1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медитирање

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 24 август 2011.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Незнам точно како се отвараат чакрите, не е дека не сакам да кажам, туку незнам, не ми било кажано од друг, туку само начинот на работа, но не и тој дел кој е главен.Да знам ќе ти кажам сигурно.Знам дека не треба човек сам да го прави тоа на своја рака, освен луѓе кои знаат како тоа да го направат.Мислам дека и за тоа треба доста време изучување на овие работи, иако тоа е индивидуално со самото вежбање.Инаку да, за време на медитација или после тоа, може да се почувствуваат промени од тој тип, а и во зависност од времетрањето на медитацијата.Со медитација повеќе се активира духовното, не е нешто што само тебе ти се случува, типично е за медитацијата.Целата работа и е концентрација, затоа повеќе ги чувствуваш тие промени, ако сметаш дека е засега доволно, прекини да медитираш.Можеби и треба да престанеш со медитацијата.А и не мора да е честа, бидејки обично е покрај концентрација, целта да е смирен организмот, нели без стрес, нервоза, лутина...За интуицијата, во право си, повеќе се нагласува, а е прецизна.Првичната причина за медитирање и важна за истово е само намалување на стресот, бидејки нели се знае дека е главен предизвикувач на болести, па сметам дека само на тоа треба да се остане, иако не е исклучок да се случува тоа кое го кажа.Значит, постапи правилно ако почувствуваш дека е премногу самото медитирање.
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Хм..размислувам деновиве да почнам да одам во Шричинмој, само првин добро да се информирам каде е. Обавезно првин ќе прашам за тоа, мада мислам дека не е неопходно бидејки со тек на време претпоставувам дека покрај другото и тоа ќе го научам. :)
     
  3. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Може ли некој да ми каже ЗОШТО се случуваат овие нус-појави/контра ефекти од медитација, како што напишала феминката погоре ?

    Медитирам од скоро, ме привлече една писателка и јавна личност на која случајно налетав на нет и од неа следам некои медитации. На почетокот почувствував како сум посвесна за туѓото присуство, аурата на другите луѓе и нивната моментална емотивна состојба. Интуицијата ми рипна до плафон, НО истовремено се осеќав летаргично цел ден, како да не сум јас, приземјена, вклучена во светот, не бев во контакт со амбициите и општо со возбудата, подвижноста како емоции. Да не звучам многу конфузно и комплицирано тука, ама сигурна сум дека ова не е ефектот што треба да се добие од медитации така ?
    Сакам да ја елиминирам анксиозноста, но не и да се однесувам како пензионер после секоја сесија! :D
    Сакам да ја зголемам интуицијата, да бидам посвесна за околината и полесно да си ја разбирам сопствената емотивна природа и на тие околу мене. Ако медитацијата треба да ти го избиструва умот, да те растеретува, да имаш огромна енергија после тоа - јас се осеќам како огромен облак да имам над мене и да сум под негово влијание, потешко се вклопувам со другите луѓе кога медитирам.

    Што е тоа што го правам погрешно ? Не сакам да престанам зашто приметувам бенефит од медитирањето, но како да ги тргнам овие контра ефекти ??
    (Бтв. кундалини ја практикувам конкретно.)
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Со медитацијата, може човек да биде пречувствителен, значи да е свесен за себе си, но тоа е веројатно заради тоа што со самата медитација се смирува умот, она што може да почувствува човек е преголема тишина за време и по медитација, што е и она кое му е својствено на човекот.Кога е умот премногу активен, тешко дека ќе биде нагласена интуицијата, а кога не е активен, по можност целосно да биде неактивен, она што човекот го води е интуицијата.Велат дека човекот постојано живее размислувајки за минатото и иднината, но не ја живее сегашноста.Имаше еден добар пример, што ми го кажаа, за истото а гласи „ тоа како некој сега да ти удира шамар, а уствари и да никој не го прави тоа во моментот, туку само умот е она што прави за човек да мисли дека некој му врзал шамар“.Значит, сегашноста.Тоа што го кажа дека се чувствуваш како да не си ти, односно си приземјена, е она кое го реков за сегашноста. Само што почувствителна си станала со медитацијата, а тоа е плус кое го предизвикува самата медитација.
    Мислам дека многу промени ќе почувствуваш дополнително понатаму и се понагласена ќе ти биде интуицијата.Само ќе кажам, умерено да се прави.Бидејки ако е премногу може да има негативни ефекти.
    Инаку, за анксиозноста, може да помогне, многу, не само за анксиозност, за се што е во врска со здравјето.Односно да ги намали симптомите на болеста.А може и да ги отстрани истите.
     
