакетче. Језивко малце пакетчето, во тие едни кеси уште ние деца кога бевме, а ме израдуваа и од работа исто пакетче. Одам мајки да доработам, да допијам кафе и да чујам некоја добра вест, начув спојување со 1ви викендот.
Кај нас два дена ѕирка сонце и топличко со повремено дување на северко.Го искористив времево максимално. Вчера пуштив четири машини две само прекривачи,една наша и една од дете.Пола се исушија,другите две при крај се, ќе стасаат да ги пеглам,па на ефтината уште една ќе пуштам. И дете стигнав да го изнесам бевме во малскиот парк, таму најдовме една комшивка со детенце колку дете мое. Ние малку позборуваме, а деца едено на една страна друго на друга. И само трчавме по нив. Дете не сакаше да се ниша,па се истрча добро,дури и се испоти и си го фативме патот накај дома. Ова времево е болест,да незнаеш што/како да се облечеш а па не дете. Со мм од саботата не сме во добри одниси.Почнавме да се расправаме за дете,дека веќе немам идеја што да му дадам на дете за вечера, па заврши расправијата со нашите родители. Помага во се за дете,готви,но оброците за дете ги спремам јас тој само да го нарани.Се разбира кога е дома. Стварно некогаш немам идеја што да му зготвам. И така вчера цел ден не му зборував само службено околу дете...А тој уште сабајлето во 5 се премести до мене да спие ме гушкаше ме бакнуваше јас не му возвраќав како труп стоев. Ова е прв пат да се расправаме вака добро пред дете,Ова го пишувам и солзи ми течат. Срцево ми се распарчува Сеуште сликата ми излегува пред очи. Како дете со рачињата си ги покрива ушината и вели мама не и ме гушна силно не ме пушташе. Се отепав од плачење. Ова е прв и последен пат пред дете да се расправаме. Боли,многу боли.
Јас ќе ти кажам, никогаш пред дете да не се расправаш до толку да дете рече Мамо НЕ! Многу боли тоа за дете. Сега смири му се на сопругот, искористете додека дете спие и повеќе пред дете не. Ова ти го кажува дете што пораснало со расправии од дома. И да, за родители со маж никогаш да не се расправаш, и обратно нормално. Остануваат некои зборови кажани засекогаш. Мислиш они не гледаат? И гледаат и знаат се, ама не им дава гордоста да прифатат. Не им е лесно и ним најважните жени во нивните животи да не се согласуваат или пак онаа која ги родила да им прави зврчки во животот.
Добар ден! Пијам прво кафе, доручек дури во 12 не фати, ми се поремети скроз редот откако сопругот е дома. Ама па убаво ми е, навистина би сакала да е постојано со нас. Не само што ми е полесно за со детево, туку и ние двајца поминуваме повеќе време заедно. Нека е Среќен Божиќ на сите што слават денес. Многу здравје и среќа на сите. Добредојде на сите нови членки на темава. Сега како што е редот да се покукам, оти имам осет дека само тоа правам во последно време. Прво детево после недела дена маки со температури, качи, спушти, па ајде добра е, одеше и во градинка последните денови и во сабота пак качи многу висока температура. Ајде пак сирупи, надеж дека не е ништо, триста чуда давај, ама го гледам детево ништо не му помага, отидовме на итно и таму си добивме антибиотик. Се можно собрала од градинка од тоа болестите. Сега е ок, иако е кенкава и уште не јаде и пие како што треба, ама нема температура барем. Се намачи и таа и ние со неа. Јас пак дали од умор дали од незнам што веќе се осеќам како при крај со силите. Нема што не ме боли, глава, грб, нозе ама се. И на крај со фамозните Хермес уште се расправам, еве и денес не ја донесоа пратката, епа ми се темни веќе, незнам колку пати свртев по телефон па и наплаќаат згора на се за повикот. Биле во петокот никој немало. А јас два дена од дома не мрднав и ги чекам залудно. Туку бевме утрово до Лидл случајно и имаше од тие четките па ајде и јас зедов да не сум покусо. Кај одам кај фризури ќе правам ни сама незнам, ама нека има. Па ќерето ми расне ќе правиме фризури уште малку хихи. А таа само прави модни ревии низ дома, облекува едно, соблекува друго, става капи, па ме тера и мене, одиме заедно се облекуваме во спалната па дефилираме низ стан и луѓе врз се мора да носи фустан или сукња инаку не била облечена до крај. Е денес виде во Лидл едни папучи за низ дома сребрени мекани со тие ликовите од Фроузен и ги ставила во количката па и број си погодила, ајде ги земавме не се скапи, иако не ја учиме така се што посака да мора да и се купи. Дома радости еден куп. Направи една парада и за 5 минути ги соблече и фрли. И верувам дека веќе нема ни да ги облече. Ги гледам и посакувам да имам моќ да ги претворам во големи оти многу се слатки и да си ги носам јас. Искористив да пишам дур спијат малото и големото дете, ручек готов, кафе испиено. Убав ден!
