Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медитирање

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 24 август 2011.

  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    За медитација, според мене, и не мораш баш да седиш и да мируваш.
    И не треба да ги игнорираш мислите.
    Треба да дозволиш космосот да седне врз тебе, и да дозволиш тој да ги насочи мислите.
    За мене тоа е дефиниција за права медитација.
     
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Медитацијата е најдоброто нешто што може еден човек да го направи за самиот себе.

    Толку помага, толку опушта.
    Уште од малечка медитирам. Татко ми ме научи. Ми влезе во навика секоја вечер кога легнувам во кревет прво медитација а потоа неизбежен е мирниот сон.

    Медитирајте луѓе, не е ниту комплицирано, ниту тешко. Само треба да се најде време и нормално да имаш желба. :)
     
    На mackica1, elisabeta и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
    Медитација: Оче наш

    [​IMG]

    За време на слушањето на медитацијата двете стапала треба да го допираат подот(да не бидат прекрстени) , `рбетот би требало да биде исправен, а дланките мируваат една во друга. Очите можат да бидат затворени или да ја гледаат сликовната медитација.
    Синхронизацијата е на хрватски јазик, во позадина оди германскиот оргинален тон.

    линк:

    http://hr.zdrava-televizija.com/play/1380/meditacija-ocenas
     
    На mjauuuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dzvezdicka12

    dzvezdicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
    Подолго време чувствував вознемиреност и некако не бев спокојна а немаше баш некаква причина за тоа.

    Оддамна сакав да почнам да медитирам и долго време читав, гледав емисии и на крај сфатив дека всушност секој може да медитира на различен начин. :) Најбитно е да сте во некое делче од домот каде нема никакви телевизори, компјутери, телефони и секаква друга опрема што зрачи (е овој дел многу е тежок :D )

    Мене не ми се допаѓа онаа медитирачка музика, така да ја наречам :) некако ме деконцентрира. Ќе си седнам на земја, нозете најчесто скрстени и грбот исправен, ќе ги затворам очите и ќе пробам да не мислам на ништо. На почетокот беше многу тешко но по некое време ќе се уходаш и ќе видиш позитивни разлики во самиот себе :)
     
    На plava.90 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    премногу ме опушта навечет пред да си легнам обавезно медитација и јога...
     
  7. BlueRose

    BlueRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Дали знаете каде има часови по медитација ? :)
     
  8. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Видеово сега го гледам првпат, само малку видов, некаде до тој дел каде се зборува за пирамидите, баш точно ја опишува медитацијата, која треба да биде без мисли.Умот одмара само кога нема мисли, тоа е всушност тој момент кој на секого верувам дека му се случува, природно, без медитација, кога нели тоа што го викаат, кога човек ќе одлета некаде со мислите, а всушност не мисли, така некако да кажам.Тоа е таа ситуација, која со медитацијата само се продолжува.Исто како и тоа дека во медитацијата, се повторува состојбата кога човек спие, одмара, но е свесен за се она што се случува околу него.Во врска со болестите, донекаде е точно кажано во видеото, затоа и се практикува медитацијата покрај јога вежбите.Мене ми е интересно, како сето ова му текнало на некого, а се состои само од дишење и издишување, а притоа истото многу да помага.
    Во врска со пирамидите, споменати во видеово, имам слушнато, слични теории за нив, слична за она што се случува при медитацијата, патем затоа до ден денес и опстојувале пирамидите во Египет.Значит, така нешчо.А дали е тоа така или не, незнам сигурно, се е само шпекулации.
     
    На kikkki и mjauuuuuu им се допаѓа ова.
  10. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Општи прашања

    Девојки (и дечки), ќе може ли некоја од вас да ме извести каде во реонот на Карпош има центри за медитација?
    Уште повеќе од помош би ми било доколку некоја има лично искуство, па може да ми препорача или искритикува.
    Благодарност. :)
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Каде поточно се наоѓа центарот на Шричинмој во Скопје? :?: И дали сега во јануар сеуште одржуваат курсеви за почетници? Бидејки би сакала да посетам. Ве молам побрзо информирајте ме сакам да појдам деновиве, нетрпелива сум. :lol: :wasntme:
     
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    Јас веќе медитирам 2 години и супер ми е :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Јас кога медитирав вчера, последен пат, премногу се исплашив, бидејќи ова досега не ми се случило. Почна цело тело да ми се вкочанува како парализирана да сум, а потоа не можев да ги движам рацете и нозете. Како да немав контрола. И премногу се испаничив. Знаете како кога ќе спиете подолго време на раката, па потоа не можете да ја движите. Па, помина некое време и се вратив некако во нормала. Е сега ме интересира како е можно тоа да се случи?
     