    На mackica1, mal.ecka и elisabeta им се допаѓа ова.
  5. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Мeдитaциjaтa нe знaчи сaмo дa сe сeди мирнo пeт или дeсeт минути. Тaa бaрa свeсeн нaпoр. Умoт мoрa дa сe стиши и смири. Вo истo врeмe, тoj мoрa дa бидe будeн зa дa нe им дoзвoли нa вoзнeмирувaчкитe мисли и жeлби дa влeзaт. Koгa смe вo сoстojбa дa гo нaпрaвимe умoт тивoк и смирeн ќe пoчувствувaмe дeкa eднa нoвa твoрбa зaзoрувa вo нaс. Koгa умoт e бeз мисли и спoкoeн и кoгa сeтo нaшe пoстoeњe ќe стaнe прaзeн сaд, нaшeтo внaтрeшнo битиe мoжe дa ги привикa бeскрajниoт мир, свeтлинaтa и блaжeнствoтo дa влeзaт и дa гo испoлнaт. Тoa e мeдитaциja.
    Мeдитaциja e jaзикoт нa Бoг. Ako сaкaмe дa дoзнaeмe кoja e Бoжjaтa Вoлja вo нaшиoт живoт, aкo сaкaмe Бoг дa нè вoди, oбликувa и дa сe испoлни сeбeси вo и низ нaс, тoгaш мeдитaциja e jaзикoт штo мoрa гo упoтрeбувaмe.
    Мeдитaциjaтa изглeдa слoжeнo тoгaш кoгa мислимe дeкa ниe смe тиe кoи сe oбидувaaт дa мeдитирaaт. Нo, вистинскaтa мeдитaциja нe ja прaвимe ниe. Нea ja прaви нaшиoт Внaтрeшeн Koрмилaр, Сeвишниoт кoj пoстojaнo мeдитирa вo и низ нaс. Ниe смe сaмo сaдoт и му дoзвoлувaмe дa но испoлни сo сeтa Нeгoвa Свeст. Зaпoчнувaмe сo нaшиoт сoпствeн личeн нaпoр, нo штoм ќe влeзeмe длaбoкo внaтрe глeдaмe дeкa нaшиoт нaпoр нe e тoj кoj ни дoзвoлувa дa влeзeмe вo мeдитaциja. Тoa e Сeвишниoт кoj мeдитирa вo и низ нaс сo нaшa свeснa сoглaснoст и oдoбрeниe.
    Извадок од книгата „Медитација - Човековото совршенство во Божјето задоволство„
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Можеби треба да пробаш со побезбеден начин на медитација, кундалини не е за секого посебно ако си почетник. Има разни техники на медитација и треба да ја најдеш таа што тебе ти е најсоодветна.

    Одлично за интуицијата, тоа е еден од убавите и корисни ефекти.

    Личи како да не успеваш комплетно да се вратиш во свесна состојба односно остануваш приклучена со малку поинаква свест и затоа се осеќаш како во облак. Употреби ја интуицијата да ти покаже што треба да промениш за да се вратиш во будна состојба, би требало да си полна со енергија иако смирена.

    Иако е медитацијата мир јас би додал и физичка активност пред неа, ќе направиш многу убав и здрав спој :)
     
  7. HappyG1rl

    HappyG1rl Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Во последно време се обидувам но не ми оди баш најдобро.
    Имам читано дека најдобро е наутро или навечер но мене баш тогаш ми е најтешко.
    Пример после ручек успевам најмногу да се опуштам додека наутро како едвај да чекам да скокнам од креветот а пак навечер неможам никако да ги оттргнам мислите од одредени работи.
    Освен тоа имам доста немирен и лош сон со многу будења во текот на ноќта и најчесто разбудување со некоја мала доза на страв од непознати причини. :tmi:
    Додека медитирам ако вистински успеам да се опуштам ми се случува често да изгубам осет за време.
    Пример да мислам дека медитирам околу 5 минути а да поминале 15 па и повеќе.
    Навистина после чувството е прекрасно. :)
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1 - Медитирањето е прелесно, седни, затвори очи и не мисли на ништо. И потоа сфаќаш колку е тешко да го правиш тоа. Зошто умот ни работи со 300 на саат. Ама, не се откажувајте. 1 минута - една ! Па, луѓе со години медитираат и одвај 5 мин. имаат права медитација.

