Во Кам вилиџ, кај поранешно Отекс…баш вчера поминав уште е празно внатре ама се беше исчистено, претпоставувам нареден чекор ќе им е местење…а и слушнав вработените биле на обука во Скопје
Ај да пишам и јас дури сум тука Перидов почнаа свадби,матурски и баш ми е мило што полека се враќаме во нормала. Го носиме и бебуш со нас секаде кај што имам можност,една дремка во количка ќе дремне секако, кога ќе му дојде време за спиење не бира место Си спие и гајле нема. Еве вечерва ќе одиме на честење за веридба, добро е што сме завршени со каши за денеска да не се правиме таму лом, оти многу сака да ги пикне рацете в тајнир и да ги лиже, ќе настане хаос ако го хранам негде на гости, се уште не можам да замислам. Букет порачав со бели рози и бела хризантема, си велам убаво ќе ми го направат.Отсекогаш сум обрнувала внумание на тие работи, не само дај го букетот,сакам и убаво да изгледа. Ако на некој му правам чест и давам цвеќе, нека е убаво Утре празник се радувам дека мм нема да е на рбаота па ќе можиме да шетниме негде.Се мислиме да одиме Крпачов Камен, ако го пишав правилно.Тоа е во околината на Прилеп, не е многу далеку ама никогаш не сме биле.Вака по слики убаво изгледа, има вода нешто како езерце, кафуле за седење надвор и природа. Ми е криво што не се видов со една другарка која денес беше дојдена во градов, а не е од тука. Обврските со дете се неминовни, немаше на кој да го оставам, а врнеше дожд за да го земам со мене и така останавме дома, па госпожата ми се налути. Некои луѓе не можат да сфатат дека веќе не сум сама, дека морам да мислам за 2ца и тоа 2 пати,еднаш за мене еднаш за детето. Нека се лути колку сака ако е човек ќе разбери.Ако не е, слободан и пут, секако во 5 до 12 ми се јави дека ќе доаѓа немав време да се организирам, вака испаѓа како време да пополнува со кафево. Одам да соберам алишта од тераса, таман се исушија дождот пак ги направи жива вода. Една домаќинка сум и јас.
Да ја сефтосам темава и јас. Утре точно 6 недели откако родив едно медено бебуле и уште сѐ ми е како сон, не можам да верувам дека и јас станав мајка. Открив нова димензија на љубовта, мојата бесконечност стана уште побесконечна и полека учам што е навистина безусловна љубов. ° Мислам дека во темава сако јас касно во ноќта пишувам. Ама ете, ноќе функционирам и не знам дали некогаш ќе се сменам. И после "се жалам" дека синче касно легнува/станува. Си симнав апликација во која си внесувам кога цицал, колку време, од која града, кога сме сменувале пелени, дали биле мочкани, какани... И денес ми текна месечен пресек да анализирам и сфатив дека секој ден, без исклучок од 14-16ч и од 02-04ч бебчо нанка. Не ми се верува дека станав/станувам онаква каква што мислев дека никогаш нема да станам. Демек 'здраво мамички' ми беа другите, јас бетер од сите заедно сум. Ама па, заљубена сум, што да правам. 24ч ми се малку во едно деноноќие, ми летаат деновите. Ми се чини бебе преку ноќ ми расти, не сакам наеднаш да порасни. А кога ќе ми текни дека сакав породилното да го прекинам за 3 месеци. Оти многу битна е кариерата. Ама тогаш не ја знаев кариерата на мајка. И 3 години да сум секој ден со него, веројатно малку ќе ми е. ° Сакам да го овековечам секој миг и само го сликам цело време. И туку ги развртувам тие сликите и анализирам колку е пораснат и на кого личи. Ништо нема на мене, само увцињата. Дури и спиењето му е во позиции карактеристични за татко му. Ми е криво шо на либе ич не му текнува да ме слика со беба спонтано, па макар и дури се нервирам оти не може да заспие. Ставате слики од бебките на социјалните мрежи? Јас изгорена сум да ставам, ама ми се чини ако почнам, нема да се запрам. А слики не сум постирала години. ° Едвај чекам да го однесиме синче на педијатар за да го мерат колку е пораснат. Импровизирано на домашна вага, веќе има 6кг. Сите алишта му се мали. Дури и некои ромпери 3-6, 6-9 што ги земав за летово му се мали должински уште необлечени. Не можам да ги закопчам. ° Туку, ми се направи филм да сменам фризура и боја на коса. Веќе 5 години сум црвенокоса и сега ми текна дека сакам лешник боја на коса да имам. Ова ќе ми трае дури појдам на фризер и ми кажат дека нема од еднаш да ја добијам бојата што ја сакам и дека пепел ќе ми се направи и онака тенката коса. Постов ми е попара, исто како и мислите. Следниот пат подобро ќе е. Сега да дремнам малку дур синче не спиштил за цицање. Добра и мирна ноќ.
