Едно прашање од практикум одговараш кај асистент ( мене ми се пада HLA , и имаш наведено како водич потпрашања што треба да одговораш , а професорот може да те праша што сака .. јас добив прашање во врска со корона вирусот ( на кој начин нашето тело го препозава вирусот , како реагира , зошто се битни антителата )
Три прашања поставувале, едно од практикум, едно анализа на случај со тие потпрашања како водич, ове две кај асистент и едно од теорија кај проф. Слично како генетика, само таму нема анализа на случај.
Јас лани во августот полагав, прво влечевме комбинација кај кој проф/ас ќе полагаме. Потоа не испрашуваше асистентот една вежба од практикум, и еден случај од анализа (даваа доста време за ова, и концепт да си направиш), а потоа одиш кај професорот, и тој ти дава прашање од теорија. Не е страшно, помагаа и потсетуваа, ако си дошла до усно, најверојатно ќе положиш.
дали се пролонгира цела година ако не се положи хемија? се осеќам како да сум на самиот раб од "burned out". се друго ми е положено. освен биофизика и мед. психологија (хахах). и не знам дали може да се спреми цела хемија во рок од месец ипол, бидејќи ништо не ми е положено од предметот..
Како мислиш дали се пролонгира годината? Ако ти се само тие останати, комотно во август можеш да ги положиш сите. Инаку, хемија не ти е услов за втора година, ама ти е услов за 5ти семестар, за да можеш да слушаш биохемија1. Притоа, ќе мораш биохемија1 да го положиш во таа сесија (фактички имаш само една шанса, после 5ти сем. сесијата зимска), за да можеш во 6ти да ги слушаш и полагаш патологија2 и клиничко испитување, бидејќи тие се услов за да запишеш 4та година.
Не се пролонгира, само следна година (во втора) нема да слушаш биохемија 1 и 2 и ќе треба во втора да ја положиш хемијата. А биохемиите ќе ги запишеш дури во трета година, со тоа што за биохемија 1 за жал ќе имаш само една сесија можност да ја полагаш за да фатиш услов за следен семесар регуларно (биохемија 1 е услов за клиничко испитување 2). Не знам колку успеав да ти објаснам, на оваа тема @Lollipop_123 може да ти дообјасни мислам Исто така, ако имаш завршено гимназија мислам дека ќе можеш брзо да го спремиш матерјалот за целиот предмет, пошо целиот матерјал е учен во средно (мене многу лесно ми беше хемија баш ради тоа што све тоа ми беше учено и брзо ги спремив и колоквиумите и завршниот испит). Пробај во август да положиш
Дали некој ја има скриптата по медицинска етика од фотокопир што е 30тина страни во пдф, ако може да ми ја прати?
Супер е професорката, убави оцени става и прашува од материјалот за испит што е (не слушнав да прашува од колоквиуми јас кога полагав).
Ако другите условни ти се положени, ќе го положиш хемија во август, не е толку тежок материјалот, сигурно имаш предзнаења од претходно
Здраво, колку поени имал последниот примен во општа медицина,претходната година во Скопје (од државна и приватна квота) ?
Државна 99,233 приватна 97,416 Најдов низ тамава што било пишано лани, јас се сеќавав само 99 државна, 97 приватна
Тоа јас што ти го пишав Еве ти линк лани кога сме пишале ќе видиш самиот https://forum.femina.mk/threads/Медицински-факултет.4053/page-542#post-5771206
Здраво, може ли некој да ми каже за на општа медицина во врска со "малцинство"? Како се примаат овие студенти?