Ментални нарушувања на личноста и работа

Дискусија во 'Психологија' започната од lilypad, 23 јуни 2020.

?

Дали сте вработени и притоа имате ментално нарушување на личноста?

  1. Да

    15 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    27 глас(а)
    64,3%
  1. Sexychica

    Sexychica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    77
    не значи тоа.
     
  2. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Кај мене тоа чуство предизвикува бес на работно место... ги давам сите сили за самоконтрола бидејќи знам дека така не треба.. ама сфатив дека по искрените луѓе се склони на тоа, бидејќи на работното место треба да пазиш константно што зборуваш, како, сите се лицемерни, пред тебе едно зборат, позади грб за тебе зборат и тука настанува експлозија. И цело време се осеќаш изморено, чекаш денот да заврши а ти си почнал пред пола саат.
     
    На buba4e89, Bezimenka90, Sexychica и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Каква дијагноза имаш?
     
  4. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Немам никаква дијагноза, за бесот не бев баш јасна, се работи за внатрешен бес, како некое нетрпение. И секој ден си викам седни исплачи се ќе ти помине. Неможам. Мислам дека уште од рана возраст ми е тоа. Кога ќе ми беше тешко ми викаа биди силна, и за да не плачам се турав во работа, и сега се што имам е работата и од самата анексиозност, со сите симптоми што ги имам, имам бес кон работата. Ко само тоа да ми останало во животот, кога одам како нозете назад да ми одат, ко гнев имам, и што и да ми кажат на работа го преразмислувам едно 1000 пати во мојата глава и незнам ко товар ја носам, мислам дека ако некогаш социјалниот жовот ми се среди, работата ќе ја гледам како само дел од денот... осеќам на млади години дека со психата забегувам.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Не забегуваш.

    Посетуваш стручно лице?
     
  6. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Не, прво затоа што мислам дека потоа ќе стане јавна тајна, се излагува и за сите се збори , а потоа од самиот факт што цените им се превисоки.
     
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.297
    Допаѓања:
    16.615
    Батали работа.
    Здравјето на прво место.
    Јас така се зафркнав.
    Трпев, трпев и пукнав.
    Секоја работа што психички не преоптеретува не е за нас.
    Не сум должна да слушам некого психички да ме малтретира.
    И чим со тензијата одиш на работа, батали!
    Угоди си на душата
     
    На Sexychica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.688
    Пол:
    Женски
    Не е беш така лесно батали работа девојко, пари требаат пари сигурно не е 16 години можеби сама живее со цимерки или слично не е мало дете, и еден совет поарно дај 2000 денара за психолог и лекови отколку за фризура и нокти.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Има и државни психијатри.
    Не мора да одиш на приватен.

    И што ако се дознае?
    Не си направила криминал.
    Плус, ако те отпушти некој заради ментално нарушување, имаш основа да го тужиш, и има да те врати на работа и башка оштета да ти плати.
     
    На eliesaab, candy.cane и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Хмммм, од кога тоа анкциозноста е ментално нарушување? :^)
    Анкциозноста е човечка карактеристика, дел е од секој нас, само кај одредени луѓе искомбинирана со други нешта понагласена е. Ако некој каже дека не ја чувствува акнциозноста понекогаш, или лаже или не е свесен односно не знае да ја препознае. Одлично е да разговараме за анкциозноста, но мислам дека редно време е да се престане да се гледа на неа како на нешто гадно, смртоносно, одвратно. Да, гадна е, но ако и' покажеш малце заби ќе увидиш дека ништо не ти може уствари.

    Не знам за останати состојби, но депресијата е гадна работа. Знам, сум била во таа дупка. Знам како е да се мразиш и себе си и животот и од будење до заспивање или да се самохејташ или ништо да не те интересира и допира. Среќна сум што немам доживеано неповратни трагедии, така да не знам и не сакам да знам како е да изгубиш нешто засекогаш и тогаш животот да ти е помалку вреден. Свесна сум дека и некој едноставно нема доволно цврст карактер и волја за да излезе од таа мрачна дупка без лекарства. И тоа е океј, се' додека се работи на случајот да се надмине проблемот.

