Медицинска марихуана и нејзино одобрување

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ilipili, 6 февруари 2013.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.976
    Знам дека кај нас ќе треба да помине многу време пред да дојди до тоа,но би сакала да се развие една дискусија околу оваа тема.
    Што мислите,дали би било добро ако се легализира медицинската марихуана и се одобри? Не мислам на тоа да се одобрува за главоболка,менструални болки,болки во нозете туку зборувам за тоа доколку е докажано,а има многу испитувања кои што докажуваат дека таа помага во случај на тешки болести,пример помага при спреќувањето на намалувањето на килажата во случај на рак,односно не ни ја има,помага при огромните болки кај мулти склерозата која што сите знаеме колку тешка болест е ,дури во еден случај ги снемало ќелиите кои што ја ширеле болеста туку стагнирале. Во Америка од каде што признавам,знаете и вие многу сме далеку со медицината,а камоли да стигниме до тоа ниво да се одобрува медицинската марихуана веќе е одобрена во некои држави. Некои лекови предизвикувале многу полоши њус појави и зависност отколку медицинската марихуана.Значи зборувам за мали количини кои што не ствараат зависност,а доста помагаат за намалување,па дури и за целосно излекување на некои болести. Па феминки кажете што мислите на оваа тема?
     
  2. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    562
    Муабетот со користењето на марихуаната за медицински цели држи вода, но многу од оние кои ќе чујат вднаш помислуваат на пушење, дрогирање секакви зависности.
    Значи, прво да разграничиме дека не е така.
    ДА, има позитивни дејства кога дозите и редовноста во употребата се контролирани.
    НЕ, дека може да се внесува само со пушење. Медицината напреднала и освен во форма на дрога-растение, активните материи што дејствуваат онака како што треба да дејствуваат, можат да се внесат и преку пареи (ние што би рекле наргиле, што дури мислам дека и подобри ефекти дава) и преку капсули и преку едни ко за џвакање, таблети. финтата е да се ослободи тетра-хидрокси-канабитолот и организмот да го ресорбира него.
    ДА, зависноста е неоспорна, но дозата е битна. Со дозата може да се калкулира. А кое растение е тоа? Има повеќе врсти на растенија од Канабис. Тој медицинскиот е Канабис сатива (од овој ја извлекуваат оваа сосотојкава што има ефекти = тхц). Оној кој се злоупотребува е Канабис индика, и можеби ќе погрешам али мислам дека станува збор за вариетет. Овие двеве имаат различни концентрации на тхц и всушност таа што има поголеми концентрации е таа која се злоупотребува, К.индика.
    НЕма канабисот да излечи болест до корен. Но ќе помогне во неиздржливите болки при хемотерапија, ова што илипили го спомна со мултипли склерозата, знам дека го намалува очниот притисок и сигурна сум дека има уште ефекти. Дури мислам дека активнава супстанца има способност да делува врз клетките за апоптоза (тоа значи клетките се самопрограмираат да се самоуништат со цел да не делуваат негативно кон останатите соседни клетки, нешто ко самоубиство....патем, апоптозата е добар процес, не е како некроза).
    Јас лично сметам дека користењето на медицинската марихуана е во ред, и треба да се спроведува за медицински цели и во контролирани рамки. Фрката се прави кога се зборува за начинот на апликација. Тоа е на некој начин табу-то. На некој ако му се каже “ ти ги препишувам овие лекови (таблети , капсули или тоа за џвакање или тие што се ставаат под јазик) или ваква инхалација да правиш дома, името им е ЧКЉ слободно пиј ги и доаѓај редовно на контрола“ , никој пациент нема да се посомнева дека баш тоа е екстракт од марихуана. Тоа се ЧКЉ таблетите кои му ги намалуваат болките на него и тоа е тоа. Ќе си ги пие.
    Активната компонента сега се произведува и синтетички, индустриски, така да немора да се внесува преку растениво во вид на дроги, треви, пушење...
    И метадонот (кој на сите ни е познат дека се препишува за намалување на болките при канцер) е синтетичка дрога... пааа... не ја гледам причината зошто да не и така со марихуаната, односно со тетра-хидрокси-канабитолот и канабинолот и таму уште кои други канаби-чуда кои се фармаколошки активни.

    Значи ДА од мене.
     
