Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    А колку дена ти трае?
    Нормално е, јас до претходната година имав обилна менструација и премногу болна, а последнава година тотално се смени (најверојатно со текот на годините се менува остарев) пет дена ми трае и немам скоро никакви болки.
     
  2. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Јас, втор ден кога треба најмногу да имам јас можам со една влошка да поминам. Нормално е кај секоја различно. Како што некој имаат обилна така има и како нас со малку крварење, ама па затоа ме гњави 8 дена:)
     
  3. confidential

    confidential Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Можеби би било паметно да направиш крвна слика да видиш да не си анемична. Ама па ако цело време ти е така и не е некоја промена од скоро значи скроз нормално е
     
    На Mateica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milickaa555

    Milickaa555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2022
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Prviot den najveke mi tece vtoriot sredno, tretiot se namaluva a cetvrtiot pak se pojacuva i petitot po malku, sestiot isto po malku I potoa sedmi veke kafeoavo nez dali e normalno..
     
    На Mateica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. reckless ✨

    reckless ✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Се надевам дека прашањево го поставувам во соодветна тема.
    Пред некој ден закажав преглед поради нередовна менструација, терминот ми е наредна недела во вторник, но денес добив. Прашањето ми е дали да го откажам терминот или може прегледот да се изврши иако имам добиено?
     
  6. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Истото ми се случи мене 2 дена пред преглед, не отидов зошто обилно крварев и не беше итно толку, а инаку можеш сум одела и со крварење. Плус до вторник ќе ти заврши или барем ќе се намали.
     
    На reckless ✨ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. savageu

    savageu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Здраво. Пишувам овде бидејќи темата менструација на одмор е затворена. Сакав да ве прашам како планирате одмор во однос на менструацијата? Дечко ми сака уште од сега да уплаќаме за јуни, а мене ми е страв дека баш како за инат тогаш ќе добијам и затоа мислам дека е најдобро да уплатиме еден месец пред, Вака можам да пресметам отприлика кога би добила ама не ми е секогаш на 28 дена, некогаш ќе ми подрани некој ден некогаш и по пет дена може да ми касни и мислам дека и да пресметувам од сега може воопшто да не е релевантно. Сите ли жени вака комплицираат или само резервирате па ако дојде дојде? Стваарно не сакам да имам за време на одмор бидејќи кога имам добиено ем што сум целата утепана и не можам од кревет да станам ама и многу ми тече и менувам цело време гаќи, тренерки, чаршави, едноставно тие неколку дена ми се лом и не би сакала да се справувам со тоа во апартман.
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    30
    Јас од денес за утре закажав одмор требаше да бидам во овулација кога ми пукна циста и 10 дена крварев, во вода не влегов. Не планирај многу пушти мозок , не можеш точно да погодиш никогаш.
     
    На savageu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.363
    Допаѓања:
    11.976
    Пол:
    Женски
    Јас со примолут нор решавам, апчиња за одложување на менструација, не може секогаш да ми се погоди одморот кога јас сакам, заради обврски, подобро ќе ги издржам апчињата отколку обилното крварење 7 дена на одмор, да не можам рает да влезам во море, езеро...
     
    На savageu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Имам прашање,со сопругот се спремаме за инвитро, во меѓувреме си имавме односи, мислев ке пробие но ми доцнеше 12 дена, добив ама оваа менструација ми беше чудна , многу светла без парчиња како што инаку добивам , првите три дена ми е обилна по обичај, а оваа на трети ден заврши, со кафеав светол исцедок, и се мислам од што може да ми се изремети вака циклусот? Кога се ми е испитано, беше во ред.
     
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.363
    Допаѓања:
    11.976
    Пол:
    Женски
    Зависи промена на исхрана, климатски промени, промена на тежина, мене од менување на топло, ладно често ми се менува
     
  12. bushavka21

    bushavka21 Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Dobra vecer sakam da prasam dali e normalno na 8 dena ciklus najnormalen so namaleno krvarenje nedela dena po toa jas da krvaram uste 3 dena bledo kafeno i rozevo na 3tiot den ? imam zakazano za na lekar ama tek turi vo cetvrtok pa me interesira vase mislenje...
    Vi blagodaram i izvinete na dolgiot post, prijatna vecer
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bisera J

    Bisera J Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2020
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам.. 1 ден ми дојде најнормално имав и 2 ден имав.. 3 ден цел ден ништо еве и 4 ден ништо.. Што можи да е работата...
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи истото во ноември и нормално испаничив и отидов на гинеколог. Правев ехо и пап и се беше во ред. Одговорот беше дека секое добиено си е за себе и еден или два такви циклуси во годината е сосема нормално. Промена на време, клима и самиот стресен и брз живот влијаат на тоа. И со смеење ми кажа дека ние жените сме раководени од хормоните:rofl: што и не е така грешно, затоа и настанало овулаторско крварење.
     
    На bushavka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Дали после вирус ви има доцнето? Кај мене никогаш не е точна на 28 ден, се дешава ама поретко, секогаш ми доцни некој ден, до 35 ми доага, ама сега скоро 10 дена ми доцни, ме фати страв.
    Имав вирус, мислам дека беше овој новиот сој, само со витамини минав, без антибиотик, па не знам дали од тоа ми е што ми доцни.
    На гинеколог не често, пречесто одам и се ми е во ред.
    Бременост не е 100%
    Сите симптоми ги имам за добивање, веќе пукнав!
     
  16. Hahaahha

    Hahaahha Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Zdravo.IMam 16 god i zabelezav bolka pri dopir vo dolniot del na desnata strana od stomakot.Imam i menstrucija neredovna a prv pat dobiv pred 3 godini.Dali ima pricina za zagrizenost.
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Zdravo edno prasajne,sekogas imam tocen ciklus mi doaga na 28-29dena,poslednive 2meseci dobivam na 22-24dena,od sto moze da bide?
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Секое добиено си е само за себе, исто ми е и мене. Промена на време, стресови, па и зголемена и намалена тежина влијае на циклусот. Немаш никаква причина за грижа. Ако добиеното ти е исто без разлика на тоа што ти доаѓа порано.
     
  19. Rapha

    Rapha Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    А после прв сексуален однос е нормално? Да се плашам ли од нешто повеќе?
     
    На Dinče55 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Да, нормално е, освен ако имаш неиздржливи болки.
    Јас после прв сексуален однос немав, ама тоа е поретко како мене, најчесто имаат.