Сакам да прашам некој што медитира постојано. Сакав да медитирам и ми пратија видео со музика и човек кој зборува. Нешто во стилот „ сега ме слушаш мене, опушти се бла бла.. И имаше 20 скали кои на крајот од видеото ги одбројува и на крајот треба да се разбудиш на место каде си бил во претходниот живот. Некаде на 6 при крај, осетив ладно на телото, грозница ме фати, и пред очите ( затворени) ми се појави бела светлина. Не сум искусна во медитирање , и ме фати страв од тогаш, што може да биде тоа? Видеото трае 30 мин. Дали имате некое видео кое ќе помогне во медитирање?
^ Откривањето на минатите животи преку медитација, хипноза и други ментали техники може да биде опасно за психата на човекот. На тој начин може да се ословат работи со кои не сме подготвени сеуште да се соочиме во моментов. НЕ случајно ние не се сеќаваме свесно на нашите изминати инкарнации. Важно е да живееме сега и тука во согласност со духовните законитости и во согласност со нив да го земеме својот живот во свои раце. Преку тоа постепено се чисти и се средува и тоа што било ненамирено во претходните животи а воедно се гради и подобра иднина.
Медитерањето и тоа како е добра работа, ако ме прашаш мене. Само многу зависи начинот и целта поради која ја изведуваш медитацијата. И мислам дека не е фино директно да се премине на медитирање без никакво претходно искуство во таа техника, посебно не во погорните стадиуми на медитација. Ова е толку опширна работа, па затоа сметам дека луѓето многу работи не знаат пред да почнат со медитација.
^ Зависи како и поради што се медитира, и кон што се насочува човек во текот на медитирањето. Преку медитирањето не би требало да се ословуваат и откриваат минатите животи, исто така не би требало да се насочува човек кон тнр. духовни „учители„ (тнр.гуру-и) мислејќи на нив, гледајќи ги нивните слики и симболи или повторувајќи комбинации на зборови (тнр. мантри). Преку тоа тие телепатски можат да ги врзат практикантите и учениците за енергетското поле кое стои зад нив, насилно да дејствуваат врз центрите на свест(на истокот наречени и чакри) и преку тоа да ја „цицаат„ нивната енергија што пак за последици може да има разни душевни и физички проблеми. Практикантот не е свесен веднаш за тоа што се случува, тоа до израз може да додје многу подоцна. Ова не се забрани или плашења туку добронамерни опомени од Духот Божји до луѓето кои сакаат да се посветат на вакви спиритуални практики. Кој сака може да прочита повеќе во книгите „За источните учители„ или некаде преведено како „Опасност од источните учители„. Меѓутоа медитирањето со цел на повнатрешнување и насочување кон Христос, за да станеме повторно тивки и привремено се дистанцираме од надворешната збрлавеност на светот за да повторно најдеме внатрешен мир, стабилност и сила само по себе не е лошо. На пр. Бог даруваше низ својот инструмент повеќе медитации на кои им претходи кратко објаснување на некои духовни меѓузависности поемеѓу човекот, душата и Духот: „Медитација на Тишината„ Или една друга прекрасна медитација „Бог е присутна Светлина„ Извадоците со линковите се на германски, но знам едно време дека беа достапни на македонски, англиски или српски јазик.
16 години и одам на јога веке 1 ипол година но воедно и медитирам. Медитацијата те смирува, те повлекува од целиот свет ти ги спојува менталното и физичкото тело (воедно и цела јога). Таа те прави по енергична посмирена и по опуштена. Затоа јас ти препорачувам да одиш на јога каде што ќе има инструктор поради тоа што поразлично е чуството некој кој ти збори (инструкторот) и да читаш од книги. никогасш нема да се покаеш ако одиш на јога
Какви часови без потреба само ке фрлаш пари.Почни си соларна јога и ти гарантирам дека целосно ке се смениш на подобро.Ако имаш некои здравствени проблеми со помош на сонцето можеш засекогаш да ги решиш.
Значи да медитира неможе и не умее секој,може само човек што има огромна самодоверба во себе што знае што има во него и што е животот,зошто со медитацијата ја запираш работата на срцето и навлагаш длабоко во тебе,не ти треба стручна помош само ти треба веќе еднаш да ја искусиш смртта.
Секој човек мозе да медитира, но доколу практикува јога.Со медитација не се запира работата на срцето, нема никакво искушување на смртта.Единствена цел на медитацијата или јогата воопшто е намалување на стресот, како главен причинител на болестите. Знам луѓе кои медитирале, па не умреле.Јас практикував медитација, од тоа не се умира.
Бидејки си медитирала почни соларна јога со цел да ја активираш кундалини енергијата и да ги разбудиш сите 7 чакри кои водат до просветлување.
Имам работено и со чакрите, со 6, но не и со 7 та, со нив уште подобро се медитира.Тесно се поврзани со медитацијата, а и дополнително помагаат во врска со стресот, а посебно за здравје, но некогаш е доволна и само медитацијата.Долго време немам медитирано, па и практикувано јога, ама тогаш ептен ја разучив до толку што ми беше и премногу за да продолзам Но,сепак повеке е за луѓе кои премногу стрес дозивеале, ама сепак тоа е индивидуално и зависи од самиот човек колку ке посвети внимание на тоа, толку ке се намалува стресот.А се знае што значи стресот.
Значи медитацијата е добра за сите, ако навистина си ги смирите мислите и сте во фаза на медитација всушност примате космичка енергија во енергетските центри (чакри) затоа треба `рбетот да биде исправен, а најдобро оди со јогата бидејќи јоги- вежбите го опуштаат телото и го урамнетежуваат дишењето ако се изведуваат правилно. Како помош за доведување на мозокот во медитативна фаза може да се користи музика со определена фреквенција кои ги менуваат електромагнетните бранови што ги создава мозокот во зависност од тоа каква е активноста. И ве молам не мешајте религија со медитација затоа што нема смисла.
Извини што доцнам со одговорот, ама дури сега видов http://www.youtube.com/watch?v=a8GrUeE0eHs http://www.youtube.com/watch?v=7wbC2n-9 ... re=related Пробај вака нешто
Имам пробано многу пати, но исходот не бил баш задоволителен. Како што ме опушта музиката за медитирање, ниту една друга го нема истото дејство врз мене, но за време на процесот на медитација не можам да се опуштам до таа мера што ќе бидам сконцентритана само на тоа и на ништо друго. Никогаш не ми успевало исклучувањето од се` и мислам дека токму во тоа се наоѓа пречката што не можам целосно да се препуштам на уживањето и спокојот во целиот тој чин. И никако не можам да ги сопрам мислите кои ми надоаѓаат. Очајно многу ми фали концентрација!
Не им обрнувај внимание на мислите, игнорирај ги за време на медитација.Оти една по една одат, ако им посветиш внимание, тогаш тешко ќе медитираш.Бидејки мирот го има, кога ги нема мислите.Но, не дека не може воопшто да ги нема, туку со медитацијата, само се прави пауза од нив, а после медитација, подобро се согледуваат истите, на посмирен начин.А откако ќе успееш да не им обрнуваш внимание, тогаш сосем полесно ќе ти оди медитацијата.