Здраво мајки, како сте? Јас конечно можам да здивнам (барем се надевам ). Бебка конечно ги извади двата кеца горе, сега се надевам ќе биде мирна некое време Не дава да видам, ама лажичето метално не лаже. Тропкаат Се надевам само нема одма и други да тргнат да излегуваат Јас сум за никаде, изнастината и размрсулавена до бескрај, ама мора да се работи. Периодов пред Новата па баш е хаос на работа. Синоќа среде ноќ се префрлив во дневна, ептен се испозатнав, а спреј немав, па да не шмркам до бебе. Маж ми ми вика сабајле што бегаш навечер кога преку ден си со неа кога си дома? Е ајде де, и јас не знам, ама ми е страв да не ја префати. Креветчето и е одма до мојата страна од креветот, малтене лице во лице си дишеме. Аман, нека ми помине побрзо, се нервирам и не сум раат со настинкава Купив и за неа вит. Ц и почнав да и давам, од страв. Знам дека не можам комплетно да ја заштитам, свесна сум дека ќе дојде време и за во градинка и дека ќе се разболува, ама уште ми е мало бе, нејќам Ќе престанам ли некогаш презаштитнички да се однесувам спрема детето? На тема странство, јас сум со став или сите одиме, или никој. Не би можела да пратам маж сам, а јас да останам сама со дете дома со месеци, па и години. Засега не ни е во план да си одиме одовде, но кога би си оделе, би отишле сите. Мој став, можеби да треба навистина да одиме би се премислила, ама засега вака размислувам. За карање пред дете, имаме договор со маж - никогаш! Ни се случи еднаш, се спукавме со мм сред ноќ и оттогаш рековме никогаш повеќе. Мала беше бебка, можеби 3-4 месеци, ама убаво се спукавме, со викање, со се'. Бебе кога рече плаче, вреска, едвај ја смиривме. Се покајавме и двајцата, и уште таа ноќ се договоривме дека тоа беше прв и последен пат. И навистина е така, оттогаш тон не сме повишиле. Бидете ми сите здрави пред се, и вие и дечињата. Ве поздравувам и ве гушкам, морам да работам
@AngelOfArh Ова беше прв и последен пат. Мене ме заболе ,а па не дете да си ги гледа родителите кај што се расправаат. Мм го поминувал така детството,не сака така да расте и дете.Тој гледа се, ме подржува во се.Но ете избувна и тој. Никогаш не дошло до ова,се покајав 100 пати што почнав. Жал ми е за него многу. Колку ноќи имаме зборувано за негово детство,за неговиот живот пред мене.За тоа што се имал преживеано, какви се неговите родители.Дека не заслужуваат ни малку од оваа почит. Но сепак какви и да се сепак му се родители. Дете спие јас седам до него,имаме гости кај свеки во дневна.Два ручеци почнати незавршени,не ќе готвам прев нив,а тие си седат.Свекор порачал скара,па поставив маса и си дојдов во соба.Па откако ќе заминат со дете ќе готвиме. По два-три пати дневно се преслекуваме со дете.Многу се валка,не му викам,не му се дерам па на крај памет да го удрам дека се извалкал. Понекогаш ќе му речам како прасе си се направил,а ако сум јас валкана ми вели мама прасе. Ќе го изедам.Се повеќе разбира и повеќе слуша,сега е веќе полесно за чување.Можиш и муабет да се и направиш. Се разбира додека не го фатиле бубачките,па после забавно ни е по дома.
