Секој месец исти симптоми. Хормоните сите ми се најок. Ама баш ова што се дешава последниве 2 месеца ме замисли баш Не сум имала никогаш Панични напади, не знам тоа тешко дишење и стискање во градите може да се дефинира како Паничен напад
Јас имам некои исти симптоми, обично тоа се физичките, а психички секогаш е различно, ако немам пред циклус имам после циклус и така во круг. Со текот на годините барем кај мене стануваат потешки симптомите, или пак како млада, средношколка не им обрнував внимание освен што тогаш имав страшни болки, сега па тоа немам ама психата ми е скрос никаква. Во средно се сеќавам не пуштија од школо и ме фати таков налив на нервоза уште се сеќавам на моментот дури и на плачка ме тераше, додека стигнав дома јас добив. Значи ми траеле не повеќе од два часа. А сега скоро две недели, одма после овулација
Нервозата не ја бројам, тоа некако вообичаено е тој период Излив на емоции, нервоза. Стварно некако ср зачудив, фала ти што сподели
Во врска со оскудната менструација сакав да надополнам, бев кај матичната, вагинално ехо ок. Ми даде да испитам хормони на 14 ден од менст, тоа ми паѓа во четврток но бидејќи ќе имале најверојатно продолжен викенд, ми мереше фоликул и рече според таа големина како што ќе расти можам и во понеделник да испитам (тоа ќе ми е 11ти ден). Се надевам дека веродостојни ќе бидат резултатите со оглед на тоа што ќе испитувам 3 дена порано.
Јас сега добив. И мене дишењето ми е тешко за првпат. Се зачудив, какви црни мисли ми поминаа во глава. Сега читам дека и другите ги имаат истите симптоми. Во тинејџерските години не осеќав ништо, скроз ништо од симптоми.
Јас до пред 1ипол година немав некои јаки симптоми, болка во стомак ама поднослива, од тогаш навака многуу поизразени симтоми првите 2 дена лежев и се виткав од болки. Летово истражував и сфатив дека таквите симптоми спаѓаат во Дисменореја(болен циклус), истражував и што ги предизвикува, кај мене причината била Ниско железо. Почнав со суплементи, чај од коприва и од Октомври навака тие 2 дена што ги лежев почнав да ги поднесувам како пред тоа кога немав мака, ама ете сега се јави овој нов симптом До некаде должам и на годинките, газам накај 30ка
Еве денеска дишам најнормално, земам длабок здив. И летово еднаш така потешко дишев, ама мислев дека ми е од физичка работа, мислев дека е поради топлото. Епа пиј какао за железо, јади зелена храна, спанаќ. Може нешто и со храната да сме утнале кога се тешки самите симптоми. Среќни празници, не се грижи. Мене тоа тешко дишење ми траеше 24 часа. Дури и на рак на бели дробови помислив, а никогаш не сум пушела цигари.
Среќни празници и на тебе Не се секирам во таа смисла, само дека е нешто ново што до сега го немало, чудно ми е дур го навикнам тпј симптом Иначе и јас некогаш имам такви мисли за болести и слично
Дали сте приметиле кога имате најмногу промени и доцнења на циклус? Јас декември и јануари, скоро секоја година. Посебно во јануари обавезно си имам доцнење по неколку дена инаку горе долу редовно си добивам. Можно е од овие промени на времето на зима толку да се пореметува?
Zdravo Vekje 2 cikluva po red mi doaga 7 dena odnapred. Koi hormoni spored vase iskustvo e potrebno da se ispitaat i dali imal nekoj slicno iskustvo? Porodena pred 16 meseci, ciklusi si dobivam posle 3 mesec od poragaj, i od togas pocnaa poobilni da bidat
Хормони на 3 ти ден од циклус испитај, после ако треба дополнително ќе ти кажат. Јас кога испитував комплет сите така барав. Ако си од Ск и на државна можеш ама кај нас има еден, два хормона и на приватно барав пакет за сите.
Колку оскудна, со по некоја капка? Ако ти ги е дал доктор не е страшно. На своја рака не би. Ама еве читам и со оскудна се е во ред. Јас пред неколку години имав обилна до степен да ми протопува постојано. Со Ц вит се средував. Сега ми е нормална.
На оскудна мислам на тоа што првиот ден имам онака не премногу, кога одам во тоалет сепак гледам дека има, ама вториот ден веќе многу помалку само како валкање и третиот ден нема ништо, можам со еднодневна влошка да поминам. Намалување на крв осетив после 30тата година, сега имам 37 и едно детенце (дури и пред да останам трудна стравував да не влегувам во некоја рана менопауза). Инаку, ми иди навреме, овој пат ми подрани 2 дена но не го сметам тоа за некој проблем. Вагинално ехо беше ок, испитав хормони на 3 ден, еве ги рез. па поради пониско ниво на естроген и прогестерон, др ми рече за да имам поцврст ендометриум да пробам со овие таблети.
Штом доктор ти е кажал така не е страшно. Другарка ми е цел живот со ептен оскуден циклус со родено 3 деца има 38 години.
Дали сте имале искуство, ми доцни 10 дена, не сум бремена а месецов бев многу болна, два пати пиев антибиотик, мислам дека е заради тоа?
Мене секогаш ми доаѓа по 4-5 дена порано, а понекогаш се случува и повеќе. Хормони имам испитано се е ОК. Докторката ми имаше дадено нешто како додаток на исхрана ама не се сеќавам што беше, не го зимав.