Значи медитацијата е да се запознаеш себе си и своите слабости и јаки страни. Не дека ќе ти зголеми концентрација или ќе ти направи некоја супер моќ да имаш. А некои имаат предрасуди за медитацијата и мислат дека тоа е некаков вид на секта.
Да, медитацијата помага да се запознаеш себе си, да откриеш кои се твоите слабости и јаки страни, како што велиш. Но и те како помага и за фокус и концентрација. Дури и за подобрување на меморијата. Ова од искуство го кажувам. Помага да намалиш стрес, да научиш да се носиш со потешкотии, да си поиздржлив. Го зголемува трпението. Помага да се исфилтрираш од нервоза, да се релаксираш. Помага полесно да заспиваш и општо го подобрува квалитетот на спиењето, да имаш поцврст сон. Ова исто така се' од искуство споделувам. А за тие што имаат предрасуди и мислат дека е некаков вид на секта: нивен проблем, они се во заблуда.
Сепак не ми е поверливо твоето искуство. Ти си знаеш. Јас година дена медитирав. Тоа е доволно искуство што го стекнав за да видам што и како. И не да речеш ко почетници што медитираат по 10-15минути. Сум медитирала и више од 2 саати.
15 минути е сосема доволно, без разлика дали си почетник или не. Јас медитирам накај пола саат пошто уживам во тоа. Медитација е всушност да приметиш кога ќе ти надојдат мисли, а ти само препознаваш кога ќе дојдат и ги пушташ да поминат. Логично дека ова ќе помогне за анксиозност, концентрација, overthinking итн.
Е ако де, не мора да ти е поверливо моето искуство, ама сепак такво е. Јас во август почнувам 4та година како медитирам и поголемиот дел од времето медитирам 10 до 15 минути. Ама секој ден, барем еднаш. Не сум имала никогаш потреба од подолги сесии.
Доволна ми е медитација од 10-15 мин да си ги слушнам мислите, емоциите, да си се ослободам од негативната енергија и да си ги наполнам батериите.има ефект и со толку.
Добра епизода, добро има објаснето гостинката, иако малце претерано поетски за мој вкус. https://open.spotify.com/episode/5f...i=LjA3ULozRTGGAbfzA5yi2Q&utm_source=copy-link
Дали може да ми предложите видео за медитација за почетници? Од секогаш сум сакала да медитирам, но еднаш/двапати и прекин.
Не знам видеа, но мослам дека апликацијава е супер за почетници, има 10 денови бесплатни чисто како вовед: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.getsomeheadspace.android Исто и на оваа апликација има бесплатни почетнички курсеви од по 10ина денови: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.simplehabit.simplehabitapp А најдобрата апликација со многу бесплатни сесии, музики и подкастови за медитирање ми е: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.spotlightsix.zentimerlite2 Последнава ја користам со години. Ама би ти препорачала да почнеш со Headspace, стварно е супер за почетници.
Почни со првата ако ептен си почетник, таму има 10 денови вовед во медитирање, со по неколку минутни сесии. Ептен се добри за почеток. Нема проблем!
Refresh yourself. https://open.spotify.com/episode/2u...i=v-grP6rMRxqF35oBR3tqAA&utm_source=copy-link
За сите кои сакаат да почнат да медитираат, најдов супер апликација со почетнички сесии, ептен ви ја препорачувам за запознавање со медитацијата и лесен почеток: Serenity.
Нешто повеќе за медитирањето од медицински/научен аспект: https://open.spotify.com/episode/1U...i=t28_NmwfRw6KHNFAGMXzwg&utm_source=copy-link
оваа тема, воопшто не заслужува кавги и убедување, кој знае а кој не знае да медитира, ниту пак е важно дали тоа трае 15мин или 1час....според мене и од тоа што јас го имам изучено и спознаено на интернет, медитацијата буквално значи,, ДА ТИ БИДЕ ПОЗНАТО СО,, што значи дека процесот на влез во медитација воопшто не е лесен.... пред да почнам да медитирам имам слушано и читано многу на оваа тема, така да без основни познавања од тоа како функционира човечкото тело и мозок, основна биологија, понесто од неврологија... и сл.... неможеш да навлезеш во процес на медитација и да ги почувствуваш вистинските бенифиции.... јас медитирам само 4 месеци.... секој ден на сабајле, а понекогаш и навечер.... сеуште го немам достигнато врвот и вистинското просветлување.... имам доживеано голема траума во последната година, и единствениот спас ми доаѓа преку медитирање.... всушност поентата е во тоа да не мислиш на ништо, тоа е моментот кога се случува најголемата сензација во медитирање..... колку за пример, ѓаволски е тешко да не мислиш на ништо..... би сакал сите да ве посоветувам да почнете да ја следите работата на др Џо Диспенц на YouTube.... прв пат кога ке почувствуваш нешто, никогаш нема да сакаш да престанеш со медитација... поззз