Јас можеби денес ќе пробам да медитирам за прв пат ама многу ми е страв. Се мислам дека ќе се онесвестам или ќе полудам или нешто… или не е до толку страшно? И како ќе знам дека сум медитирала како што треба?
Медитацијата е само алатка за постигнување на добро чувство во себе, фокус на внатрешната благосостојба и растеретување на умот од непотребни негативни мисли. Ниту се онесвестуваш, ниту полудуваш За почеток се постигнува со забавено ритмично дишење, во тивка просторија за да нема скренување на вниманието кон надвор и се обидуваш да постигнеш што повисоко чувство на смиреност, опуштеност и благодарност. Практично го тренираш умот да не се замара со глупости, туку да си ги ставиш своите мисли и чувства на прво место и да се справиш со стресот на ефикасен начин. Ова е само поедноставено дефинирање на медитацијата за почеток, со подлабоко разбирање се постигнуваат и поголеми резултати, подобра концентрација, покреативни идеи...
Медитирав ама некако ништо не почувствувам отпосле. А додека медитирав седната заспива на 5 минути, 15 минути вкупно водена медитација. Како неколку минути ми се видоа ако значи нешто тоа. И никаква емоција не гледам не чувствувам како срцето во некој каф да е метален заарѓан - буквално така се чувствував. Ништо не доаѓа одвнатре освен некое стегање, притисок.
Како и со сè друго, бенефитите нема магично да ги добиеш после едно медитирање. Медитирај (ама стварно, како што требаш) секој ден и после пола година пиши како ти е.
Чувството на блокада и стегање обично е реакција на промената, долго време (можеби и цел живот) сме научени да размислуваме на еден начин и не можеме наеднаш да го промениме тоа, затоа телото се труди да се одржи во состојба која му е позната. Не му ја мисли до толку, не се оптоварувај со што си постигнала во една медитација, едноставно само одвој си време во денот да бидеш сама со себе, да дишеш смирено 15-20 минути и свесно да постигнеш чувство на благодарност за се што имаш околу себе, за животот, за природата. Најблиску што можам да ти го доловам тоа чувство е на она кога си дете, кога си безгрижен, кога си сигурен дека некој се грижи за тебе, кога уживаш во моментот и не му ја мислиш ниту на минатото ниту на иднината.
Медитацијата ми има многу помогнато да се чувстувам порелаксирано иако претходно имав како некоја одбојност и не верував дека нешто ќе ми промени, но сепак многу ми е мило што се одлучив да почнам да медитирам. Еве баш денес ми се појави медитација од една терапевтка, на македонски е: https://fb.watch/iEXOz2Lb8J/
Луѓето често мислат дека поентата на медитацијата е преку неа да не мислиш ништо. А тоа врска нема. Со медитација уствари го ставаш секојдневието на пауза, се конектираш интимно со себе си и се соочуваш со мислите и чувствата. Наместо само да станеш наутро, да тераш низ денот зафатено и да си легнеш навечер, за утредента отпочеток пак истото да го правиш, без да застанеш на кратко и да провериш како си и што сакаш; со медитацијата откриваш низ што поминуваш, што осеќаш, што ти се случува, кој си.
Здраво, дали некој од вас има слушнато за медитација и курсеви кои се организираат според учењето на Шричин Мој во Скопје? Дали некој од вас има посетувано и дали е ок? Знам дека има бесплани курсеви, но незнам колку е тоа точно и зочто би биле бесплатни. Поздрав
Здраво, дали некој од вас има слушнато за медитација и курсеви кои се организираат според учењето на Шричин Мој во Скопје? Дали некој од вас има посетувано и дали е ок? Знам дека има бесплани курсеви, но незнам колку е тоа точно. Поздрав
Два дена по ред медитирам со медитација од Joe Dispensa и два дена по ред ме боли главата. Не знам дали стварно од медитацијата или од слушалките ама да е од слушалките би ме болела и кога слушам гласна музика на слушалки. А зошто уствари би болела глава од медитација? Не можам да изгуглам дека се на бугарски ми дава резултати Гугл на моето прашање. Од вчерашната медитација за да откриеш кој си и да кажеш кој сакаш да си, така нешто во тој стил, цел ден ми надоаѓаа зборови од детството што ми ги рекол некој ама не ги запишав и ги заборавив. Медитацииве на Диспенза се премоќни. До сега имам слушано само на македонски и хрватски ама во споредба со овие не се ни медитации тие што ги имам слушано. И пак се плашам да не полудам. Премногу ми е магично како ден после медитација се случи нешто на работа и дома, иако знам не може од денес за утре да функционира ама и во медитацијата рече дека од овој момент ќе се случуваат некои работи и јас ептен му поверував она 100% и стварно почнаа да се случуваат две поголеми и неколку помали.
Не е Шричин, туку Шри Чинмој. Зборот Шри во хинду културата укажува на еден вид светост (иако во хиндуизмот нема класични светци како во православието на пр.). Порано имам и таму одено, луѓето како луѓе беа фини и коректни, но она што мене не ми се допаѓа кај нивните медитации е дека тие се насочуваат кон учителот (гуру) медитирајќи на неговата фотографија. Тоа создава телепатска врска и духовна врзаност за тој учител или за енергетското поле кое стои зад таквите учители. Во медитирањето човек би требало да се насочува кон божественото во себе и кон Христос, избавителот на сите луѓе и души. Тоа е мое убедување, секој меѓутоа има слобода да прави така или поинаку. За тие кои ги интересира зошто се тнр. источни спиритуални практики проблематични можат повеќе да прочитаат во книжево кое се темели врз Христовите објаснувања на таа тема а примени преку пророчката реч за ова денешно време: Dangers of Eastern Masters - истата преведена е одамна и на македонски со наслов „За источните учители„ но не ја гледам онлајн.
Според мене медитацијата е подобра од јога. Иако и двете се надополнуваат медитација се фокусира на менталното и емоционално тело на прво место него директно на физичкото. И со пракса ќе влијае секако физички. Поентата е да дојдеш до некој степен да осетиш дека си вон телото и така мирот и тоа како ќе е подобар меѓутоа не е лесна дисциплина ниту е за секого односно не секој може да ја практикува и да осети бенефит
Зошто не? Не постои ексклузивитет, ниту затворен круг на практиканти. Може секој кој е отворен кон самата идеја. Единствена (потенцијална) препрека т.е блокада може да биде личното убедување дека е медитацијата е тешка или опасна ("дело на ѓаволот" според некои религии).
Во право си меѓутоа за некого е досадна и непродуктивна или џабе потрошено време затоа реков зависи. За мене била корисна и дефинитивно се крие еден друг осет ама треба да се негува долго време.