Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Од што би каснела менструација ако притоа ендометриумот е нормално задебелен?
    Крај на март бев на некои испитувања што ме пратија, тогаш ми кажаа пред добивање сум, нормално задебелен ендометриум, баш ко за пред менструација.
    Требаше да добијам околу 7-8ми ама еве нема. Февруари исто не добив цел месец, тогаш ми прескокна.
    Прашањето е дали може да имам нешто пореметени хормони оти до јануари имав апла точен циклус?
    Инаку матката и јајниците на ехо се во ред.
    Бременост не е сигурно.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Тогаш прави по детални испитувања,а може да ти доцни од многу други работи,стрес,нагло слабеење или обратно , качување килограми нагло,или е во прашање друг здравствен проблем, климатските промени ...мој совет да пробаш со мислења од повеќе лекари
     
  3. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    можно е, ама за секој случај оди на гинеколог
     
  4. _feminka_

    _feminka_ Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Провери хормони.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.569
    Пол:
    Женски
    Ендометриум е здебелен пред добивање или рана бременост, ова од моите гинеколози, не сум стручна. Штом не е бременост, провери си хормони, може имаш нешто повисоко, пониско.
    Ама и не мора да значи, кај мене најмногу ми доцни од климатските промени, настинка ако имам и најмала веднаш ми се поместува, од стрес се пореметува, ако имаш сменето исхрана нагло. Има многу причини кои придонесуваат. Ако на ехо ти е се ок, направи си контрола на хормони.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.442
    Допаѓања:
    24.927
    Се породив пред 7 ипол месеци, прв пат добив на 30.12. Потоа на 02.02., па на 06.03. Сега во април не добив, дали е нормално првите неколку циклуси после пораѓај да се нередовни? Исто така, многу подолго ми траеа, по 8-9 денови, и имав пообилно од порано.

    Иначе во јануари правев и пап и ехо, сè беше супер, па се двоумам дали вреди пак сега после 3 месеци да одам на проверка.
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Јас како што знам такви фактори влијаат во првата половина од циклусот, не кога веќе е пред крварење ендометриумот.
    Баш рандом читав дека може од пореметени хормони да е задебелен, а да се одложи крварењето. А скоро прележав корона па си викам да не е од тоа нешто поттикнато.
    Бтв веќе добив ама секако ќе проверам зашто ми шантра толку.
     
  8. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Некои антистрес рутини како превенција за нередовна менструација, ако знае некој нека сподели нешто ефективно.
     
  9. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    антри стрес има една апликација на телефонот или пак Манга (сликовница со боење-ситни делови).
     
    На АничеБананиче му/ѝ се допаѓа ова.
  10. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    како се вика апликацијата на телефонот, од каде се симнува?
     
  11. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    No Pix, преку Google Play или преку İOS(
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење ако некој имал слично искуство. Неделава секако ќе отидам на доктор. Добив во петокот сабајле. Ако ова моево воопшто може да се нарече менструација. Извинете за описот, но таква е ситуацијата, сакам да прашам додека отидам на доктор. Значи имам само кафеав исцедок. Толку. Воопшто како да немам крв. Во петокот си почна со кафеава боја и мислев дека ќе си почне нормално ама јок. Во четвртокот, денот пред да добијам се чувствував изморена и имав мала болка во јајникот. Други симптоми немам како што обично имам при менструација: отечени гради, континуирано перниче болка во стомак или отеченост. Интернетов воопшто не ми помага и се надевам дека не е ништо, ама ме загрижува тоа што досега никогаш не ми се случило така.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    111.925
    Пол:
    Женски
    Дали има шанса да си бремена?
    Си имала незаштитен однос?
     
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    @fana не сум имала без заштита и не сум имала полицистични јајници до сега а редовно одам на прегледи.
     
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Мене ми доцни 12 дена веќе :( . Не сум бремена , сигурна сум во тоа .. Бев на гинеколог , вели нема видливи цисти на ехо и ендометриумот е задебелен нормално . Сите симптоми ги имам , но ни м од менструација . Стресен период не сум имала сега скоро .. Упат за испитување хормони од матичен доктор на општа медицина или од матичен гинеколог да барам ? Не ми се смејте само :tmi: прв пат ќе испитувам хормони , затоа и не знам како оди процедурата (facepalm) . Кој испитувал , ако може да ми објасни како оди се тоа .. Фала ви :sweat: .
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.309
    Пол:
    Женски
    Мене гинеколог ми даде упат
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    Гинекологот ќе ти даде, за на Гинекологија. Јас имам упат, само чекам да добијам. Јас па имам многу јаки овулации и бев во овулација на гинеколог, журка од фоликули беше тоа... Матичната рече да проверам хормони, зошто па и тоа не е нормално баш.

