Дејлајт, ме изненади, спрема она во кое членуваш (за кое се сложувам скроз), малку чудни ми се твоите констатации за медитацијата. Според мене: за да нема огромен напредок на луѓето многу делови се исфрлени од светите книги, се кријат многу работи во Ватикан, итн. Потоа, Медитацијата не е религија, не е вера, туку е дисциплина, начин на живот. Валерин, не знам што да ти реплицирам. ЗНам дека кундалини може да се буди и хоризонтално, ама тоа е прештетно, затоа ќе чуеш некој, вежбал јога, забегал. Кундалини мора да настојуваме да ја будиме само вертикално, а тоа се прави искучиво со исправена кичма, зошто нејзиното будење е најправилно додека сме исправени. И ова го пишувам првенствено според искуство мое и на други, а потоа според книги.
Не е претешко Silver. Јас ја разбудив за три месеци постојано вежбање, без никакво читање и упатства. Сепак се зависи и од претходниот начин на живот, колку си вежбал и размислувал околу темава. Бидејќи се има свој придонес. Јас на пр. иако ја разбудив таа енергија сум скептична. Бидејќи од една стр. увидов дека постои, но од друга пак се ме тера да мислам дека може да се извежба како и се останато. Имам другарче што доживеа ,,самади'' знаеш што е тоа упатена си и нема да ти објаснувам, и тоа со медитација исклучиво без јога. Јога не сум вежбала, искрено. И не мислам дека некогаш ќе бидам во состојба да вежбам. Сешто правам го наоѓам длабоко во себе преку медитацијата, и се додека физичкото тело кореспондира и ме предупредува кога доаѓам во допир со негативните енергии (кои не знам дали се производ на ,,црната'' страна од духовноста), или нешто научно до кое пипците на науката не стасале не ме интересира. Јас се чувствувам добро и ќе одам онолку длабоко колку што ми дозволува умот. А умот нема граници, така да цел живот ќе медитирам па макар морала еден ден да ја напуштам цивилизацијата и да се изолирам од се. (Што два пати веќе го имам направено но не до крај од некои итни причини). Спојлер За 4-5 години нема ни да се вклучувам на фемина, оти ќе бидам во рацете на универзумот Се шегувам.
Во ред, но само сакам да нагласам дека тоа не се мои лични констатации туку се цитати од Христовите објави или пак се базираат врз нив а се во врска со оваа тема. Не велам дека тоа мора да биде прифатено од нечија страна, но сметам дека е добро ако во темата дадам придонес пренесувајќи ги тие битни информации. Спојлер Инаку јас не сум никаде член. Во духовната заедница Универзален живот нема нешта како членарина, ниту пак крштевање или иницијација - секој е слободен да дојде или да си замине по сопствен избор. Во таа смисла можеби би било попрецизно да се каже: „она во кое веруваш„ или „она кое го следиш како учење„. Се согласувам. Ова го имам спомнато и низ другите теми. Во Христовите објави денес кажано е истото, дека многу нешта од духовното богатство кое Бог го објавувал преку пророците - независно од нивната религија - биле премолчувани, забранувани или искривувани од страна на свештенството. Спојлер На пример реинкарнацијата, знаењето дека и животните имаат душа, за благодетите од вегетаријанството и тн. Но не само што од тнр. „свети„ книги (изразот го ставам под наводници бидејќи светоста ја има само Бог, Вечниот) биле исфрлани делови, туку некои делови од нив во старт биле и погрешно напишани бидејќи биле одраз на тогашната моментална несоврпена свест на запишувачот или преведувачот. Други делови на старите верски списи иако напишани во стилот како Бог да ги објавил преку пророците, биле всушност телепатски диктирани од сатанските подрачја. Крвавите делови во Мојсеевите книги се типичиен пример - нив ги напишале свештениците од тоа време, а не Бог или пророкот божји Мојсеј. Христос денес преку пророчката реч наменета за современите луѓе, меѓу останатото повторно ни ги разоткрива, дообјаснува и корегира тие древни знаења. Јас никаде не ни реков дека медитацијата е религија, иако во некои религии е присутна но во смисла на, како што рече, дисциплина или метод.
