И јас да се пријавам за немање нерви. Мислев сум сама. Дека јас сум само во ваква ситуација. Не ме бидува морам да се изнервирам за ништо. Напорно ми е,многу. Немам време за себе. Немам време за средување. Алиштата да имаа нозе заминати ке беа од дома. Неможам идеа како да направам ред. Како бебе да не е во раце 17 саати а бебе бр.2 да знае да ме разбере што му зборувам. Дека сакам раат да се помочам. Дека сакам за јадам. Дека сакам коса да имам чиста. Дека сакам веѓи да одам да направам Кафе да се напијам. Му завидувам на жени средени дотерани и излезени со деца. Па јас сум препотена додека натегнам едно дете за рака друго во количка,или еден во кенгур а друг во количка. Тежок ден кога имам (а често ги имам) знам да погрешам што ке помислам зошто родив друго дете. Колку лесно ке ми беше со едно. Но грешам многу многу грешам. Се јадам што го помислувам тоа. Знам колку сум молела за дете. Добивам две во краток период и заради мојата неспособност за организирање и преголемата гордост за примање туѓа помош се таквите денови. Затоа што да ми речат оди хепи напиј се кафе сама излези со пријателки јас ке висам на телефон што прават децата... Но,за брзо ке пишеме во некоја пензионерска тема како сме сами и децата си уживаат а нас ни е досадно дремеме на фемина целодневно,пиеме кафиња и имаме средени коси(ако остане некое влакно) До тогаш мајки,да издржиме
Мајки со две деца, можам само да замислам како ви е. Прифатете помош, барајте ја ако ви треба и не за да направите генералка туку да дремнете некој саат, да се избањате на раат. Јас сега не можам да се пожалам, мртва уморна легнувам ама конечно некако се организирам. Од првиот месец на малиот до кај 8 месеци легнував плачејќи од умор, преку ден немав време да плачам. Сега сфаќам колку било полесно првите месеци само да не беа тие грчеви и нонстоп во раце. Одбивав секаква помош зашто нели јас можам се да сработам најдобро. Е сега, ми дојде преку глава да се дебелеам од тоа брзо бутање секаква храна на нога во кујна за да имам сила да издржам, да имам храна во коса, да бидам нонстоп со нечиста облека од каши, да одам испотена секаде зашто едвај го спремам за надвор. За моја среќа мм е дома периодов, па стануваме сите тројца во 6h, спремам доручек тој менува пелена и го облекува, јадеме сите заедно, јас си играм со малиот, а тој се фаќа за работа. Го заспивам и вежбам. Кога станува спремам ужина и ручек, јаде ужина и шетаме. Ако не шетаме, завршувам по дома нешто со него. Ручаме и втора дремка е на ред. И така цел ден сум со него ама вечерта си легнувам, а маж средува. И многу ми е полесно со помош. Зашто да бидам јас жртвата само заради тоа што во мојата глава е дека маж не може да ја среди кујната како мене? Ми е гајле, какво е такво е. Немам многу време за другарки, за себе, за книга, серија ама убаво ми е засега, зацртав поздрав живот да водам и успевам, понатака нови сили и нови цели.
Ај да шкртнам тука и јас, прв пат тука да се 'истресам' зошто мислам ќе ми олесни така Четвртиов скок на бебе и Коронава ме убија психички. Ај што прв пат бебе од 4 месеци се разболе и тоа Ковид, туку и ова седењево дома убива. Како крена уши, така почна рогови да кажува за заспивање и цицање. Прееска ја оставив во креветче да плаче, влегов во вц и си се изнаплакав. Ич немам нерви, ама ич! А допрва и други предизвици идат. Среќа сопруг е трпелив, ги толерира моите нервни испади, а јас кога сум вака нервозна, се на него се истурам и ми е жал. Деновиве иако дома, за ништо волја немам. Откако ни поминаа симптомите што за среќа траеја по 2-3 дена, ни за чистење ни за средување ништо не ми се фаќа. Одвај еден ручек да направам. Бебе кенкаво, си сака внимание, се мењаме со мм да го занимаваме, а кога конечно ќе дремне, не знам што попрво со себе. Одвај чекам да заврши ова, да не се прибереме дома после @Happyinlove отсекогаш сум сакала деца на мала разлика прво зошто ќе си се дружат и ќе растат заедно, второ зошто 'маката' побрзо ќе ми помине Држ' се, ќе има подобри денови. Кога ми е тешко некогаш само си помислувам колку го посакував ова, колку брзо растат и додека да трепнеме веќе нема да сакаат во раце, ќе ни затвараат врати да не ги надгледуваме, ќе сакаат се да прават сами. Е тогаш, обелени во косите, на раат ќе си одиме на фарбање и ќе пиеме кафе
