Пробај со почетнички воведни сесии, на пример на "Headspace" има 10 бесплатни денови со кратки воведни сесии од неколку минути и мислам дека се топ за почеток. Со guide полесно се стекнува навиката. Друг мој совет ти е да пробаш повеќе пати во текот на денот, и ниту еден обид да не го гледаш како загуба. Си пробала, поминало како што поминало, веќе е во минатото. Тоа е битно и за во иднина - секоја сесија си е посебна за себе, не треба да се споредуваат или да очекуваш дека секоја наредна ќе ти биде исто толку добра колку претходната. Исто би те советувала да почнеш и дневник да си користиш, тоа ти е супер практика за overthink-ување и филтер за вадење на мислите и чувствата.
Водам дневник, и тоа не го правам редовно и со дневникот исто почнувам па се откажувам. Запишувам накратко на телефон па после препишувам ама не е тоа тоа.
Само седи и вежбај набљудување на мислите. Тоа е целата игра. Пример ти доаѓа мисла “Не постигнувам свет без мисли, не ме бива“ - пробај да ја набљудуваш како мисла и врати го фокусот на здивот. Има еден аспект од мозокот што размислува, има друг аспект од мозокот што може да го набљудува размислувањето. Сите го имаме овој аспект на мозокот, само треба со медитирање да му пристапиме и да го развиеме. Пробај 1 минута со набљудување и кажи ни за искуството
Прво факт е дека не е за секого. Иако е убаво, не е за секого. По мене сам да медитираш е многу тешко или ако имаш водич што не ти се погодил. Затоа ви е тешко, несфатливо и се откажувате. Не ги читав сите мислења, ама ми личи секој индивидуално ја доживува. Пред 15тина години прв пат почнав и после некоја година прекинав, со нередовна активност исто како да не сум медитирала, сега не успевам да го достигнам истото од тогаш. Имав одличен инструктор и од тогаш талкам не можам да најдам соодветна замена за да се вратам пак. Мене медитацијата ми беше составен дел од јогата. Па некако техниките за дишење ми се неопходни за медитација, па прво се учат тие па после медитација. И за медитација си има степ бај степ. Не е дека баш ќе седнеш и ќе ги анализираш мислите, јас тоа сега да го направам без некој да ме води ќе добијам паничен напад. Кога практикував јас успевав да ги тргнам мислите, тоа ни беше целта, не е тоа скроз бланко, ако почнам да го објаснувам ќе звучи забегано. Ама убаво е, затоа што дава мир, спокој, свесност.
Јас се откажав од то да целам кон не мислење на ништо и да гледам на медитацијата како на насочени вежби за дишење и од тогаш е нешто шо го сакам. Самиот чин да си дајш момент да дишиш и да се фокусираш на тоа како дишиш, како воздухот врви и излегува низ тебе е смирувачки.
За секого е. Медитацијата е како еден човек се поврзува со себе. Луѓето што не можат да седат сами со своите мисли, најмногу треба да седнат да медитираат. Само треба да стигнат до момент кога ќе сфатат дека може да има бенефити за нив или кога ќе се overwhelmed од своите мисли. Е сега, има многу техники за медитирање, една иста техника не е за секого.
Кои техники ги користите за медитација? Јас почнав со Mindfulness медитација, сега користам мантри и афирмации. Со мантрите и афирмациите многу подлабоки ми се медитациите.
И јас терам mindfulness, само со фокусирање на дишењето, мислам дека мантра и афирмација нема да ми дозволат да се опуштам и да ми биде потсвеста слободна. А некогаш правам и "скенирање", почнувам од главата па одам надоле до прстите на нозете, со фокусирање на делови од телото за да ги опуштам.