Здраво мами Да си почнам со прашање : Какви капки давате на бебе? Моето е 14 дена, на педијатар ни рекоа д3+к капсули од утре да и давам и да не ставам широк повој. Друг совет од педијатар не добив, патронажни сестри не поминаа.. Бебе ми се мачи со грчеви, и ставам топла пеленка и ја масирам. Градите полни млеко, десната како да има чворчиња па држев топла пелена и се масирав, се одмолзив па сега ставив зелка. Смрди корне, неможам да ја поднесам ама страв ми е да не направам беља со градите. Сама сум дома по цел ден, мм на работа, свекрва као за мене зеде одмор до нова година да ми помага, а секое утро уште пред да станеме си заминува во село. Рацете ми паднаа од нишкање, ама несмеам да дозволам бебе да ми плаче затоа што и се отвара папочето и и тече крв Златно мое девојче, ми ја полни душава. Дури сега сватив како е да сакаш некого повеќе од себе. Кога ќе му го кажам тоа на мм демек се лути, мислел дека и него сум го сакала толку многу Убав ден женички, се разбуди девојката моја
И пак со топломерпт во рака и пак со грутка во душава. Му падна имунитетот од тој досаден стомачен вирус и денеа еве неколку мрсулчиња, топол омалаксан. Колку само се нервирам кога нешто не е во ред со дете. Плус, мм втора смена, ние двајца сами А колку само планови си имавме, една елка што накити сам надвор. Немам волја денес ни за работа ни за ништо. Само се молам дете да е добро. Вчера го доби и првиот новогодишен поклон и пакетче. Пресреќен беше, сега чека и други да соберел и сите под елка да си биле наредени Ги прочитав постовите во врска со карањето. Кога ќе помислам, строга сум, но никогаш не би го искарала непотребно, кога нешто направил ненамерно, па се извинил. Тие се само деца и ако ние одиме до таа крајност да чистиот дом ни е поважен од нивната среќа, е тогаш нешто не е во ред со нас. Секогаш велам, играчките па макар и расфрлени од моето дете не го сметам за растурено, тие едноставно се дел од нашиот ентериер. Паричен надомест за прво дете и во пп даваат 5000ден, се поднесуваа документи па по пдреден период, парите си беа на сметка. За второ до скоро немаше надомест, сега не знам. Среќен Божиќ на сите стрнкињи во групава, среќа и радост да ви носи.
Добар ден мајки Добредојде на сите нови мамички, ги има многу периодов, сите новогодишни бебиња Мојот грип не е интересен повеќе Ова не е можно, за прв пат во мојот живот ме држи толку долго, дури 2 месеца Што се не испробав, од антибиотици до гаргаризми, спрејови за на крај сама да констатирам дека се во прашање синусите Почнав да се инхалирам, цркна инхалаторот До толку сум малер Ми се најави другарка на гости, арно ама не ми го кажа денот. Сега спремав сос, кога ќе се јави дека доаѓаат ке сплескам лазања набрзина, месо има, кифли исто, салата... сакам да ја пречекам убаво, се немаме видено скоро 4 год. а бевме неразделни, делевме и добро и лошо. Животот за жал не раздели, многу ми беше тешко на почетокот но се навикнав. Дома е како бомба да паднало Ѕверот е на распуст до 6-ти На моменти ми се плаче, оти и големото дете ќе биде дома неколку дена Страшна комбинација се, силна сум и јас бе, не се давам До сите нови мамички: издржете, секој почеток е тежок ама вреди. Штом ние сме можеле без помош, ќе можете и вие, треба само време за се'. Треба да си дојдат сите хормони на место. Јас со предвреме родено дете, со царски рез на 5 от ден седнав зад воланот, морав. Ако не, кој ќе ме носеше кај синко во болница, мм мораше на работа. Се враќав во 10 вечер, па ни млеко отиде ни ништо. Дома се молзев, перев алишта на дете, пеглав, готвев... За хормони поарно да не зборам, тсх после 9 месеци од пораѓај ми беше 48 Ама се се среди. Како почнав со постов, ни емка нема да ми е равна Убав празничен ден