ни на мојот. јас па секој пат кога ќе го видам со неа се топам и морам да го овековечам моментот со слика. мал милион имам направено од нив заедно. така да барај си сама. околу 1 месец сфатив дека грото слики со неа ми се гревски селфиња дур ја дојам, па да видиш како на секое сум сега “сликај ме, снимај ме”. видеа се исто битни.
Дали сте од оние мајки кои им забрануваат на своите бебиња да гледаат во телефон и телевизија (многу се радува на Биби и Боби па и дозволувам некогаш да гледа, но само на ТВ.). Е сега другите од семејството, односно свекрвата па некогаш и сопругот не практикуваат така, дозволуваат и морам јас постојано да ги опоменувам. Посебно ме нервира кога ке видам дека на моб.пуштаат цртани и ставаат пред неа да гледа и не почитуваат тоа што јас го зборам, дури слушам како и викаат ќе на кара мајка ти и и пуштаат.
не знам колкаво е твоето, моето е 5+ и е тотално непотребно, секогаш кога ќе го здогледа телевизорот ја вртам со грб, ама очигледно е фасцинирана од слика во движење и еден ден ќе биде неизбежно. е сега, последнава недела дур се гледаше еуро 2020, мм ја држеше во скут полуседната и гледаше фудбал со него. не планирам наменски да ѝ пуштам тв (а поготово не мобилен) како начин на занимација, ама па ако се загледа на кратко, тоа е. премногу строго забранување би имало контра ефект.
Lele i mojot isto pravese bebe e 2.5 meseci. Pa aj mu objasniv bolje na noze da ja stavi i da i raskazuva za fudbalot ko komentator ama cel radosen i nasmean za taa da se raduva i smee....pa da vidis kako go slusa mu se kikoti be...ova znae i 30-45min da trae ja drzi za racinja nodzinja ko da i pee
Мало е моето, 5ипол месеци. Ако се загледа, ја тргам одма и со сите играчки по ред ја играм. Кај баба, обавезно пуштено бејби тв и бебе во раце пред тв. Пред да идеме вчера го спремив мм, он да си каже, да не зборам јас. Ама плачела. И што ако плаче? 10 играчки влечам од дома со мене за да има со што да се заигра. Се надевам доволно беше еднаш расправање, ако не, следен пат ќе и ја земам од раце и јас ќе ја играм.
Му пуштам во денот кога имам обврски Биби и Боби ми се поучни, Дора ја сака и се смее и пее вика со неа. Дали било лошо или не ќе видиме понатака. Прекинав да се замарам и оптеретувам. Секако надокнадувам со читање книги и се надевам ќе биде љубител на книги. Ама овие генерации мислам се ќе им биде преку технологија. И да живееме практично во една соба па тв нон стоп гори гледаме вести, спорт, серии така што бар кај нас нема бегање. Да би имал своја соба ќе беше сигурно поинаку.
Ние седиме со исклучен тв, на земја имам подлога, цело време е на неа, а во последно почна да лази да ровари низ дневна и кога сум сама ја ставам во релаксатор ако сакам да одам во вц или да работам низ дома кога не ми е пред очи, па пуштам тв но на кратко додека завршам работа. Седи како хипнотизирана и затоа сум ептен против пуштање тв на бебиња. Мм е претежно тука ја гледа па немам нешто многу потреба. Инаку да бев сама сигурно повеќе ќе пуштав поголем ми е ризикот да ја оставам сама на под.