    Како и со многу други нешта, така и со овие проблематики мислам дека многу малку се зборува. Како да се табу. Кога уште од помлади би не' училе дека овие состојби се реални и се океј човек да ги има, мислам дека ќе има многу повеќе емпатија, а помалку осудување.

    За крај едно нешто ќе кажам, околу работното место. Ич не ме боли курац што мислат колегите за мене, а богами и што зборат зад грб. Јас знам која сум, како ми е и се сакам, ценам и почитувам. Ако некој друг е во заблуда во врска со мене, тоа е негов проблем. Среќна сум што излегов од онаа средношколскана перспектива кај што ми сметало ако некој вака или онака мислел за мене или сум начула дека ме оговарал. Нека им е, ич не се замарам. Исто и обратно. Им ги согледувам и мааните и комплексите и траумите на колегите и луѓето општо и давам се' од себе да не судам, па ниту да размислувам околу нив. Ниту е мое да ги осудувам зошто се такви или онакви, ниту имам желба, време и нерви да исправам криви дрини. Секогаш гледам да бидам хумана и да ја зачувам почитта кон секого.
     
    На Bezimenka90 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Анксиозноста е нормално сите да ја чувствуваме понекогаш, она за кое повеќето од нас бараат помош е анксиозното растројство, чувството на постојана, необјаснива вознемиреност што надвиснува како црн облак и е верен, но непосакуван придружник.

    Здрава загриженост и претпазливост е во ред, постојаната загриженост и опсесивен страв од буквално се' и сешто, не е .
    Лошото е што оди рака под рака и со физички симптоми, и тоа како пречи на работата:( Сега подобро се справувам, лани ми беше поголем хаос... Ми се случуваше и воопшто да не дојдам на работа, се чувствував смрзната од страв и буквално секој чекор ми предизвикуваше немир.
     
    На poenta, Bezimenka90, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Анксионзноста може да е болест, не само рендом чувство.
    Депресијата не е карактерна црта, па да се појавува кај тие со 'слаб карактер'.

    Не можеш да посакаш болест да ја снема и да ја снема.

    Менталните болести имаат широк распон, од лесни неурози, до тешки прсихози.
     
    На crimson, Bezimenka90 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Не е болест, исто како што стравот не е болест. Анкциозноста може да е помешана со депресија или параноја или несигурност или опсесивност, па тогаш да биде понагласена, но не е болест.

    Не реков дека депресијата е карактерна црта, баш таа е болест. Луѓето (со различни карактери) различно се справуваат со неа, некои полесно, некои потешко. Кај секого може да се јави, небитно од карактерот. Но карактерот на човекот е важен како тој ќе се справи со неа, колку ладнокрвно и да звучи.

    100% вистина. Не можеш да одпосакаш болест или анкциозност и да ја снема, мораш да се спротиставиш, да бараш начини и упорно да се бориш против нив.


    Многу е индивидуално, многу нешта играат улога. Ова вака муабетов само општо.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sofice

    Sofice Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас во темава.Ретко пишувам на форумов оти си велам не дека има има нешто убаво да пишам(односно јас на се фрлам негативен акцент).
    По неколку немили настани што ми се случија во семејството последниве две три години неможам да се опоравам.
    Јас и така не бев некоја со цврст став ама па и со ова короништево сега се чувствувам столчена.
    Се ме нервира и со ништо неможам да се справам.Не сум вработена туку работам сама за себе ама во моментов ни тоа не бива, бидејќи што и да прави човек со љубов треба да го прави за да има успех.
    Немам сила и енергија,немам расположение ни за себе ни за децата ни за било кој др.
    Безпомошно се чувствувам,како да сум во некој барабан кој никако да запри.Незнам ни од каде да почнам ама немам ни волја нешто да правам.
    Сте биле ли некој во ваква состојба?
    Депресија ли е, анксиозност ли е,
    Прегореност ли е-незнам што е само знам дека неможам уште долго вака....
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.162
    Допаѓања:
    175.233
    Пол:
    Женски
    @MissChievous https://www.verywellmind.com/dsm-5-criteria-for-generalized-anxiety-disorder-1393147 чувство на страв и анксиозност и анксиозно растројство се две различни работи и не можи второто едноставно да го игнорираме само зошто првото постои и/ ли не ни одговара.