  14. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Јас медитирам веќе некое време ама ретко кога успевам целосно да се опуштам зашто неможам да не мислам на нешто. :D секогаш кога ќе ги избркам мислите ќе се сконцентрирам на дишењето.
    Знаете дека при медитирање здивот застанува значи не дишиме во моментот и работата е уствари да не мислиме на дешењето зашто тогаш е тешко да запре.. осеќам болка во градите те. задари слабото дишење.
    Со медитирање се отвара и третото око (има во видеото погоре) , јас не сум успеала во тоа, ама добро ми фали стаж во медитирање :lol: .Брат ми успеал ми раскажуваше како отишол како во некоја друга планета кај што некои како луѓе или што и да се, лебделе а еден пак како да создавал живот(не сватив баш). Тогаш брат ми се доближил да види и тој го приметил и наеднаш мрак пред очи и му се појавил некој знак.После тоа видел што значи знакот, тоа бил некој кинеески или јапонски знак нз точно и значело нешто како забранет влез.
    Ако некој има доживеано нешто слично плс нека пише.. сакам да читам :lol:
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Можеби неправилно ја правиш медитацијата :?: бидејки целта не и е тоа, а и мислам дека такво нешто општо не се случува при медитација.



    За време на медитација, не треба да се запре дишењето, ниту пак да биде слабо, туку тоа треба да е смирено, рамномерно, нормално, со тоа се смирува самиот организам, умот е смирен, без мисли.Притоа не треба да се мисли на дишењето.Поради тоа што слабо ти било дишењето, си почувствувала болка.Но, при медитација, не треба да се чувствува било каква болка, не дека не е можно, можно е ако се појави болка некаде, тогаш таму има здравствен проблем.Обично се вели дека кога човек не медитира, може да го има тој здравствен проблем, а да не знае, да не чувствува болка.Не дека и не може да чувствува болка и без медитација, но постои и такво нешто.Со медитацијата се открива тоа, поради што тогаш самиот организам е смирен.Значи, за време на медитацијата, не смее да се запира дишењето.Инаку, да со медитација се активира дополнително шестото сетило.
     
  16. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски

    Јас сум видела од youtube на повеќе видеа дека дишењето при медитација застанува а стварно како е незнам :?: .И зошто тогаш ми се успорува дишењето? :^)
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сигурно не е така како што е претставена медитацијата на јутјуб.Се знае што може да се случи, ако се запира дишењето.Дишењето ти се успорува, бидејки медитацијата си ја направила на погрешен начин, не треба да се запира дишењето, не треба да се успорува дишењето при медитација, поради тоа што си го успорувала дишењето, затоа ти си почувствувала болка во градите.Поради ова и имам кажано, зошто не треба да се практикува медитација, а и јога од јутјуб.Бидејки може да настане проблем. Кажав какво треба да биде дишењето, најважно е при медитација и јога.Не може да се чувствуваш смирено за време на медитација, кога си чувствувала болка.А и објаснив претходно која е причината поради болката што си ја почувствувала во градите.
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сега се наога во зградите кај стара рампа-Кисела вода :)
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Горде абе тајна ли е тоа со процесот за отворање на чакрите? Ако не е пиши нешто повеќе, упати не. Мене ми е тоа ужасно потребно!
    Инаку ќе ти кажам нешто..
    Откако почнав редовно да практицирам медитација во временски период од 10-12 минути имам ужасни кошмари, кои се секојдневие но сега се поизразени, парализи (кои ѓи добивам за првпат во животот), чувствувам турболенции, а имам вивидни луцидни сонови. Најверојатно се буди третото око, но тоа и не е баш најпријатно чувство.
    А башка ова не е се....
    Каде и да поминам овие денови светилките треперат, добивам сублимирани пораки од соништата кои се во тесно поврзување со реалните случувања. Мојата интуиција е како преродена. Чудно е, премногу, не можам да опишам со зборови.
    Значи во рок од една недела се случи сето ова откако ве известив дека ќе почнам поредовно да се посветувам на проблематикава. |(
    Јас сум изрод бре, изрод!
    Ова или до психа ќе да е или со мене нешто сериозно се случува. Во секој случај засега ќе престанам да медитирам се додека не научам правилно да ѓи отварам чакрите зошто во случај да доживеам АП не е баш нај арно, а осеќам на прагот сум. Мошне сериозна работа е, несакам да ја доживеам пред да научам правилно да ја канализирам енергијата.
    Може и да е само до полната месечина, има многу негативно влијание врз мене. Не сум сигурна дали и другите може да го потврдат ова, но лично за себе може да гарантирам.
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Каде поточно кај стара рампа? По некоја уличка или? Има некоја табла во близина на која пишува? Другарка имам која живее натаму, од прилика имам добро познавање за населбава.
    Инаку благодарам многу за информацијата. :)