Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медитирање

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 24 август 2011.

  1. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Има апликации за медитирање со музика од различни области што можеш да си ги симнеш на телефон.
    Пример: peaceful lake, train, birds, sunrise, soft piano, rain etc.
    Пробај со слушалки ако околината е бучна, мене ми помага.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Треба редовно секој ден да медитираш подолг период, за да ги осетиш бенефитите од медитацијата вклучувајќи го и моменталното смирување од бес и нервоза.

    Во принцип вака иде практиката: седни во удобна позиција (не мора лотус) на кауч, фотеља, под, како ти одговара. Вдиши-издиши длабоко 3 пати и на третиот пат затвори ги очите. Остави го телото да фати природно ритам на дишење и фокусирај се на дишењето. После некое време (можеби и после неколку секунди), мозокот ќе почне да ти формира мисли. Кога ќе сфатиш дека мислиш на нешто, врати го фокусот на дишењето. Така цело време, тоа е медитирање. Можеш да медитираш 3 минути, 5, 10, 15, колку сакаш, нема правило. Почни ете со 3, секој ден, недела-две. Потоа ако имаш потреба за повеќе, зголеми минутажа.

    Многу е важно:
    1. Да бидеш трпелива со себе. Како и со сите други навики, така и со медитирањето; дај си време да ти прерасне во навика, не се брзај.
    2. Не се осудувај! Најважното од се'! Понекогаш ќе се случува речиси цела сесија фокусот да ти биде избеган и да не успееш да го вратиш на дишењето. Тоа е океј, сесиите ќе се разликуваат.

    Со редовна практика, меѓудругото ќе научиш како да биде подобра и трпелива кон себе, да си простуваш и да не се осудуваш. Тој мајнсет ќе те натера општо да бидеш посмирена личност. Секако, самиот чин опушта понекогаш во екстремности, но треба време.

    Јас ти препорачувам да почнеш со апликација бидејќи така најлесно ќе научиш како да медитираш и најлесно ќе се навикнеш. За почеток почни со "Headspace", има бесплатен курс од 10 денови со guide. Потоа премини на "InSight", тука можеш да најдеш милиони сесиси, подкастови, музики, со разни должини; плус, има тајмер ако не сакаш да користиш гајд; плус, ти прати денови кога медитираш. Ама почни со Хедспејс, најдобра е за почетник.
     
    На riba79, Beemo, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Супер ти опфатила се @MissChievous.

    Пробувај и види што ти одговара, како со се друго сите сме различни. Некои им прија повеќе сабајле да медитираат, некои навечер, зависи. За бес и нервоза, пробај во моментите кога си нервозна, да рационализираш. Буквално да се фатиш себеси, да сега сум нервозна, во ред. Зашто сум нервозна, како можам да ја надминам нервозата, која корист ја имам од тоа што сум нервозна.

    Мене лично во моменти на нервоза медитација не ми помага во самиот момент, но ми има помогнато за ова, да бидам свесна за одредени мисли или емоции и да ги рационализирам за да не изрегирам пребурно и само да ме држи подолго.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Извинете ако сум малку оф топик, пред некое време ја симнав апликацијава ама ми сметаше тоа што не е целосната верзија и е само free trial. Доколку не сум во можност да плаќам за сите апликации кои ги користам, обично наоѓам cracked верзија што функционира како платената верзија. Најдов и за Headspacе, можете да се логирате со стариот профил и функционира одлично. Буквално се ви е отклучено! Јас ваквите работи ги симнувам од mobilism но да не ве мачам да правите профил таму па да ја барате, ја upload-нав на првата страна што ми излезе на гугл па еве ви: https://easyupload.io/p0q2e3
    Не знам колку реклами ќе ви излезат ако симнувате од телефон така да најубаво симнете си ја на лаптоп па префрлете го фајлот на телефон. Ќе ви се симне како .apk фајл кој на телефонот треба да го отворите најнормално за да ви се инсталира. Доколку ви прави проблем и не сака, треба негде во сетингс да дозволите на телефонот да инсталира апликации кои што не се од плејстор. Верзијава е само за андроид телефони, сори ајфон јузерс, тоа поле ми е недопрено.
    Промис дека е сосема безбедно ова зошто со години го правам. Сеа вака коа читам што сум напишала многу селф промотинг ми изгледа, како оние „работи од дома со кликови“ постови. Ако нешто не ви е јасно, слободно прашајте си. :hug:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На Elf и DojaCat им се допаѓа ова.
  6. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Зошто темава не е активна.Од денеска почнав со медитација.Уште сум почетник но верувам дека ќе стигнам до фаза каде што ќе се поврзам со универзумот и стигнам до патот кој ми дава мир.Веднаш со само 10 минути малку се осеќам подобро ..8)
     
