Ова не е измишљотина од нашиот министер туку е пракса на светско ниво и многу позитивен момент кај болни кои се врзани за болнички кревет. Сепак ти препорачувам, гледај го Печ Адамс
Го имам гледано.И знам дека е во пракса во светот.Но се прават анализи пред спроведување. Некаде е со кловнови,некаде е со ликови од цртаните. Ќе биде катастрофално да го направат тоа без да проверат дали и колку деца имаат фобија.
Во момент кога нема вистински креативни капитални проекти, кога нема вистински стручни професионалци кои би работеле на такви проекти се реализираат вакви глупости. Се случува буквална скопјанизација на Македонија кога 6000 станови се изградени само во 2017 година со слабо урбано планирање кое не може да одговори на тие потреби., затоа што веќе скопските болници не можат и немаат кадар да опслужуваат толкав народ. Да не зборувам колку нови модерни хирушки процедури не се применуваат кај нас и колку треба обука и дообука на персоналот.
Мене кловновите никогаш не ми биле синоним за радост. Изгледаат чудно и страшно. Среќа кај децата може да се внесе на други начини. Еден од тие би бил преку игра и песна. Од смирувачка класична музика пред заспивање па до весели детски песнички. Наместо да се маскираат во кловнови, треба да го поттикнат дружењето помеѓу болните деца, заедно да си играат додека се во болница, да пеат, да се радуваат. Не се нешто многу иновативни во тој поглед.
Да реновираат, исфарбаат зидови во пастелни бои, да нацртаат ликови од цртани, да стават телевизори каде што може да се следат цртани филмови и детски емисии, персоналот да е позитивен и со трпение, како што треба секогаш да биде барем во детски оддел, да имаат катчиња за дружење и игра, да се направи подомашна атмосфера па на крај може да се размисли како јагода на шлагот јунаци или кловнови.
Па како им тргнало со одливот на доктори од детско ништо чудно во иднина медицинските кловнови да ги лечат децава. Жално како министерот се правда дека го задржува кадарот да не летне на приватно или во странство со воведување на кловнови наместо во друго да вложи.