    2 - Не си велите во вас: ајде бе медитирај, медитирај, не се присилувајте. Тоа не е медитација. Само бидете опуштени. Напуштете ги мислите, умот, и протонете...

    3 - Ако ве боли глава, ве фаќа нервоза, страв...се тоа се вадење на карми. Кармите излегуваат низ вас преку различни манифестации. И тоа е добро. Само набљудувајте ги. Не мислете ништо околу нив. Како да не се дел од вас. Доаѓаат и заминуваат. Се чистите.
     
    На mackica1 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Значи за да почните со медитација прво треба да почните со јога. И треба инструктор кој ке ве насочи. Не е така едноставно.
    Јас сакам да почнам веке подолго време. Мислам дека нема ништо подобро од медитација. Едноставно те опушта и смирува.. Но без инструктор никаков ефект неможе да се постигне... :)
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Имав прилика годинава да посетам курс по медитација.
    Бев навистина редовна, ама захтевите кои беа налагани од страна на координаторот на групата не можев да ги испочитувам, па на крај сфатив дека медитацијата не е за мене.
    Не со тие правила и принципи.

    Нејзината цел на курсот каде посетував беше да пронајдеме внатрешниот душевен мир и покојството, па на некој начин и да се исчистиме од лошите мисли.
    Вежбите беа прекрасни, но не. :shake:
    Не можам да медитирам со исправен грб во лотус положба. :D
    Можам само легната на грб. Знам дека е погрешно но, тоа е.
    Не сакав да се откажам од месото! :!: А тоа беше еден од основните предуслови ако сакаме да ја достигнеме кулминацијата.
    Не се откажав од месото, и тоа не бидејќи не можам или од медицински причини, туку едноставно не сакав. :)
    Не можев редовно да трчам исто така, за да постигнам full setup на телото поради тоа што бев временски обусловена.

    И онака годинава постигнав за првпат АП и неколку луцидни соништа, визии итн. што претходно беше потешко и одеше побавно.
    Тоа беше мојата основна цел.
    Да ги отворам третото око и круната и да развијам некои способности. Целта ја постигнав, но не запирам овде!

    Ќе се усовршувам, но на сопствен начин според сопствени одлуки.
    Ние самите на себе сме си гуру луѓе! Т.е. водичи. Никој не може да ве научи да медитирате!
    Вие сами ќе го сторите тоа ускладувајќи ги потребите на телото (физичките) и духот.
    Ќе потрае дур не ги почувствувате бенефициите, но ќе вреди. ;)
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Токму тоа е и целта на медитацијата, да се постигне внатрешен мир, во спротивно човек секогаш ќе биде во конфликт со другите луѓе.
    Воопшто не е погрешно ако медитираш легната на грб, не мораш во лотос положба, можеш да си медитираш онака како што ти се чувствуваш подобро.
    Физичката активност, исто така, не мораш да ја прекинуваш само заради медитацијата, напротив, можеш наизменично двете работи да ги практикуваш.
    Плус е, особено важно отварање на третото око ( според некои, интуиција, шесто сетило...), тоа е според мене многу подобро покрај медитацијата, многу помага.

    Во врска со последното што го рече, се препорачува медитацијата да се прави со помош на инструктор, кога станува збор за почетници, отпосле човек може да си се води по тој терк, по кој предавал инструкторот, се препорачува, бидејки тука станува збор за психата кај човекот и треба да се внимава.Затоа и се вежбите, кои патем и не се само физички.Барем, во глобала е така, но и не значи.Сега, секој различно предава и секое си е она вистинското, односно правилниот начин на изведување на медитацијата.Можеби и скоро секој инструктор ќе ти рече, дека неговото правилно, но не и предавањето на друг инструктор.Така да, можеби ќе треба човек да си направи микс од сето она што смета дека е правилно во врска со медитацијата.
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Повеќето ја користат и поради други потреби.
    Некои не сакаат внатрешен мир туку целта е да ги запознаат т.н. астрални светови и преку вежбите за време на медитација да навлезат во нив и тоа веднаш без оглед на консенквенциите.
    Некои за баланс единствено на срцевата чакра, некои за трето око како што велиш итн.
    Имено, не дека е погрешно медитирањето на грб, туку едноставно не е препорачливо за почетниците поради тоа што после одредено време ќе ти се приспие. Не дека е тоа лошо, ќе ви биде веројатно океј ама не е тоа тоа. :)
    Физички јас тој период не можев да бидам активна ради обврските, инаку и тоа се препорачува бидејќи ја активираш чакрата одговорна за полесно варење на храната.