Не дека дозволувам ама и не ни забранувам ,па така првите месеци преку ден не пуштав тв а кога ќе дојдеше мм пушташе и значи зјапаше бебе, па почнав по 15-20 мин да ја носам во спална за да не зјапа. Е сега е 10 м па не го зјапа и и пуштаме 10 тина мин па и помалку го гледа после не се замара со него. За тв и вака и така ама тел ко ќе видам пред бебе не знам нерва ме фаќа ,а и мм се согласува па така телефон само кога се збори на вибер инаку чудна свекрва бе За сликањето кај сите е така , а ко ќе му ги испратам тоа што сум сликала ќефој е хаха Леле луѓе кога поминува времево бе , ко некни да бев трудна ,вчера да ја земав -то видиш поминале 10 месеци. Точно 10 Не ми се верува никако .. Си почнав јас на работа ,брзо свикнав додуше нема гужви може затоа сепак не сум тапа како што мислев дека сум заборавила да работам. Бебе расте му се губат мишелинките а јас мислам ослабела На одмор нема да се оди Некој ден низ преспа ќе отепаме и тоа ќе биде ,се нервирам навистина сакав одмор далеку од се ,ама ништо...
Еве сум јас пак да си ги искажам “маките”. Добив вчера и ми олесна. Колку и да викав дека сакам на мала разлика деца, сфатив дека не сум спремна сега. Ми фалела бременоста но и сите тие безгрижни денови кога немаш друго дете/бебе дома. Тогаш можев да се рагалувам до бескрај, а сега ако останам пак, ќе сум зомби. И онака сум. Плус сакам да ослабам имам доста работа на телово пред да останам пак трудна Ќерче заспива во 9 и станува во 6, во меѓувреме се буди 2-3 пати да цица. Само во раце заспива никако поинаку и незнам до кога ќе биде така Среќа не е нешто многу тешка па можам да ја држам. Јас легнувам во 1. Еднаш дремнувам преку ден со неа. Деновиве некако сум нон стоп уморна и безволна. До времево ли е, до добиеното ли е, не знам. Свекрвица се јави сакала да дојде на 1 недела да поседи Како да и речам не доаѓај, нејзин е станот. А како ќе седиме во 45м2 еве не знам. Ќе истрпам ако е 1 недела ама само да не и текне да дојде на подолго. Ич некако не сакам да се точкаат а знаев дека вака ќе биде кога се решивме дека ќе седиме Охрид цело лето. Ај бар ќе биде од помош ќе готви ќе праи нешто. Ќе треба да ја праќам во шетња со бебево, за да се сексаме на раат А желба луѓе огромна последниве 2 месеци мислам дека хормониве во плафон ми се отидени ко тинејџерка се осеќам Ми наплаќаат за цела бременост што не помислував хахах. Ете толку од мене за вечерва, ова пишувањево тука како терапија ми доаѓа.
Како може на четиримесечно бебе да му е интересно Биби и Боби??? Бебето ништо не разбира, гледа само силни бои, слики, појма нема што е тоа. Има некои табели по интернет за екрани колку за ориентација да има човек. Сигурно не сакате на годинка, две три наочари да носи? Иако е се сведено на технологија има време кога едно бебе да има пристап до екрани. Прво треба да почне да седи, да прооди, да ги спознае овошјето и зеленчукот, да почне во градинка, да се дружи со деца, да ја спознае природата, небото, тревата, дрвјата… па на крај екрани. Подобро е купатилото да е нечисто додека маж не го исчисти отколку да се остави бебе пред телевизор за да се исчисти купатилото, на пример.
И јас не би на толку мало бебе, уште не опулено, со стаклени очиња јас пред Тв да го седнам да гледа. Не! Ако ептен сакам нешто да направам а е кенкаво, сосе него во раце и ќе правам, ама по секоја цена не би оставила 4 мес бебе пред екран