Plandemijata vo mediumite ja ignoriram od maj 2020, a okolu vojnata se informiram redovno, ne od strav za idninata, tuku otsekogash me interesira megjunarodna politika i tie geostrateshki igri. Mnogu mi e zhal za lugjeto vo zharishtata, da zaviseshe od mene kje nemashe nikakvi vojni nikade, ama po priroda ne sum panichar, what's the use....
Најпрвин, одамна престанав да читам наши медиуми и да пратам вести на наши телевизии. Потоа филтрирав се што ми влијаеше негативно и почнав да бирам самата што да читам и гледам. Се сеќавам кога сите го чекавме пресот на Филипче, стравувавме за огромните бројки, ќе прочитавме за нечија смрт, ќе видевме некоја слика што дополнително ќе не тераше до анксиозност. После си размислив дека самата на себе си штетам што дозволив некои работи да ме плашат. Сега се префрлив повеќе на следење спорт, серии, и документарни емисии исто и емисии за готвење. За корона одамна не читам, не следам и воопшто не ме интересира повеќе.
Ако дозволите да се произнесам Јас не се согласувам со првото, а со второто само делумно. 1. Мислам дека причините за војната не се медиумите, туку дека причините се многу подлабоки и во самиот човек а не надвор од него. Мислам дека причините за војна во суштината лежат во одредени природни човечки карактеристики кои никако како вид не ги надминуваме па не знам колку долго и да постоиме. Тоа се алчност, желба за надмоќ, за контрола и власт, за богатства и сл. др. негативни карактеристики. Медиумите ги гледам само како еден дел од средствата на располагање кои некои ги користат за да ги остварат овие потреби. 2. Втората мисла е точна во однос на тоа дека медиумите се моќни затоа што тие сервираат „мени“ на масата на широката популација. Заради оваа нивна моќ да влијаат врз масите, точно е дека се користат за наметнување на вилијание и дека се злоупотребува нивната моќ. Во мислата фали една карика од ланецот: моќта на конзументот. Медиумот има моќ ама таа е ограничена. Велам ограничена, зошто постои и нешто што се вика рејтинг и гледаност кој се следи и кон кои се прилагодуваат медиумите. Конечно ако нештото никој не го користи, нема ни да продолжи да се произведува. Тука лежи моќта на луѓето. Тие како крајни конзументи, ако не им се допаѓа понуденото може и да изберат да не го јадат (или едноставно да го свртат каналот). Затоа верувам дека треба да се негува медиумска разновидност, слобода и сл. за да има избор за сечиј вкус и да може да биде понудена секоја кујна на масата Не се согласувам дека медиумите се проблем низ светот, зошто мислам дека можат да бидат и решение. Благодарение на вестите и информираноста за некои работи и проблеми тие биле адресирани и решени. Уствари, мислам дека многу поголем проблем е свет без медиуми одколку свет со медиуми. Свет во изолација, без комуникација, затворен. Конечно медиум за мене е нешто пошироко..го гледам повеќе низ призма на комуникацијата него како фирма за вести.. Човекот има потреба од комуникација, споделување информации и известување од кога постои. Така што и стварал медиум, независно од времето и местото. Пр. древните Инки, една од најстарите цивилизации што живееле на толку недостапни места, на Андите, па имале гласници и курири на секои 20 км позиционирани меѓу две места и по потреба, со трчање носеле вест како штафета. За еден ден пренесувале информација на преку 280 км. Немале писмо ама правеле записи со т.н. кипу - низа јажиња со чворови кои содржеле информации (пр. за данок и сл.)