    Мантрата е исто така препорачлива и не е строго определена, можете и сами да си смислите.
    На пр. јас кога медитирам, претходно едно 5-7 минути мантрам ,,Ом'' и тоа некако чувствувам дека ме конектира со универзумот. Вие можете нешто друго.
    Инаку спомена за третото око дека постои можност да се отвори. Координаторот на групата, (кој не замоли да не го нарекуваме водич или учител бидејќи тој само не упатува, а не учи) ни рече дека не можат чакрите да се отвараат или затвараат. Тие изрази не фунцкионираат така во поглед на енергијата.
    Туку можат да бидат балансирани и да не бидат.
    Бидејќи ако се водиме според фактот на индијската култура и нивните обичаи секој човек поседува аура. Неговите бои константно варираат и тоа се зависи од неговата психолошка состојба.
    Еднаш кога ќе помине тешкиот период аурата повторно добива светла боја, за разлика од претходно кога била потемна (кога сме минувале низ некакви кризни периоди во животот).
    Главната цел на медитацијата е припадност и слобода! Повеќе од внатрешен мир и спокојство, овие две предности се оние примарните. Бидејќи во овие услови ние треба да се приспособиме кон тие духовни квалитети во рамките на општеството кое функционира динамично и брзо.
    Ние со медитацијата ќе научиме да го следиме неговото темпо со тоа што ќе го поднесуваме многу подобро бидејќи преку чувството на припадност ќе се поврземе со него и полесно ќе се интегрираме во социјалните заедници.

    Како и да е, мене сето ова ми е совршено познато бидејќи медитирам речиси откако знам за себе, но не редовно што не е океј!
    Но, научив многу работи, совладав некои техники кон кои целев, и многу сум среќна.
    Ми треба уште доста да се усовршувам но, не сум сигурна дека сакам повеќе од причина што јас медитацијата не ја доживувам толку духовно, колку што ја гледам како една ментална пракса која те усовршува да се вдахнеш во длабочините на умот строго од психолошки аспект.
    Но, секој со своето мислење и потреби. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Главната причина за која некој треба да медитира е да се спознае себе си (преку што ќе спознае и се околу себе, а секако дека тука се вклучени постигнувањето на мир, самодоверба, среќа).
    Секој кој медитира со некаква цел, нема да догура далеку.

    Медитирањето легнат е помош за опуштање, но вистинското медитирање е само со исправен грб, бидејќи кај нас луѓето енергијата течи вертикално, и само така се буди кундалини енергија.
    Без нејзиното будење, нема напредок.
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Се согласувам со сешто кажа, освен за кундалини енергијата дека се буди единствено вертикално и дека без нејзино будење нема напредок. :)
    Тоа не е точно бидејќи кундалини енергијата е многу сложена.
    Точно е дека се буди преку балансирање на чакрите, но овде се вклучени и посебни техники на дишење. Нејзиното струење зависи единствено од положбата на телото. Иако нејзиниот извор е од универзумот кој е над нас, таа е повеќедимензионална и циркулира во сооднос со положбата во која субјектот ќе одлучи да се постави.
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Следните реплики немаат за цел некого да вознемират или навредат туку се добронамерни предупредувања и совети а се засновани врз божјите објави примени преку Христовиот инструмент-пророкот за денешно време.
    Прочитај го книжето "За источните учители" (изд. Универзален живот) достапно е на македонски јазик во универзитетската библиотека во Скопје, а можеби и во некоја од скопските книжарници (Табернакул во центар на пр.).
    Внимавај! Летаргијата укажува на тоа дека ти се краде енергијата преку медитацијската техника која била практицирана.

