па дека сум нова на форумов и уште се прилагодувам и некои податоци може не ми се точно забележани.. инаку ви благодарам на сите за одговорите се надевам дека и јас ке можам да ви помогнам на некои ваши прашања
во претпоследниот месец менструацијата ми траеше околу 8-9 дена. Овој месец добив на 12ти и еве сме 21 мене сеуште ми трае. Дали некој имал вакво искуство?
^ Во текот на менструацијата и менструалните циклуси можат да се јават секакви промени. Можно е да се работи за нерегулиран циклус, но тоа најчесто се јавува во првите месеци или првата година од добивањето на менструација. Можно е да имаш пореметување на хормоните, како на пример недостаток на прогестерон. Не е страшно, се регулира со таблети, но ние овде не можеме со сигурност да ти кажеме што би било. Значи, мораш да посетиш гинеколог во најскоро време, бидејќи продолженото крварење може да се јави од повеќе причини.
Еве и јас да си прашам нешто. Во август и септември не добив. Пиев примолут и добив 3 дена откако ги завршив, тогаш имав нормална менструација. Се осетив за време на плодните денови по болката. Сега, требаше да добијам на 9 ама еве уште ништо. Имам само болки ко за добивање. Пап тест и проверка на јајници правев кон крајот на јануари и се беше ок. Не знам што може да биде проблемов???? Не сум трудна знам. Чаре?
Сакам да прашам, ви се имали случено да ви дојде 2 пати во месецот..? Ме фаќа страв, ми дојде на 30 Септември и ми траеше некаде оклу една недела значи до 7 Номври и сега после 9 дена од кога ми е поминато пак ми дојде на 16 Ноември мислам дека 9 дена е малко време поминато, ми се случува прв пат така.. Пред да ми дојде имав болки во мешето и десната страна..
Мене конкретно ми се нема случено, ама се случува и не е ништо страшно, не се секирај. Се работи за мало хормонско пореметување, ама ако ти се случи пак или ако ептен те загрижува, можеш да се консултираш со гинеколог, ама мислам дека ќе ти препорача некои апчиња како на пример Примолут Нор, а може и нема ништо доколку ти се случува ова прв пат.
Луѓе нормално ли е ова шо ми касни менструацијата и овој месец,пошто претходниот имав напоменато и бев многу исплашена ми каснеше цели 15 дена и ми дојде.И сеа овој месец пазевме во се ,а и јас сама себе се пазев од страв да не ми касни и сега 4 дена ми нема дојдено.Кога имав односи со дечко ми ми потече крв и мислев дека добив,ама другиот ден веќе немаше ништо.Исто и наредниот пат имаше крв само внатрешно..А за паничење знам не е ,сега ако не се пазевме не сме се пазеле никад,али зошто касни пак тогаш.Може ли некој да ми помогне ?
девојки ве молам за совет имам редовен менструален циклус, претходниот месец ми задоцни ама сепак ми дојде а сега веќе ми доцни многу време и сум поприлично загрижена...добив на 11 октомври а ми заврши на 17октомври а сега веќе е 1.12 а ја уште немам добиено многу денови се во прашање пиам таблети ѕа салбеење слим лајн ама дистрибутерката ми рече никој не се жали на доцнење циклус правев тест негативен е што да правам и како да сметам кога треба да дојде и колку највеќе денови може да ми доцни молам за помош фала однапред
Се тоа е од таблетите за слабеење, остави што ти кажала дистрибутерката. Сигурно нема да каже да се жалат, кога после никој нема да и ги купе. Ги имам и јас користено и 2 месеци не добив, а третиот имав само кафеав секрет кој што ја имитираше менструацијата, освен тоа ми се појави и болка во градите, тахикардија и тоа само од 8 таблети Слим лајн акаи бери, при што ги прекинав. Те советувам веднаш да ги прекинеш.
Сакам да прашам дали е точно дека од ко ќе имаш сексуални односи, менструацијата веројатно станва поредовна? Имам во поќе наврати слушнато дека демек се лачи поголемо ниво на хормони од ко ќе си сексуално активна шо придонесва за поредовен циклус. Чисто ме интересира
Не значи дека ќе ти стане редовна. Се зависи до организам. Кај некој може и да се поремети откако ќе започне со сексуалните односи. Знаеме дека откако ќе започнеме со сексуалните односи шансите да добиеме некоја инфекција ни се зголемуваат доколку не користиме заштита. А циклусот дали ќе ти биде редовен или не зависи од многу фактори како што се промена на клима, настинки, ако си под стрес, евентуално ако имаш некоја циста итн.
Феминки, сакам да се консултирам со вас, еве веќе месец дена јас добивам на секои 10 дена, и тоа обилно крварење со многу јаки болки. Болките ги имам секогаш но ова што ми доаѓа 2,3 пати у месецот не ми е јасно па сакав да прашам дали има некој со слично искуство. Имам 21 година немам раѓано досега, ќе идам на лекар деновиве но сакав чисто да се информирам со некој што имал слично искуство
Може да ти касни од стрес. Постојано мислиш само на тоа и не си олеснуваш. Ако сте пазеле олабави се, ќе ти дојде.
Ми доцнеше три дена....Еве денес ми е втор ден, а ми тече ептен по малку и воопшто не ме боли....Дали е ова нормално? Само на моменти ќе осетам како некој грч и толку? Дали е можно да е поради температурите, па сеуште да не може да пробие? Дека цело врме нозете ми се премрзнати?
пред прошлиот месец ми дојде на 16 тоа е октомбар, прошлиот(новембар) на 12 се порано по 4-5 дена, а денес сме 13 и уште не ми дојде а по нормално требаше на 7-8 незнам шти може да е, не сум сексуално активна?????? поредовно и дојде на мајка ми што има 47 год, отколку на мене на 20