@Minnie 1 Точно знам што си преживеала откако се породи и што преживуваш. Не само јас, сите мајки.. само што сите сме различни со карактерите па различно доживуваме и преживуваме го моментот. Ќе ти кажам за мене.. Откако се породив веднаш си заминав дома, значи немаше ниту 24 часа, не знаев да го соблечам, облечам, не знаев дури ни за ад млекото никој не ме поучи дека за не дај боже најубаво е да си го имаш дома, ама ете.. јас не знаев па првиот ден дома ни беше хорор, се погоди баш таа ноќ никоја продавница да не работи, бебето врескаше од глад, јас млеко немав ни капка.. Хорори. 1 цела недела немав спиено буквално, бебето само стенкаше некако овде раскажувавме за тоа пишкањето, и додека спиеше така беше, ни еднаш мирен немаше заспиено ноќно време, не знаев да го бањам не знаев да го бришам од каките ... не знаев ништо А го соблеков он вреска Нит памперс даваше нит ништо Он спие јас дежурам, плачам, чистам ко ненормална само да не заспијам Никој не ми кажа дека треба да одмарам ама никој За да на крај ми отврдеа тромб.. Бев и се маткав по болници, сама маж ми дома со бебе бебе вреска Тоа така траеше како загубени случаеви една недела Среќа пак едни пријатели кои претходно ми рекоа дека ќе бидат тука за се дојдоа, леле женава кога го фати малото од бањање до облекување до ранење до успивање го суреди така добро што јас и маж ми останавме со отворена уста чудно ни беше да некој толку без страв направи се како што треба Од тој момент па понатаму жената ми доаѓаше едно 3 4 пати да ми покаже И после 2 недели 3тата веќе мнооогу подобро ја теравме После првиот месец веќе беше добро А после вториот супер Во болница ми кажаа дека 3 4 5 ден така некако е претежок за мајките, хормоните уствари Па си седев онака и си рикав, маж ми ми се чудеше што правам и што ми е а јас му велев дека не знам и дека ми е претешко Претешко од периодот што дојде, што наеднаш од двајца станавме тројца, од самата уплашеност дали ќе успеам да се справам јас сама со овој предизвик, уплашеност, страв дека сега засекогаш ќе имам душа до себе што треба неуморно да ја пазам, нема да сум само јас туку ќе има тука и некој друг, друг што излегол од мене и ќе го сакам повеќе од себе, ќе се плашам, ќе рикам, ќе се радувам, ќе живеам, повеќе не осеќав слободна да спијам до кога сакам да седам на маса да џвакам до кога сакам, да правам што јас сакам .. И така натаму, страв, емоции, тага, радост, срце што претекуваше од љубов и емоции, душа која што треба да ја пазам и така натаму.. Комплексно е, комплицирано, колку болно толку е емоционално љубовно кон таа мала душа.. Не се плаши, знам дека се плашиш ама ќе помине, ти гарантирам. За месец дека ќе видиш како влезете у колосек, ќе му пееш ќе се смееш ќе го бањаш облакаш храниш слободно, ќе шетате, едноставно ќе се навикнеш дека има некој до тебе што ќе те термози најубаво по цел ден и после ќе си речеш "зошто не родив порано" или "што ќе правев сама без него" итн.. Се ќе свикнеш, се ќе научиш. Јас како што кажа и Дани погоре, го бањав облекував давав млекце и го успивав на перница, со звуците што е апликацијата, си створиме таков ред, за да научи посепено дека е ноќ, темно е и сите спиеме, па лека полека ќе му најдеш и ќе ставиш ред и за памперс и за хранење и за успивање. Сега е премал ама со тек на неделите знаејки те ќе се организираш. Јас мислам дека сите ама баш сите сме прошле ваков момент плус минус ист тука близок. Добар ден. Маж ми 3 дена дома, искористивме, прошетавме, принакупивме, одмараме, играме, утре ќе чекаме гости, роднини, па правам кифли, руска и ќе пржам месо ем за нас нека има. Денес беше така еуфорично низ градов, седнавме и кафе се напивме, сонце бликаше беше топло, имаше пазар цел народ надвор, си честитаа се смееа разговараа.. Убава атмосфера како и да е. Јас и маж се пристивме лани ова време каде бевме и дека сепак ни беше убаво и си имаме носталгија Си гледавме и станови, па разврзувавме желби, планови, разговаравме.. Убаво ми е, навистина ни е убаво Уште ситници фалат ама ќе бидат и тие. Едвај чекам преска бев за колата да земеме таблиците уште некој ден и да акаме некаде Расположени сме и полни со елан со полнење батерии.. Вчера маж ми вика, ту да беше сега ок колата ќе одевме 3 дена австрија ама немат! Дома ќе се седит уште малку, на топло со кифлички и во љубов Поздрав жени Празници се ближат, емоции се нижат