    Кон ова еден извадок од книгата: Опасност од источните учители
    од поглавието: Плодовите се покажуваат и врз учениците:
    Ученикот може да го провери квалитетот на учењето на некој тнр. „учител„ и преку плодовите. Доволно е само да се погледнат учениците на дотичниот „духовен учител„ , кои одат по неговиот пат веќе подолго време. Честопати овие луѓе се без енергија и летаргични. Тоа е така поради причината што зад секој од ваквите духовни учители стојат силни енергетски полиња, т.е. души во отадестраните светови кои се заинтересирани да црпат сили од учениците на овоземниот „учител„. Кој извесно време го применува искуството на таквиот „учител„ често поради тоа е пасивен и одвај уште е способен да работи. Кога некој од учениците на овие таканаречени учители ќе се најдат во болници или во установи за душевно лекување тоа исто нешто нам ни кажува. ...
    [​IMG]
    Секако дека не е. Вистинската медитација треба да насочува кон Христос, ибавителот на сите луѓе и души. Вистинската медитација треба да даде внатрешен спокој, освежување и сила за справување со секојдневието и проблемите/задачите кои тоа ги донесува пред секого поединечно. Ова важи за сите животни сфери: меѓучовечки односи, здравје, образование, професија, однос кон природата и животнтие и тн... Медитацијата никако не смее да биде самата по себе цел.

    Натамошен извадок од книгата „Опасност од источните „учители„
    од поглавието: Голема опасност: блокирање на нивото на чувствата и осетите
    ... источните патишта додуша говорат за Бога и за ширење на свеста, но во суштина не бараат чистење на душата преку живот според Десетте заповеди.

    Тнр. „учители„ можат додуша да водат делумно навнатре. Но ова (кај нив) се случува така што се обидуваат преку разновидни техники и практики да го пуштат ученикот да се смири во внатрешното, за на тој начин ги пригуши своите потешкотии, проблеми и напнатости кои животот ги носи со себе. Истовремено често се тежнее кон тоа ученикот да има внатрешни доживувања или да стекнува духовни искуства. Тоа треба да ја зацврсне довербата на ученикот во неговиот „учител„ и патот кој тој го подучува.

    Со натрупување на духовно знаење, медитација без истварување на божествените заповеди и преку бескрајното повторување на мантри, во ученикот се создава еден слој - бидејќи сè е енергија - кој како придушувач го прекрива неговото рамниште на чувства и осети. Додуша, од овој слој можат да се привикаат духовни одговори на животни прашања. Но сопствените оптеретувања кои лежат одоздола, сега веќе не можат да се исчистат. А зошто не? Бидејќи човечките грешки и слабости кои лежат подлабоко, се покажуваат во нашиот свет на чувства и осети. Доколку овој свет меѓутоа е прекриен со програмирање на мантри или сликовни представи, ние не можеме да го препознаеме она неисчистеното. Натамошна последица од ваквиот слој е дека таквиот човек себе си се смета за позитивен и духовно напреден. Тој е убеден дека се наоѓа на патот кон просветлувањето и на патот кон Бога. Ако кон тоа има дури уште и духовни доживувања, тој може да оцени (помисли) дека тие се натамошна потврда дека патот по кој тргнал е исправен. Тогаш воглавно станува имун на критиките или се чувствува како да се постапува неправедно спрема него и реагиро отворено или прикриено агресивно.

    Но како може сега таквиот човек уште да ги препознае своите мисли, а пред сè чувствата во својата подсвест? Така неговата душа останува оптоварена и засенета. Човекот, меѓутоа, ова повеќе не го регистрира. Неговата совест повеќе не се јавува како би го предупредила на грешките и слабостите. Тој живее во привидна опуштеност која може да се претвори во летаргија и депресија, бидејќи не се развива Божјата сила. Недостига спроведување на Божјите закони во секојдневниот живот.
    Би било добро сепак да се престане веднаш со секакви натамошни спиритуални практики.

    Немој повеќе да се бавиш во чувствата, мислите, зборовите и постапките со тоа - бидејќи мислите се енергија и онаму каде истите ги насочуваме од таму тогаш и примаме. Во тоа спаѓа и читањето таков тип книги, негувањето желби за тнр. натприродни искуства, набљудувањето слики поврзани со тоа и сл. Од сето тоа би требало да се дистанцира за на тој начин успешно се затвори вратата преку која се врши телепатски упад.

