Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Последен пат кога добив беше на седми јули и ми траеше некои 5-6 дена ама не беше како претходните, туку многу малку крв имав во текот на сите денови, сега денес гледам дека пак сум добила, ама повторно така малку крв и плус крвта ми е многу, ама многу темна, што ми е некако необично и ме плаши. Значи бојава е кафеава, ама темно кафеава. Дури на црна ми делува кога ќе се загледам.

    Инаку уште кога за прв пат добив некаде во 2009 не ми е редовна. Пред јули имав добиено на 16 април, а многу пати се случувало да ми доцни и по четири - пет месеци. Да не знае некој што е? Дали да се потресувам за бојата на крвта или не?
     
  2. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    i toa kafeavoto e krf se cistis ne e strasno
     
  3. kravata

    kravata Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    дали е точно тоа дека ако пиеш витамин ц, менструацијата ке ти дојде покасно ?
    многу се нервирам,задутре одам на одмор , а требаше да добијам на 8 и ми касни, и сега ако добијам на одмор ке се убијааммммм :@
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.232
    Пол:
    Женски
    Да не си била под стрес, нервози ? Исто и тежината има влијание, ако случајно си ослабела ...
    Најверојатно ќе да е зашто уште не ти е регулиран циклусот, нели 4-5 години се потребни да се навикне организмот редовно да го обавува процесот.
    И мене така ми се случуваше извесен период, дури се случуваше да добијам два пати во еден месец, а од моето прво добивање поминаа речиси 5 години и уште не е редовна. |(
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ме кине стомак од добиено а неам во мене кафетин менструал. Освен аналгин што друго можам да се напијам од овие рандом апчињава за да ми се смири? Од кетоналот тече многу, не се сеќавам само еднаш имам пиено?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Можеш да пиеш обичен кафетин, баралгин, спазмекс, ибупрофен... што ти се наоѓа при рака :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас пијам секој месец Кетонал Форте и немам приметено нешто такво.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Леле мене денес ми дојде стомакот ме изгоре од болки,неможам веќее...... :devil: Пробав да држам топло крпче на стомак уште поќе ми течи....Помош!!!!!
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    луѓе последноте неколку месеци имам проблеми со менструацијата, значи не се работи за болка во стомакот тоа е неспоредливо со она другото што ми се случува. незнам дали ќе можам да објаснам бидејќи такво ужасно чуство не се опишува. значи покрај болките во стомакот, сега имам проблем со целото тело, како да имам внатрешна температура, ми се повраќа ме боли целото тело, ме тресе, толку ми е лошо што често и плачам од болки. еве сега ми доцни но денес истите симптоми ми се јавуваат. не би сакала истото пак да го поминам. дали има некои апчиња или нешто што би го спречило ова? се оди ли на гинеколог за вакви проблеми?
     
  10. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Мене од кетонал како да ми стопира менструацијата, така што првиот ден
    кога на сите им тече најмногу мене
    едвај ми тече. Изгледа кај секој различно делува... :?:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Кај сите е различно и затоа ака делува бидејќи организамот не е ист кај сите.. :)
     
