1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ментални нарушувања на личноста и работа

Дискусија во 'Психологија' започната од lilypad, 23 јуни 2020.

?

Дали сте вработени и притоа имате ментално нарушување на личноста?

  1. Да

    15 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    27 глас(а)
    64,3%
  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Буквално тоа реков, се согласувам дека е болест. :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.424
    Пол:
    Женски
    Анксиозно чувство и анксиозно растројство се различни поими. Имаат заедничка точка, ама се различни. Ова впрочем и другите пред мене го кажуваа. И второто е многу легитимно и реално. Не е болест, растројство е. И мора да се идентификува за да можи да се реши. Не можи да се игнорира велејќи дека е дел од нас со кој се справуваме различно. Тоа би било точно за анксиозно чувство, ама не и за анксиозно растројство. Многу често има позадински причини зошто се случуваат проблеми со ментално здравје, и ова е проблем со ментално здравје и нема смисла да се игнорира како таков. Види го линкот погоре шо го пуштив, не ми е детално читан ама мислам дека добро опфати анксиозно растројство како личи и до кој екстрем е према DSM-V дијагностичка книга која се користи сега. До кога е само чувство кое иди и бега, а кога е веќе проблем? Тука е клучот меѓу двата поими.

    Јас сум високо анксиозен чоек, кој има трајни последици со психосоматика. Нагласок на трајни, желудник расипав за на век, веќе поќе од декада имам мака. Не сум само анксиозна понекогаш, не е инцидентно, не е неможност за справување. За проблеми со ментално здравје клучна е психотерапија и интроспекција. Мора да се разбериме кои сме и зошто ги имаме одредените проблеми со менталното здравје, вклучително анксиозност. Не секој можи сам со интроспекција да го постигни тоа, па крај краева и со разговор со стручно лице да се најди тоа „зошто“ е препорачано. Ама многу е важно да се разговара на темата и да се најди изворот на проблемот. Дури и да научиме сами да држиме нешто под контрола, без да чепниме под површината зошто настанало нештото - ќе избие истиот проблем во форма на друг проблем со ментално здравје.

    Како и да е, анксиозноста, тука мислејќи на анксиозно растројство, е легитимна и сериозна. Само затоа што постои анксиозно чувство кое знае да биди инцидентно, не значи дека растројството како такво не треба да постои официјално. Со самото тоа што постои во DSM-V овозможува да биди и покриено растројството со лекови кои одат на фонд. Не знам колку е ова точно за кај нас, ама е точно во одредени делови на свет. Ако одредена болест или растројство не е во дијагностичка книга, медикаментозни терапии ( каде што се потребни) не се покриени од државата или мора да се решаваат приватно.
     
    На CameliaMiller, Dentina, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    21.268
    Не, не, не. Во никој случај не смее да се игнорира, токму спротивното го кажав, мора да се соочува. Токму на тоа ставам акцент, соочување со анкциозноста, посветување на откривање на зошто/како/колку/кога анкциозноста се појавува. Ме боли фактот што сметаш дека на било каков начин велам да се игнорира. Не, не и не.



    Повторно, токму ова го велам, не знам дали ми ги читаш мислењата.
    Алелуја! Токму ова е клучниот момент! Мора да се работи на случајот, мора да се открие од каде и зошто се појавува анкциозноста, играат улога индивидуалните искуства, трауми, комплекси, воспитувања, средина, итн, итн. Секој мора да се истражува, самозапознава, што поинтимно, тоа подобро. Само со конзистентно самозапознавање ќе се откријат важните нешта кои длабоко се кријат. Само со истражување ќе можеш да најдеш чаре. Јас токму тоа го велам, многу е важно да се посветува време на овие нешта, што порано, тоа подобро.

     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.424
    Пол:
    Женски
    Самото тргање од нештото како проблем, многу луѓе ќе го сфатат како да не е проблем и од таму го користам зборот „игнорира“. Знам дека велиш да не се игнорира, ама тоа ќе биди несакан сајд ефект кој не смеј да се занемари. И ќе има многу луѓе кои би останале без медикаментозна терапија само зошто официјално нема да е болест или растројство. И не само за анксиозноста, ова за буквално сите растројства кои се „гранични“ е точно. Треба да се стремиме да ги прифаќаме луѓето и покрај разликите, и покрај проблемите по менталното здравје. Неоусудвање и емпатија треба да постојат и покрај официјална класификација во дијагностички книги, и во претходното мислење пишав зошто е тоа важно, а и тука. Не треба нешто да тргниме официјално само за да се пробие стигмата околу проблеми со ментално здравје, туку да се стремиме промената да биди во границите на официјалната дијагноза.