    Замоли го во своето внатрешно Христос - кој е единствен Небесен учител и спасител на сите луѓе и души, за заштита и помош! Труди се во вежбањето на Десетте Божји Заповеди и Исусовата Беседа на Гората во секојдневието... тоа може извонредно многу да помогне!
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Немој да ме разбереш погрешно, рече, дека се опасни источните учители, можеби знаеш дека и таа пророчица во која веруваш ( можеби ќе речеш „ Не верувам во неа, верувам во она што таа го зборува“, со други зборови во неа веруваш), може да биде лажен пророк.Имало пророци, сега има и еден куп кои не гледаат баш добро, може само вака како пророчицата да едноставно само ја цитираат Библијата, притоа да се претставуваат како пророци, а знаеш самиот дека е нагласено некаде во библијата, за постоењето на лажни пророци, после Исус.Постигнувањето на мирот, не секои можат да го постигнат преку религијата, некои мир наоѓаат во медитацијата, сега има и такви луѓе кај кои медитацијата има негативен ефект, не значи дека кај сите ќе има ист ефект, тоа е индивидуално и тука нема никаква врска со учителите, бидејки е до самиот човек, до неговата психичка состојба.Едно е учителот што ќе го предаде учењето, а сосем друго е како ученикот ќе го прифати, бидејки не може некој некому да наметне нешто со сила, ако другиот не сака или не се пронаоѓа себе си во медитацијата, пример.Така да, како што тебе ти одговара да си веруваш во таа пророчица, на друг му одговара медитацијата.Во ред си е што кажа, само сакав да се надоврзам на твоето мислење.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Не, таман работа... убаво е да се има културен соговорник како тебе Gordana10 :)
    Низ форумов може многу да се научи, размени мислење (макар било спротивно) и сметам дека твоите реплики конструктивен придонес кон темите. На тој начин можеме повеќе да научиме едни за други.
    Gordana10 незнам колку забележа од моите досегашни постови тука и на други теми дека мене не ми е духовен критериум Библијата, туку пророчката реч за денешно време. Габриеле, пророчицата за денешно време, начално не ја цитира Библијата бидејќи знае оти таа не и соодветствува во потполност на Вистината.
    Библијата претставува мешавина на некогашните божји пророштва со човечки сфаќања, претстави и заблуди која згора на тоа е само збирка на различни книги кои претрпеле и бројни промени низ вековите. Освен тоа, таа само делумно точно ги документира битните духовни настани од Исусовиот живот и животот на другите вистински пророци.

    Пророк значи гласноговорник, инструмент - медиум преку кого Бог може да се објави со човечки глас за да луѓето можат да го слушнат (зборот пророк/prophet/ не треба да се меша со претскажувач-/foreteller/, иако дел од пророците давале и предупредувања кои се однесувале на иднината). Пророкот не е теолог, не е проповедник, не е месија, не е ниту свештеник или гуру. Пророкот е медиум.

    Преку Габриеле од Вирцбург телепатски се објавуваат Христос и други небесни битија кои во повремени објави (т.е. откровенија) ги користат нејзините гласни жици за да го соопштат на човештвото она кое е битно за духовен напредок и подобар живот. Тоа е слично како што на пр. ти и јас ја користиме тастатурата за да соопштиме порака на форумов - значи ти нема да речеш дека си цитирала тастатура или дека тастатурата нешто самата од себе исчукала, туку би рекла дека ти ја изразуваш твојата мисла преку тастатурата, ја користиш само како инструмент на комуникација. Слично е и со Бога и вистинските пророци.
    Такво нешто навистина е кажано во Библијата (во Евангелието според Матеј), но дури и таму е кажано: „...по плодовите ќе ги познаете!„. Таму никаде не вели дека овој или оној се лажни пророци, туку предупредува дека ќе има и лажни и дека дури ќе прават и чуда со цел да заведуваат. Штом има лажни, значи има и вистинити!
    И кога веќе ја спомнавме Библијата имај во предвид и едно друго место во Евангелието каде Исус им вели на апостолите оти има уште многу да им каже но дека тие тоа сеуште не можат да го носат, меѓутоа кога ќе дојде Духот на Вистината тој ќе ги води во целата вистина. Јас лично верувам дека тоа се остваурва во денешно време. Освен тоа и после Исус, во првите христијански заедници бил негуван феноменот на пророштвото (кога Бог или Христос се објавуваат низ гласните жици преку просветелен маж или жена - Јовановото Откровение е типичен пример, а примено е по Исус).
    Тоа само по себе не е лошо! Преку конфесионалната религија и верските догми не ни може да се најде и постигне мирот! Медитацијата односно повнатрешнувањето е позитивна работа - токму тоа е кажано во Христовите објави преку Габриеле. Прашањето е за каква медитација станува збор? Кон што се насочува медитантот и што е вистинската цел на истата?

