Дали е нормално болки во кичмата? Како да ми е топло во долниот дел на грбот? Не боли, ама шубе ми е, некако нелагодност ми е. Веројатно немам проблеми со бубрези? За бубрежни болести немам генетски предиспозиции, мокрење се нормално.
Нормално е. Пази сега јас сум во фаза на добивање и два ноќа по ред не можам да спијам, де топло де ладно. И имам болови во долен дел на стомакот. Ама не доаѓа, ме мачи е тоа. Многу мокрам. Ќе помине,ако сакаш земи магнезиум малку да те смири.
Здраво девојки. Се работи за следново (да напоменам дека ме фати период на празници и дека од понеделник ќе одам на гинеколог). Јас имам нередовен циклус кој последен пат беше во ноември и значи без лекарства без ништо по нормален пат си дојде на 12 април меѓутоа денес му е 9ти ден и сеуште не е запрена а крвта е црна цело време и циклусот воопшто не е обилен туку е нормален како кога втор ден откако ќе дојде (девет дена е со исто темпо). Во принцип кога ќе добијам 2 до 4 пати годишно таа секогаш ми траела 7 дена но биле секогаш пропратени со болки и биле обилни. Ве молам за некој ваш совет и искуство. Благодарам на секој совет.
Здраво! Последна менструација ми беше 1.4. Овој месец добив на 2.4. Имав големи болки и крварење, но денес втор ден од циклусот нема повеќе крвавење. Ова прв пат ми се случува. Дали е ова нормално или има некој проблем? Фала ви.
Девојки здраво, Сакам да се посоветувам за мислење, само што се вративме од патување во странство на 22 Април самиот ден се појави кафен исцедок и помислив дека добивам иако очекував циклусот да ми почне за една недела подоцна. Но од тогаш до ден денес јас сеуште имам кафен исцедок кој воопшто не ми прекина само беше со различен итензитет, односно 3,4,5 ден буквално како да имав добиено само константсно се задржа кафената боја и во ниеден момент немав нормално крварење како претходно. Ова веќе точно до денес трае 2 ипол недели и навистина се плашам не би знаела за што станува збор. Периодот бев изложена на доста стресни ситуации. До сега ми се нема случувано ништо слично, секогаш сум имала навремено и со нормален тек на циклус од 5,6 дена максиум. **Пс. Нема потенцијална можност за бременсот чисто да го исклучам и тој дел.
Си проверила хормони? Од хормонален дисбаланс се случува ова исто може да е од стрес, сепак појди си на гинеколог за да каже точно што е и брисеви може да си направиш.
Колку денови ти трае менструација и дали сите денови обилно ти тече? Промена на клима, стрес, хормони се може да влијае сепак појди си на гинеколог или јави се консултирај се со матичниот.
Имам правено хормони пред неполни 6 месеци и се беше во ред и чисто без проблем. Закажав веќе и преглед меѓутоа додека направам испитувања и да добијам резултати ќе се убијам од мислење.... Ти благодарам сепак
Здраво, ми доцни циклусот веќе 22 дена исто така осекам чуден мирис последните 2 3 дена. Вчера бев на преглед, ми зема брис за пап и чекам резултати. Ми кажа дека нема ништо дека се е во ред дека се гледало дека ќе ми дојде менструација и дека така ми е организмот сум била склона кон воспаление и ми рече ќе ти препишам еден крем. За тоа што осекам миризба ми рече нема гајле ќе се исчисти.. Се работи за силаут кремата и прее кога ја земав од аптека прочитав во упатството дека уствари таа е наменета за ХПВ вирус. Совет дали да ја ставам или да почекам да стигне резултат од пап или кремата може да се употребува и за друго?