Барам одговор од некој искусен. Како може кога ќе седнеш да го исклучиш умот? Да мислиш на дишењето и само на дишењето? Дали не смее да се размислува на ништо? Додека медитирате на што размислувате? Толку многу прашања не можам никако да најдам одговор. Пробав да медитирам минута ипол и одма ми надоаѓаат разни мисли. Толку не размислувам кога сум слободна отколку кога медитирам...
Кога ќе почнеш да медитираш, не можеш скроз да го исклучиш умот, нормално е да ти се појават мисли во текот на медитацијата, можеш како што кажа, пример, мислите да ги насочиш на дишењето, но и не цело време да мислиш на дишењето.Може да се медитира без мисли, но човек треба да има самоконтрола, односно да не обрнува внимание на секоја мисла што ќе му помине низ глава, само на тој начин може да се медитира без мисли, а треба и време, зависи колку ќе треба да медитираш, дали 15 минути, пола саат, саат ипол, само треба пракса за тоа, значи долго време за да се постигне.Некои велат дека човек прави медитација, кога нема мисли, оној момент кому секому се дешава, со што се нагласува општо во јогата, дека е нормално и својствено за човекот, само треба вежбање.Сега, не секој може толку да издржи, зависи од темпераментот на човекот, а и колку повеќе вежба, толку ќе има подобри резултати.
Медитацијата има повеќе форми. 1. Најпознатата е да седнеш во удобна положба (или да легнеш), да ги затвориш очите и за започнеш. При оваа медитација дишењето е многу важно. Се почнува од длабоко земање на воздуш до длабоко издишување. Исто така го исклучуваш умот и на ништо не мислиш. Ова видео е многу добро и јас од таму научив http://www.youtube.com/watch?v=etmeQdhgfcc 2. Слушање на музика. Не мислам на дремење пред компјутер и музика или музика додека се возиш. Легни и стави ги слушалките во ушите, опушти се, диши полека. Не размислувај на ништо, само уживај во музиката. 3. Цртање. Потребно е само неколку боици и лист. Не важно што црташ. Цртај како се чувствуваш. Испразни се на тој лист и не размислувај за ништо. 4. (За верниците) Молитва. Легни или седни во удобна положба и почни да се молиш. Заблагодари се затоа што си жива, за покривот над главата, за креветот, помоли се за здравје, среќа, љубов.
Еве една медитација дарувана преку пророчицата Божја за денешницата, Габриеле од Вирцбург. На медитацијата и претходи краток вовед (околу 5 мин.). Синхронизацијата е на хрватски а во позадината оди германскиот оргинален тон и хармонична музика за смирување. Медитација на длабоко дишење Телото е во седечка, исправена положба, двете стапала го допираат подот а дланките мируваат на бутините : линк: http://hr.zdrava-televizija.com/play/82 ... ko-disanje
Утринска медитација (изговорена од Габриеле Телото би требало да биде во исправена седечка положба, двете стапала го допираат подот а дланките мируваат на бутините. Очите можат да бидат затворени или да ги набљудуваат хармоничните слики од природата. Линк: Ти си како утрото
Повеќето луѓе мислат дека медитација е исклучување на умот и буквално к ти е двор ти е. Не е тоа така. Пред се, на почеток мораш да си свесен за се околу тебе, твојата облека, воздухот што го дишеш, звукот што го слушаш, допирот тело-под ....значи се. Моментот е -да си свесен за се што се случува, да го прифатиш тоа, и да си сосема во ред со тоа-у превод, да го пронајдеш својот мир па макар и у гужва ко у ЈСП.
