Истово ми го викаат моиве. А и така е, сега на 30 години пак ми треба поддршка од нив, па сакам и јас да сум жива здрава и да бидам тука за детето. А не да замарам колку јас сум се жртвувала.
Да си ми жива и здрава тоа сакав да пишам се е ок додека здравјето е добро, на дете му треба здрава физички и психички мајка.
Добро утро, вчера наполнивме една годинка Моето бебе не е веќе бебе, сега е дете. Не ми се верува како брзо летна една година. Буквално целиот пораѓај ми е пред очи, исто како вчера да сум се породила, а не пред една година. Можам да кажам дека оваа година ми е најубавата во мојот живот. Ваква радост и љубов на сите им посакувам. Откако станав мајка сум најсиполнетиот човек на планетата. Не жалам ниту за една болка, ниту за една непреспиена ноќ, ниту за еден предизвик и потешкотија во мајчинството, дури и вака кога размислувам ретроспективно и се присеќавам на сите потешкотии, тие се нула во споредба со дарот да се биде мајка. Единствено ми е криво што секогаш денот на прославите мене ми е екстра стресен и се нервирам, можеби треба да бидам порелаксирана и да се опуштам и прилагодам на околностите. Како и да е, летна денот кој го чекав цела година. На крајот на денот, остануваме јас и мојата малечка принцеза во овој и во сите останати денови. Ајде повелете да частам по една торта
Темава е мајчински муабети. За вакви прашања како мултикукер или правосмукалки имате соодветни теми, прашајте таму, оваа не е за такви прашања, ниту за совети за кои исто има посебни теми. Мислењата се префрлени во соодветни теми. Можете да продолжите таму. https://forum.femina.mk/threads/Мулти-готвач-multi-cooker.35675 https://forum.femina.mk/threads/Робот-правосмукалка.33587
Да се вратам на мајчинските муабети де Додека имам време, зашо се осеќам ко у машина да сум пикната. Спикинг оф, машината ме чека да и ги извадам алиштата. И 2 корпи за диплење... Мјауу, ме мрзи. Викендов прелета, сабота гости вчера цел ден надвор. Се одјави во 18:40 И го најдов лекот - Шетај додека не почне да се жали дека ја болат ноџињата И после тоа спиела ко Маж Оваа мајка денес ќе се пролепшава. За саат време коса ќе шишам, па после нокти па па па. Ко ќе си дојде дете нова мајка ќе си најде дома
Оваа мајка денес беше на работа после една година. Дечки, работава како смо се надали добро смо се удали.. океј пројдов, ми фалеше да се дотерам за во офис Од 7 до 9 пиев прво кафе, дури досадно ми беше.. Полека полека ќе се вратам во шема. Пауза си користам саат ипол на крај на денот, што е многу добра работа.. Бебушка со татко и дома, мирничка си била душа, едвај чекам да ја видам Многу ми фалеше како за прв ден
Не можам ни да какам на раат Кој ме разбира арно,кој не, ќе разбере. Толку од мајчински муабети сега за сега.
Јас какам он ми кине хартија и ми подава а некад и тргнува да ме брише! Ако така го сфатиш какањето раат може полесно ќе ти биде
Пред некој ден земав ја донесов хранилката да ја седнам пред врата да може на раат во вц да отидам. Фаст форвард неуспешно беше, па си го почекав маж ми да може да одам на раат…
Јас незнам и како си тука Нешто по 2 мислења, на преку 4 страни читам тука... Толку сум турбо, што стоечки еве ве читам Не се жалам, имам некоја организација... ама искрено, ми фалат едно 5 саати плус да постојат во денот А станувам секое сабајле 6, одам само прва смена на раб.. после работа па посебна приказна е тоа.. до 11,12 вечер не заспивам. Деновиве и 1ипол легнував На работа ми е полесно од дома, па таму одмарам Матичната ме караше зошто сум ослабена нагло толку.. или е тироидната или е ова моево незастанување. Све ми виси.. морам да се поправам или ќе мора нова облека да купувам Толку, еден поздрав брзински од нас Арни сме, бебе цица уште.. 15м е (во склоп на муабет од викендот) Спие мааааалку поарно периодов, но без станување не сме.. И другиве да ги спомнам уствари Дада наполни на 1ви 8годинки Бато, кај и да е ќе ме стигне мене на негови 10г (а јас сум 180цм) И се кријат на најмалава... им ја растурала играта... Помагаат, ако ептен ги намолам. Ако сум со нив дома, за до вц они ми ја чуваат Неам гајле...
Стоечки пишувам сега баш. Инаку иста сум и јас.Турбо цел ден. На работа сум повеќе одморена,за после 15ч.муабет да не правеме,сите 3 во свој филм се, а мојот филм никако да дојде на ред,таму некаде откако ќе заспијат,а тогаш што попрво...и така се во круг, се до викенд..ако може да се нарече викенд ,журки на најјако уште од 7 ч. имаме. За да биде поинтересно уште цицаат близнаците 17 месеци се. Немам стратегија како да ги одбијам.После градинка имам хор дома од двете,побарувачката за цицка е голема. П.С.Ќе пораснат ајде.
Ми излезе едно видео на инстаграм. Дете од 10години од прилика зборува за искуство од школо. Сите се сликале и некое дете не сакало да се слика и он се тргнал на страна и ги гледал сите нив како се сликаат. Вика се чувствував отфрлено и така подголтнува јас се изнаплакав. Сега би го изгушкала и не знам све што сака би му направила..Еве ја успивам бебка и плачам ептен ме погоди ова. Знам дека оверриактнувам ама што ако и моето детенце за некоја година така се осеќа а ја не ни знам за тоа.... Не знам како би се справувала со такви работи, јас и по природа сум емотивна личност и на самата помисла дека некад моето бебуле би се осеќало така не знам.... Извинете на депре муабет морав негде да пишам... ах
Зошто ги замислив како бараат Исто сум, поручек што попрво.. дека моиве први две се и поголеми, поголеми деца и поголеми обврски. Тоа активности, хип-хоп, англиски јазик, домашни... некој роденден у спат, некој од нив 3ца (па и од нас) обавезно неарен, лу ди ла И покрај сите милион обврски, сакам и нормално средено да изгледам... И затоа од сабајле, до вечер... нема застанување. Викенд, сабота сум сама... (маж на раб), недела што попрво пак (дали да се шетне, дали да се испере нешто, дали да се избањаме, дали да се пишува домашни и да се учи, дали да спремам наставни за на работа). Ама терам, имам ред некој... некогаш полесно ми е, некогаш потешко. Не сум имала некој нервен слом, па добро е значи @Peperutce6 не сфатив баш... сам се тргнал од сликата и се чувствувал отфрлено?
Абе се потресов не знам што зборам хаха. Не сакало некое дете да се слика и овој со нив на сликата. Го натерал да се тргне, и он се тргнал. Ги гледал сите други како се сликаат а он седел на страна пошто нели детево нејкело да се слика и он со нив и го отфрлиле.
@Peperutce6 и јас не сфатив баш… Се тргнал сам, зошто би се чувствувал така? Едит: сега видов си одговорила.