Ментално здравје - реалност, мода или пропаганда?

Дискусија во 'Психологија' започната од Peanut Butter, 27 мај 2023.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Ете како на пример има промена во невротрансмисијата кај некои психички болести.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Психичките болести тотално може да имаат физичка основа - во мозокот. Бидејќи мозокот е психа, психата е мозокот. И не е само анксиозност, аман, еве има растројства на личноста кои се дел од структурата на еден човек. Не можат да се "излечат", ама со терапија се менаџираат симптомите. Има адхд кое што има невролошка основа и има психолошки последици. Има шизофренија, има DID, сите тие се хронични и нема магично исцелување. Таблетите драстично го подобруваат животот.
     
    На MarijaMi90, Lianna Anna, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.997
    Тие веќе невролози или психијатри ги третираат, не психолози.
     
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Никој не те тера ништо да правиш, си имаш слободна волја, ако сакаш да се дружиш со некој дружи се, ако не сакаш не мораш.
    Како што и тие што те отфрлиле имаат право да одлучат дали сакаат да се дружат со тебе или не. Без разлика во кое поле работат.
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Никој невролог не ги третира нив...а психијатрите можат да третираат сѐ.
    Не ти ја сфаќам поентата баш.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.711
    Допаѓања:
    122.209
    Пол:
    Женски
    Имаш психолог, терапевт, психијатар, невропсихијатар..
     
  7. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Машки
    @Cosmic Girl добар пост има напишано околу здравството и само ќе додадам една работа од лично искуство.
    Ако нарушената психичка состојба на една индивидуа не се лекува и фактички ако не се и превенира кај лица со историја за емоционална нестабилност и фамилијарни проблеми, ситуацијата може да ескалира до тој степен што лицето може целосно да се изгуби односно деперсонализира и да стане закана за себе и сите околу него.
    Ова го имам лично видено кај многу луѓе и тоа што имам од искуството заклучено е дека сериозна психичка состојба односно растројство е многу потешка ситуацијата отколку одредени тешки физички заболувања.
    И не воопшто не се ретки овие пациенти посебно бројот на помлада генерација со растројства драстично зема замав.
    А кога веќе зема замав филозофијата не може да помогне туку првенствено медицината со менување на свеста кај пациентите и развој на здравството што кај нас и двете се слабо развиени.
     
    На MarijaMi90 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.997
    Поентата ми е дека има разлика дали третираш како психолог само бихевиорално без да навлегуваш во структури на мозок или медицински то ест анатомски и физиолошки како психијатар/невролог.
    Ментално здравје збориме нели, не физичко
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Иначе @Munchmallow20 си пишала дека хронична болест не е исто со анксиозност. Се согласувам, болеста може да е опасна по живот, анксиозноста не е. Што не ја прави помалку сериозна. Бидејќи ни една ментална болест не е опасна по живот, освен кога некој ќе се самоубие. Башка, ако еве си болен од нешто, можеш да развиеш секундарно и анксиозност заради тоа што здравјето ти е нарушено и не знаеш што те чека утре. Зошто да не земаш терапија за олеснување на симптомите?
    Ама често се преклопуваат.Не дека има некоја остра граница вака како што си пишала.
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    8.964
    Пол:
    Женски
    Она што веќе крајно ме иритира (барем мене) се некакви измислени или очекувани сосем генерализирани обрасци на однесувања врзни за менталното здравје. Ако јас сум замислила дека сите треба да се однесуваат на одреден начин во ситуации на тешкотија и сѐ надвор од тие рамки го дефинирам како мода, пренемагање, измислување итн. токму тоа е стигмата. И не може да се мрдне никаде ако се размислува така. Читам на пример жени во темана за ПМС што пишуваат и ако бев без емпатија и разбирање, ќе кажев дека претеруваат. Здраво е да престанеме да очекуваме и да претпоставуваме дека ние сме им репер на другите, тоа е џиновски чекор кон решение на дел од овие проблеми.
    Пс. Имам во близина жена која се лекува од депресија (не знам детали за дијагнозата), ама едноставно телото после одредени години помалку лачи серотонин и тоа е голем проблем и тригер за вакви состојби, телото и мозокот се дефинитивно во тесна врска.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.997
    Ја лично ако имам причинител и знам кој е, ќе го лечам него колку што е можно.
    И пак ќе повторам, зборам за себе, не за други. Сум пиела диазепам кога имало стварно потреба еве ќе си кажам, многу одамна беше. Ама не ни посакував да живеам така секојдневно, на диазепами па наоѓав алтернативи. За мене нема полошо нешто од тоа да живеам како зомби на лек што ме прави тромава.
     