    Натаму, можи да наштети толку многу да индивидуа не можи да функционира нормално и да обавува секојдневни обврски, до појава на психосоматски болки. Ако не се идентификува проблем, не можи да се реши.
     
    На WildMk, Bezimenka90 и Dentina им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Мило ми е што се реши да го споделиш ова со нас.

    Не можам да те советувам во бизнис контекст зошто немам свој бизнис, а не знам ни точно што работиш. Но мене ми се чини како да ти е потребно нешто убаво да ти се случи, да би се исфилтрирала од сите немили настани кои сподели дека ти се случиле во последните неколку години. Кажувајќи го тоа, многу е важно да не очекуваш дека нешто убаво ќе ти се случи наскоро или во иднина. Зошто? Затоа што ние луѓето сме сколни кон барање (очекување) на среќата таму некаде во иднината. Си наоѓаме оправданија од типот на "само да добијам покачување на работа, па ќе можам да го купам ова, па се ќе биде топ", "само да симнам 10ина килограми и ќе се осеќам поудобно во својата кожа и тогаш ќе ми биде поубаво", само да пројдат следниве пар месеци и да пропатувам таму и таму и ќе наполнам батерии", итн, итн. Нешто слично е и со коронава и со многу други нешта. Не може да ја ставиме среќата на пауза чекајќи нешто "подобро" да се случи. Затоа фокусирај се на сегашниот момент. Прави нешта кои те усреќуваат и успокојуваат во моментот, целосно препушти им се, не размислувај на ништо друго, едноставно уживај во тоа што го правиш тогаш. На тој начин, ќе правиш баланс помеѓу нештата кои ти создаваат стрес/нервоза/разочарување и нештата кои ти пружаат задоволство/уживање/спокој. Впивај ги нештата one day at a time.
     
    На Dentina и Sofice им се допаѓа ова.
  17. Sofice

    Sofice Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Мила ти благодарам за прекрасните совети и за издвоеното време.Ние кои психички запаѓаме и тоа како ги сакаме добронамерните совети:hug::hug::hug:
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Изгледа не се изразувам како што треба. Не велам дека стравот и анкциозноста се иста работа, тие се 2 различни нешта. Велам дека анкциозноста е дел од секого, исто како што стравот е дел од секого. Од таа причина според мене анкциозноста не е болест, бидејќи тоа би значело дека сите сме болни.
    Посекако дека не секој исто ја чувствува и исто се справува со неа. Премногу услови постојат и индивидуално е.

    Се сложувам целосно. Еве јас ќе споделам лично индивидуално искуство (на работно место):

