Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Машки
    Треба многу повеќе едукација на темава, не зборувам само за тебе, генерално, ама го искористив твоето мислење, затоа што да се има повеќе едукација нема за вакви банални работи да паничите и пишувате по форум.

    Жените имаат многу јајце клетки и за време на циклус се трошат дел од нив и влегува во менопауза затоа што нема повеќе јајце клетки.

    Рана менопауза е помеѓу 40-45та година, а предвремена е пред 40та.

    Дали ќе влезеш во рана или предвремена менопауза многу малку влијае кога си добила прва менструација, нема период од х години колку трае менструација, кај секој е индивидуално и зависи од повеќе фактори: генетика, болести, физичка активност, начин на исхрана...

    Менопаузата не се случува одеднаш, долг процес е, и ќе имаш многу симптоми не е само едно обично доцнење..

    А тоа што сега после толку редовни циклуси си имала еден не редовен може да е од повеќе причини..

    Ако си загрижена можеш да отидеш на гинеколог и ќе ти ја испитаат состојбата на јајце клетки.