@Chanell* @Happyinlove Ахххх бе леле Ве гушкам најјјјсилно на свет Верувајте ми жени мои (иако звучи сега невистинито) дека ќе се среди се...само дајте му време на времето да порасне бебето мнг е полесно Се ова поминав...изнаплачете се денес и од утре стајте си во глава дека има крај
ти посакувам овој пат да истераш до кај. Многу со мисли не се оптеретувам се ќе си биде во ред. зошто не побараш план на исхрана од нутриционист? Така само се мачиш со мисли и мотивација а резултати кога има кога нема. На тема од (многу) поназад - планирање и желба за второ - трето дете ми текна на еден муабет од син ми. Тој сакаше сестричка. Кога родов машко му реков натажено сега ти нема да го сакаш оти е машко а не како што сакаше ти. Ми вика не, братче ми е секако ќе го сакам. И вистина супер си беше еве година ипол се до пред една недела. Ни се роди внука од прв братучед и чичко ми се јави да не извести. Му кажав на синко дека имаме внука,на сите машки во фамилијата по татко ми тоа е прво женско. И синко се натажи и почна да плаче. Му викам што е сега треба да е среќен. Вика ми се смачи од братче сакав сестричка. И до ден денес плачам на тие зборови. Кога виде дека се натажив и јас ми рече ама не мислев братчето да го немаме туку и сестричка, три да сме. Ми се скрши срцето. по две царски тешко, многу тешки дека ќе сакам трето. А и годините веќе.... Сакам да се средам самата и да почнам да работам а не само деца дома да гледам. Не дека не сакам ама како што се збореше наназад треба и коцките да се наредат. Со една плата ептен тешко се излага на крај посебно ако се плаќаат и кредити.
Јас уште десет плати да земам, деца веќе не раѓам Мислам дека го врвам најнапорниот период во животот. Сменски работиме, па ги чуваме со мм на договор ( читај јас цела недела, тој еден ден). Другата работа ја работам од дома. За умор не сакам ни да ви кажувам, знаете. Така да, да се здрави и живи, доста беше. Денес камен ладно сабајле, сега ѕирка сонце. Да заспие мали, да зготвам во меѓувреме и мора да ги извадам оти не се знае кој прв ќе полуди, јас или тие Во моментот цица и не се предава да заспие и не. После нервози
Абее не бидите толку лоши , еве јас малце позитивно Кај мене се 4г разлика , малата многу добро се вклопи со бебуш ( засега месец ипол скоро е он , може ќе се смене се преку ноќ со бебево да е немирно , ама за сега е подвижна кукла ) Не викам дека секоа ден е сјајна имаме и ние моменти , ја да сум пред нервен слом ама у буквала е добро , ама мислам многу зависи и разликата , 4г спрема мене дојде баш идеално . Малата ми носе пелени алишта , ми помага , го бањаме заедно , си леже до него го анимира јас друго завршувам . Гледам да а вклучам во се да не се осете запоставено. А е љубоморна за др работи доста , дали со бебево и дојде ко друштво , занимација оти се сами дома и се приврза позитивно со него Јас и она сме речиси цело време сами , мж на раб по мн саати и со неа сме како Снаа и Свекрва ја у кујна она ајдеее плаче бебето иди ваму , и не ме остава на раат и малце да закенка Мене едино ми е потребен поеќе сон Ја навикната да спијам квалитетно со малата до 9 10 тераме , сеа ноќе подои , и будење во 6 -7 ми е
Затоа и споменав погоре дека најбитна е разликата во години. Мојава 3г.3 месеци дури сега ја прифати,мислам посвесна е,дека е мала,треба да цица за да расти,ајде вели нека цица па ќе ми дадеш пр.да јади. Поддава памперс,и мачка газе, играат итн.Тивка е и шепоти кога спие,ама сега.Цела година душата ми ја вадеше.