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Не ми се верува дека помина толку многу време, уште малце и година ипол како медитирам. Вака сега ретроспективно гледано наназад, медитацијата за мене беше почетокот на мојата преобраза од негативна, очајна и несамоуверена личност, во позитивна, спокојна со здрава верба во себе. Не медитирам секој ден. Понекогаш правам паузи и по 2 недели, никогаш не форсирам медитирање доколку немам потреба. Понекогаш едноставно немам време, без разлика што често знаат да бидат доволни и 3-5 минути медитирање. Обично медитирам 4-5 дена по ред, па ден или два пауза. Најчесто најтаман сесија ми е 10 минути. Поголемиот дел од времето медитирам сама, без водич, но се случува после неколку месеци да осетам потреба од guided медитација, па одреден период медитирам така. Неодамна започнав да користам една апликација "Medito" и во неа има јануарски предизвик со гајдед медитации секој ден, па моментално ги следам тие сесии.
    Летоска омилено ми беше откако ќе извозев 15ина километри со точак, ќе седнев во парк на трева под сенка и медитирав 10ина минути. Никогаш повеќе не сум успевала да ја доживувам убавината на сегашниот момент, убавината на постоењето и никогаш посилно не сум чуствувала благодарност. Звуците на дрвјата, црцорењето на птиците, штурците и другите летни инсекти, квакањето на патките, ветрето што дувка и лади, чувството на сонцето што продира помеѓу гранките... одеднаш сфаќаш дека си среќен што сето тоа можеш да го осетиш, што си жив и ја имаш таа прилика, што си здрав и свесен, што ги имаш сите сетила, што ја имаш физичката слобода. И не мислиш на ништо друго во моментот, само впиваш тоа што се случува во моментот. Ништо не те мачи. Едвај чекам на пролет истото да го правам.

    Туку, едно прашање до тие кои редовно медитираат: дали ви се случува додека медитирате да добиете чувство како да сте огромни? Ги осеќам нозете премногу далеку од мојата глава, како да има многу голем простор помеѓу нив. Речиси како да сум лебдечка глава во голем простор. Не знам како да објаснам, многу чудно чувство и обожавам кога тоа ќе ми се случува, се држам до чувството најдолго што можам и уживам. :D
     
    На Eli23, Dreamer, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    Дојдов да ви го предложам документарецот , кој многу ќе им користи на тие кои се заинтересирани за темава. Па и за оние кои не се ]:)
    Го има и на рар бг.
    Си ја симнав апликацијата Медито :sun:

    Screenshot_20210111-194213_IMDb.jpg
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Изкупи свеќи и масла за подобра концентрација.. се привикнувам. Имам уште многу за лекување и смирување на анексиозноста стресот но за почетник ме смирува во одредена доза. @MissChievous Се надевам и јас ќе пишувам како ти ,после 1 година.
     
