Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. M.Donna

    M.Donna Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки, минатиот месец користев кансен вагиналети поради вагинална кандијаза, и од кога завршив со терапијата добив менструација неколку дена пред очекуваното што ми траеше 3-4 дена (кратко за разлика од вообичаеното кога ми трае 6 дена) и денес после 15 дена (денес) повторно добив ама премногу малку можеби по неколку капки. п.с прв пат ми се случува ова а имам редовна менструација и прашањето ми е дали на некоја од вас и се случило ова после користење на терапија?! Ви благодарам однапред :)
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски
    Женски сакам да прашам нешто во врска со менструацијата (малку безвеза ми е али ај )

    Минатиот понеделник требаше да одам на едно место (каде што требаше да стојам 4 часа на нозе) , тој ден ме болеше стомак како за добивање и бидејки имам големи болки кога ке ми започне за да не ме боли стомак се напив Кафетин Менструал , арно ама менструација не ми дојде. :!: Изгледа голема глупост направи. Денес ми е 38 ден од минатата менструација и уште не ми доаѓа. :?: Не сум имала незаштитени односи иначе
    Друго од кога ми заврши менструацијата последниот пат по 2ипол недели ми се појави на гаќите крв и тоа траеше неколку дена , не многу ама морав па влошки да носам. И сега што викате ми дошло двапати во месецот или со апчево си направив проблем?
     
  3. obi4ana

    obi4ana Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    :) може ли да ви касни од пиење на фервекс и парацетамол? веке 4 дена ми касне а бев настина минатата недела....знае ли некој? фала
     
  4. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Темава .... многу болна во моментов |(
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.500
    Допаѓања:
    201.471
    Пол:
    Женски

    Не верувам дека со апчето си направила проблем, иако има случаи каде што може да прекине менструацијата поради лекови против болки. Но тоа е ептен редок случај. Можеби ќе добиеш допрва, а можеби и ти поминал редот (си имала два пати). Секако, на гинеколог ќе ти каже најубаво дали ќе добиеш или не :)
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски

    Незнам што да мислам можно е и цисти да имам , пред 2 месеца кога бев на гинеколог ми најдоа. Градиве многу ме болат , а на лицево ми излегоа поткожни акни :doh:(секогаш ми се случува пред да почне мензисов) 21 ноември имав последен пат. Ке почекам уште малку па ако не правец на лекар
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски

    Добив денес сабајлето. Само што многу ми е чудно што не ми дојде цел декември месец , претходно секој месец ми доаѓаше :?:
     
  8. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    988
    Пол:
    Женски
    значи вака....незнам ни дали го поставувам прашањето во соодветната тема па ако има нешто преместете ме или избришете ;) значи менструацијата требаше да ми дојди на 14 јануари..е сега во вторникот,значи на 8 имав кафеав секрет,таков ми е кога ми е прв ден од менструацијата,пред да ми пробие убо и на крајот од менструацијата,на петтиот ден......од вторникот па до денес имам таков секрет,значи како на крај на менструација и сум со секојдневна влошка,немам болки,немам тегоби :( и незнам како да го рачунам ова,како менструација или овулација (прочитав дека и при овулирање можело да има кафеав секрет) ?а досега никогаш не сум била во ваква ситуација :^) менструација редовна,еден или два дена се случвало да ми дојди порано,болки нормални.....се на се супер ми беше досега.мислења?некој совет?фала ви однапред ;) :)
     
  9. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално циклусот да трае помалку од 28 дена? Веќе повеќе од 6 месеци ми доаѓа редовно на 26ти ден, некогаш и на 28ми ама поретко.
    А не ми е јасно и за овулацијата, дали тоа значи дека овулацијата ми е на 12ти ден наместо на 14ти нели кога е обично.
     
  10. sonique

    sonique Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    29
    Ич да не се секираш, и кај мене ја има истата појава, не памтам кога последен пат добив на точно 28иот ден. Некогаш добивам на 24иот, а некогаш на 26иот ден од циклусот. Мојот луд организам :D :D Баш го прашав и мојот гинеколог и таа ми објасни дека се додека циклусот се движи помеѓу 23-34дена е нормално и се среќава кај многу жени. Е сега, ако забележиш невообичаено каснење, треба да си преземеш мерки.
    Што се однесува до овулацијата и мене ме интересира истото прашање. Мислам дека секогаш се смета од 13. или 14. ден. Како и да е, одговорите од феминките ни се добредојдени. :)
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bubbsy

    bubbsy Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,
    Jas sum nova ovde :) ..sakam da prasam dali nekoja od vas e iskusila negativni posledici od Primolut nor?
    Mene mi gi prepisaa poradi preskoknuvanje na menstruacija no seuste ne sum zapocnala da gi piam bidejki imam slusnato deka moze da imaat negativni efekti.. :\

