Ментално здравје - реалност, мода или пропаганда?

Дискусија во 'Психологија' започната од Peanut Butter, 27 мај 2023.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.999
    Членката не ја читам ама јас ќе ти одговорам за себе.
    Јас аналгетик пијам само ако морам, ако нема друг начин да ми помине или болката е неподнослива. Е ама ако гледам дека стално иам такви болки (а притоа е сѐ во ред) ќе гледам да намалам фактори кои наводно ми предизвикуваат болка.
    Едноставно сама не би поднела да ми живее мозокот психички на таблети како робот на батерии и притоа да не најдам нешто што ќе ги намали тие симптоми ради кои пијам. Оти ја психа можам полесно да контролирам од рецимо стомачен вирус или главоболка. Полесно ми е некогаш да знам што ми смета на психа него на главата и коленото. Оти глава и без причина ме болело.
    Повеќе стрес и оптеретување ќе ми ствара самата таква помисла и само ќе се вртам во круг.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    188.594
    @Cosmic Girl :bow:.
    Не знам што се зборува на психолошките теми, тоа малку што сум го видела, не ми се допаѓа. Луѓе талкаат, меѓу грешни апчиња, барање квалитетни терапевти, и ни едното ни другото го нема. А треба да се зборува, има многу за зборување.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Па можеби треба да почнеш да го прошируваш кругот на познаници, штознам. :lol:

    Во моја генерација, сите колешки на УКИМ што беа потпросечни, не стигнаа до дипломирање.
    Се откажаа од студиите, не издржаа.
    Се пријавија над 200, се запишаа нешто помалку од 200 (редовна квота примаа само најдобрите 20), ама дипломираа само 20-30.
    Сите што мислеа дека ќе си поминат без учење и со лесно, паднаа уште во прва година.
     
    На crimson, CameliaMiller, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.124
    Пол:
    Женски
    Зато и реков дека очај не можи да е тренд. Јас уствари дневно само б12 пијам и ништо друго (впрочем во моментов ми е под јазик), али хипотетички ако има нешто шо се ќе ми реши - одма го земам. Не ми треба да сум "тренди" и "ин" ако сум во постојана болка и сум очајна.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    На форумов во темата психологија има многу теми што не се психолошки како прво.
    Повеќе припаѓаат во општи дискусии и некои по забавни категории него во психологија.

    Некои теми се измешани и се како повеќе категории во една.
    Луѓето отвараат според тоа каде најчесто и најскоро се дискутирало па се пишува и во погрешна тема.

    За битни психолошки прашања нема теми.
    Некои ги отвараме но не заживуваат сите.
     
    На CameliaMiller, Angie1432 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Едно е апче анелгетик друго е да мораш да пиеш терапија бидејќи апчето ти го надокнадува тоа што ти фали и е неопходно.
    Не е исто лексилиум десет години и да пиеш стимуланс затоа што имаш нарколепсија.Пример.

    * и ова доаѓа од некој што исто така пие само ако мора.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    О Боже. (facepalm)
    Да еве јас си се самодијагностицирав со социјална анксиозност. Сметам дека и психолог би се сложил, при константни нагони за projectile vomiting при запознавање со нови луѓе или при секаква интеракција со луѓе. Едноставно кога интеракција со луѓе ми ствара таква трема и паника, не знам како поинаку би се класифицирало.
    Е сега зошто е битно да се даде точна дијагноза и воопшто зошто да се третираат тие "лесни" состојби? Затоа што нивно игнорирање доведува до потешки состојби.

    Конкретно за социјална анксиозност се препорачува CBT (Cognitive behavioral therapy) или Exposure therapy. И се имам обидувано да ги применам и двете за одредени ситуации. Можам да потврдам дека апсолутно помагаат. Со помош на терапевт секако би било подобро и поуспешно.

    Exposure therapy и како шо и самото име кажува, треба да се изложуваш на ситуацијата, да не ја избегнуваш. Ама треба да е постепено, инаку ќе има сосема спротивен ефект.
    А CBT сфати го како упатство како да почнеш да се водиш да размислуваш поинаку, од друга перспектива.

    Еве пример кога се терав да одам во теретана, нешто што на многу луѓе им претставува проблем од иста причина. Практично си водиш некој разговор со себе, си поставуваш прашања.

    Како се осеќам сега за одење во теретана?
    - Нервозно, ме мава паника.

    Зошто се осеќам така? Од што произлегува?
    - Ќе има луѓе таму, страв ми е дека ќе ме гледаат и ќе се обрукам.

    Зошто мислиш ќе те гледаат и ќе се обрукаш?
    - Нема да знам како да вежбам, ќе изгледам многу глупаво.