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Сум пробала медитација за смирување, со помош на видеа од Youtube и со помош на апликации, некако не ми оди и се откажувам. Слично како и со јогата, некако не можам да издржам толку време да сум ,,пасивна''. Сигурно некаде грешам... :?:
     
  11. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Медитација буквално значи да не мислиш ништо, треба да можеш да медитираш и у најфреквентно место колку повеќе се бара посебен простор и време толку подалеку сте од вистинска медитација.
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Ммммм, не. Не е поентата да не мислиш ништо, всушност невозможно е. Сепак мозокот служи да создава мисли. При медитирање фокусот се става на дишењето. Кога ќе ти се појават мисли и ќе сфатиш дека мислиш, повторно ќе го пренасочиш фокусот на дишењето. И така цело време. Можеби некогаш се успева подолго да се задржи фокусот на дишењето, но тоа не значи дека целосно престануваш да мислиш.
     
    На lovely girl M, Dashing:) и Doozy им се допаѓа ова.
  13. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Зависи за што медитираш.
    Ја можам долго да не мислам ова малку звучи чудно и по малку аутистично хаха но во медитативна смисла релаксира го испраксав мозокот да не мислам кога ќе помислам нешто веднаш прекинувам на пола мисла и го запирам процесот на продлабочување на мислата и многу добро чувство на спокој имам затоа што можеби 90 посто од секојдневните мисли се непотребни и непродуктивни и често создаваат грижи кои го нарушуваат мирот.
     
  14. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    2.488
    Пол:
    Женски
    Има една медитација која мене многу ме опушта и најчесто таа ја правам пред спиење за да заспијам. Иначе се согласувам со @MissChievous дека неможеш да бидеш без мисли додека медитираш. Долго време се трудев ама не успеав. Значи зборувам од искуство можеби можеш да мислиш на дишењето некое време ама пак ти доаѓаат мисли ко што вика. Тоа значи залудна е борбата против мислите. Можеш само да го смириш умот од превише размислување, ама мисли мораш да имаш.
     
    На cresa-jagoda, eta и MissChievous им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    23.521
    Пол:
    Женски
    Денес медитирав (не медитирам воопшто редовно, сега пробувам поредовно да медитирам) и додека медитирав прво почнав да се чувствувам како да лебдам, што ми е веќе познато искуство, ама потоа добив многу моќнo чувство низ себе, скроз изгубив осет за своето тело и имав чувство дека се вртам многу, многу брзо, ко фиџет спинер. :D

    Ја отворив темава да прочитам искуства и најслично што прочитав е ова:

    Ептен ми беше кул, кога се „враќав“ од медитацијата ми требаше многу повише време да се освестам дека имам тело и дека сум на кревет и слично. Воодушевена сум, ако некој има слични искуства нека пише. :D Мислам дека е ова нормално за време на медитација, ама ете мене ми е ново.
     
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    8.864
    Пол:
    Женски
    Да, ми се случувало слично искуство. Уствари, кога одев на јога на крајот од часот имавме медитација и инструкторката не водеше со својот глас. Имавме баш такви медитации каде што се надминуваат границите на телото. Сум доаѓала многу често до состојба само на постоење како свест, како на безтелесно битие. Како точка светлина што пулсира одредена енергија. И при пулсирањето свесно ги праќаш емоциите и енергијата онаму каде што е најпотребна. Многу е позитивен и многу исцелителен ефект ми имаат ваквите медитации. Интересни искуства сум имала на пр. 360 поглед, да лебдиш како во друга димензија или во вселената и сл..
    Со тек на време како вежбаш стануваш се подобар, во смисла дека полесно се постигнува ваква состојба ама и во квалитет се менува и подобрува.
     
    На 6th sense и Srckata28 им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Океј. Која е суштината на медитацијата?

    П.С. Не се карам.
     
  20. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    2.488
    Пол:
    Женски
    Мразам да се докажувам и затоа реков да не се караме зашто секој разговор завршува со партали правење. Да јадам и ќе ти пишам лп зашто темава ако стане за медитација ќе ни бришат мислења. И некој ќе си мисли дека сум секташ.