    Последна измена: 13 јуни 2023
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    А кој вика дека треба секој ден да пиеш дијазепам?
    Да тргнеме од тоа дека за долготрајна употреба за анксиозност се дава ssri не бензо.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Голема грешка си.
    Многу предрасуди тука напиша.

    Замисли вака да размислуваа и да морализираа докторите, психијатрите и психолозите кога ќе им дојдат пациентите да им бараат помош или кога треба да спасуваат нечиј живот?
    Замисли си...
    Точно.
    Сакав да пишам и за таквите случаи, ама не напишав зошто иако постојат такви кои може да се опасни и за другите, не значи дека тие се помалку или повеќе битни од некои други проблеми и болести.

    Ако ги делиме дијагнозите според тоа колку пречат луѓето што ги имаат на тие околу нив, тогаш не сме напреднале ниту за милиметар од она време кога луѓето со психички проблеми сме ги ставале во изолирани институции или санаториуми направени во некое забито место.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.997
    Никој.
    Ама тогаш само тоа ме смируваше.
    И или ќе пиев диазепам или ќе барав алтернативи.
    И џабе ќе пиев некоја терапија ако ич не работам на причината. Кога реалноста ми е пред очи, пак ќе знам дека таа причина постои и ќе се нервирам.
    Иииии по стоти пат, за мене кажувам.
    А ако нешто ми прави да не перцепирам реалност нормално, неќам да го ставам во уста.
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Се редактирав допишав.
    Дијазепам може да се пие кратко или привремено, не постои препорака да се биде зависен од него како што ти си зацртала.
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    22.997
    Знам добро дека диазепам не се дава како терапија. Ти велам мене ме смируваше тогаш тоа. Не би дискутирала што проблем имав.
    Ама ете, ќе се соочев со реалноста или ќе се правев дека не постои со спиење, јбг.
     
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Не бе, ако е темава.

    Едноставно има многу луѓе што или немаат никакво предзнаење во врска со сите психички поими, од ментално здравје и психички растројства до психотерапија и ред други прашања што овде се дискутираат.
    А има луѓе што имаат и погрешни информации врз кои базираат свои ставови и погледи, а сакаат да ги преиспитаат и да се информираат.

    Сакале да прифатиме или не, ама тоа е нашата реалност.
    Не само на форумов, туку и општо.

    Јас викам ајде да разговараме.

    Дајте да ги разоткриеме сите работи кои не чинат.
    Вклучувајќи ги и оние зборови, тврдења и ставови кои се навредливи за сите оние кои имаат психолошки проблеми, за да се научиме да се корегираме.
     
    На Angie1432, Lianna Anna, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.124
    Пол:
    Женски
    @Munchmallow20 океј е да неќиш некој во близина ради кои причини и да ги имаш. Не е себично да се ставиш себеси прва и твое ментално здравје особено ако то и на тебе почни да се одразва. Никој не е толку широкоград да само трпи и другата страна само да зема. И то е океј.

    Лично, сум била во ситуација каде стана претоксично за мене и заминав и то ситуации и каде имаше зависност ама и нешто друго во друга ситуација. И имам ситуации каде уште сум со луѓето кои ми значат оти видов дека во најмала рака се трудат и од таму, ситуацијата е непријатна ама нема да трај цел живот и заедно можиме да менаџираме чак и да трај. Исто така се "фатив" како работи за кои сум свесна дека ги имам кај мене и ми се разработени, лесно ми е да поможам во менаџирање на пријатели, ама ако е нешто шо и мене ме повредва и не сум го разработила б е г а м. Некој можи и се лути, и со право. Во исто време очекувам дека некој нема да остани покрај мене ко ќе имам "епизоди" и многу не останале и не се лутам, ама секогаш ќе бидам благодарна на тие шо останаа покрај мене и ко ќе имам испади знат и да се насмеат и да разберат и да продолжат понатаму.

