1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински кловнови

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од baba Rada, 27 октомври 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Прочитајте го линков и размислите за овој интересен проект.

    http://zdravstvo.gov.mk/prezentiran...vnovi-i-dodeleni-sertifikati-na-26-uchesnici/

    Велат дека во смеењето е лекот...

    морам да признам дека прв пат слушам, ете не сум знаела, дека во многу болници ширум светот, посебно на одделенијата каде лежат најмладите пациенти, исто така и на одделенијата за психички болести, постоеле така наречени доктори кловнови или стручно име им е гелотолози....(арно велат човек учи додека е жив)..
    Поентата на оваа терапија со смеење е да се извлече максимумот на виталната енергија на своите пациенти.

    мило ми е и ја поздравувам оваа програма што за прв пат е воведена во нашиот здравствен систем.:)
     
    Последна измена од модератор: 27 октомври 2018
    На Milobebence, Victorian, Prijatelot и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато за Австралија дека има овакви кловнови. Внука ми беше во болница ама беше толку истрауматизирана што и од кловновите се плашеше.Тогаш беше 13 месеци па не ни разбираше што се.Ама сепак и изнудија кловновите насмевка:)
    Убаво е не само за малите,за секој човек некој да го насмее и да му даде мала надеж дека утре ќе е подобро(highfive)
     
    На Victorian, SV1911, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  3. мало_сутра

    мало_сутра Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Интересно ако се покаже како успешна оваа програма во здравствениот сектор па би било корисно да се прошири и во други области,насекаде и по форуми дека лекот е во смеењето...
     
    На WarriorMind му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    незнам оваа трапија колку е делотворна за сите деца, појдувам од мене оти јас кога бев мала, многу сум се плашела од кловнови, сум плачела...кога ме носеле моите родители во циркус, паметам дека кловновите ми беа најстрашното нешто, додека другите деца ракоплескаа и се смееа, јас се бутав во скутот на мајка ми.
    Коулрофобија е називот за страв од кловнови, јас патев од таа болест...сега не се плашам, не се презнојувам како кога бев дете, но мислата ми отиде кај малите болни дечиња, да не се уплашат наместо да се изнасмејат и развеселат:(
     
    На XMaN и мало_сутра им се допаѓа ова.
  5. мало_сутра

    мало_сутра Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Ама пак овие кловнови се обучени за таква реакција кај маливе ќе поправат ситуација тие дека како што прочитав сите се психолози,социолози и доктори. Паметен проект,насекаде таков. Учен човек плус кловн решение за сите проблеми,нека започне да се применува ќе се увериме сите. Големо браво:clap:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Па би требало да биде успешна оваа програма и да им го разведри и разубави престојот во тмурните болнички соби на малите болни ангелчиња, да се надеваме сите...и ако земеме во предвив дека ова не е нешто ново, во светото постои и се применува многу одамна.
    Во повеќе од 60 држави има повеќе од 6000 клубови на насмевката, смешна терапија, каде со колективно смеење, луѓето се ослободуваат од депресија, ја повратуваат изгубената радост во животот, вербата во себе....во овие клубови има и популација која е сосема здрава....

    Како велеше мајка Тереза -" МИРОТ ВО СВЕТОТ ПОЧНУВА СО НАСМЕВКА"...
     
    На мало_сутра му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Баш убава и слатка идеја.Уште од мала обожавам кловнови ми се допаѓа идеава.
    Му текнало некому да најде начин да измами насмевка на болните дечиња.
    Секоја чест за ,,кловновите”
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Иако ни недостасуваат мал милион работи во нашиов здравствен систем (особено некои најесенцијални..) сепак ми е премногу драго што се воведува ваков тип на “терапија со смеење“ . (y):D

    Болничките денови се монотони и мачни, условите на клиника се уште потажни, па еве вака ќе има барем нешто што би го подобрило расположението и на пациентите, и на персоналот (од доктори, до медицински сестри, болничари и хигиеничари; па и тие се луѓе нели, не се од камен, ќе видат, ќе се насмевнат :wasntme: ).

    Се надевам во иднина не очекуваат само позитивни проекти кои ќе се спроведат и ќе го подобрат здравствениот систем во нашево земјиче. :nod:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Плацебо и хорор за деца кои се плашат од луѓе со исцртани лица/маски.

    @baba Rada

    Ако не се лажам ти работиш во медицинска установа, па се надевам нема да мора да те прават кловн..
     
    На Јаневски и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182

    Дека има деца кои се плашат од кловнови, секако дека има..
    Ама поголем дел од децата кои ги знам, сакаат кловнови.
    Ќерка ми до својот 10ти роденден, кај и да одеше кај врсници, и секој нејзин... беше со кловн. :)

    Сигурно нема на сила да се 'пикаат' кај дете што се плаши од кловнови... Се надевам..