    Дали може да најдеш на нет како се прави некоја вежба или само да возиш точак?
    - Можам.

    Дали мислиш дека некој ќе ти се смее како изгледаш?
    - Да.

    Дали ти би гледала некој како изгледа и би се смеела?
    - Не.

    Дали мислиш дека е ок да се смееш на некој како изгледа?
    - Не.

    Дали мислиш дека другите се толку позлобни од тебе да го прават тоа?
    - Не.

    Дали сепак сметаш дека некој ќе се исмева?
    - Да, можеби.

    Дали мислењето на таков лик треба да е препрека да оствариш цел?
    - Не.

    Дали треба да се придава внимание на таков лик?
    - Не.

    И така ете ќе се самоубедиш и смириш на некој начин и ќе се наканиш да го направиш нештото што те плашело. И тоа може да е постепено, пример само 10 минути на точак прв ден. Или колку и да се осеќаш комотно. Постепено ќе се ослободиш до главната цел.
     
    На crimson, bittersweet, Ketchup и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.999
    Не мислев на било какви невролошки пореметувања, ко нарколепсија и шизофренија. Нарколепсија веќе за невролог е, не за психолог.
    Зборам за пиење лекови за анксиозност и панични напади (да, сум имала патем паничен напад) или други кај што многу често околни фактори влошуваат или се причина, а не се причинителите само од "внатре".
    Али ова јас за себе, не викам други да не пијат во ниеден случај.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.107
    Допаѓања:
    188.594
    Немој таа врата, немој сречо, немој данас:wasntme:

    Како можеш да знаеш дека се ќе ти реши? Што е тоа, се да ти реши? Кому веруваш дека се ќе ти реши? И вистина веруваш дека може да постои едно апче за решавање се?
    За постојана болка морфиум даваат на терминални случаи. Ама и фентанил даваа, со години, оти ,,спасувал очајни луѓе од болка,,. Дрога на рецепт. За мерак.Да ставам линк или да не ви го реметам раатот/илузијата дека светот е убав и розев, како и апчињата на Мерлин Монро.
     
    На INNERBEAUTY и see.emily.play им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам баш како мислиш причинители од внатре? Пошто кај луѓе со анксиозност сѐ од околината може да биде фактор...некој не влегува во гужви, некој е хипохондрик, некој има ирационални стравови....широк поим е.
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.124
    Пол:
    Женски
    Уште прв пат ко пишав, хипотетичка ситуација е. Од таму, немам шо да прокоментирам натаму оти не е одраз на навиките шо ги имам. Тудлс.
     
    На CameliaMiller, senjorita-v, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски

    Фала ти што го сподели своето искуство.
    CBT има за цел да те оспособи да имаш подобра контрола врз сопствениот процес на мислење и те учи на техники како да го постигнеш тоа прво со помош од стручно лице, а потоа и сама без помош однадвор.

    Со контролата на текот на мислите, влијаеш и врз своите емоции и врз емотивната реакција, т.е конечно влијаеш и го контролираш своето однесување. Тоа е теоријата врз која почива овој психотерапевтски правец, најпросто објаснета во една реченица.

    Има и други техники.
    Некој спомена пишување дневник. Кога се пишува дневник се прави ретроспектива на настаните од денот со акцент на мислите, емоциите и реакциите кои сме ги имале за време на тие настани. Поентата е да тие да се освестат, значи да станеш свесен за нив како прво, и ако има потреба да поработиш на нив - малку да ги анализираш, разбереш и сфатиш од каде дошле, зошто дошле и сл. Ако го запознеш проблемот, ќе можеш да изнајдеш начини како подобро да се справиш со него во слични ситуации во иднина.
    Добро е да се практикуваат со надзор и упатство од психотерапевт за да се прават правилно и да имаат ефект.

    Ако некој не знае како треба да се прави, на пр. пробал дневник да води, или која и да е некоја друга техника и не идело, не значи дека таа не е ефикасна и дека треба да излезе на јавен форум и да тврди дека тоа ништо не помага.

    Јас до пред десет години пробував сама, по инстуркции од книга да медитирам.
    Ништо не видов ефект. Не тргнав да зборувам дека медитацијата е гола вода и дека треба да се батали.

    Цел живот аеробик вежбав, ништо друго не признавав. Ама еднаш отидов на јога, без предрасуди, со сите неуспешни искуства и обиди тргнати на страна. Инструкторката ја водеше медитацијата и првпат осетив придобивки од неа. Осетив зголемен фокус, ментална контрола, поголема смиреност и зголемена свест за себе, своето тело, ум и моето опкружување. И тоа беа само психичките придобивки.
    И гајле ми е дали некој ја прифаќал или не, јас многу добив и многу научив од медитацијата и јогата.
    Отворете и читајте. Научно со мозочни скенови е докажано какви промени предизвикува на невролошки план редовната медитација. Имав преубаво искуство и продолжив со јога редовно уште 3-4 години.
    Сега ги практикувам и двете. Вежбам и едно и друго, зависно од моите моментални потреби.
     
