А чекај, ти нели вакцинираше сега дете? Со бактеријава го боцкаа? Ако не знаат тие оди на друго место да ја средите, и ние сме ја имале па сме ја излечиле бактеријава. Не е ништо баук. Нормално дека ќе има мрсули зелени, нема ни да ги излечи без да се третира. Пробај со спреј од диво оригано, чистење нос редовно со физиолошки, е мора да го дува, и моето не дува, ти прскај редовно, најмалце 3 пати на ден. Јас кога оди во градинка ставам насабајле пред градинка физиолошки прво, па после спреј од диво оригано, ставав Ацидосалус спреј ама не можам да најдам па затоа со овој сега. Мора да ја излечите некогаш.
@AngelOfArh Ме имаш помешано со друга.Не ми е вакциниран,прашував читав,сакав да вакцинирам,но се дете настинато дури и ревакцинацијата што се прима на 18 мес. не ни е примена.Се кога и да решам дете настинало. Со матичната ја лечевме но дека многу набрзо повтори проблемот со носот не сакаше антибиотик пак да дава.Па ја оставивме да видиме како ќе се одвива,ако се мора ќе дадам и дупла доза на антибиотик само да ја излечиме Матичната ми вели дека после секој антибиотик имунитетот уште повеќе паѓа... Инаку прскам и физиолошки и спреј од диво оригано и во нос и уста. Дете откако се разбудив од пладневната дремка ми зборува како на нос како носот да му е затнат.Прскам спреј но не влечам ништо со пумпицата.Нема мрсули,а утрово му течеа.Пумпицата темелно ја разгледав не е оштетена. Барем се враќаме во нормала со спиењето заспа само во 21:15,ќе имаме време со мм еден филм да изгледаме и да се погушкаме. Имајте мирна ноќ
Прееска ѝ велам - ајде дојди да ме носиш во спална... Со цел да ѝ дадам до знаење дека е време за спиење. Ми вика: "зошто? Не знаеш кај ти е спалната?". Какво животинче е станата... Итроштија. Кои реплицирања ѝ текнуваат, секој ден сѐ повеќе се чудам. Утре сме на педијатар, стандарден У8 преглед за 4 години. Мене ме маваат некои лудила. Повторно милион муабети со себе. Се надевам ќе се смирам и дека се хормони во прашање. Иако знам дека не се.
Мојов две години може ја има, на брис секогаш ја има... сме ја лечеле и со антибиотик и спреј, еднаш само покажа дека ја нема. Скоро правев така брисеви, ни нос течеше, ни мрсулче имаше и пак ја покажа. Само во носе секогаш.
Немој да не те прочита некоја што се уште не е мајка па да ти рече сакала дете па сега се жали немало раат. Што значи 'баук'? Добра ноќ
Денес не ми е денов, може дека два дена сонце па и сите на купче, а денес тмурно цел ден млитаво се влечам по дома и само околу деца неопходното. Дојде мм и јас со трчање влегов под туш, неможев да се поднесам два пати малата ме поврати цела замирисана на скиснато млеко. Па и синко не отспа денес и како минуваа сатите се понервозен и полигав стануваше, се нешто бараше и плачеше со дерење. Пробуваше да поврати да не е нешто подолу од сестра му ама не му опали за моја среќа. Досадна си сум сама на себе ама се чувствувам заробена во телово, ова не сум јас. На сликите од пред три години има девојка која зрачи самодоверба, морам да се стегнам несмеам да дозволам на 26години добро за некој ден 27 да се понашам како да завршил животот за мене. Два дена благо не јадам а кога имам криза за јадење правам овесни или ленено семе, а за вечера варени јајца и салата. Од утре почнувам со вежбање, симнав апликација, наместив опрема и нема бегање, малку да се размрдам и мислам ќе почне килажа да оди надолу, многу ми е важно тоа за лична сатисфакција. Стискајте ми палци ќе ве известувам за напредокот. Одам да гушнам маже додека не заспал, добра ви ноќ
Сабајле купив киндер чоколади на попуст од Лидл. Ќе станам да смачкам една. @Vennera.aa по твоја позитивна вина. И една чаша кока кола и додека да легнам ќе треба да станам. Вечерва се испонервирав. Ми се запали тавата од доле имало нешто залепено веројатно не сум приметила. Едвај чекав да догори и живи да останеме. А вчера на страната кај што читам прочитав Внимавајте со плинот, пожари, експлозии. Дали така и го привлеков огнов или стварно биле така наклонети планетите.
И мојата ја има, матичниот рече не е проблем за вакцина и сите деца ја имаат, оранизмот сам ќе си се избори, нема потреба од антибиотик. Ако прави проблем со мрсули, температура и слично , се лечи, инаку нема потреба. Земав книгите од Ранко Рајович, за правилен развој на децата, многу интересни работи има. Заради тоа сакам да купам и трамболина летово. Пред некој ден ја учев да скока на јаже, и освен смеење ништо друго ) Со пелени мака си имаме, денеска пак ќе купам такво за шољата, ама шарено да било. И згрешив, викам сакаш цртана шоља? вика абе не се црта на шоља, се мочка Многу добро знае когаи се мочка или кака, ама не сакала таму, ќе паднела. И викам ќе те гушкам, седнува, ја гушнувам и не може да пушти. Златно у градинка, си мочкаше со децата, кај се појави воа глупава епидемија...