    Дефинитивно ќе се согласам дека мора да се учат децата дека проблеми по ментално здравје постојат, вклучително и анксиозни реакции, но и аксиозно растројство. И пред се, како да се заштитат. Ама за детска едукација имам многу да кажам, а впрочем, не е то темата.
     
    На CameliaMiller, Bezimenka90 и MissChievous им се допаѓа ова.
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Јас имам анксиозност, најтешка форма за жал. Значително ми го отежна функционирањето и на работа и дома.Тешка, претешка е таа борба со себе. Но, цeло време работев на себе, дури и кога немав сили, од неодамна посетувам и психотерапевт. И по долги години макотрпна борба, сега гледам резултати. Се чувствувам како да живеам друг живот и ќе се сложам до некаде дека анксиозноста е благослов. Да не беше таа, немаше да сменам многу работи, да имам супер исполнет ден со работите и луѓето кои ги сакам, немаше да бидам подобра како личност. Колку и да беше тешка таа битка, како црн облак надвиснат што во чекор ме следеше, си дозволив да имам и лоши денови, во кои некогаш плачев и се тресев, си дозволив да чувствувам се што чувствувам. И еве ме сега, јас му се радувам на денот, го славам животот, попродуктивна сум, имам неизмерна поддршка и искрена љубов.
    Сакам да ви порачам на сите вие кои се соочувате некоја ваква состојаба (не е болест) да не се откажувате никогаш. Се се решава ако сакате да си помогнете и побарате помош. Причина за срам нема ни грам.
    Жал ми е што луѓето со некое психичко растројство се стигматизирани. За мене тие луѓе се најголеми борци што само искусиле повеќе стрес во животот. Херои сте сите вие, и знам дека од ова ќе испаднете уште посилни.:l:
     
    Последна измена: 27 јуни 2020
    На steela.honey, Lolipop23, Na.talia 24 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    23.641
    Нема такво нешто, ама најверојатно ќе те отпуштат ако си со тешка дијагноза а без терапија. Знам за 2 такви случаи во близина и тоа беа сменети од многу високи работни места.
    Со брзина на светлина цел живот им се смени на луѓето.
     
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе успешни знам што земаат антидепресиви и анксиолитици не тресите зелени ако така лесно отпуштаат од работа секој 5ти човек ке е дома, веке кога станува збор за шизофрении нема шанси работна способност.
     
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Во мк?
    Инаку на темата, јас сум имала ситуациона анксиозност ,значи поврзано со конкретни работи, кои откако се разрешиле анксиозноста падна, пример- најтешкиот испит на факс, тешка повреда со несигурен исход, многу лоши вести, и генерално не како што опишуваат повеќето дека осеќаат вртење во глава, гушење, лупање срце туку многу непријатна тензија и краток фитиљ. Страв као дека нешто лошо ме чека и тотална потиштеност. Повеќе бев свртена на решавање на ситуациите, и не водев сметка дека не е во ред да си толку напнат. Приметував други кога ќе приметеа иако глумејки мислев дека кријам.
    Анксиолитик нуди спас, но препорака нели не е долготрајно земање иако многу луге со години пијат хелекси..
    Когнитивно бихејвиорална терапија ми помогна , мада не е one fits all решение.
     
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    Има.
     
    На Just.do.it, KuklickaSk и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    23.641
    Па да де убаво пиша "што земаат лекови ".
    После многу години ради х причини престанаа со земање лекови и резултатот беше неисполнување на работни задачи подолго време и секако отказ.

    @Dentina да, во Скопје.
     
    На hellocity и Dentina им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Да напоменам прво дека не сум многу компетентна на тематикава ама би сакала да дадам свое мислење.

    Сметам дека секој човек би требало да посети психолог без за тоа да се размислува како да е нешто за срамење. Доколку се воочи дека постои нешто и доколку психологот реши дека треба да се оди на психотерапија или психијатар, тоа е повеќе среќа отколку трагедија. Со навремено примање лекарства може да се овозможи колку-толку нормален живот и извршување на работни обврски.
    Не верувам дека некој би бил осудуван затоа што си ја лечи болеста/растројството се додека си ја работи работата како што треба. Доколку е осудуван, веќе станува збор за прости луѓе и тука не можеме ништо, за жал.

    Моја блиска личност примаше лекарства за депресија, и иако бев мала целиот процес ми е врежан во глава. Тогаш ми делуваше страшно, ама сега ми е мило што се третирала, затоа што тоа никако не влијае на нејзиниот карактер ниту пак на неа како вработена.
    А знам и многу кои сами си даваат дијагноза, само заради одредено чувство. И тоа е океј, ама не треба да се вадат на тоа а не ни отишле да проверат како да го "лечат" тоа.

