Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Можеби има, но не најдов тема МЕНСТРУАЛНИ БОЛКИ, па затоа тука ќе пишам.
    Сите кои имате болки во стомакот пробајте да се напиете чај со цимет (канела), за 10-15 минути поминува.
    Случајно во емисија Dr.Oz (Господ здравје да му дај) го спомна ова, и следниот пат бидејќи немав кафетин менструал, пробав, и еве неколку месеци не користам апчиња, само чај. :)
    Се надевам и вас ќе ви помогне
     
  2. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900
    Веќе три дена имам менструација но не ми е како обично, имам само по неколку капки крв за цел ден, освен кога одам на трчање. Прв пат ми се случува ова и навистина сам исплашена. Некој да знае од што може да биде?
     
    На Овесна снегулка му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Девојки..има ли постот влијаније врз менструацијата? Дали би можела да касни заради постот?
     
  4. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Девојки само да ве потсетам дека претходниов месец имаше помалку денови, а со тоа и ќе се пролонгира вашето добивање, да не мислите дека е каснење.

    Ова чисто онака, за тие што не размислиле на таа тема или чекаат точна дата за да им дојде ;)
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Се случува. Размисли дали си имала некој поголем стрес изминатиов период, или па да не си сменила некои навики во исхраната, спиењето. Исто така и промената на климата може да влијае, како и некое хормонално пореметување.
    Ако има зошто да се сомневаш, направи и тест за бременост. За секој случај.
     
  6. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Сакам да прашам дали смее да се прима вакцината ХПВ (втора доза) за време на менструација? Денес ми е прв ден кога добив, а утре треба да ја примам втората доза од ХПВ. :)
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Е вака сега.
    Приметив дека изминативе 4-5 мензиси ми само по два дена. (значи денот кога ќе добијам, и наредниот ден)
    Крварењето е обилно, не можам да се поместам од кревет додека трае. После два дена немам ниту капка крв. Дали организмот си е приспособен така, или нешто друго е во прашање?
     
  8. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Девојки незнам што се случува со мене од февруари немам добиено менструација точно 47 дена. :|
    Ќе екслодирам веќе , нервозна сум , чувствувам некоја мачнина ,тежина, раздразлива сум во однесувањето а и на лицево ми излегуваат нови акни а забележав дека и по телото и деколтето а досега сум немала проблем :worried:
    Совет барам !! :(
     
  9. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    Овој месец имав страшни болки пиев чаев апчиња витамин итн но во исто време бев настината пиев сируп и таблети еве 5 ден ми е од менструацијава не ми тече крв но имам кафен исцедок значи темна кафена боја можеби ми е од премногу апчиња и сл ,но дали и кај вас е толку темен исцедокот ???ова прв пат вака ми е,мислам да идам на гинеколог пишете ми се напнав :( :( :(
     
  10. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    нормално е
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Еве вака, ако на некој ова му помага. Јас имам многу темна меструација особено првите и последните денови. Буквално парчиња излетуваат од мене а никако физичка активност првите неколку дена мачно ми е. Понекогаш ми помага туширање, чај од нане, аналгин, кафе.
    Моето прашање е за ПМС. Кај мене најчесто се манифестира со бруки, промена на расположението, болки, надувување итн. Но тоа ми почнува понекогаш дури и една недела после менструацијата и трае до следната. Да не има некој совет за тоа? Единствениот симптом што не ме изневерил е без разлика кога си ја мијам косата таа е мрсна кога ќе добијам (најчесто во сон). Исто така нормално ли е драстично да се зголеми одењето во ВЦ?
     
  12. D--i

    D--i Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo jas imam problem so menstruacijata odnosto otkako prv pat dobiv na 14 godini pa navaka mi se slucuvalo i po eden mesec da nemam odnosno sekogas mi e na razlicni dati i vo godinata 3 meseci da nemam. Imav decko godina ipol i mi se sluci ednas da nemam poveke od mesec ipol napraviv test mislejki da ne sum bremena no nemase nisto si dobiv. A sega posleden pat imam dobieno na 01.01.2012 eve uste nemam zemav test nema nisto nezz sto da pravam veke dali moze nekoj sovet da mi kazete sto da napravam.
     
  13. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900
    Женски, последната менструација ми беше на 25ти март, но не ми течеше многу малку, не како обично, имам пишано и во темата, но еве денес гледам повторно имам крв на гаќите. Чудно ми е затоа што обично ми доаѓа на 35тиот ден, а сега на 20тиот. Некој да знае од што може да ми е, да не се грижам непотребно?
    Ви благодарам однапред и среќни празници!
     
  14. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    јас мислам дека не треба многу да се грижиш,и мене ми се случи така 2 пати и јас се загрижив,но отидов на гинеколог и ми рече дека се е добро,нема ништо лошо.......така да мислам дека не треба да се грижиш,а ако ти се случува многу пати оди на гинеколог... :)

    и на вас срекни празници.. :)
     
  15. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Телото има мистериозни причини. Ако се чувствуваш истот како кога имаш менструација не е ништо. Ако нешто поинаку си правела, јадела, може да е од тоа. Секоја промена влијае, но немора да е проблем. :)
     
  16. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Мене ми дојде овој пат 8 дена порано, потполно неочекувано, минатиот месец ми дојде на 23ти и точно претходниот ден имав односи. Оваа ми дојде на 13ти и пообилна е, првиот ден беше некако кафено па цел ден немав дури вечерта забележав крв на влошката. Исто пред да ми дојде малку ме болеше стомакот. Што може да е причината? Оти секако не сум пиела антибиотици или др. апчиња пред да ми дојде, ептен чудно, никогаш не ми подранила..
     
  17. noname89

    noname89 Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво ! сакам да ве прашам многу сум загрижена....менструацијата ми е нередовна ми каснеше еднаш цел месец, и отидов на гинеколог ми препиша дабростон за да ми дојде менструацијата...ми најде водена циста ми препиша апчиња за цистата.... од дабростонот ми дојде менструацијата и ги испив апчињата за цистата.отидов на контрола и беше се во ред цистата беше прсната...но сега повторно ми касне 12 дена без апчиња само еден месец ми дојде а сега немам уште дали е можно да се работи за вонматерична бременост или нешто друго веке неколку месеци е вака?????помош фала однапред...
     
  18. noname89

    noname89 Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site ke ve molam za odgovor..........imam neredovna menstruacija postojano mi kasne.....na ginekolog odam mnogu pati...denes bev i mi prepisa Qlaire (Klaira) tabletkite za ureduvanje na ciklusot dali nekoj gi piel dosega ve molam za odgovor tie se i kontracepciski neznam dali da gi pijam???????
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку месеци имам многу кратка менструација. Два дена ми трае со минимално крварење и потоа престанува. Дали е можно да е од апчињата Кетонал Форте што ги пијам? Сум слушнала дека поголемо нивно конзумирање е штетно, меѓутоа јас пијам по едно во месецот (имам болни менструации и единствено од ова апче ми поминува). Има ли некоја друга ваков проблем? Мене не ми пречи, но искрено ме загрижува :)
     
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Можно е од апчињата пократко да трае и минимално крварење да имаш,Кетонал се јаки апчиња,пробај со Кафетин менструал....јас ги користам нив ми помагаат,а не ми ја пореметуваат менструацијата
    А за болките пробај со топли облоги и со мирување првиот ден..... :)