Појма немам како се вика техниката. Ваљда визуелизација во комбинација со нешто друго... Прво правам потполни вдишувања и издишувања. Се фокусирам на здивот кој влегува во мене и излегува. Потоа ја насочувам свеста на дразбите кои се надвор од мене, во просторот околу мене, од сите сетила, едно по едно. Потоа се насочувам на дразбите од своето тело. Ги следам своите мисли како однадвор да ги гледам. Без емоции само ги регистрирам и ги пуштам да заминат. После ова визуелизирам, почнувам од своето тело. Се фокусирам на границите на моето тело, ги визуелизирам како сјајни и го испразнувам она што е во нив (ако добро се изразив..) Понатаму медитацијата тече зависно од тоа што сакам да постигнам со неа. Пример, ако сакам healing, заздравување или ослободување од болка, од негативна енергија, визуелизирам како со вдишување во границите на телото се исполнувам со бела светлина, вдишувам она што ми треба позитивното, а со издишување се она што е негативно го испуштам од границите на телото во земјата. И така постепено до најситните делови од телото дур не е цело во светлина. Или на пример, ако сакам да пратам позитивна енергија на некоја личност, група луѓе, на планетава, на универзумот, визуелизирам како од срцето пулсирам во даден правец дадена енергија, или можеби ви сите правци. Како почесто медитирав, се посложени ми стануваа визуелизациите, со секакви визуелни ефекти, наместо во две или три димензии перспективата ми се смени на 360 степени. А ми се случуваше и за побрзо време да дојдам до тие моменти од почетокот на медитацијата. Како поуспешно да можеш да го контролираш умот.. Некогаш ги бришам границите на телото и се визуелизирам како енергија, свеста ја ширам низ универзумот, станувам едно со се. Тоа се едни од најдобрите медитации што сум ги имала. Значи се полнам со добра енергија па потоа постепено се враќам кон реалноста..ги визуелизирам границите на телото, веќе исполнето со светлина и регенерано...па се враќам од свеста кон телото, па ја насочувам свеста кон надворешниот свет и дразбите што ги примам и тогаш неколку здива правам и отварам очи.
Може ли идеи и насоки за почетници. Периодот а и таква сум по природа, кога имам повеќе време мислите ми лутаат и најчесто на она што не треба и ми ствара анксиозност. Како да почнам најпрво, не ми кажувајте по име вакви, онакви, не сум запознаена, ве молам препораки за ваше искуство она што е смирувачко. Знам дека на интернет има свашта ама дали имате искуство вие за она што највеќе ве опушта. Во ПМС најмногу ми треба ако успеам
"Wherever you go, there you are." https://open.spotify.com/episode/4o0pqnKPPhma2WjG2BdZez?si=id7mnDjRSBi1e065-TJkwg Преубав разговор за медитацијата општо, за mindfulness, за awareness, за сегашниот момент.
Дали имате искуства со реики и какво е вашето мислење за оваа техника? Помага ли? Дали може некој да ми препорача добар реики терапевт? Пред да одам на психолог/психијатар ради некои мои проблеми, сакам да пробам малку со овие методи. Не знам прашањево дали е за темава.
Една од најдобрите сесии што сум ги имала. Есенцијално за медитирање и општо, спиритуалноста. Препорака да се ислуша и ако не медитираш. https://insig.ht/IvIe3qHU8Kb
Шо е поентата на медитацијата? И као влијае на психата. Блиска особа сака да почне, да не се забегува после со други раб. Ќе симне апликација.
Врз психата влијае позитивно. Помага за општо регулирање на нервниот систем и намалување на стрес. Помага за воспоставување на интимна врска со самиот себе и подобро запознавање на себе си. Помага за зацврстување на здрава самодоверба, самопочит и само-љубов. Помага за приземјување, контролирање на его и зголемување на самосвесноста на многу нешта. Помага за насочување да се биде во сегашниот момент. Помага за подобрување на фокусот и концентрацијата. Помага за несоница и имање на подобар сон. Помага за зголемување на трпението. Помага за зголемување на (само)емпатија и (само)простување. И за други нешта. Е сеа нека пази, пошо огромни се шансите дека после ќе почне да забегува со барање и на други практики и методи кои позитивно ќе и' влијаат на психата, и општо на здравјето, а и на менталитетот и карактерот.