Мајки, се спремаме за 1ви роденден и сите прашуваат што сакаме/ни треба. Јас појма немам. Имате некој совет/иксуство што ви се нашло по први роденден? Да не има некоја ваква тема да си прашам?
Да ти кажам, јас иако навистина секогаш бирам подарок пред пари, за прв роденден сите што ме прашаа, нормално блиските со кои што бев слободна да им кажам отворено, им реков - пари, бидејќи реално буквално ништо не му требаше. Што од нас изнакупено, што од повојници, баш се имаше, не ми требаше да се дуплираат стварите. И му ги ставив сите во касичка. После некое време кога дојде момент дека е време да го одделиме во негова соба и да ја опремиме, буквално цела соба ја опремив од тие пари, со се што сакаше и му беше потребно.
Пуу петочки секс теми, јас во овулација, а маж пребега со се деца во друг град Спречува после две недели мафтање со две црти тест Што се прави сам дома? Морам да го запишам тука овој свечен момент. Од пред короната не сум била сама дома, не се ни сеќавам. Серии, книги, лежење и џин тоник на списокот ми е. Искачанка за утре закажана, тинтарење педикир, маникир и се надевам конечно ќе се испирсам на увото. Ќе видиме што од листава ќе исполнам Одмор истеравме солидно, големиот си имаше друштво ич не го ни осетивме, сега малото е во опасните години, се може а ништо не разбира Кога ќе се налути ко тетка Биберче е, многу е смешна. Ве поздравувам
13ти ден во камп на море, и веќе ми е доста. Знам ќе ми кажете не сум нормална, и сама си мислам дека не сум, ама 5 ноќи по ред по 2 саати и кусур ми дреме на цицка од 5 сабајле и никако не може да завлече да заспие. Не е будна, ама не е ни заспиена. А ништо друго не сака, ни цуцла, ни друмкање... И ќе ја оставам нека дреме, ама не знае да цица, ме боли, ме корне, а ниедно друго цицање во денот не ме боли. И не знам до што е, дали дека жешко стана последниве денови, дали е престимулирана зошто цело време сме еден куп луѓе, од кои и малиот внук кој мене ме исцрпува само со неговото присуство, а неа не ја остава на мира, дали од 4 влеговме директно во 5 скок зошто веќе цел месец се нешто се дешава, дали зошто цел месец како сме излезени од дома.... или ваљда најмногу и е ова последново. Не знам, не можам да анализирам веќе, само знам дека едвај чекам вторник да си дојдам малце дома, ама пак многу мрзам што дома ми е Скопје, на топло, под клима, со шанси за шетање 1 саат навечер... ама тоа е што е
Чистење, машини, прозори, шо сте напраиле бе домаќинки Јас чекам позитивен тест за 3-4 дена После ќе има огномети, земјотреси се по ред А со ова ѕверов шо се буди ко ќе изгрее сонцето се прашувам дали некогаш ќе спијам пак во животот па и бебиња правам. Будала жена
Пуштам среќа за позитивен тест Инаку и ние сме будни од 5 и 40 Ранобудници, немој да не пропуштат нешто
за две цртки И големиот у сред зима, темно мрачно знаеше да станува у 5, 5 ипол максимум 6. Сега сака ко тинејџер до 9 да спие, ама погоди кој го буди у 6? Па нормално сестра му, а јас само си се смешкам. Еве едно кафе за добро утро, палачинките се од вас
Едвај чекам да бидам толку злобна леле Инаку има палачинки за цел форум, девојката апна една и рече Јас се најадов.
Станата од нешто пред 1 таман да цица бебе. Се нацица некои 25 мин и нејке да спие ништо живо. Ајде ја држам ја думкам ми паѓа глава ама почна да плаче. Плачење ко за грчеви вече и ги распознавам. Стана маж ми и сеа на ти ја дај ми ја после пола саат скоро се покака. И менуваме пелена и му викам трето дете нема шанси. И ми вика деф нема шанси И ај пак да цицне да се успие, се разбуди големиот.идам конечно да си легнам тој преку мојата перница легнат тежок не можам да го поместам. И така бидна скоро 3 саатот
@LiquidLuna ајде две цртички. Мојов викенд не беше џабе спремање терен. Се офајдивме. Перење, пеглање - денеска.
Ништо месецов. Толку црвена 1 линија немам видено у мојата историја на правење тестови. Ама да не биде џабе викендот пошо уште не сум добила, разочарани и пак се опнавме посабајлечки
Не знам зошто напињаме дружба со децата кога и моето и на другарка ми се во фаза кога не даваат ништо свое. Денес бев кај нив да си играт и да се бањаат во базен, од самото влегување беше плачки, моето ќе земе нешто да си игра, другарка му ќе го земе и не го дава или ќе почне да плаче оти мојов не го дава. Она нежна за се плаче, мојов машко багабонт со повеќе енергија, сака да се гонат, тепаат, во базенот да се прскаат, вода да и истура…абе хаос. Сериозно веќе ќе одбивам дружби со деца, оти само се преморувам и дефинитивно е сеуште мал да игра заедно со друго дете, додуша он и разбран е 90% од времето нема проблем да даде играчки, да измисли игра, понеразбрани се другите, а демек во градинка учат да играт и делат, епа еве не знам зошто во мојата околина само моето дели што не оди во градинка. Криво ми беше на крај што само што се израдува на базенот другаркава почна да плаче и мораше да ја прекинеме играта, што реално малце ме изнервира оти ако ме напињаш да дојдам со денови сметам дека не е фер да им ја прекинеш возбудата…нејсе маж ми одма нарача голем базен како тој и ќе играме по цели денови сега. Вчера бевме во парк и моите другарки сите имаат женски деца, значи 5 девојчиња, само моево машко. И секако дека он се качува на се, скока, од секде, на дрво се качува, се вала во песокот, се џитка во фонтана…мене ми е ова сосема секојдневие и не го фермам многу, другарките беа пресмешни оти јас седнав да јадам и они го пазеа, преплашени беа од она што го прави И на крај велат, леле дефинитивно има разлика во машки и женски деца. Инаку недела ми беше омилен ден, откако тргнав на работа ми е најнеомилен оти ништо не успевам да завршам низ дома, не успеавм да одморам, детето го играм цел ден и не ми е криво ама целата работа ми стои и утре сум пак на работа и неспособно се осеќам. Маж ми синоќа лежи буден и гледа нешто така со тажна фаца и велам што гледаш, ми покажува слика од нас која ми е една од омилените и ми вели ми фали да ме гледаш вака, веќе не ме гледаш со љубов туку само со нервоза. Се осетив така малце тешко, криво ми падна што се осеќа така, секако дека има љубов ама едноставно немам време за да му покажам…стварно не знам како да ја вратам малце возбудата, интимата во бракот, ептен сме запоставени…кај сите ли е вака во првите години од родителството?
Мене ме нервира малку кога одам во паркот и влечам еден куп играчки а други си одат со раце во џеб. Вчера се затепаа две деца за играчки од моево, он само седи и ги гледа па.. Инаку мислам дека е нормално, едноставно после работа и дете, па ако поминуваш низ некои разболувања со детето, тантруми, неспиење, некој лош период.. имаш ептен малку време и енергија. Кај нас барем дефинитивно има лоши и добри периоди. Помага смисла за хумор да имаш и да ја гледаш големата слика ама не е лесно ич.