    На 123.Maki-first и ilipili им се допаѓа ова.
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    И јас сум ЗА, веке пишав во темата марш за легализација на марихуаната.
    Таа е нешто што мајката природа ни го дала, но ете човекот како и се останато почнал да ја злоупотребува на погрешен начин.
    Пред некој ден и во Чешка ја легализираа нејзината медецинска употреба.
    Сметам дека хемиите во лекарствата се многу поштетни од ова растение.
    Да не ме свати некој погрешно, не ја користам,не ја одобрувам за рекреација, иако сум пробала :tmi: но денес, да бидеме искрени и реални ретко кој не ја пробал, но и ретко кој не ја злоупотребил :|
    .

    Исто што читав пред некој ден за едно растение кое расти во Африка, простете го заборавив името, кое е нелегалнно исто поради неговата злоупотреба, стварало халуцинации, но од друга страна секаква зависност од дроги лекувало за еден ден, целосна чистка, детоксикација му правело на организмот.

    Друго што не можам да сватам е нелегалноста(не кај нас) на коските од кајсиите кои се мегу топ 5 природнити продукти во борба против ракот. :^)

    Се извинувам што малку забегав од темава, но кога веке почнавме за нелегалните, а корисни работи да си кажам..
     
    На 123.Maki-first и ilipili им се допаѓа ова.
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.976
    Ко ја отворив темата дали сум за или не не се изјаснав. Тоа е како нож со две острици,од една страна добро е да се легализира ,но од друга не баш.Доколку се легализира само за некои болести,пример исклучиво 10 најтешки каде што е докажано дека помага употребата на медицинската марихуана и за тоа да се воведе најстрог закон,да е специјално препорачано од лекар за да може да се земе само одредена количина и ако пишува дека му треба на човекот вистина.Ако така стојат работите тогаш сум ЗА.А ако тоа се злоупотребува ,ако секој втор може да земе,ако се отворат специјални продавници за тоа и од нив перат пари на туѓ грб тогаш сум за НЕ.Сепак многу време ќе треба за да дојде до тоа кај нас,а пред да се легализира ќе треба да се размисли како би го вовеле тоа за да не се случат погоре наведените нешта.
     
  5. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Интересен е фактот што баш оние кои никогаш не ја пробале, кажуваат дека знае да е штетна, а оние кои ја пробале, велат дека е билка како за чај, здрава цигара... Зар не треба да е обратно, зар не треба да сакаш да пробаш, а откако ќе пробаш, ќе сфатиш колку е опасна и ќе раскажуваш колку е опасна? Токму тоа е грешката и пречката за тоа дека марихуаната не се користи во медицински цели, а треба. Не само кај ракот, таа помага и кај Паркинсоновата болест и слични, пострашни и поезиви болести кои не ни треба да ги има на светов, кои е греота некој да ги проживува.
    Во Кина се произведува чај од канабис, пу ар. Не се извезува, мене ми стигна како подарок од пријателка која живее таму. И таму не кажуваат од што е, кажуваат дека е само мешавина од кинески билки, но само колку да се произведува слободно, инаку сите кои го користат, си знаат ;) Во Индија пак се користат во многу повеќе области, на повеќе начини - за хипноза, предвидување... ие за марихуаната сметаат дека билка од Бог, подарена за да се поврземе со нашето битие и силата на природата, хармонијата, оние Јин Јанг работи. Значи, не штети на психата, само ја опушта, а тоа е потребно секому на денешницава, живототв е премногу стресен, затоа и секому му треба психолог, но тоа пак е срамота кај нас.
    Ако е марихуаната злоупотребувана, ако наркоманите ја користат во преголеми количини за да ,,летаат", нормално ќе има негативни дејства, така е со секоја супстанца - и кафето во преголеми количини трајно го оштетува желудникот и срцето, јаглехидратите дебелеат, зголемената количина на масти во крвта може да доведе до инфаркт... Сепак, таа е и фармаколошка состојка, треба да се користи само ако е потребно некое нејзино дејство - за слабеење, за болести, за психата. За болните луѓе е потребен посилниот тип на канабис со поконцентриран ТНС, cannabis sativa, а на здравите нема да штети, туку добро ќе им дојде онаа послабата, cannabis indica, еднаш во 2 месеци. Indica е со поконцентриран канабидиол од sativa, не со ТНС.
    Освен тоа, за да се користи во медицината, треба да се провери какви дејства има врз здрав организам, што не е разгледано овде, во Мк. Еве некои податоци преведени од интернационални европски и амерички здруженија за оние кои ги интересира.
     

    Прикачени фајлови: