1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медитирање

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 24 август 2011.

  1. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Не знаев каде да ја ставам темата, и не најдов дупла па отворам во психологија.

    Дали медитирате? Јас сум почетник во ова т.е сакам да медитирам но ми требаат совети какви медитации да употребувам и сл.
     
  2. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    И јас одамна сакам, но не знам како да почнам. Имам прашано во 1-2 книжари дали имаат нешто како прирачник за медитација или јога ама немаше.. Сега ми текна дека имам видено во градската библиотека таква книга па кога ќе одам ќе ја побарам :)
     
  3. MarijaVonTeese

    MarijaVonTeese Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Meggy имаш книги за медитација насекаде.на пример баш пред некој ден видов во Сева. слатка продавница за свеќи и слични работи.се наога на плоштад кога идеш накај мц таа уличка одма ке ја видиш со големи розеви букви пишува Сева.имаш истотака и музика за медитација..
    има и часови за медитација колку што знам до сеа две другарки одат ама поврзано е со Јога.
    искрено и ја сакам да медитирам.ама сакам да навлезам во она дип медитација односно да се унесеш ептен. но за тоа ке треба мнооооогу време сигурно со години и е многу тешко а немам трпение така да ништо од тоа за мене ...
     
  4. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Ама јас не сум од Скопје :) , фала сепак.
    Да не бидам офтопик, почнав со медитација прво со помош на видеа од youtube, потоа чичко ми ми кажа некои тактики, па сега за сега со тоа ќе продолжам. :)
     
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Едно од нештата во кои уживам :)
    Со музиче од Шри Чимној мераци на душата :)
     
    На milk.honney му/ѝ се допаѓа ова.
  6. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Го обожавам медитирањето, целосно ме опушта, ми дава енергија... преубаво е чуството после медитација........ Пред година дена одев на медитација со пријателка кај Тино (Константин Кајашаров) во Центарот негов, со една пријателка, и навистина уживав......
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    одам на медитација повеке од 1 месец, и е супер
    со музиката на Шричинмој :)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Со музиката за медитација се опуштам, ама како што можам добро да медитирам со црковна музика, има некој силен ефект врз мене, прочистувачки, возвишен, ми дава потполен мир, се пронаоѓам себе си повторно и повторно
     
    На gjoker4e, Tam4yy, theunforgiven и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    [СДК] Сакам да кажам...

    Дали некој од вас оди на оној едномесечен курс по медитација , што се одржува во таа градниката што е од државна болница па нагоре, незнам како да објаснам подобро... Ај ако има такви нека ми пишат лп кога е наредниот час.

    Тенкју
     
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    јас медитирам со години веќе ... Зен медитација преферирам
     
  11. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Принцезо ќе кажеш нешто повеќе за медитацијата? Како делува и слично?
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од Септември месец посетувам курсеви за медитација(почетен и напреден) а пред 1 месец станав и официјално ученичка на Шричинмој :)

    ме опушта, ме релаксира, како на друга планета да сум-а сепак сум на оваа
    не може секој да издржи, пробај и види како ке ти оди :)
     
  13. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас пробувам дома да медитирам.Немам некоја огроооомна желба но сите викаат добро е пробај,опушта па викам ај да пробам.Пуштив едно видео од јутуб како медитовати и седнав јас со скрстени раце на столов слушалките на уши бидејќки ми се расипани звучниците,и ги ставив рацете пред мене замижав и ми се чини штом почнам да не мислам многу ме боли глава оддеднаш а кога ќе отворам очи ништо.И имам отежнато дишење во таа положба,како да треба јас од грбот да го испуштам воздухот незнам како да кажам.Можеби сум згрбавена па затоа.И затоа ми иде да зевам :/ Дали се ова нормални симптоми како за почетник? И незнам која медитација да ја практикувам,до душа јас не ни знаев дека има повеќе видови еве сега ве прочитав вас и дознав.Ако може некој нека ме посочи како за почетник која медитација да ја одберам пожелно е линкче од јутуб :) Инаку после мојава “медитација“ се осеќам по исправено како да сум била на физикална терапија :D
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    За да медитираш најважно е да ја познаваш техниката на дишење. Само така може да имаш успешна медитација.
    Положбата во која се наоѓаш не е важна, но се препорачува да не е лежечка за почетници, зошто може да заспиеш и ништо од медитацијата, а исто така е важно грбот да е исправен, поради дишењето.
     
