Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Еден менструален циклус трае 28 дена, но за нормално се смета од 21 до 35 дена.
    Посети си гинеколог. :)
     
    На poi и edna_malecka им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.651
    Допаѓања:
    79.501
    Пол:
    Женски
    Нормално е да не доцни, толеранција еве ден, два.
    Тоа сигурно ти е од стресот. Дали претходно циклусот ти траеше барем отприлика ист број денови или варираше, некогаш да добиеш за 28 дена, некогаш порано, некогаш подоцна?
    Во секој случај, штом цел месец нема ништо, обрати се кај гинеколог.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.453
    Пол:
    Женски
    Менструалниот циклус е регулиран од половите хормоните, а тие се регулирани од хормоните на тироидната жлезда (не од положбата во која лежиме).
    Стресот може да е причина, бидејќи влијае преку мозокот и нервите на сите жлезди, но и немора да значи дека тоа е причината.
    Ннајдобро е на гинеколог да отидеш. Ќе ти направи преглед или ќе те прати на крвна анализа за да ти ги провери хормоните (можеби и на ендокринолог ќе те прати) и ќе знаеш која е вистинската причина за пореметениот циклус.
     
    На Angie1432 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  4. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Што може да биде причината за доцнење на мемструација (освен бременост)?

    Едит: Читам и горе сте коментирале за тоа. Бев на гинеколог и ми кажа дека се' е во ред. Ми доцни 7-8 дена. Под стрес општо цел живот ми е, но последниот период баш сум смирена и си кулирам. 7 месеци пијам антидепресиви, но не сум забележала никаква промена на циклусот до сега. Попраена сум 12 килограми последните 2 месеци.
     
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Може да има многу различни причини, стрес, пореметување на хормоните, полицистични јајници...
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Јајниците и матката ми се супер, нема проблем тука. Остануваат хормоните.
    Треба да паничам или не би била страшна причина?
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Не, не паничи. :shake:
    Млада си не е толку страшно понекогаш да ти задоцни некој ден. Многу ли ти доцни?
    Можно е хормоните да се во прашање, т.е. 99% се. Гинеколог треба да те испрати кај ендокринолог за да испиташ целосно хормони, најдобро на 3, 13 и 21 ден од менструацијата мислам беа. :)
     
    На buba4e89 и poi им се допаѓа ова.
  8. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу душо!
    Ајде ќе видам што ќе сторам. Рече ако не ми дојде до утре да појдам пак, но дури во среда ќе можам. Си кулирав првите дена, но сега се замислив зошто нема уште. :lol: Инаку 8 дена ми доцни.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    1.739
    Пол:
    Женски
    Најчесто е стресот во прашање, како што споманаја и погоре хормони, промена на клима
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Некои жени имаат менструација на 35-40 дена цело време и тоа им е нормално. Многу немаат на 28 дена, бидејќи не е организмот компјутер па по книга да оди точно на 28 дена. Не се грижи, ако до сега си имала нормални и редовни менструации, еве и да испиташ хормони тие не може да бидат со којзнае колку пореметени вредности. :)
     
    На Lollipop_123 и poi им се допаѓа ова.
  11. astrophile

    astrophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    271
    Добив 9 дена порано. Инаку ми е релативно редовна, ден-два порано-подоцна од соодветниот датум ми доаѓа. Настинатаа сум, па да не е од тоа, не знам...

    Има ли простор за паника?

    Да надополнам, имам и нормални симптоми како што имам секогаш при менструација, лесни болки во долен дел од абдомен, ми излегоа акни..
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
  12. Bahar123

    Bahar123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Menstruacijata mi kasnese skoro 10 dena predhodno piav primolut nor5mg pred 4 dena pravev higjama i denta odma na gastite imav kaveav iscedok vecerta isto koga se brisev so toaletna imav i krv temna po malce drugiot den bolka vo stomakot a menstruacija nemam samo vo brisenje imam krv denes isto sum so bolki i to mnogu a krv se cudam zosto nemam ve molam spodelete mislenje
     
  13. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    1.739
    Пол:
    Женски
    Чим почнало крв да се појавува ќе добиеш наскоро, денес или утре
     
  14. Bahar123

    Bahar123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Daj boze mnogu maka imam neizdrzliva bolka e

    Sega mi padna parce golemo ko gjiger kako da recam ne znam ona ne mrdat a krv nemam sto mozit da e ova mn sum uplasena
     
    Последна измена од модератор: 5 март 2021
  15. Elenamilk

    Elenamilk Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo,pozitivna vekje 9 den,relativno lesno pominuvam..dali moze da spodeli nekoj iskustvo so promeni vo menstruacija posle covid(trebase vcera da dobijam ama nisto,a stomakot ke mi "pukne".od sto e naduvan)..so lesno na site!
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Dali pred menstruacija vi se slucilo cesto da odite vo toalet za mocanje?
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.570
    Допаѓања:
    10.762
    Пол:
    Женски
    Да, секогаш пред да добијам, дури и ноќно време се будам и често одам, исто како кога бев бремена.
     
    На Anastasia9228 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    14.919
    Пол:
    Женски
    Posle prelezan kovid menstruacija po 3 dena prethodno po 5
     
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.453
    Пол:
    Женски
    Во контекст на претходните дилеми околку тежината и менструалниот циклус:

    Промените во килограмите влијаат на производството на хормоните, меѓу другите и на половите хормони.
    Наглото зголемување или намалување на килограмите (се мисли за неколку месеци до 1 година) може да го поремети траењето и редовноста на менструалниот циклус, па да дојде и до неплодност. На пр. кај жените кои страдаат од пореметувања во исхраната (како анорексија) може како симптом да имаат и нарушен, нередовен менструален циклус или да немаат циклус. Гојазните жени (со голем обем на струк и висок BMI) заради масните наслаги кои се депо на естроген, може да имаат пореметување на менструалниот циклус. Овулацијата и производството на половите хормони е регулирано од хипоталамусот и хипофизата и кај гојазните жени се нарушува тој систем на хормонска регулација на овулацијата.
    Затоа битно е да се одржува некоја оптимална тежина.
    Има многу линкови и истражувања кои може да се прочитаат на темава. Еве некои (на англиски):
    https://www.wellthy.care/does-obesity-affect-menstrual-cycle/
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/ar... tend to experience,of female infertility [3].
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ivka-slivka

    ivka-slivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали после циклус, деновите кога ви завршува имате потешкотии? Омалаксаност, тремор, главоболки и тахикардии? Мене вчера ми беше УЖАС денот. Во фаза на минување ми е циклусот... Ама циклус немав едно 6 месеца. П.С. Сум била на лекар, тој совет нема потреба да ми го давате :) испитано хормони, ехо, 2д,3д,4д... дали се можни тие појави?????