Да дефинитивно тоа најголема улога игра. Кај мене за цицањето она не ни памте дека цицала , пошто на 9м се одби комедии беше на старт , како ли имало млекце кај мене и бебето како има опавче доле друго дунде имал Научна фантастика на старт да и се објасне се убаво . Ноќе некоаш знае да сака да се стутка у мене и она дури го доам ама не реагирам мн на тоа , навикната е со мене да спие па да не а отргнувам наеднаш со се. е за тивка не е секогаш бебево кутро бар веќе не се штрека како на старт и некогаш ме нервира поеќе со тоа , она тогаш зима тротинет , камиончиња тропа и паѓа се баш коа спие , или има моменти на драма квин
Ееее исто и кај нас е тоа Мора кога спие бебе да пее она,да вози тротинет шо викаш,да тропа врати или ако јаде тропа со лажицата Додуша секогаш била гласна големава уште од бебе,ама сега некогаш како за инат прави коа спие бебево,може па намерно несака да ја заќутувам...па ја оставам Во секој случај бебево уште од стомак е научено на гласно па не се штрека
Абе и мојава ми помага многу (точно 3 години се разлика), ама наеднаш ја прифаќа да вика или прави некои работи само од инат. За секунда се менува, а мене толку ми фали да експлодирам. Вчера ставаше коцки во уста. Срцето ми застана, едвај и ги извади маж ми, мислев ќе ги голтне. Никако не попушташе Денес се помоча во гаќи, а нокширот беше пред неа. Кога сака е многу умна и разбрана, ме слуша, сама се соблекува си седнува на нокширче, јас само ја бришам и ја облекувам, ама еве има и моменти како денес. Таман ќе помислам денес умна е, таа ќе направи некоја белја. Инаку ја вклучувам во се, да не се осети запоставена. Ми дава памперс, кремче, влажни, кога го капиме и таа помага. И општо ја вклучувам во секојдневните обврски. На сабајле заедно правиме појадок, така се лаже и ќе јаде бар. @Poppins и мојава така се тутка во мене кога го дојам. И таа сакала и викам млеко да ти турам да пиеш и ти, вика сакам од цице Јас денес многу се уморив од сабајле. Некогаш заборавам дека сум оперирана само пред 10 дена и си земам сила, па после осеќам болки. Затоа сега си легнав со децава. Ручек решив денес не правам, маж ми ќе нарача пица ќе јадеме и една супа само ќе сварам. И хаосов што чека за средување ќе почека.
Од секогаш е како со микрофон она маж вика како успевате да се скарате баш коа ќе заспие бебе Се трудам да не а карам , ама некогаш склоп на хормони и ечиме и двете @Skorpija25 она бара да а галам ,или некоаш да и се премочка Ајде ќе биде се , колку и да изгледа тешко напорно се ќе помине дури трепниме , времето лета , овие моменти се сега Малата е толку независна веќе се праве сама , ми фалат некои работи со неа , ама голема мома била , и врата од купатило ми затвара
Мајки на девојчиња на колку месеци им ставивте обетки на вашите мали. Ние за некој ден ќе полниме 10мес па незнам дали сега да и ставам на Благовец (по старински нели тогаш се дупнувало) незнам дали е подобро кога не разбира кога е мала или да чекам наредна година.
Добар ден. Седнав кафе да пијам, девојчето мое си игра учителка. Ве читам погоре со нервозите и единствено нешто кое би можела да ви го пренесам е мојата мантра, а тоа е дека ќе помине. Најголемото клише, ама и затоа е клише, затоа што е вистина, е дека поминува, и тоа многу, многу брзо, иако тогаш не ни се чини така. Еве, во ретроспектива, едноставно лета времето, И тогаш, во најтешките моменти само си викав дека ќе помине. Потребно е некогаш да ни се каже во тие моменти дека нема да е така засекогаш. Ќе летне времето и ќе бидеме стари и збрчкани, ќе се прашуваме кога помина сè, како вчера да беше кога децата беа бебиња, а ние млади... И јас како вчера да се жалев тука дека не можам да мрднам, да станам, а еве сега, учителкава час држи . Ја читаме Нарнија, на третиот дел сме, одлична е книгата, двете сме многу внесени, јас си ја сфаќам на мој начин, она на нејзин, детски и наивен, навистина е добро напишана приказната штом двете ја сакаме. Легнавме завчера пред спиење да читаме, ама стигнавме баш на интересен дел, па никако да престанеме и закаснивме со спиењето со само уште едно поглавје. Обожавам кога вика ама само уште едноооооо.... Многу ќе ми фали ова читање кога ќе научи сама да чита, а тоа ќе биде многу брзо. И ќе седи и ќе си чита сама после. Тоа е, само нека си растат, среќни и здрави. Не можам да ви опишам која љубов, радост и среќа ја чувствувам кога ја гледам, ама не ни морам, зашто знам дека сите до една го чувствувате истото. Нека ви е убав денов и ајде која е за кафе.
сега ми текна, треба да се внимава на внесот на калории. Имав еден период онака како помлада па ајде демек да не се здебелам водев евиденција колку калории внесувате гледав да потрошам а помалку да внесам. И тоа има резултати. Физичка активност обавезно психичка уште повеќе. Верувајте и та влијае @AngelOfArh да знаеш и ти Добар ден од мене. Се крчка ручекот после сакам да направам и лазањи а потоа и нето благо у фајрон за денес со готвење. Пијам кафе и ве читам и како секогаш една година сум назад со читање ама тоа е. Надвор снег чиниш декември е а не март. До кога вака да ми е да знам. А многу лошо ми влијае вакво време се на спиење ме тера и се осеќам уморна.