    На maravillosa, mal.ecka и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Медитацијата се прави без музика, во тишина, бидејки е начин за човек да го смири сопственото его, да не биде толку истакнато.А што повеќе го нема, толку подобро.Но, не може и целосно да го снема, што значи може само да не биде егото големо.Дишењето треба да е нормално, значи она длабоко дишење кое ние луѓето го правиме вообичаено, но брзински, подобро е почесто и побавно, а ако може и со стомак уште подобро.Јас имав слушнато една информација од докторка, дека најчесто здравствените проблеми во стомакот и долниот дел од стомакот, настануваат и поради немање кислород во стомакот и долниот дел од стомакот.Мислам дека не е добро да се медитира со музика, бидејки целта на медитацијата е да се нема мисли, да не е блокиран мозокот.Додека медитацијата може да се прави во седечка положба, со отворени или затворени очи, сега тоа секаде различно се толкува, како е подобро, со отворени очи или затворени.Според мене е подобро со отворени очи, бидејки сите сетила се активни, но и неактивни со медитацијата ( тоа всушност е не посветување внимание на околината,освен концентрација, ништо друго).Добра работа е, смирува и многу помага за здравје.
    Имам вежбано, едно две-три години, а мож и помалку, но најдобро е да се прави медитацијата со помош на инструктор, почетнички, а секако после човек продолжува сам да практикува медитација.Вака од интернет, незнам колку е добро и дали има ефект.
     
    На LittlePinky и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Медитацијата е еден од начините кои ни помагаат да се поврземе со нашата внатрешна мудрост.
    Ползата од медитацијата не е само моментна, таа се акумулира.

    Постојат многу методи со чија помош може да се медитира, за почетниците најдобро е да почнат само со седење во тишина и длабоко дишење, потребно е само да се скоцетирате на вашето дишење, не мора да се трудите на дишите на некој посебен начин, само бидете свесни за вашето дишење.Друг начин е броењето за време на медитацијата.
    Телото и умот сакаат постојаност, убаво е да практикувате да медитирате секој ден во исто време.
    МАнтра според мене е еден од најуабвите методи на медитција.Тоа е медитирање со кажување на два или три збора како на пример СЕ Е ДОБРО или некој што вас ви одговара.

    Книги за техники на медитација има во сите книжари, пример на Ошо имате убави книги за медитација.
    Штета што кај нас медитацијата не е премногу актуелна, овај свет би бил многу подобар кога секој од нас би практикувал секојднево медитирање.
     
    На Tam4yy, maravillosa и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Ќе пробам,ме бендиса ова што читав па утре ако ме оста :x рајат ќе пробам... :wasntme: :worried:
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Бог, Сè-Духот на постоењето му даруваше на човештвото изобилие на објави кои содржат во себе и повнатрешнување (медитација) и телесни вежби за хармонизација на душата и телото за современиот човек. Но исто така во повеќе наврати опомена за опасностите кои ги демнеат луѓето кои преку разновидни медитации и ментални техники се насочуваат кон тнр. „учители„ наместо кон Христос, единствениот Небесен учител кој од пред 2000 год. е спасителот на сите луѓе и души.

    Духовно божествениот свет преку божјиот инструмент за денешницата го објави Внатрешниот Пат кој започнува со првиот медитацицки курс. Toj во текстуална форма достапен е онлајн и на македонски јазик. Истиот е достапен во аудио форма на цд-а или касети во изд. на Универзален живот:

    ftp://ftp.universelles-leben.org/pub/Makedonski/s122mk.pdf

    на следниот линк може да се слушне аудио извадок од медитацијата „Моето потекло е Духот„:
    [​IMG]
    http://www.das-wort.com/deutsch/hoe...g/urchristlich-meditieren---nr-1-u-2-live.php
     
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Бла бла бла,па со тоа се вртиш против Бог? :emo: :doh: :fubar:
     
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Јас дома си медитирам, со медитации за почетници. Навечер пред да си легнам си медитирам саат време и баш ме опушта, ме смирува доколку сум била напната во текот на денот
     
    На okcenzi и maravillosa им се допаѓа ова.