Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    561
    Нормално е, на некој мутребаат месеци па и години за се стабилизира циклусот...Уживај и не се плаши, нормално е, ќе се оправи работата за некое време :)
     
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Веќе 10 години имам менструација па уште не ми се регулирала... некои викат наследно е тоа, ама еве дома мајка ми . тетките сите си имаат редовен и регулиран циклус. Поздравчее
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Бидејќи многу од нас сме загрижени кога некогаш ни доцни, па прашуваме од што може да е така, загрижени сме да не е бременост во прашање и т.н. најдов одлична статија која дава одговор на ова прашање. Повелете :)

    Зошто Ви доцни?
    Иако бременоста е најчестата причина за отсутен менструален циклус, многу пати кога им доцни менструацијата жените се сигурни дека не се бремени. Па, кои други состојби можат да предизвикаат доцнење или отсутно менструално крварење (аменореа)?

    1. Дали доите?

    Мајките кои дојат, често пати ќе имаат аменореа, иако овулацијата се уште е присутна и можно е забременување и покрај тоа што немаат менструација.

    2. Дали чувствувате дека сте под голем стрес?

    Емоционалниот стрес е уште една причина за отсутна менструација. Вообичаено, елиминирањето на стресот ќе го регулира менструалниот циклус.

    3. Каков вид на лек употребувате во моментот?


    Одредени лекови како контрацептивите, оралните кортикостероиди, антидепресиви, антипсихотици, лековите за регулирање на тироидната функција и некои хемотерапевтици можат да доведат до аменореа.

    4. Дали сте ја провериле функцијата на Вашата тироидна жлезда?


    Многу жени страдаат од недијагностицирана болест на тироидната жлезда.

    5. Дали се храните здраво?

    Жените кои се потхранети или се екстремно под нормалниот индекс на телесна маса можно е да имаат доцнење на менструацијата. Ова често се случува кај болните од анорексија или булимија.

    6. Колку многу практикувате физичка активност? Дали танцувате или спортувате?

    Енергичните вежби или атлетските тренинзи можат да предизвикаат аменореа.

    7. Дали боледувате од хронична болест?


    Ако имате некоја хронична болест или сте болни веќе подолг период, менструалниот циклус може привремено да задоцни. Тогаш кога ќе оздравите, циклусот ќе се врати во нормала.

    8. Можеби имате хормонален дисбаланс?

    Полицистичниот оваријален синдром е честа форма на хормонален дисбаланс која што може да предизвика аменореа.

    9. Тумор на хипофиза


    Иако ретко, туморот на хипофизата (вообичаено бениген тумор - пролактином) може да предизвика прекумерна продукција на пролактин со што се попречува нормалната регулација на менструалниот циклус.

    *Ако менструалните циклуси се отсутни повеќе од 3 пати, а се уште не сте побарале професионален медицински совет, време е да побарате соодветна медицинска грижа за да се одреди причината која довела до тоа. Само квалификуван здравствен работник може да ја одреди причината за аменореата.

    Во оваа смисла треба да обрнете внимание и на други симптоми и знаци, како што се:

    Главоболки;
    Губење на влакнетоста;
    Промени во видот;
    Исцедок од градите или продукција на млеко.

    Докторот може да употреби разни тестови и техники за поставување на дијагнозата на аменореа.
    Третман на аменореата

    Начинот на кој аменореата се третира зависи од причината. Третманот може да биде едноставен, од типот на промени во животниот стил (исхрана, вежбање, намалување на стресот), до употребување на хормонска супституциона терапија, како и други соодветни лекови.

    други теми од оваа рубрика:

    Дисменореа
    Орални контрацептиви - повеќе од само пилула против несакана бременост

    преземено од : http://www.doktori.mk
     
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Јас нешто слично... Пред 8 години прв пат добив и уште не ми е стабилизирано! Многу се нервирам, не можам ни еден одмор да испланирам предвреме |( Кај мене најверојатно е наследно, затоа што и мајка ми имала нередовен циклус. Гинекологот ми вика на нервна база ти е (како и секој мој здравствен проблем |()
    Читав некаде дека за стабилизирање на циклусот влијаел чај од ајдучка трева. По една шолја секоја вечер , и така еден месец. Ама немам пробано за да знам дали има ефект :?:
     
  5. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Јас сум од Куманово и тука има една специјализирана продавница за природни чаеви, од секаков вид, за најразлични болести. Сум пиела од нив и со сигурност тврдам дека помагаат, а и доаѓаат луѓе од цела Македонија за тие чаеви, така да ако сакаш ќе ти пишам порака во ЛП со број за да исконтактираш.
    Позз :)
     