    Она на кое што Христос меѓу другот предупредува во објавите на оваа тема е дека тнр. источни медитации и мантри всушност вршат енергетско потиснување на човековите проблеми назад во душата и ја замолчуваат совеста, поради што понекој практикант може да има привидно чувство на мир. Но во реалноста „ѓубрето„ е само ставено под тепихот. Бидејќи не се гледа, не може ниту да се препознае а оттаму нема ни да се исчисти, па со тек на време се натрупува и може да направи уште посериозни проблеми.

    Кога источните спиритуални техники и медитации би насочувале кон Христа, кој од пред 2000 години е спасителот на сите луѓе и души, тогаш не би имало што да се приговори. Но бидејќи тоа не е случај, Христос преку пророчката реч за денешницата во повеќе наврати опоменуваше за опсасностите кои демнеат од овие практики. Дали луѓето ќе ги прифатат и следат тие добронамерни предупредувања тоа Христос го препушта на слободната волја на секој поединец бидејќи кај Бога нема присила.
    Тоа е до некаде точно, но честопати и самите учители не се свесни за тие нешта и не даваат доволно предупредувања, дека на пр. психички лабилните луѓе, но и луѓето кои користат средства за смирување и/или промена на состојба на свеста (дроги, алкохол, апчиња за смирување и сл.) не би требало да се бават со медитација.

    Но исто така и луѓето кои се сосема во ред можат да се доведат себе си во потешкотии и опасности бидејќи многумина не се запознаени со космичкиот принцип на испраќање и примање, ниту пак се запознаени со законитото активирање на етеричните сили (на истокот наречени кундалини сили) и законитото отворање на центрите на свест (истокот ги нарекува чакри). Активирањето на овие сили со помош на техники и мантри претставува вештачко и насилно духовно отворање на истите. Христос во објавите преку пророкот не ги казнува ниту плаши луѓето кои тргнале по такви патишта туку само укажува на сериозните последици од сето тоа.
    Ова исто до некаде е точно. Низ претходните милениуми вистинските источни учители кои дејствувале пред Исусовата жртва на Голгота (т.е. пред распнувањето и изговорените зборови „Свршено е!„ од страна на Исус на крстот) подучувале делови од патот на внатре и следењето на високата етика и морал. Но по нивното заминување од материјалниот свет, следбениците дел намерно дел ненамерно го искривувале нивното учење и го мешале со пагански претстави. Еден од таквите примери е и Буда чие прекрасно учење беше подоцна претворено во култ на личност, измешано со магијски ритуали (особено во тибетанскиот будизам) и тн. Слично се случуваше во христијанството, јудаизмот и другите религии.

    По Исусовата жртва на Голгота ниту еден пат не води назад дома кај Бога освен преку Христа. Поради тоа Тој уште како Исус рекол „Јас Сум патот, вистината и животот„ и „Никој не доаѓа кај Отецот освен преку мене!„. Оваа изјава меѓу останатото стои и во тнр. Библија која ти ја спомна. Спротивно од ова, многуте гуруи ветуваат дека тие можат да го однесат ученикот до просветление или до спознание на Апсолутноста, или дури да го вратат кај Бога.
    Во правило тоа би требало така и да биде. Но ние од секојдневието знаеме дека понекогаш поединци или групи (во политиката, религијата, науката, шоубизнисот и тн.) се обидуваат директно или суптилно да ја наметнат својата волја и влијание. Слично се случува и во отадестраните невидливи подрачја кои се наоѓаат вон чистото Небо (каде престојуваат Христос и останатите совршени чисти духовни битија). Во објавите е објаснето дека таму разни души се групираат во тнр. „групи на интерес„ кои потоа се обидуваат телепатски да влијаат врз луѓето на земјата при тоа не почитувајќи ја нивната слободна волја. Такви телепатски влијаниа вршат и душите на тнр. источни учители. Разните медитативни техники кои тие ги застапуваат и нудат се всушност еден вид врска, „мост„ преку кој се остварува комуникацијата со нив а не со Бог.

