Здраво девојки Вака сега. Имав редовен циклус долго време, но во последно време се пореметува, последниве 2-3 месеца добивам дури на 35-36 ден од кога последен пат сум добила. Еве сега овој месец требаше да добиам најкасно до 11 ама се уште го нема. Утрово направив тест и не сум бремена , а пмс уште немам никакви. Ни гради ме болат, ни ништо. Предходната недела имав забоболки и пиев вентор и налгесин с можно ли е од тоа ми доцни? Ви благодарам
Мене втор пат по ред ми се случува да добијам за неполни 20 дена. Во септември ми беше така да ја наречам, последната нормална менструација, добив при крајот на месецот и за 20тина дена, веќе од месец октомври добив пак. Ете од крајниот ден на последната менструација поминале речиси 20 дена. Циклусите ми се вообичаени, болни и мачни, а други некои проблеми немам. Дали е можеби од многу стрес ? Ззашто се нервирав прилично многу изминатиов месец, а јаки антибиотици и слични работи немам пиено. Ептен ме секира оваа ситуација, си ја сакам нормалната ситуација назад. Има ли некоја друга ваков сличен проблем?
значи вакаа...овој месец веќе еднаш имав менструација,но вчера повторно ми дојде,после 16 дена...да напоменам дека бев под стрес поради колоквиуми...дали тоа е нормално или имам некаков проблем??
најверојатно ти е од нервоза и стрес и мене ми се имаше случено еднаш да ми дојде два пати во месецот не е ништо страшно не се секирај
Нормално е да добиеш два пати во месецот, во ред е да се случи еднаш, но ако се повторува тогаш има проблем.Јас малку сум скептик дека може стресот да биде причина за тоа, знам дека може да прави проблеми,но да одложи циклус или да биде причина за да се случи два пати во месец, некако не ми е баш релевантно.Тоа веќе мож до хормоните да е или друга причина.
Девојки дали на вашите мајки им се има случено истото ...мама има 45 години , не и доагаше по 2-3 месеци или па еден месец ке и дојде друг не ...но сега овие 2-3 месеци и доага по 2пати во месец и многу крвари се чуствува слаба и бледа е дури ...... ???????
Посоветувај ја мајка ти да посети гинеколог. Може станува збор за климакс (Мајка ми има 45 години и влезе во климакс со истите симптоми) Таа имаше покрај климаксот и друг проблем, но не би сакал сега да те загрижувам. Најубаво да оди и да направи ПАП-тест, ќе и направат и ехо и ќе и кажат за што точно се работи.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Девојќи, 6 ден ми е од менструацијата и еве кога напнам, сеуште ми тече нешто како кафеаво....Преплашена сум, зошто волку многу....6 ден а тоа не престанува.... Дајте кажете ми акј вас како е? По колку дена ви тече и како? Фала ви однапред
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Мене ми трае 7 дена незнам зошто си загрижена нема потреба,нормално е тоа.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори девојче колку години имаш ти? првпат ти доага менструацијата ? нормално е да тече кафено пошто веке е при крај и се цади кај некој трае 4-5-6 кај некои 7 дена али незначи дека ако секогаш ти трае по5 дена дека неможе месецов и 7 да трае
7ми ден од менструацијата ми е, но кога отидов во ВЦ сега забележав дека сеуште кога ќе напнам тече нешто како посветло кафеаво... Нормално ли е 7ми-от ден вака да е?
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Не сум нова, но ме загрижи ова...Денеска ми е 7ми ден и гледам дека веќе не е толку кафеаво, дека е малку посветло тоа...Но кога напнав, повторно излезе нешто нечисто, но не е крв.... Ќе видам како ќе се одвива во текот на денот....
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Не се плаши бе, нормално е тоа. Кога би крварела обилно толку денови тоа не чини, но штом е кафеаво значи сега се чисти, кај мене и по 7-8 дена знае да трае тоа, така да, ништо не ти е
Ne grizi se i mene mi se ima slucuvano istoto.6 i 7 den od menst.mi tece temno kafeno,pa posvetlo i na kraj normalen iscedok.
Нормално ли е за време на овулација да се чувствувате како малку истоштени? Јас еве ден се осеќам ко да сум копала цел ден, а ништо немам работено... Можно ли е да паѓа притисокот или нешто слично?
Добив пред некој ден,ама во меѓувреме почнав да пијам антибиотици, и ми прекина менструацијата.Нормално ли е?До сега ми се нема десено вака..И дали тоа значи дека ќе добијам пак месецов? Зборев со мајка ми, ама она запна да ме носела на гинеколог
Здраво девојки, сакав да ве прашам дали на некоја девојка и се случувало ова.. Ми дојде на 2 септември па потоа на 25 октомври и сега на 3 декември. Сеуште не ми е регулирана менструацијата па нешто ме фаќа страв. A и пред 28 октомври бев под стрес.
Антибиотиците имаат улога за време на циклусот секако. Кај некои прекинува, кај некои се растекува повеќе и така. Не грижи се, се случува. Сепак лек е и тоа силен лек. Затоа во странство антибиотиците ги избегнуваат. Не паничете веднаш. Ако во случај наредниот месец ти прекине така пак за 1-2 дена, консултирај се со лекар. Можеш и со матичниот/та.
Нормално е циклусот да не е редовен пред 20 -та година, тогаш организмот сеуште се развива, така што не е страшно, не се грижи, ќе се регулира.Некаде после 20 -та година веќе треба да биде редовен.На секоја девојка и се случува тоа, во тој период