    [mod-kirilica:1gyi409p][/mod-kirilica:1gyi409p]
     
  12. kikicka15

    kikicka15 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки значи вака добив на 22 мај 2012 год и од тогаш па се до денес ми е редовна но денес добив со ден задоцнување однасно на29 ден добив сабајлето имав малку крв сега прверувам немам ништо малку кавеаво ептен малку зошто е така може некој да ми огвори но побрзо страв ми е :?: :?: :?:
     
  13. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Не е ништо страшно, утре би требало да имаш повеќе, не се плаши ти си млада и менструацијата сеуште ќе има промени. доцнење од еден ден не е ништо, доколку доцнењето е подолго од една недела тогаш, може да има некој проблем. Доколку кај тебе деновиве нема нормално крварење тогаш разговарај со мајка ти па дури ако е потребно посети и гинеколог, макар што јас мислам дека нема место за паника.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.106
    Пол:
    Женски

    Примолут Нор се контрацептивни апчиња нели? Јас пиев 6 месеца Диане-35 и овие се за таа работа јас дека имав проблеми со мензисот т.е. со хормоните и ми завршија голема работа,секако пред тоа бев на лекар и ми ги препиша апчињава. Исто и овие имаа голем број на негативни ефекти , што многу ме исплаши, кога ги земав првите апчиња ми се појави и крв со урината (несакам да те плашам но искрена сум), но реков доктор ми ги дава , а имав голем проблем така да мораше да ги пијам , имав многу поткожни акни на лицето што дури имам и дупки на лицето сега поради нив но кога помина 1 месец одкако ги пиев се ми помина а и менструацијата ми доага секој месец.Да знаеш многу ми помогнаа мене Јас би ти предложила да ги пиеш онолку колку што лекарот ти ги препишал :)
     
  15. bubbsy

    bubbsy Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Мене ми ги препиша само 7 дена по 2 апчиња на ден па се надевам дека нема да имам никакви негативни ефекти, сепак Фала
     
  16. martina98

    martina98 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Луѓе денес ми се слуци несто многу чудно.Добив менструација ми каснесе цели 15 дена,вцера имав само неколку капки ама како некоја кафеава течност а денес имам нормално.Ми се случи несто многу необично па сакам да ве прашам дали и на некоја од вас и се случило тоа.Одеднас почна да ми се здрвува вилицата на работа и после 5 мин помина после тоа почна да ми се здрвува левата рака кај прстите и тоа траеше некое време и помина.Премногу се испласив незнам од сто ми е дали дека толку многу ми каснеше тоа мене ретко ми се случува или незнам што беше проблемот.Ве молам ако можете помогнете ми многу ми е страв.Позз :(
     
  17. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    561
    40 - ти ден и еве денес добив по 10 дена доцнење...Но ме загрижува тоа што само кога се избришам има, онака не ми тече, а го чувствувам стомакот дека почнува да ме боли и како подуен ми е...
    Исто така, пред да добијам обавезно ме болеа градите, овој месец не, што и изгубив надеж дека ќе добијам...Најпрво се загрижив ова да не е некое друго крварење, но мислам дека е менструација....
    Многу ми е страв поради тоа што поминав без првите симптоми...Сега дури и немам ништо ;(
    Дали мора да се јават секогаш или нормално е вака да направи некогаш поради некој хормонски дисбаланс или незнам што....? :(
     
  18. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    6 години се жалев затоа што ме болеше ненормално многу стомак, пиев кетонали, секакви чаеви, се и сешто пробував за малце да ги ублажам "породилните болки" и еве псоледниве два пати ништо не осеќам, ама баш ништо.
    Добив на 23 дена, иако обично на 30 добивам, ми траеше нормално 7 дена како и секогаш и иако животот бил совршен ако не те боли стомак мене ми е чудно ова.
    Нормално е? 6 години ненормални болки и сега одеднаш ништо? Можеби затоа што повеќето од тој период преседов дома не бев на ладно итн итн.
    Или моите хормони нешто се зафркаваат со мене ? :angel:
     
  19. mila132

    mila132 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Vaka decki imam eden problem neznam zosto vaka mi se slucuva.Menstruacijata sekogas mi bese kratka i ne gubev mnogu krv no ovaj pat mnogu obilna veke 4 den mi e a isto krvaram kako 2 i 3 den.Vo meguvreme nastinata sum neznam dali moze da bide od toa deka sum nastinaata vaka obilna menstruacija ve molam kazete mi ako znaete nesto :/
     
  20. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Мене секој месец 5 дена ми е обилно, 6 и 7 ден по малце, штом јас сум сеуште здрава и жива со доволно крв значи ништо не ти е :D