Здраво женски, последен циклус имав на 23 Април, на 14 тиот ден од циклусот имав 4 дена како црвено кафеав исцедок со што одма бев на гинеколог се е во ред и пап тест чист меѓутоа еве веќе скоро 40 дена не сум добила циклус. Дали некоја била во ваква состојба? П.с правев два теста за бременост и двата се негативни со што таа можност е исклучена
Zdravo devojki. Neznam dali e nomrlano pa resiv da prasam. Zosto pred ciklus mi se pojavuva proziren rastegliv sekret kako koga sum vo ovulacija. Znaci imam redoven ciklus I koga ke mi pomine ovulacijata imam bel sekret dve nedeli I posle denot koga treba da mi dojde ciklusot mene pocnuva pak rastegliv sekret I malku krv niz nego znaci samo toj den potocno migot koga mi doaga nekogas pocnuva so kafeavo a nekogas vaka potoa mi doaga nornalno e toa?
Здраво девојки, жени Имам редовна менструација од кога сум добила, па се до овој месец. И од кога се породив, после 4 месеци добив, и се регуларно од 28 до 30 дена ми трае циклусот, и по 5 дена менструацијата, од кој првите 3 пообилно. Овулацијата ептен си ја осеќам, имам обилен исцедок и слабо пецкање во јајниците. Мај спрема јуни, јас немав овулација, си знам, зошто според неа знам кога точно ке добијам. Па така и ми каснеше 10 дена, немав знаци на добивање. Земав да пијам прогестерон, 2 дена пиев и третиот веќе мислев добро е добив. Сабајлево треба да ми е втор ден, значи обилна, станување и трчање накај вц, ама ништо од тоа, си стој на улошката само тоа од вчера што протече малку Само на бришење имам, и тоа малку. Знам дека без овулација нема ни менструација, нема што да се чисти, ама многу ми е чудно што некако нагло без никакви други знаци ова ми се случува. Незнам причина од која ни можело да изостане овулацијата? Инаку имам 30г. Има ли некој вакво искуство, да му се деси ова, и од нареден месец се да е таман? Или одма да одам по лекари, по испитувања?
Направив и тест, нема бременост Не ни имав овулација јас :/ Пиев апчиња за алергија 2 недели, мислев дека од тоа доцни, но еве и кога добив, ептен е оскудна, што не е својствено за мојата менструација, не дека е обилна инаку ама нормална Ти благодарам, се мислам да почекам уште нареден месец да видам како ке биде, па ке посетам лекар ако е повторно вака Во меѓу време ке следам и овулација со тестови по 2 недели
А зошто да чекаш уште еден месец,не разбирам? Секогаш одбирате да си ја мачите душата, само да не одите на доктор. Не разбирам искрено.
Читам дека има циклуси без овулација и дека тогаш менструациите се по слаби. Не се створило жолто тело, па нема што да се исфрла Па викам да не е овој циклус таков да не правам одма паники. Затоа и прашав дали на некој му се има случено нешто слично, па од нареден месец да е во ред? Или дали некој знае од кој причини би можела да изостане овулацијата?? зошто дефинитивно ја немав овој месец Ке посетам гинеколог секако ако гледам дека не е нормална ситуацијата Едит: Дали некој по стручен знае дали антихистамините можат да делуваат на хормоните? Да дојде до хормонски дисбаланс тој месец кога се примаат, па со тоа, тој месец и менструацијата да се поремети?
Мислам дека од апчињата што ги пиеше за алергија придонело за тоа. Нормално е некогаш да имаш повеќе, некогаш помалку. Ако ти е за утеха јас месецов имав првите два дена обилна, третиот едвај три капки, четвртиот ништо, петтиот ден кафеав исцедок а пијам превентивна терапија за друг проблем. Така да, според мене нема простор за паника но ако сакаш дополнително направи си испитувања.
Ти благодарам Се јавив ми дадоа упат за обична крвна слика, урина и тироидна Ке почекам да заврши менс( каква таква) па ке проверам ова основново Матичната ми вика дека и од времето може да ми е, зошто и притисокот ми е многу паднат 90 со 60, имам и вртоглавици Хаос е месецов, и јас како времево