    А дека е плацебо, не е.
    Не помага за конкретна болест, ама за 'ублажување' на стрес, одвлекувањето внимание од проблемот, засмевање и занимација (во случајов со деца, бидејќи ретко што може да им привлече внимание), влијае многу на психичката состојба на пациентите...
     
    На fina erika и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Вајлд, поентата зад тие две реченици, е дека нашето здраство има многу посериозни проблеми со кои моментално треба да се занимава. Ваквата идеја не е лоша, но е карактеристична за Западно европските земји, каде здраствениот стандард е минимум три хиеархиски скалила погоре од нашиот и каде кадарот не е намрштен и непријатен, па тие деца нема да имаат од што да се плашат.

    Овде, освен малтретирање на истиот тој кадар, и понатаму не гледам бенефит од ваквата идеја, освен што можеби делува креативно ради причините кои ти ги спомена погоре.
    Плацебо е зошто со опремата и методологијата на лечење со кои располагаат и се обучени медицинските лица во Македонија, не може ништо добро да произлезе, па оттука произлегува дека ваквата идеја е уште една системска бесмислица.

    Со други зборови, не би имало потреба од кловнови кога холовите на центрите не би потсетувале на ефтин хорор филм. Затоа мислам дека наспроти нивните обиди да се замаскира проблемот треба да вложат пари за сите да бидеме задоволни.
     
    На DAngel, fina erika, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    За ова се согласувам

    Ама приоритетите ни се малку на чкљ ... :D
     
    На baba Rada и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Човече, замисли ја следнава ситуација, онака сликовито..
    Влегуваш у клиника навечер зошто дете ти кренало температура, притоа уште на самиот влез те удира она јако бело неонско светло кое од време на време губи контакт па затреперува, и тука во прилог ти се појавува некој крупен квазимодо доктор со размачкано свисната намрштена фаца и шарена перика.
    Само неколку секунди подоцна, минува медицинската сестра, а он и се развикува: ,,Лиле, абе го избриша умрениот у соба 14?" Она: ,,Да бе докторе, чист е ко солза" Он: ,,Ха-ха-ха, епа ај симни го у мртвачница да видам тука со детево"..

    Океј, морбидна сум знам. Ама јеби га, коа е така.
     
    На Јаневски, fina erika, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова. Не сум секогаш за критикување новитети и придобивки поради недостатоци во друга смисла, ама во случајов е скроз реален аргументот.
    Терапија со смеа, кловнови и суперхерои како утеха за најмалите пациенти изгледа како добар и хуман концепт (и е тоа) по филмовите... ама во Македонијава, кадарот на највисоко ниво во министерството треба да се позанимава прво да обезбеди хигиенски услови во болниците, соодветен персонал, воопшто нормално здравство достапно за сите...
    Не е да биде целта мрчење, ама со страотната слика на нечовечки услови во болниците и секој втор ден ново собирање донации за мали дечиња - не може човек да не го оцени ова како градење покрив на куќа без темели, што би рекле постарите...
     
    На Annath, Nausicaa, mazikeen и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Морбидна си да ти кажам... Ама и така е... да ти кажам :D
     
    На baba Rada и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    па и не мора да ме маскираат да знаеш..секојдневно фаците ни се во некој грч, икривени, очите исколачени, косата крената во вис...Секојдневно се потресуваш од еден куп лебарки кои шетаат низ болничките соби и скокаат по креветите(да не кажам и по болните)...секој ден се плашиш таванот да не ти се сруши врз глава, униформите се што да ти раскажам, можеш да замислиш...итд.

    Така да, јас сепак го подржувам овој проект, но ќе биде како онаа песна- Дал да плачам или се смеам:music::music::music:
     
    На Victorian, mazikeen, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам зошто баш кловнови кога според кажување на многу родители 90% од децата се плашат од нив. Зошто не бидат некои омилени цртани јунаци. Колку кловновите како ликови се блиско до децата? Во кој детски цртан,емисија или шо да е има кловн кој децата го обожаваат? Мала модификација да се направи на овие кловновите мислам дека ќе биде подобро... Многу повесело би било некое детенце ако Маша му влезе во соба да си ја бара кашата него некој кловн што би правел некои си мимики.
     
    На Victorian, mazikeen, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    116.456
    Пол:
    Женски
    И јас сум против кловнови.Страшни се за мали деца,особено ноќе.Подобро би било со ликови на Дизни.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Смеењето има непроценлива моќ!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Абе го немате гледано филмов
    :?:

    Ма шо прашувам, очегледно не. Да го гледате, па коментирајте на темава после :)
     
    На mazikeen, Peppermint, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.