  6. Mawata77

    Mawata77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Што може да ми се случи ако се искапам на плажа додека имам?
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Може да закачиш некоја инфекција, тогаш си најподложна на такви работи. Стави си тампон и решен проблем. :)
     
  8. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Со пиење повеќе пати витамин Ц во текот на денот може да се намали течењето малце? |( :tmi:
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас од кога добив (година ипол) никогаш не ми е редовно. :worried:
    Првите неколку месеци многу рано добивав, па ај еден период на време и последниве месеци (од ноември негде) кога почна да ми касни, бре човече 5 дена минимално, а може и по 10 да ми закасни некогаш. :o
    Еве сега болна сум и антибиотици пијам и којзнае кога ќе ми дојде (еве и ми касни више :worried: ).А летово иде и се на трепет сум кога ќе добијам, на базен незнам кога да идам, многу се нервирам вака :worried: :@
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Обично првите две години по добивањето, менструацијата е нередовна, а со тек на време се регулира. Не е ништо страшно, и мене ми беше така на почетокот.
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Предминатиот месец добив на 24ти пред него на 21ви, минатиот на 17ти. Сакам месецов да добијам некој ден пред 17ти, зошто очекувам и после 17ти да добијам а тоа не ми одговара заради одмориве, во јули одам на одмор 15-16ти и не мислам пак како пред некое лето да чмаам на плажа а со тампони не сакам работа да си имам никогаш не сум ставала језиво ми е :worried: А менструацијата ми трае 6 дена :@ Ме интересира како да ја убрзам да дојде (малце глупо али ај) стомачни да праам, нервози доживувам веќе и стресови, нешто да добијам порано ? Бар утре-задутре еве нека добијам, ама да не е после 17ти зошто ми пропадна одморот :worried: Што мислите женцки ? :sun: :o: :muscle:
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Плавуша има во аптека да се купат апчиња да не ти доаѓа дур ги пиеш . Кога ќе престанеш да ги зимаш добиваш тој или другиот ден .
    А да , и моја другарка 2 лета по ред ги пие и ништо лошо не и се случило , немаат некој негативен ефект ..
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Аха ама страв ми е така а ја ко шо сум си паничарка :lol: Сакам некако побрзо да добијам минатиот месец трчкарање навака-натака и оп добив 1 недела порано а баш ми одговараше да добивам околу 24ти |( И сеа да видиме месецов коа ќе добијам, не дека според овој ќе знам за следниот ама пак :worried: Тоа со апчињата добра идеја е, само не знам колку е за мене :emo: Едит: Колку коштаат за сваки случај :wasntme: ?
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Е не знам , ама не би требало да се скапи . Јас секогаш кога не треба добивам. Не се нервирај , опушти се .. и ќе добиеш , немај гајле :lol:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929

    Не се тоа контацептивни пилули? Мислам дека нив ги користат за оддолжување на менструаццијата. Не е препорачливо да ги земеш без одобрение од гинеколог.
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ау не што ќе ми се такви :worried: Ништо, по природен пат и со молитви да дојде што побрзо ради одмориве :@
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Може да ги пие за регулирање на менструација, јас затоа ги пијам. Нормално под надзор на лекар, мене ендокринолог ми ги препиша. Некои ги користат и за екстремни случаи на акни, а јас морам да признаам дека освен црнки и некои масни ткива, акна во последниве 3-4 години ми нема испаднато. :)
     
  18. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    тие апчиња се обично контрацепција и содржат хормони. се земаат исклучиво по препорака од доктор. А и во тој случај мора да се пази, докторот да биде стручен зашто кај нас без никакви тестирања се препишуваат хормони,а јас имам другарка во странство, сакала да почне да пие контрацепција, била на доктор, и направиле неколку тестови и на крај и рекле дека не смее да помисли никогаш да пие апчиња за контрацепција бидејќи според анализата на крвта што ја спровеле, нејзиниот организам не е погоден за ваква терапија и можат да и се случат сериозни пореметувања. така да ВНИМАТЕЛНО
     
  19. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Јас секогаш имам болки за време на циклус ама многу ме болат и нозете-цели.Имам и болки во грбот ама нозете ме мачат премногу,а ги осеќам и мн.тешки.Дали е нормално ова?Дали некоја од вас го има истиот проблем?Посебно првиот ден.Иначе пијам кетонал капсули.
     
    На maybelline му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    И мене првиот ден ми е пеколен. Имам страшни болки, и во стомакот, и во половината а и нозете ме болат, баш како што ти опишуваш, тешки ми се некако. И вториот и третиот ден најчесто имам болки, ама не толку силни како првиот ден, кога буквално едвај од кревет станувам. Инаку јас пијам Кафетин менструал, по две одеднаш, и колку толку ми помага.