    Инаку, сум за да се воведе задолжително лекување за тие лица со ментални нарушувања што можат да бидат опасни и за околината.
    А обавезно да се воведе закон за казнување на омраза кон истите (и да се спроведува).
     
    На Just.do.it и Mantub им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ако твоето однесување влијае на квалитетот на работните задачи и обврски, имаат право да те отпуштат.
    Ама да те отпуштат само поради тоа што имаш дијагноза, не смеат.

    Мораат да докажат дека не си ја работел работата.
     
    На KuklickaSk и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Мех, иди докажи...
    Мада јас во мк знам поише случаи каде луге со сериозни растројства ги држеа на работа, државна наравно. Со години . Со плата, со се.Нешто као добротворно .
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.270
    Допаѓања:
    37.872
    Пол:
    Женски
    Јас сум со анксиозност веќе 10 години.
    Од лани со панични напади. Првиот поголем паничен напад ми се случи баш на работа. После тоа почнав со психијатар и терапија и психолог.
    Имав среќа да имаат огромно разбирање на работа, од HR до менаџери секако и колеги. После тој период бев 3 недели дома дури се стабилизирам и огромна поддршка ми дадоја сите. После тоа не сум имала проблем со работата, се научив како да функционирам и во потешки периоди и ко ќе е минимална анксиозноста. Сега ми е баш влошена, ама работиме од дома долг период и се држам некако. Повеќе самата си штетам ама работата не ми трпи.
    Инаку лани на систематски психологот не ми ја ни внесе анксиозноста во извештајот за работа (иако кажав дека знаат), затоа што не претставува пречка за работа.
     
    На GirlLove, Lolipop23, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    23.641
    Да, заради неисполнување на работни задачи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.233
    Јас имам колега со некакви ментални нарушувања.
    Никогаш со никого не сум разговарала за ова.
    Гледам дека колективот знае, се приметува зашто се шушкаат меѓу себе.

    Три пати во годината по два месеци мораме да го носиме на грб.
    Незнам што му е, ама гледа во една точка, не збори со никого и ако се обидеш да му дадеш да си ја работи неговата работа (и тоа само 5%, зашто имам обзир дека не му е добро), тогаш почнува да плаче , заминува од работа и не се враќа со недели (користи боледување).

    Додека да откријам дека се работи за нешто со психата, мислев дека јас предизвикувам вакви реакции кај него, ама со тек на годините ми стана јасно.

    Тешко е да имаш ваков соработник.
    Секогаш си сам во работата.
    Кога не фалат, не фалат двајцата, ама кога има грешка, тогаш се оградува (не знаел, не бил добар, заминал на боледување и немал поим,,,,)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    А прима терапија некоја? Имаш пријавено дека не си ја работи работата?

    Жално за човекот, ама само затоа што е со проблеми не значи дека треба да се толерира се и сешто.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.233
    Шефовите знаат.
    Од мене не чуле.
    Јас не сум се пожалала, незнам, не сакам да.го доведам во ситуација да го стават нс друго работно место па уште толку да го столчи болеста, ама си заслужува.
    Да беше некој друг незнам дали ќе го трпеше.

    Шефовите нема да превземаат нешто се додека нема жалби...нели..
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.719
    Мојата сосема здрава колешка со прст не мрда, она пати од врскаџиска болест и мрза :)

    Не сум дозволила анксиозноста да ми пречи во работата. А сум имала повеќе од еден паничен напад. Ама ете, стискам заби и издржувам.

    Ваљда со искуството со болеста и тоа доаѓа, самоконтролата.

    Пијам терапија, знаат дека пијам терапија, не ми е тајна дијагнозата.

    Ама не само што не забушавам, обично во пофалените сум.

    Боледување ради анкс/депресија немам земено, мене лично седењето дома полошо ми влијае него одењето на работа.

    Овие две недели (три, ако ја броиме таа пред позитивниот тест) начисто полудев, мене барем најтешко ми паѓа кога се чувствувам бескорисна.
    Ми се изремети биоритам, спијам дење, седам ноќе, со тоа и се' останато.

    Мене работата ме држи во нормала, ми дава стабилност и не ми остава премногу време за мозоков да си тажи.

    Секако, без терапија ништо од ова, без самоконтрола ништо од ова.
     
    На kristina.k, Dentina и WildMk им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Исто и јас ејј психата е чудо од една страна си депресивен од друга ако не завршиш некоја работа како што треба се осекаш дека си непродуктивен и кога ке ме пофалат дека ги завршувам многу добро работите помирно се осеќам, и искрено се гордеам со себе шо толкав товар носам на грб и ниту еден ден не сум го поминала во кревет 24 часа и со плачење. :D