Ми касни 3 дена.Се случувало досега да ми подрани,ама да ми касни не се случило кој знае од кога.За бременост не ни помислувам,месецов не бевме ич активни поради некои причини.Ми беше доста стресен не викам не,но и порано сум се стресувала.Читав некаде дека одредена хуруршка интервенција може да придонесе за тоа.Јас имав една месецов,не беше голема, но сепак интервенција.Дали некој знае,каква е поврзноста,дали може од ова да ми доцни циклусот?Загрижена сум.
Ми касни 8дена. Секогаш ми иде на време најмногу два дена ми има закаснато а сега еве веќе 8 многу сум испаничена секакви мисли ми се вртат во главата. Два месеци бев надвор пд државава имав редовно сега дојдов овде на 23 овој месец требеше да ми дојде на 27 ама нема уште бев и настината кога ттебеше да ми дојде и стресни денови имав. Не знам штп да правам збеснав.ве молам нека ми одговори некој.
Итно ее! нормално ли е да ме боли левиот јајник? треба да добијам на 10ти ,а денес е 6ти Нормално ли е?? ве молам кажете де грижам!
Значи имам болни менструации што да ти кажам боли боли,предходниот месец повраќав. Абе болки ми идеше да се фрлам од тераса! без да пијам апче мртва сум А еве сега ме стегна доле ме боли значи би требало да добијам така?
Како стоите со хигиената за време на менструација? Мене тоа ми е најгрозниот дел. А некогаш и не стасувам да се погрижам за тоа... Имате ли некоја посебна рутина околу тоа или што знам.
Ќе си се миеш со вода редовно! Кога ќе мењаш ќе се измиеш со вода па ќе ја ставиш,јас на секое мењање Најдобро ти е само до вода!
Мене кај и да е треба да ми дојдее, и ме боли стомак, глава, ми излегоа бубулици, се ми е мачно, депресивно се чуствувам, уф највеќе ги мразам деновите пред да ми дојдеее, многу се мачам.
Епа вака имам 22 години до сега сум немала вакви симптоми пред да ми дојде многу ме болат градите малку ми се подуени и како да имам грутка која што ми изчезнува кога ке ми дојде менструацијата.Дали е нешто страшно треба да се обратам на гиниколог мамограф ?
Odi na ginekolog moz ne e nes strasno no barem ke si znaes,i jas pred 4meseci napolniv 23 ama nesto takvo da cuknam od drvo nesum zabelezala ama pak si imam maka so cisti,a vaka na forumov samo moz da si nagoduvame pozz
Не знам на која тема да го пишам мојот нов проблем, па решив овде да побарам совет додека да отидам на лекар. Добив менструација во недела од сабајле, на почеток а скоро и цел ден беше некако кафеаво ама многу малку го имав, во текот на ноќта имаше онака малку црвена крв исто така многу малку како и во текот на целиот понеделник. Вчера и воопшто го немав. Инаку менструацијата ми дојде точно на време и болки имав многу мали во долниот дел на стомакот. Мене воопшто не ми изгледа оваа нормално бидејќи до сега ми се нема случено да имам толку мало и кратко крварење. Ве молам некој да ми објасни ако знае нешто. Поздрав и благодарам однапред.
При настинка нормално е да ти касни неколку денови , а и плус си имала стресни денови сето тоа се одразува на хормоните .т.е на циклусот ,така да нема простор за паника.Почекај уште неколку дена пробај да се опуштиш и се ке биде ок но за ти да бидеш смирена ако и во ч;наредните неколку дена не добиеш обртисе на гиниоkолог.Сите ние ако не барем повејќето од нас сме поминале низ тоа. Поздравче
Девојки сакам нешто да ве прашам минатиот месец не ми дојде бев на гинеколог. Гинекологот ми кажа дека ми е чиста матката и ми даде апчиња да пијам за да ми дојде, апчињата се викат Orgametril треба 5 дена да ги пијам јас ги испив последното го испив во вторникот, но сеуште ми нема дојдено, па сакам да ве прашам дали сте ги користелие тие апчиња и по колку време треба да дојде менстурацијата
Секој месец циклусот ми се крати за неколку дена. Секогаш сум имала на 28дена или повеќе но последнава година место на 28 доаѓа порано, на 24дена и пократко. Дали некоја имала ваква состојба и што ви препорачале. На преглед се е во ред, нема никаков проблем.
Секој месец пред да добијам, имам големи болки во стомакот дури не можам да станам од толку што ќе ме боли како да ме сече исто така имам и големи вртоглавици дури и понекогаш ми се темни пред очите и многу јадам. некои ми велат дека додека ми се навикне организмот но веќе 2 години редовно добивам. има ли некој некое решение
5ти ден ми е од циклусот. Цел ден ми тече темно кафеаво, а еве сега бев по голема нужда и пак ми потече црвено со кафеаво измешано. Дали ви се има случено? Ме исплаши некако.....
Здраво девојки, Ај да ве прашам дали некоја од вас имала ваков проблем пред да отидам на гинеколог. Последните два три пати приметив дека бојата на менструацијата ми е променета. Некако е розева, портокалова, а не црвена како што ми била порано. Мислев да не трипам, можеби е до влошките ама сепак мислам дека не е. Дали некој знае нешто за ова? Иначе планирам да идам на лекар само чекам да ми заврши. Фала ви однапред за одговорот. Поздрав ☺️