    @forumce сега за зависностите. Точно дека никој не те тера. Лично сум експериментирала со многу работи и не сум зависна и сум чиста со години колку и да јадам лајна на форум дека е поинаку некогаш. Зад зависностите има позадина. Подлабока позадина од "одбра да пуши, шмрка, зема табла, коцка итн". Најчесто има подлабока улога зошто да, 1) се посега по нешто to begin with и 2) зошто иди до зависност и која е потребата да не си трезен. Не е самото земање шо носи до зависност. Пак, истиот муабет со Манч горе, не мора да останиш покрај ваков чоек. Можиш да одбериш да се тргниш. И то е океј.

    Поентата ми е, стварно не мора ни да се правдате оти некој неќите покрај вас. Сите прајме избори кој останва покрај нас и то е океј. Јас имам метода шо на мајтап ја викам: "ќе умрам сама метода", кај шо се прашвам дали ситуацијата за година, пет, десет, уште ќе ме афектира ако не успеам да ја решам. И ако одговорот е "нема да успеам а пробав икс, ипсилон" - се тргам од та личност шо прај такви чувства, а не вложва еднаков труд во врската. И то е океј.
     
    На MarijaMi90, sweet-cherry и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.804
    Допаѓања:
    274.746
    За епидемијата хероинска во Америка да се надоврземе :)

    Како дојде до епидемија? Знаете вие анти-дрогаши-проклети?
    Знаете дека умираат луѓе што марихуана не запалиле претходно?

    Одиш на лекар за ФИЗИЧКА болест. Значи реума, или имаш фрактура, или ти правеле операција некаква. Ти даваат терапија за болка. Ти викаат, безбедна е.

    И почнуваш. Арно ама, за 1 недела веќе си зависен. Болката реална уште не ти е пројдена, веќе почнуваш да имаш зависност од ПРЕПИШАНИ апчиња за физичка болка.

    И ти препишуваат, ти препишуваат до бескрај, оти одиш и вриштиш дека те боли (и те боли, ама не фрактурата или извадениот орган, те боли кога паѓаш во апстиненциона криза). И ти препишуваат уште. И доаѓаат до ситуација каде што не е проблем препишувањето, туку веќе и ментално страдаш од болки, па тука добиваш плус лекови за анксиозните напади поради болките.

    Но, осигурувањето веќе не ти ја покрива дозата. Премногу е. Немаш пари веќе за да не те боли.

    Две ситуации има. Првата, трошиш огромен дел од парите за да лечиш навидум физичка болест и болка, додека не се предозираш со препишана терапија за таа физичка болка.
    Втората, не си толку среќен, немаш пари легално да набавуваш веќе лекови, па почнуваш да користиш хероин, евентуално фентанил.

    И од тоа се предозираш и умираш.

    Така што, не знаете што може и од каде да ви се случи. Може да станете наркосот, а ич да немате ментална болест првично.

    И се согласувам, темава е навредлива и тоа многу.

    Наместо да зборуваме прво за превенција, а потоа и за лекување и менаџирање на симптоми на ментални болести, ќе седиме и ќе ја јачаме стигмата, оти не е доволно разорна веќе.
     
    На senjorita-v, see.emily.play, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    @Munchmallow20
    За различни работи овде зборуваш.
    Има разлика помеѓу однос на стручно лице (доктор, психолог, психијатар) кој му е професија работа со пациенти како тој се однесува кон нив, од односот на што го имаат другите (вон оваа категорија) кон пациентот.

    Не е во ред од многу аспекти, ако некој работи на такво работно место и си бира дали ќе се прими, ќе третира некој пациент или не и колку тоа ќе му се посвети, врз основа на овие критериуми ти што ги пиша. Нивната работа подложи на законски одредби но и на етички правила кои тие мора да ги почитуваат.
    Во приватниот живот твој избор е со кого сакаш да се дружиш, кому сакаш да помогнеш и колку.
    И имаш апсолутно право да си поставиш граница ако мислиш дека тоа е за твое добро.
    На работно место се трети односите и тие се законски уредени. Поинаква е и одговорноста на работодавецот, зошто има одговорност не е само кон вработениот кој има проблеми туку и кон останатите во колективот.
    Така да не можеме да зборуваме општо за сите овие различни ситуации и да кажуваме што е добро што не е.

    Мислењето на другите за нештата пак е сосема десетта работа.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.