Docnenje na menstruacijata Плашење неплашење, ако се плашиме како млади да одиме на лекар што ќе биде во подоцнежните години кога здравствените контроли ќе ни бидат многу чести? Земи си книшка и картончиња и на гинеколог, може и на приватен доколку имаш средства. Не одложувај, може е само некое хормонално пореметување, може е и нешто посериозно но не мора да значи. Може се ќе се реши за само 1 недела, пиејки апчиња. Така да без страв оди на гинеколог. А мајка ти не примети дека ти немаш менструација? Кажи и не се срами, таа ти е мајка, па заедно одете на гинеколог. Не се плаши и не одложувај
Најголемата услуга што може да си ја направи една девојка е редовно да оди на гинеколог...тоа не мора да биде којзнае колку често кога се е во ред доволно е на 6 месеци, па уште ако насети дека нешто не е како што треба тоа е задолжително. Се што се открива во почетокот се лечи со апчиња и не е воопшто страшно...затоа сите девојки треба да го практикуваат гинеколошкиот преглед што е можно почесто Јас сум паталец и ви кажувам од исклуство... поздрав
Прв пат добив пред едно 5-6 години, а сега имам 18 год. Ама менструацијата не ми е редовна се' уште. Секогаш ми доцни по 2-3 месеци. Дали би требало да посетам гинеколог или...? Исто така, имам почесто и односи што повеќе ме загрижува, а до сега не сум била ниту еднаш на гинеколог....
Значи под итно да одиш на гинеколог. Тоа ти е мој совет. Активна си сексуално, прво поради тоа, а второ, ти доцни по 2-3 месеци? Мислам дека не е во ред така да си седиш и да чекаш. Посети си гинеколог, ќе ти се отстранат сите сомнежи, ќе си бидеш помирна и нема да се секираш Позз
Менструацијата не ми е никогаш редовна имаф на 14ти јануари па на 8ми февруари и овој месец ми доцни веќе 8 дена.. имам вртоглавици,често мокрење,и мали болки во стомакот.. но незнам зошто сеуште немам добидено ??
малечка 17 освен овие симптоми дали си имала сексуални односи,и дали тие биле без кондом?пиши ни?а секако да се јавиш на гинеколог,ако се е во ред со половите органи можеби проблемот ти е ендокринолошки со хормоните,па тогаш ќе те насочат на други испитувања
Може ли да ми кажете на колку години добивте прв пат менстуруација? Дека јас имам 13 години (можеби ќе кажете дека не ми е местото тука , ама ме интересира) а сеуште немам добиено. Малце ме плаши тоа. Дали е нормално или нешто не е во ред со мене? По дома ми викаат дека треба да примам повеќе протеини и слично. Сакав да побарам ваш совет.
Нема зашто да те плаши, јас добив некаде на 16ипол години кај секој е различно некои од моите другарки добија и покасно од мене, се си е тоа нормално уживај додека не дошло тоа зашто после тоа...
Имам 19години не ми доаѓа редовно..не сум сексуално активна и за тоа не се плашам многу пред неполна година бев на приватен гинеколог, на ехо ништо немав, правев испитување на хормоните и се ми беше во ред, гинекоголот ми кажа дека не е ништо страшно, ќе ми се регулирало одкако ќе сум почнала да имам односи или пак кога ќе забременам..
Истото е случај и со мене и мене не ми е редовна но кај мене е заради полицистичните јајници. Но, и мене истото ми го рекле ќе се среди со тек на време
Како што се сеќавам знам и ми викаше преку зима обавезно нозете да ми бидат топли.. А и познавам такви личности на кои не им доаѓаше редовно и одкако почнаа да имаат секс се се среди
Познавам и јас многу такви ни јас сеуште не сум сексуално активна во поглед на вагиналниот секс( останатите не се сметаат ) Ќе се среди сигурно само што малце е лошо тоа што не можеме баш да си ги пресметаме плодните денови а, и понатака коа ќе настапи бременост , изоставувањето на менструацијата нема да ни е основниот показател..но што е тука е
Епа ако ни се регулира значи ќе можеме да си пресметаме... а за забременување, секогаш ќе се сомневаме дали е поради тоа што порано сме биле навикнати да ни доцни или е поради нешто друго : )
Откако станав сексуално активна почна да ми доаѓа редовно сега ми се случува за прв пат да ми касни и тоа неколку дена. Одамна ми се нема случено да ми доцни. Два теста направив и двата се негативни и навистина незнам што е проблемот. незнам дали да почекам уште малку или да одам на гинеколог. ве молам за совет
Јас би ти советувала да не чекаш. Појди на гинеколог, ќе му објасниш се и ќе видиш што ќе ти каже. Само така ќе си најсигурна. Вака со седење и чекање ништо не постигнуваш. Позз и без нервоза
па немора да значи дека си бремена може да ти доцни и од стрес или ако си настинала.почекај уште некој ден.......ама чисто онака добро е и да си одиш на преглед
А зошто понекокаш менструацијата е црна како кафе ??? Освен хормонално пореметување др. нешто што би можело да биде??