  12. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Кај мене циклусот е катастрова една година е нормален една измешан сосем со каснење е сега имам многу болна менструација првиот ден посебно и ми рекоа дека аналгинот никако да не се пие за време на менструација демек ја запирал што мислите вие за тоа какви се вашите искуства со аналгинот? :)
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^И јас имам слушнато така, ама и прашање е колку може да ти помогне аналгинот, подобро земи сi кафетин-менструал или некои други за стомак :)
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.232
    Пол:
    Женски
    ^ Јас пак без aналгин не можам да се замислам а време на циклус, само тој ми прија. Ако се напијам Кафетин менструал на пример, исто ко да не сум се напила. :|
    Напротив, тече како лудо - мене секогаш циклусите ми се прилично обилни, така да немам приметено како што викате, демек го запирал течењето. :^)
    Комбинацијата од аналгин или било какво апче и една чаша чај од било каква тревка - нане, мента, ајдучка трева (ајдучката трева и нането ми се најдобри) и болки речиси и да нема.
    А напоменувам дека имам ужасно болни циклуси, проследени со повраќање, лошење, губење апетит, исцрпеност ...
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Можеш да одиш или кај општ лекар, или кај матичниот гинеколог на еден подетален преглед, па ако треба и хормонски преглед, важно да се открие причината зошто така се чувствуваш (ама најверојатно ќе ти кажат стресот и самата менструација во едно :?: ). Можеш да пиеш апчиња против болки, ибупрофен или слично.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Имам слично добивање на циклус како тебе. И тоа од самиот почеток кога добив за прв пат. Кога добивам, не мрдам од кревет, нозете ми се како парализирани, болки во мускулите на цело тело, со ужасно неподносливи болки, исто како да сум болна од грип само со уште поголеми болки :tmi: .
    Понекогаш од толку болка, ни таблети не ме смируваат.

    Сега најдов еден ефикасен лек (природен, зашто не сакам таблети).
    Кога треба да добијам и кога добивам мали симптоми и тапи болки, пијам чај од нане (доста јак, приготвен со 2 филтер кесички). А потоа најважното.
    Едно чашенце ракија од нане (во 1 литар ракија се става свежо нане и се остава да стои најмалку 2 недели, потоа се прецедува и се пие по потреба).
    Искрено, од едно чашенце ракија, мене ми поминува се и тоа за 5 минути. Немам болки и се си е во најнормален ред :) .
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Како бе ви помага чајче или андол/парацетамол/кафетин а викате имате силни болки :)

    Јас кетонали на секои 6 саати, чаеви, шишиња со топла вода, топла ракија на крпче ми ставаат и пак не поминуваат скроз, па секој месец имам по 3-4 "пораѓања", ќе поминат 6 саати од последното апче и психички и физички си се спремам за 1 саат неиздржливи болки :)

    Наследно ни е нас, баба ми, мајка ми, сестра ми, јас :(
     
    На Unfaithful18 и rossonerka им се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Вака, секогаш кога сум имала менструација ми течело по малку. Влошка сум менувала на 4-5 сати и тоа не била цела полна, затоа и на толку време. Да речеш цела бела со едно топче од пинг-понг црвено.
    Ама овој пат, втор ден денеска ми е, станувам и гледам влошката цела црвена, од почеток до крај, бело не се ни познаваше. Значи ми течело обилно. Има место за паника зошто толку ми течело или нема?
    Никогаш олку сум немала, за што се работи?
    Не ми се смеете ама ми е страв да не искрварам многу :x
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Приметив дека кога ставам тампон наместо влошки помалку трае. :)
     
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.145

    И јас бев така пред два месеца, вториот ден менував влошка на 1-2 саата, како што викаш ти, немало бело место на неа. Али тоа беше само вториот ден, третиот веќе си беше нормално и еве веќе два циклуса од тогаш си е нормално, немав толку обилно.

    Е сега, ако и утре и останатите денови ти е така, мислам оти треба да си одиш на гинеколог. Пред 4-5 години, јас бев бетер од тебе, 2-3 дена Вардар буквално течеше од мене, али ми дадоа едни апчиња и ми се смири крварењето, наредниот циклус си беше најнормално. Али ги пиев 2-3 недели мислам тие.

    Ако ти е само денес така, немаш потреба од секирација, навистина. Може е од времето, или од стрес, секакви причини може да се најдат. Али ако продолжи и наредниве денови, отиди на преглед. :)



    Немој да пиеш веќе аналгин, не го запира, туку го зголемува крварењето! :!:
    Мене ова ми го има кажано мојата матична, јесте да е она само по општа медицина и се тоа, али ова ми го спомна и ми кажа да не сум пиела ако имам некои болки.
    Сега, не мора да значи дека од тоа ти е тебе толку обилно, али секако мислам дека помага.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.