Нешто страшно, непознато. Не е дека е страшна, ама зошто да ја има во носе. Што знам, јас со една доза Зинат го решив, нашиот матичен не дава послаб антибиотик па ако не делува после појак, си дава антибиотик ко за ситуацијата. И си знаеме, ако е нешто лесно како слабо воспаление дава Цефалексин, ако е носе, грло, бактерија Зинат, ако е недајбоже бронхит Трицеф. Пробавме со Аугументин и џабе, не помогна, што ќе го трујам детето. Туку изгледа си навлеков беља без да има пореба. Однесов вчера да го ѕирне докторот да ни каже за крчење, заспа вечерта и кашлаше ко млатнат. Ако можев од чиста мира здраво дете да разболам ќе си пукам у колено. Не прати на испитување на трет крајник, како ќе биде не знам, ама знам дека нема да седи мирен. И да го најдат тој трет крајник, што ќе му правиме не знам, сигурно на неполни 3г нема да го вадат. Како се разбудив во 4 саат со овие мисли до 6 не заспав. И маж ми со тие негови фикс идеи, го остава во креветче без врекичка, смрзнал. Спие ко флипер у кревет, само се врти, пропелерче. Нејќу зима, сакам лето, ете денес ја предизвикав пролетта и облеков лајт комбинација у тоа име. Неделава едвај почна а јас веќе ја имам испланирано до крај, во петок ќе купам лимон и портокал и ќе цедам сокчиња да ги смрзнам, правам така секоја зима за у лето, само ставам во вода и имам свежа лимунада, само додавам мента и ѓумбир. Треба да испланирам и да дојде девер ми некој ден, некоја лагана вечерка да направам, нешто лесно, да си поседиме, да не ни замине без да ни дојде пак. Малово само го кажува, чичо дојде, чичо, ама чичо сирот кај попрво да фати. Пишав и погоре, ја предизвикав пролетта, облеков тенки фармерки, тенка блузичка, лесно џемперче и штикла, цветна кошула и пролет може да дојде. Приемен ден ми е и веќе е насобрано гужвичка така побајаги. Убав ден!
@Cka од кај ги зема книгите,сакам да си ги купам и јас Јас сеа почнав да го седнувам на шоља син ми , предходно не сакаше стискаше газе и се држеше за мене гушнат,обесен да не речам Му залепив онаков озенер сто е со стискање , и му викам дека мора да седне за да го стисне. И седнува. Ќе се угушиме од мирисот ама нема врска Планирам стикери да купам и да го лажам со нив, додека седи да ги лепиме на плочки . Па маж ми нека му мисли како ќе ги вади
Подарок ни се од авторот, на српски се, требаше да се пречатат на македонски, ама не успеа работата.Ама ќе споделувам тука интересни игри, целата е со примери како преку игра да научиш дете многу работи. Да се врти околу себе, да скока на трамболина, да се качува по карпи само разгледав, не ми е исчитана.
Моринг лејдис. Ајде кој сака кафе има за сите Јас сум како воз да ме прегазил,а зад него шлепер и да преминале преку мене Синко беше болен,па не префати мм и мене па и синко заздравен недоздравен пак му се поврати.Сега сме за во карантин. Сите тројца кашламе,шмркаме,киваме. Мислам камион тоалет имаме потрошено за дување носови. Да ви се,фалам,жалам немам ништо.Стандард дома,работа. Едвај ја чекам пролетта,топло време и кратки ракави. Мм трета неделава па се вардат со синко од сабајле,јас прва смена. Си нарачав да ви се пофалам 5 книги имаше некоја понуда,само незнам каде ќе најдам време да ги прочитам.Ајде одам да поработам нешто се читкаме покасно.
Мамички, што ми е најпотребно коа ќе излезам од болница за бебе? Во смисла на козметика и предлози за истата?
Здраво женски Ме немаше долго време Тука сум, супер сме.со мали, се дружиме по дома. Најново кај нас е што веќе ги фрливме пеленките. Па си научи, кажува секогаш и вика "не сакам пелена, јас не сум бебе". Е едино, за спиење ставаам зашто полека одиме, и мислам не е спремен за во спиење да станува. И тогаш со маки ја ставаме, зашто нели, не сака,не е бебе Толку од мене
https://forum.femina.mk/threads/Детска-козметика.968/page-111 Да видиш тука во темава најубаво , има за повеќе козметики искуства
Разгледај ги темите: Што се е потребно за новороденче и Детска козметика. Пребарај ги горе на лупата. Ќе добиеш различни совети. Јас од козметика користев само хип шампон и купка 2 во 1 после 40 дена. Излижав еден. Сладолед. Многу убаво ми дојде на душата. Како би уште еден. Нјам нјам. Едно време бев здрава и енергична. Кога на зима пиев вода со мраз и одев до Сити Мол по сладолед и бев вегетаријанец цели 7 месеци. За ние што ја немаме книгата многу се корисни видеата на јутјуб. Во маркетов до нас еднаш приметив ми дале помалку 2 евра ама не се вратив како ќе се објасниш кога веќе си отишол. А нон стоп со малата, ненаспиена и само ставам кусур во џеб. Сега пак таа истата и ми враќа 5 наместо 10 евра, добро приметив и и реков. И не ми се извини, изгледаше како да си знае самата. Не испокрадоа. Кај женава точак украле некој е бајк мн скап. Од се што знаев за ЕУ и Германија се обратно е. И со крадењето и со крвна слика, антибиотици... И во трговскиот кај што не ми даде паричка бабата ми остана 1 евро во количката не излегуваше пробав на повеќе колички. И количката ме украде. Фармерките без проблем ги вратив, ми вратија пари. Да не се подречам ама скоро две недели малава спие цела ноќ. Освен таа една ноќ од 11 до 2 кога беше будна. Ептен чудно. Мм вчера викал деновиве мн сакал уште едно дете да имаме. Заборавив да му речам сакаш дека спиеме цела ноќ. Значи да спијат бебињава цела ноќ би било поинаку. Уште две минумум ќе сакам. Ај сега да исчистам тук там додека дојде време за по малата