    Јас сум од тие луѓе што анкциозноста нагласено ми се појавува во интеракција со луѓе. Ме фаќа трема кога морам да комуницирам. Кога би можела да одбегнам комуникација од било каков начин, дури и мејл, јас би одбрала да не комуницирам. Бидејќи комуникацијата ми создава чувство на неудобност, трема, "пеперутки" во стомакот, понекогаш ме потресува до степен каде што буквално физички се тресам (како кога учителката те "кренала" на табла).
    Порано работев работа каде што комуницирав со најмалку 200 луѓе во текот на смената. Таква каква што сум, тоа ми создаваше огромни проблеми. Имав периоди кога со месеци не спиев поради сето тоа соочување со луѓето и анкциозноста во текот на смената, буквално сонував како работам, односно ја преживував смената. Со месеци се немав наспиено. Со месеци се будев плашејќи се за она што следи, опседната со разни мисли како ќе биде, црни сценарија за се' што може да тргне наопаку, несигурност во себе дека можам добро да се снајдам и да ги сработам нештата како што треба. Анкциозноста ми создаваше разни стравови. Анкциозноста ми создаваше напади на паника на лице место, каде што одеднаш способноста за рационално мислење исчезнуваше. Имам правено такви дебилни грешки само затоа што анкциозноста ми создала толку силно чувство на став и паника, што ме парализирале и онеспособиле за размислување. Знам како е да не можеш да функционираш нормално поради анкциозност која те онеспособува, па дури и оглупавува на одреден начин. Знам многу добро како овој начин на живеење те убедува дека животот е невреден, дека животот е грд, дека самиот ти си невреден, неспособен, слаб...

    Сега после се' што научив за анкциозноста и се' што сторив за да ја запознаам, прифатам и да и' се спротиставам, ретроспективно гледано наназад, сфаќам дека сум дозволувала да и' бидам жртва. Буквално сум била нејзин плен и наместо да се обидам да и' излезам од забите со кои ме има зграпчено, јас сум и' се препуштала запрепастена од нејзината јачина и моќ, и болка која ми ја нанесувала.
    Немој да ме сфатиш грешно, се' уште ја чувствувам анкциозноста. Се' уште анкциозноста ми создава и трема и страв и паника, понекогаш и црни мисли. Особено на работното место. Но бидејќи поинаку гледам на неа, поголемиот дел од времето поинаку реагирам кога ја чувствувам. Полесно ја пребодрувам, ако успее да ме парализира, пократко трае онеспособувањето. Побрзо се освестувам. Можам до утро сабајле да разкажувам за како успеав/успевам подобро да ја пребродрувам анкциозноста, но тоа е друга тема. Поентата ми е дека ако сакаш, има начини како да ги намалиш грдите последици од анкциозноста. Но потребно е многу многу екстремно многу труд, соочување, рефлектирање, терапија (со психотерапев или сам со себе), балансирање со други позитивни нешта, итн, итн.
     
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Добра тема. Мислам дека зависи од видот и интензитетот на нарушувањето.

    Јас имам бордерлајн (Borderline Personality Disorder), која често иде придружено со други нарушувања како депресија, анксиозност, параноја. Можам да функционирам ден за ден. Симптомите се поблаги и можам да ги држам под контрола. Не примам лекарства, но потребни се разговори со психолог.

    Баш вака е кај мене. Како мене да ме опишувала @gjoker4e :)

    Не ми влијае многу на работата. Со колешките не сум премногу блиска и немам кажано на никој на работа, но со сите имам добар однос. Во моментите кога се чувствувам најлошо сум најпродуктивна. Тогаш не ми се муабети многу со никој, па наоѓам се и сешто да сработам, само да не мора да комуницирам многу. Имам “среќа”, бидејќи со време се подобрува состојбата кај ова нарушување, односно се учам како да се справам со мислите.

    Да не должам многу, дефинитивно треба повеќе образование кај нас за ментално здравје. Генерално луѓето кај нас сметаат дека или ништо не ти е и драматизираш, или си за во институција. Па така и работодавачите и колегите често се со тие мислења. Ризик е до некаде да кажеш дека имаш нарушување.

    Малку офф топик: Се согласувам и со @WildMk и со @MissChievous

    Анксиозното растројство е болест која и те како влијае на животот и работата, но може да се научиме да се справиме. Би помогнало повеќе луѓето да бараат помош на време, наместо да го игнорираат проблемот мислејќи дека ќе помине само од себе.

    Како што реков погоре, дефинитивно треба многу повеќе да се образува народот кај нас за ментални нарушувања.
     
    На gjoker4e и WildMk им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Секако дека се справувам со анксиозноста, но тоа не го менува фактот дека ја имам дијагностицирана како болест.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.