Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медитирање

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 24 август 2011.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Па така, психата ќе ти стане многу добра и цврста преку медитирање, и после ќе сакаш сè најдобро за себе. Ќе забегаш во барање други нешта што се добри за тебе, пример можеби ќе сакаш здраво да се храниш, ќе сакаш да си физички активен, ќе сакаш да избегаваш луѓе што за тебе се токсични и не ти чинат, ќе сакаш да рефлектираш во дневник, ќе сакаш да спиеш доволно, ќе сакаш повеќе време во природа да поминуваш, итн, итн. Ќе забегаш скроз у стекнување најздрави навики што можеш и во штитење на сопствениот спокој.
     
    На eta, Tam4yy и EmilijaSk7 им се допаѓа ова.
  2. EmilijaSk7

    EmilijaSk7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    А од што и зошто да забегаш?
    Ова што го наброја е нормално, но заборави...
    Денес е нормално ова да е забегано...
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Од развивање на преголема самосвест и позитива. :D
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.775
    Пол:
    Женски
    Нормално дека можеш да забегаш и во спиритуалност исто како во религија.
    Мислам, медитација е веќе нешто што го прави секој втор човек и секако дека не е "забегано", корисно е океј тоа си стои, ама спиритуалноста е повеќе од само медитирање и апсолутно можеш да станеш најнеподнослив човек и да ти стане негативен coping mechanism, исто како кај ултра религиозни луѓе.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Машки
    Да немам работа би медитирал цел ден.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Медитацијата е повеќе од спиритуална практика.
    Има студии дека ја зголемува густината на сивата материја во мозокот која е клучна за учењето, за процесирањето на информации, за контролирањето на движењата, за меморијата, за способноста на носење одлуки, итн, итн, итн. Исто така позитивно влијае врз амигдалата која е делчето во мозокот со кое се регулира стресот, стравот, паниката, емоциите општо.
    Медитацијата го подобрува неуропластицитетот, односно способноста на мозокот да се менува, го подобрува функционирањето и го успорува стареењето на мозокот, помага за одреден степен на лечење на депресија и анксиозност, помага за моментално и подолгорочно намалување на стресот.
    Заеби спиритуалност. Медитацијата е бесплатен лек и практика за подобрување на квалитетот на животот.
     
    На Tam4yy, Cosmic Girl и Eunoia им се допаѓа ова.
  7. EmilijaSk7

    EmilijaSk7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Како мислиш заеби спиритуалност?
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Скоро секогаш медитирањето се поврзува со спиритуалност, некогаш и религија. А има толку многу здравствени бенефити, па затоа велам така, не мора да медитираш поради спиритуалност, медитирај за здравствените бенефити.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Eunoia

    Eunoia Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на информираноста. Предобри мислења со длабочина.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Машки
    Преценето. И не е за сите. Последиците се различни за различни луѓе. Се „продава“ како панацеја. Не, нема магични решенија за сѐ и за сите. Медитацијата е само палијативно олеснување за не-психотични луѓе. Може да помогне донекаде во надминување на прагот на болка, на бихејвиорално/скинеријанско ниво, човек да научи да ги прифаќа мислите без да биде реактивен, и на тој начин да се справува со мисли/сензации кои дотогаш не можел да ги процесира.. Но, не е магичен лек, имајте го тоа предвид. За оние што имаат психози па е штетно, зашто им дава поголема „стварност“ на мислите, и не ги потиснува, како што прават антипсихотиците. Медитација да, но, во консултација со стручно лице и некој што знае да ве насочи, т.е. имал искуство со неа, без преголеми очекувања.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EmilijaSk7

    EmilijaSk7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Mhm сега испаѓа ако си јак те прави појак, а ако си слаб те прави по слаб?
     
  12. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Машки
    Мислиш на луѓето кои се склони кон психози, претпоставувам? Не баш. Ги прават нивните мисли по-реални...

    Луѓето со психоза имаат тенденција да ги „прават“ внатрешните мисли РЕАЛНИ (затоа што егото им е фрактализирано и немаат „лепак“ што ќе го држи во целина, потсвеста и свеста им се помешани)... Пример, шизофреничар кој мисли дека песната која што ја слуша на радио „му кажува“ дека некој сака да го убие, со медитација (бидејќи медитацијата, во крајна линија, vipassana, една од најпопуларните, но, и други е фокусирани на земање на мислите такви какви што се, без да им се ставаат етикети) мислејќи дека така ќе ги потисне овие мисли, само ПОВЕЌЕ ќе мисли дека тие се стварни. Замисли какви последици тоа би имало кон неговите конкретни постапки...

    Мојоето искуство, со медитација, - еве јас според секоја дефиниција имам „нормално“ психичко здравје, - е мојата несоница да ја направи поизразена, зашто моите мислите ми ги направи уште поинтензивни... Еве, помалку екстремен пример.

    **

    Се разбира ова не функционира за сите, повторувам. Медитацијата има различни ефекти за различни луѓе, и не значи дека слабите ги прави послаби и силните посилни, тоа е премногу еднолиниска интерпретација. :) И што значи силен, а што слаб? :)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EmilijaSk7

    EmilijaSk7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Мислев на тоа ако си психички здрав и јак ке те направи само по јак и обратно
     
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Машки
    Не, не, не, не е толку едноставно. Ништо не е толку едноставно. :)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Здравјето, физичко и ментално, зависи од мал милион нешта. Сè што правиш, сè што конзумираш, со сè што си опколен, некако - позитивно или негативно - влијае врз здравјето. Освен ако имаш многу среќа, не може да имаш добро здравје ако само пазиш на едно нешто.
    Пример, што ако јадеш балансирано, ако пушиш цигари. Што ако си доволно физички активен, ако јадеш претежно процесирана храна и пиеш редовно алкохол. Што ако идеш редовно на терапија, ама не ја работиш работата потребна за промена. Итн, итн.
    Многу работи влијаат каква психа ќе имаш. Па така, едно нешто најчесто не е единственото решение. Не можеш да очекуваш дека било што, во случајов медитација, ќе ти ја опраи психата, ако правиш други работи кои ти ја влошуваат. Исто така, дефинитивно не може да помогне веднаш, треба долго време редовно практикување. Јас целам кон деценија, за сега.
    Исто така, може во грешно нешто да бараш решение, односно за твојот проблем медитацијата да не е одговорот. Ко на пример на некој со рак на бели дробови да му кажеш, јади балансирано, ќе ти биде подобро.
    Но како и да е, медитацијата помага за многу нешта.
     
  16. EmilijaSk7

    EmilijaSk7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    А какво мислење имате за лечење со енергија, реики, био енергија,тета хилинг и други
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018