    На CameliaMiller, senjorita-v, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.999
    Разлика меѓу состојби кои ги третира невролог и психолог кога ќе направиш, ќе сфатиш на што мислам за внатрешни причинители.
    Епилепсија вс анксиозност пример.
    Зависно во колкав степен се дијагностицира болеста со физички методи (ако збориме за глава- еег, мр, пет) а во колкав со психолошки методи
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Добро еве според оваа логика само за невролошки треба да се пие терапија?
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.999
    Јас лично за анксиозност и панични напади не би пиела. Јас. За други не кажувам.
    Зашто се знам себе како на што реагирам

    А тоа за невролошките беше само пример, инаку стави на нивно место било која физичка болест.
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Терапија се дава со причина, некогаш психотерапевтскиот процес не е доволен самостојно за да помогне, во зависност од дијагноза и околности нормално, за секој е различно, секој клиент си е приказна по себе и бара поинаков пристап. Башка што за да се работи на терапија коренот на проблемот, единката психички треба да е доволно стабилна за да се чепкаат осетливи теми. И во ваков случај каде што е потребно и фармаколошка терапија, кога ќе се стабилизира со лековите, се продолжува и со психотерапијата, и кога ќе застане клиентот на ,,свои нозе'' полека полека се намалува и на крајот се прекинуваат. Фала богу дека лековите не се решение, меѓутоа може да се рече дека се привремена потпора/помагало, како на пример штака кога ќе скршиш нога.

    И не треба да се шејма земање терапија, стварно нема потреба.
     
    На Ketchup, Akapulka, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Добро објасни.
    Проблемот настанува кога се останува само на фармаколошка терапија, не се практикува и другиот дел од терапијата-психотерапијата. Било заради тоа што пациентот одлучил само да се лечи со лекови, било заради незаинтерасираноста на психијатарот.
     
    На Akapulka, CameliaMiller, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    Како некоја што била на гешталт терапија ке ти речам дека самиот правец во психотерапијата поседува еден куп ама еден куп техники/алатки за справување со (да речам секојдневни премногу ке е) проблеми.
    Причината ради која одев ја решив и многу подруго гледам на таа причина поради која имам завршено таму.
    Замисли, во ниту еден момент терапевтката не ми измисли дијагнози пошто не е стручна за тоа.
    Ама ти со твоето (не)знаење ги ставаш у ист кош сите.

    И спорт и бутур секако се добредојдени во светот на себеспознавање и соочување со наши трауми, но коренот лежи во самата терапија. Еден спорт и бутур сам по себе нема да ти ја реши траумата од дете, недостаток на родител, било каков абјус и остали ишјус.

    Ова е тоа што членката не го разбира и не верувам дека ке го разбере.
    Не секоја мрза е доброволна, секогаш во позадина, во длабочината на нашата личност лежи нешто што не тера да не направиме некој чекој напред или да излеземе од нашата комфорна зона.

    Мислев дека со некоја доброволна причина ја имаш отворено темата, и баш ми беше мерак да се вклучам, ама на крај се издаде самата. У право е Нена кога вели дека се потсмеваш на сите.
    Ради таквите како тебе и ради родители како тебе постојат осакатени генерации и деца.
    Слабо стоиш со емпатија што за мене е вознемирувачки.
    На страна што не признаваш наука како што е психологија која впрочем и не е нова наука.
     
    На Na.talia 24, bittersweet, Akapulka и 7 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    ^ На поединци со самите мислења им се гледа менталното здравје.

    Штом тема се отвори за да се испишат страни за ваква комплексна тема и се дојде до катастрофален заклучок - ИСМЕВАЊЕ.

    Се додека не осетите на ваша кожа не би го знаеле вистинското чувство, немоќта,борбата итн.
     
    Последна измена: 30 мај 2023
    На GirlLove, malerozna, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.711
    Допаѓања:
    122.209
    Пол:
    Женски
    Некогаш мора да делува фармаколошката терапија, за да го крене човекот, за да може да применува психотерапија.
    @*Amethyst* никој кој со добри намери ќе отвори тема за психологија нема да нарече мит, тренд. И да ги нарече луѓето кои одат на психотерапија и примаат лекови дека се размазени и бараат внимание.
    Првиот пост е јасен сам по себе.
     
    На Akapulka, *Amethyst*, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.