На гинеколог оди, никој тука не може да ти каже зошто тоа ти се случува. И да имало иста таква ситуација кај некоја од членките, може причината да е различна. Затоа е тука гинекологот.
Здраво овој месец добив на 13 и ми траеше 5 дена, обично ми трае 7, инаку прв циклус откако прекинав со доење, во меѓувреме додека имав добиено кренав температура околу 37,8 и имав некои жешки бранови и препотување, се посомневав на Ковид правев тест негативен испадна, ама една недела дури го направам јак стрес доживеав, и откако ми преќина менструацијата после 2 дена почна по еднаш на ден да имам некој исцедок со крв и еве денес како добиено исцедокот е темно крвав.
Zdravo devojki ve molam za mislenje da mi kazite...Dobiv na 10ti juli i mi traeshe 5 dena posle to mi dojde pak na 25-26ti juli i isto taka mi traeshe 4-5 dena ama so mnogu malce krv...E sega sme 15ti pravilno trebeshe da mi dojdite na 10ti avgust dali toa e taka poradi toa shto mi dojde dva pati vo mesecot ili mozda sum trudna?
Здраво девојки, добив на 24 август и ми траеше до 28 август, од вчера 7 септември приметив капки крв на гаките денес 8 септември пак крв како зс менструација кога ми е нормално а и акни имам како за менструација имам 17 години и претходните 5 6 дена бев настината и уште сум и бев под стрес. Знаци циклусот ми траел 16 17 дена. Помош ве молам, нормална работа или?
Ти кажаа и други членки мислам. Во овулација си. Крај краева оди на гинеколог, не сме тука ние гинеколози да знаеме што точно ти е.
Moze da se sluci krvarenje za vreme na silna ovulacija, no ne e da se zanemari.. na lekar oti moze da e i od drugo...
Од што на пример, некои хормони затоа што после односот анален што беше си добив менст, а и вагинален однос не сум имала никогаш а после менструација никаков однос
Здраво незнам дали е соодветна темата за тука но пак ќе пишам ако има некој да ми помогне ќе.ми биде мило. Значи вака јас крварам од 20ти март сега сме 14 април без престан и тоа црвена крв на лекар бев мојата матична ништо не ми даде ќе престане рече и на приватно бев и таа кажа ќе престане и не престана од тој ден уште не престана добро земав упат и отидов во нашата болница таму ми рекоа пцо имам знам тоа зголемени јајници инфекција е.коли имам и тоа знам неможам да се излечам 8месеца од неа.е сега ми дадоа дабростон да пиам ми рекоа ќе престане за 2 дена но јас крварам уште многу пиев и ergyl мислам беа пак не престана се уморив веќе немам сила навистина ако имате некое мислење би се израдувала фала многу
Што бидна? Ешерихијата не се лечи лесно. Штом ја имаш во јајници, најверојатно уште ти е во уринарниот тракт. Д-маноза на природна база од брусница се, пробај витамин Ц земај дневно од 500/1000мг. Пробај некој период вака. Паралелно со многу увин чај и брусница. И многу вода. И обавезно да земеш втора терапија антибиотик. По потреба и да ги смениш, секако со консултација на лекар. И прави често уринокултура. Барем да надгледуваш дали бројот на бактеријата е зголемен или намален. Индивидуално е, поделени мислења има дека бактеријата не живее во базна/кисела средина.
Здраво, би сакала да прашам дали некоја од вас имала слично искуство. Добив 2 пати овој месец, имам болни и обилни менструации. Добив на 2 , после 18 дена , односно на 20 добив пат, обилно крварење, со парчиња, чиста црвена крв. Дали сега на очекуваната дата, пак ке добијам?? Ви благодарам на одговорот. Убава вечер
Посетив, веднаш на денот кога добив "менструација" рекоа се е во ред, на докторот му личи на менструација, кога престанав да крварам пак отидов на гинеколог, се беше во ред. Се случувало од стрес, иако ја немав некој стрес, ни можеби потсвесно. Кога го прашав, дали пак ке добијам на денот кога очекувам, ми рече незнам ке видиме. Ме интересираше дали некоја имала слично искуство и како и продолжил циклусот, дали нешто се сменило после тоа ??
Два пати во еден месец имав менструација после примање на втора доза фајзер, од вториот пат на добивање на менструација до наредниот циклус имаше поминато 28 дена, и после него исто тој циклус го имав на 28 дена, значи ми се стабилизира самиот од себе циклусот, мислам дека не треба да добиеш на денот кога треба да добиеш, ако си имала пример пред една недела, туку ќе го поместиш календарот на апликацијата и тој ќе ти каже кога пак треба да имаш циклус во зависност од тоа на колку дена имаш циклус.
Благодарам на одговорот. Не сум вакцинирана, а прв пат ми се случува да добијам 2 пати. Имам 32 години, и веќе одреден период се бориме со забременување, па затоа се доживувам трауматично. Поздрав Убав ден
Во мојот случај, во годината ОБАВЕЗНО ми се погодува 1 месец во кој ќе "добијам" 2 пати, бидејќи циклусот ми трае 25-27 дена, па така 1 месец годишно ќе ми се затекне мензис на почетокот и на крајот од месецот. Е сега, после вакцината, вториот менструален циклус по примената втора доза на Фајзер, имав 3 дена болки како за пред добивање (обично ме здоболува и за 1-2часа ми доаѓа), дури се посомневав да не сум бремена, ама не купив тест, решив да чекам да видам што ќе се случи. По 3те дена болки, на 4от добив оскудно, 2 дена имав само кафеаво и толку. Следниот месец си имав нормална менструација. Нареднава се надевам ДА НЕ ДОЈДЕ, пробуваме за бебе
Нормално е во некој месец од годината да добиваш два пати Знаеш дека годишно имаме 13 менструални циклуси, нели?
Zdravo, ve molam za mislenje 3 meseci po red mi doaga na sekoi 10 dena napraveno hormonski ispituvanja se e vo red i na ginekolog bev na dve mislenje kade sto mi kazaa deka imama sindrom na policisticni jajnici no nisto strasno se slucuva da se prokrvaruva dva pati mesecno no ova veke trae. Pravev CT na abdomen zaradi drugi pricini i tamu se pokaza dekanse cisti, no me plasi so prodolzuva seuste vaka, dali nekoj ima vakvo iskustvo, Vi blagodaram pozdrav
Јас во периоди на голем стрес порано добивав по 2 пати во месец или ми прескокнуваше. Имам полицистични јајници. Не ми дадоа ништо да пијам, кога поминаа стресовите, ми се регулираше се.
Девојки дали некоја имала слично искуство ? Месецов пиев норлево и менструација добив 12 дена порано по завршувањето после 3,4 дена прокрварив повторно и тоа крварењето е исто како менструално бев на гинеколог ми кажа дека е од апчето , притоа имам воспаление на едниот јајник . Иако гинекологот ми кажа дека е од апчето сепак сум исплашена да не е нешто посериозно ... Исто така имам и полицистични јајници , но досега во живот сум немала проблем со ниту една менструација.