Сакам да сум оптимист, многу сакам и се надевам еден ден и кај нас ќе се случат овие реформи со оглед колку коренитите социо-економски, општествени промени наметнаа друг вид на дружба и работа преку зголемена употреба на социјални мрежи и нивни предности и поволности колку користат за истите толку и штетат и си го земаат својот данок во создавање на популација со социјална анксиозност. Така да автоматски кога расте бројот на население со одредени потреби сметам дека тоа ќе наметне и коренити реформи секаде каде што треба институции, раб. организации, стручни лица да се осовременат и да применуваат нови методи во пристапот со овие лица. Ама мора , навистина мора коренито и озбилно да се работи во многу сектори од нагоре до надолу. Сепак колку капацитет ќе има зависи многу од ресурсите, буџетот...пусти пари.
Не само од ресурсите, туку и до вољата да се смени нешто. Парите не се секогаш проблем, менување на навиките се пострашни и попроблематични.
Воља мора да се има кога гледаш процентуално колку од населението ти страда од социјална анскиозност пример. Има можности да се имплементира во образованието прво, од рана возраст се тоа, за да се превенира. А не сите на мал одмор со таблет и моб. во рака. Мојата генерација растевме со ластик, жмурки, народна итн. на мал и голем одмор Ама верувај поред воља и нормално желба за промена треба и те како многу ресурси. Станавме себично население кое за мотивациски тригер ги земаме во обзир само парите, алтруизмот пополека умира, нажалост, а тоа е тоа што најмногу недостасува, насекаде...
Искрено, вистински алтруизам, ми се чини воопшто не среќавам. Ништо не е направено заради вистински алтруизам. Или е желба за профит, или за социјален престиж, или од суета или за профит. Се нервирам кога зборам за ова... поарно да не мислам ич... пошто знам дека нема да видиме промени уште доооолгооо
И јас се нервирам, ама верувам ќе ги видиме еден ден промените, општо зборувано ова. Ако не ќе видиме друга тажна слика на самоуништување од тоа преголемото его и самобендисаност и мрза, чиста мрза за промена... Не сакам ни да помислувам на тоа црно сценарио
Eве мала промена, убави вести кога моќни лица се трудат да се подигне свеста за менталното здравје, особено кога се мотивирани од своите лични искуства и отворено ги споделуваат со јавноста и јавно им помагаат и на други во слична ситуација. Кога принцот споделува со што се справува(л) и без предрасуди се зборува за тоа мислам многу ќе придонесе да не е ова уште една табу тема. И тој обавува обврски и се справува со исти проблеми како и ние најобичните луѓе. Така да со добра терапија, подигнување на свеста за оваа проблематика мислам многу поотворено би се дискутирало на овие теми. https://www.ubavinaizdravje.mk/zhiv...shata-zdravstvena-sostojba-na-prints-vilijam/ ''Свесен дека и самиот тој минува низ тежок период и дека можеби никогаш повеќе нема да биде исто, одлучил да им помогне на сите што може. Инаку, Вилијам често зборува за менталното здравје. Неодамна прозборел и за својата борба со анксиозноста. Со оглед на тоа што и самиот поминал низ сето тоа, принцот настојувал со пораки да им помогне на оние што барале помош. Вилијам одговарал на пораки откако поминал тренинг во хуманитарна организација што се занимава со ментално здравје. Во волонтерската работа му се придружила и сопругата, на малку поинаков начин. Кејт разговарала со родители за проблемите со кои секојдневно се среќавала како мајка.''
Интересно е што на работа личноста со некое ментално нарушување може да изгледа 100% здрава, нормално да ги извршува обврските, да е редовна и трудољубива, насмеана, пријателски расположена. По завршувањето на работното време да е видлово со око менталното нарушување и личноста да е целосна спротивност: непријателски расположена, смрштена, нервозна. Ова ми е најинтересно и затоа мислам со вистинска терапија или и без неа доколку нема потреба, работата и околината можат да и помогнат на личноста со ментално нарушување. Не ни сакам да дискутирам за личност со ментално нарушување која на пример сака да шие венчаници. Нема да и се дозволи поради дијагнозата, нема да има клиенти. А работата би ја правела среќна, клиентите би ја правеле среќна. Но, од прва тоа е ускратено поради дијагнозата. И што да кажам освен дека не ми се живее во ваков свет.
Зелда , прочитав содржина Најтвиш, не го гледај,..., ако имаш некој во близина што не пие лекови, а треба Убиства мислам најмногу се склони социопати и психопати. Шизофреничари се често толку инкапацитирани, има интервјуа на ју тјуб што далеку се од работоспособни. Филмот е хорор црна комедија поише ко што видов.
Не мора да станува збор само за шивачка, на било која работна позиција на која личноста одлично би работела пример да се расчуе само дека има дијагноза или еве имала дијагноза какво што ни е општествово никакво, очи во очи со каква бариера би се нашла таа личност не можам ни да замислам. @Dentina затоа пишав филмов не е за секого, јас догледав до кај можев и заигра далечинското на оф.
Добро ова е навреда за сите со ментални нарушувања тотално неточно луѓето со акнксиозност можам да кажам и дека повеке се успешни и тоа не е ненормалност да незнам кај се навагам како вие што го замислувате туку внатрешен конфликт со чуства повеке, ова дека клиенти ке немаш ако имаш ментално нарушување ама 1000 посто не ти е точно. И нема шо да знаат Васа и Рада некои неписмени јас дали имам ментално нарушување доволно е да знаат родителите да те подржуваат одеш на психијатар и примаш терапија.
А што дијагноза е кога работодавецот ти дава да си потпишеш бланко отказ пред вработување? Што дијагноза е враќање к-15? Што дијангноза е да си осигуран на минималец а остатокот да ти го даваат на рака и отворено да те уценуваат дека ако напуштиш нема да ти го дадат? Искочете од меурот во кој сте и видете во која и каква држава живееме. Ментални нарушувања и дијагнози и останати термни во систем кој функционира. Овде луѓето добро е и што се живи и уопште функционираат.
Разбирам, сигурно не е едноставно, но коментарот беше насочен кон оние кои се расфрлаат со дијагнози и секакви коментари тотално игнорантно како да живеат во нормална средена држава а не во Македонија.
А што значи тоа? Тие со некаква дијагноза немаат право на работа? И се така дури не се среди државата, на свети никад? Ова е сосем нормална дискусија во соодветна тема и ако не се наоѓаше засегната од темата, од било кој аспект (личен, човечки или незнам каков) слободно прескокни ја.
Ваше право кај ке пишувате ама темата е главно за луѓето да кажат како им е на работа со ментални нарушувања или ако сте психијатар или упатени добро имате близок или слично пишете а не немате поима што е тоа и коментирате како да испадне дека се знаете.