    Христос во своето откровение од 1981 год. насловено како
    „Хиерархија на учителите и жртвата на Голгота„ објаснува во врска со тоа:

    „За да може телепатски да се прима, не се потребни никакви посебни подготовки. За да се воспостави врска со другите светови, доволна е и веќе самата желба за духовни знаења и доживувања. Преку сопствените, можеби сеуште дремечки медијални способности, човек е во состојба телепатски да прима веќе со самата медитација која се заснова на источните учења.
    Спознајте! Помеѓу останатите, тоа го искористуваат и тнр. учители, па своите пораки ги испраќаат во светот на оние кои за нив се отворени или пак врз нив може да се влијае. Телепатијата без заштита од Духот никогаш не е чиста, бидејќи за неа како таква ниту душата ниту самиот човек не им треба никаква подготовка. ....„

    во истата објава, во поглавието „Голема опсаност од телепатското влијание кое доаѓа од источните учители„ понатака Христос објаснува:

    „За да имаат успех учителите од оние светови, кај своите ученици тука на земјата, честопати делуваат на следниот начин:

    Со силата на мислите насочуваат по еден сноп зраци врз шестиот и четвртиот центар на свеста, кои претставуваат мошне активни подрачја на свеста што го поттикнуваат и забрзуваат човековиот духовен метаболизам. Приливот на енергија која доаѓа однадвор преку телепатија, го побудува духовниот метаболизам. Поради тоа накратко се засилуваат вибрациите на сите центри на свест како и на самото физичко тело. Сè додека трае ова магично зрачење, на оној, кој можеби медитирајќи стои во врска со својот учител, му станува можно да здогледа некои духовни слики и ги прими мислите на учителот. Меѓутоа, тие слики (визии) не се дадени од Бога, туку ги произвел некој „учител„ во намера да ги наврзе своите ученици кон себе. Таквото дејствување спаѓа во црна магија и претставува влиаење врз слободната волја. Освен тоа, тоа е противзаконски зафат во духовниот метаболизам. Ваквите противприродни задирања на тие учители можат кај лабилните луѓе да предизвикаат духовни пречки и потешкотии и телесни оштетувања. Духовниот метаболизам е законот на Духот. Него може да го забрза само човек самиот, кога се држи до Божјите закони. Во тој случај доаѓа до засилена активност на духовниот метаболизам преку јадрото на душата.
    Исклучиво таквата постапка е во склад со законот и води до вистински духовен развој како и кон оздравување на душата и телото. Сето останато е противзаконито и носи со себе бројни опасности.
    Голем број на учителите од исток, како оние бестелесните така и оние отелотворените, не се обѕирнуваат на душевните и физичките состојби на поединецот. Тој не ни може да ги почуствува ниту да ги осети, бидејќи неговите сопствени способности на запазување не се секогаш доволни за да ги прими профинетите вибрации од душите на своите ближни. ...„
    [​IMG]

    Тука уште еднаш нагласувам дека медитациајта сама по себе не е проблем. Христос и божествениот свет објавиа преку пророкот два подготвителни медитациони курсеви за подготовка на душата за Внатрешниот пат кон срцето Божјо, каде искрениот боготрагач учи преку високовибрирачки медитативни зборови за отворање, стабилизирање и проширувања на свеста да се насочува кон Христос и божественото во себе, како и законито безбедно да ги ословува и прочистува центрите на свест и етеричните сили.

    [​IMG]
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Daylight, прости што одам офф топик, но може ли да кажеш отворено на која религиска група/секта си припадник?
    Онака чисто информативно. :)
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    ^Секако Valerin, од линковите на претходните страни може да се види дека се работи за духовната заедница Универзален живот.

    инаку не е тоа секта, не се секирајте :)
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    И да е секта во ред е, се додека оние луѓе кои раководат со неа имаат добри намери и ги насочуваат другите во позитивен правец ;)