Точно, на сите им доцни периодов, значи буквално на сите околу мене им доцнеше. Мене секогаш ми е редовно баш до датум а месецов ми доцнеше една недела(што никогаш ми се нема случено), симптомите ме убија...Дефинитивно е од промена на врмево
Имав нередовен циклус, кој се среди откако се породив. Но еве периодов, повторно се врати на старо, секој месец ми доцни повеќе дена, последниов и цела недела. Се забележува подуеност на моето тело. Она што повеќе ме загрижува е што имам страшни главоболки кои преминуваат од една па од друга страна и циклус кој трае повеќе денови а со се помалку исцедок. Се соочила ли некоја со нешто слично?
Јас добив вчера. Вчера до вечерта немав ни една болка, вечерта кога фати да ме стиска, пребледев цела, нозее, стомакот, устата ми трне значи едвај дишев. Не е нормално ова волку да ме боли. Сепак мора да ја земам терапијата од докторот а ич не сакам да се клукам со таблети. Се ослободив од работа денес, пиев нешто против болка, ме потболува ама не толку како што ме болеше сношти. Сакав да прашам дали сум единствена или на некоја друга и се има вака случено?
До пред пораѓај имав многу јаки менструални болки. Баш ко што опишуваш. Лежев свиткана и пребледната во тоалет на ладни. плочки без трошка сила за да се извлечам или станам. Секој месец и покрај таблетите за болка примав инекции, а користев и Кетонал супозитории. Они најбрзо ми ја смируваа болката. Пробај со нив.
Девојки , менструацијагта ми трае 5 дена, но овој и претходниот месец на 4тиот ден веќе ми е оскудна како за 5ти ден а на 5тиот немам ништо. Се обидуваме и за бебче и незнам дали има тоа врска или пак нешто ми е пореметена менстурацијата. Некоја од вас дали имала слично искуство?
Очекувај да ти дојде но дали сеуште ги пиеш апчињата јас исто така пиев но само се напив 4 апчиња и дури на 45 ден ми дојде без паника и стресови почни да пиеш чај од магднос тоа помага
Сеа знам дека ќе си се посмеете на проблемов мој кој што може не е ни проблем. Прв ден кога ми доаѓа имам темна менструација и тоа малце некој си 5цм од улошката.Ноќта исто малце ќе потече темна крв. Вториот ден имам нормална црвена крв ноќта 5цм од улошката. Третиот ден светла крв Али мааалце неколку капки дали 3цм. Четвртиот и петтиот како темни исцедоци мали само. Дали е нормално вака темна крв што имам па после малце светла и ми завршува? Дали и на некоја друга и е вака?
Здраво да прашам. Од кога жи е дојдено тоа е веќе 10-11 год менструацијата ми е точна како саат. Е сега ми дојде на 7 мај,па на 1 јуни океј и сега на 24 ми дојде пак. Некако многу брзо ми дојде. Ама плус тоа што претходно имав по 6 дена и тоа по прилично крварев нормално црвена, а сега последните два пати по 4-5 дена имам ама и тоа е темно кафено црвено кога се бришам.Мислам не тече ни приближно на тоа претходно. Не сум сексуално активна. Сите ми велат дека е од промена на клима,секојдневни стресови едно друго а мене ми е многу страв да не е нешто сериозно.
девојки,малку сум загрижена,последен пат ми дојде на 19 мај,а имам редовна менструација со редовно доаѓање,но ме загрижува бидејќи во јуни месец многу подоцна ми започнаа симптомите за ментруација,што значи ако на 19 сум имала последен пат требало да ми дојде на 21јуни,после 2 дена секогаш ми доаѓа така.Сега е веќе 1јули а сеуште ми нема дојдено,но имам симптоми за менструација.Од пшто може да е вака?
Ти касне 10 дена од вообичаено. Мислам нема потреба од паника. Имаше големи промени во времето може да е од тоа. Може да ти касне и од стрес.
Сеуште немам добиено,чуствувам некоја чудна болка во долниот дел на стомакот,но мислам дека не е менструална болка,исто така имам и грчеви,некоја со вакво искуство.
Оди на гинеколог, таму ќе ти кажат од што се болките, дали менструални или не. Тука до утре може само да нагаѓаме.