    Мене ме интересира дали е нормално вака да добивам, не ми беше вака порано... 2 дена ми се мачи, кафено по малку лигаво те на улошка, те чиста улошка и само малку на бришење. 35ти ден ми е од мензис, значи веќе и ми доцни 3 дена. Макс до 32 дена си добивам (знае некогаш некој ден да ми задоцни). Бев денес и вежбав, мислев дека ќе пробие после тоа, ама чиста улошката од 7,8 навака ми е :?:
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Значи , штом не ми даде кога бев на преглед , смета дека не е потребно .. Ништо , ќе одам повторно следната недела ќе барам упат за испитување на хормони :( .
     
  19. Makimaki93

    Makimaki93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2022
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Женски, знам дека е нормално, ама реков пак да пишам. Имено циклусот ми трае 25 дена (од прв ден до прв ден). Па ме интересира дали има некој слично така пократок циклус?
    Значи првите 7 дена крварење и уште 18 дена до нареден циклус.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tainstvena.234

    Tainstvena.234 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2022
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Zdravo, na 17 mart imav seks za prv pat i toa bez kondom :( (krvavev, a seksot ne traese mnogu dolgo, probavme ednaska i jas odma se trgnav ne izdrzav ic bidejki me bolese i ne mozev da izdrzam, posle nekolku minuti probavme po vtor pat i od prilika izdrzav nekoi 10 ili 15 sekundi zatoa sto me bolese, potoa jas se trgnav i imase krv a on rece deka mu se odi vo toalet po mala nuzda, ne osetiv da mi svrsil vo mene, pred da imavme odnosi mu kazav da ne mi svrsi vo mene vnatre zatoa sto e premnogu rano, on mi imase veteno deka nema da pravi takvi gluposti,) on i ja se razdelivme posle edna nedela od kako imavme odnosi :| narednata nedela dobiv, obicno sekogas mi doagja mesecniot ciklus na kraj od mesecot, a ovoj mesec mi kasni nekolku dena. Mi e strav da ne sum zabremenila bidejki stomakot mi e kako poduen isto kako na trudnica.
    Od ovaa nedela imam blagi bolki vo stomakot i ponekogas vo grbot (imam citano po internet deka trudnicite imaat bolki vo grbot i vo stomakot no neznam kolku e toa tocno po internetov).
    Mi doagjaat misli da ne sum zabremenila. Deneska sakav da kupev test za bremenost no ne mozev bidejki drugarka mi bese so mene a ona seuste ne znae deka sum imala odnosi so toj i zatoa ne uspeav da kupev.
    Seuste ne sum polnoletna, naredniot mesec kje polnam 18 godini. :|
    A moite roditeli ne ni znaat deka sum imala odnosi a kamoli da kazam deka imam decko bidejki oni se strogi sprema mene i plus jas sum im prvo dete i nemaat drugo, i iskreno so niv nikogas ne sum zborela na ljubovni temi gi odbegnuvav tie temi na razgovor zatoa sto mi bese glupo i sramno da im kazuvam deka sum imala deckovci pa taka da oni ne znaele za moite deckovci ni kolku sum imala deckovci do sea:lol:, a ako im kazam deka sum imala decko odma kje pocnat da me prasuvaat od kade e, kolku godini ima ova ona, zatoa sto sakaat da znaat so kogo iskacam.

    Ve molam nekoj neka mi odgovori na ova, mnogu mi e strav da ne sum zabremenila, imav samo ednaska seks i toa so nego a posle edna nedela se razdelivme i ne sme se videle od toj den, on me ima bloknato na instagram no sepak imam negov telefonski broj. Ve molam kazete dali se toa znaci deka sum trudna? Ic ne sakam na ovie godini da sum trudna no premnogu gi sakam malite decinja. Imam citano deka norlevo apcinjata sprecuvaat bremenost no se koristele do 12 casa po odnosi ili najdocna 3 dena, dali mozda ima nekoi takvi apcinja koisto mozat da se koristat i po mesec dena.
    I dali so seks moze da se smeni doagjanjeto na mesecniot ciklus? Prasuvam zatoa sto ovie raboti navistina neznam kako idat, ve molam odgovorete mi, mnogu mi e vazno
    Vi blagodaram odnapred
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.