За почеток пробај да размислуваш за енергијата која струи низ твoето тело и како истата духовно те исполнува. Замислувај енергетски топки, ако ти е полесно, или како низ темето на главата се ти се провлекува бледо сина енергија од космосот која ти вдахнува животна сила. Ова се супер трикови, добри за почетници и може да упалат за подобра концентрација, иако ќе ти се чинат малку чудни или забегани на почетокот применувај ги дур не ти стане навика. Од друга страна пак ако имагинацијата не ти е јака страна, едноставно фокусирај се на дишењето и свесноста за севкупното. Препушти се самата на себе и стани свесна за тоа колку стануваш едно со се`. Небитно дали станува збор за космосот, природата или просторијата во која медитираш.
samo sto sakav da pocnam da meditiram ,imam psihicki problemi i lekovi pieno mnogu i sega citajki go forumov mi se javi doplnitelen strav da nemi se vlosi sostojbata.
пробав еднаш порано кога бев премногу напнат според тоа што беше објаснето во Secrets of the Ninja од Kim Ashida резултатот беше: на една од вежбите што е со недишење имав пуштено тајмер и кога приметив дека скоро 2 мин не дишев и немав потреба да дишам дека бев опуштен се извадив од памет на крај бев мн по опуштен се додека не го сретнав првиот серко на факс што се намерачи да проба да ме навреди (дека знаеше дека поминувам низ стресен период а исто така и беше сељак од вампир маало) испадна дека медитирањето е допе шит фино лепо му експлодирав у фаца зошо немав никаква самоконтрола така да целата работа пропадна у вода и негледам зошто некогаш би пробал пак ти треба нешо за слушање пример опуштена тивка музика (ме потсети кога експериментирав со хипноза) Спојлер: за хипноза ако пробаш со хипноза (igor ledochowski) можеш да се изненадиш уште повеке кога дека се немаш навикнато ке ти скокаат делови од телото (рака,нога,поминуваат морници) тоа е затоа што се намаш навикнато на чуството на транс телото ке пробува да те разбуди (некој викаат дека е мозокот дека проверува дали си уште жив...али тоа се само гласини) одговорот на ова баше да се опуштиш у чуството и ке се навикне телото хипнозата највеке од се опушта,само што ако ја правиш секој ден (теорија:30 до 90 денови е потребно да се создадат нови мозочни конекции/навики) ке си создадеш навика што ке еволуира у потреба од спиење (ја мразев таа навика за спење дека ми беше надвор од контрола затоа прекинав да си играм со хипноза) Спојлер ако чепкам пак такви работи порадо би си играл со хипноза него со медитирање (зошо после хипноза сеуште имав емотивна контрола кога ке наидам на проблем)
Пробајте убаво да го разберете човекот и ке ја разберете една од целите на медитирањето, тоа е контролата на мислите, поточно се поврзано со нелагодноста на умот и како да се справите.
Медитирам секоја вечер,кога ке ја достигне човек таа фаза на леснота како пердув за време на медитирање чуството е преубаво ,после тоа како преродена сум
Е, јас би медитирала но цело време сум оптеретена со мислење, не знам како да ги исклучам сите мисли, за се' филозофирам во умот и не можам да ги смирам мислите. Во секое време, на секое место со било која личност јас размислувам, промислувам и смислувам. Навистина ми треба одмор, дури и кога заспивам мислам. Сум се обидела со слушање музика, но ја промислував музиката, за со цртање цело време цртам и не можам да ги исклучам мислите. Трет начин? Навистина ми треба една медитација... Баба ми медитира, мислам, таква е она, духовна личност и ми кажува како ама едноставно не можам. Дури и тишината и беззвучноста и темнината ме тера на мислење.
Фокусирајги мислите на енергијата, замислувајси како енергијата ти оди од прстите па нагоре се до врвот на глевата
Издржи барем 15 минути у положбата за медитирање со затворени очи, и секако дека имаш мисли тоа е нормално, но после извесно време се стишуваат за на крај да ги однема само треба трпение и без фрустрација.
Пронајди начин на кој лесно би можела да ги отргнеш мислите, рече и тишината те тера на мислење, концентрирај се на неа или помисли на нешта кои ти даваат мир.Само за да достигнеш потполна контрола над мислите, треба долго време да медитираш.Секогаш е тешко на почеток, после е лесно, нема ни да ти биде медитацијата напорна, ќе ти стане навика, секако доколку продолжиш да медитираш.