Ментално здравје - реалност, мода или пропаганда?

Дискусија во 'Психологија' започната од Peanut Butter, 27 мај 2023.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.104
    Допаѓања:
    188.556
    Ако веќе збориме за работа, каков доказ сакаш за burnout на пример? Лекот е одмор, медитација, како да ти кажам-лекот е да не одам на работа:D. Само што пишуваш од земја кајшто никој не дава ослободување од работа, ниту признава таква дијагноза. Па треба срчка да ме стрефи за да ми признаат?:|

    Еден збор има на темава-ПСИХОСОМАТИКА. Само што јас не знам некој да лечи или превенира така. Во ниеден здравствен систем. Тоа е.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.803
    Допаѓања:
    274.738
    Превенција само во закон има, во пракса непостоечка е.
    Мислам на примарна превенција што се однесува на здрави луѓе, нели, да се превенира да дојде до болест.
    Не само во Македонија, општо.
     
    На MarijaMi90, theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.104
    Допаѓања:
    188.556
    Па и здравје само на папир има...како беше, физичка, ментална и општествена ...добросостојба:).
     
    На MarijaMi90 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Машки
    Не е воопшто точно тоа мислам дека и не е дел од темата.
    Превенција постои во здравството и се знае што е скрининг меѓутоа проблемот е што таа е поврзана со медицинска писменост.
    Кај нас владее некоја транзициска струја да се оди на доктор само кога ќе се појават симптоми. Има безброј дијагнози што бараат само годишно иследување.
    Жените треба по секоја цена да прават преглед на дојки и колоректален односно колоноскопски преглед и без никакви симптоми ако се над 50 години или порано ако некој во фамилија е заболен.
    Кај мажите важи за простата и истиот колоноскопски преглед над 50 години или фамилијарно и до 10 години порано.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.104
    Допаѓања:
    188.556
    А пошто не е тоа темата (бтв да ти се плукнам во превентивата за физичко здравје), на тема психичко здравје превентива нешто? Нешто, ментална хигиена, стрес рилиФ работилници и сл?:?:
    ...
    а во меѓувреме, бонус совет-тукушто излезе дури скролам по вести
    https://off.net.mk/off-cafe/uitwaaien-ednostavniot-holandski-lek-za-stres
    Има смисла, навистина има:mm:
     
    Последна измена: 13 јуни 2023
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.803
    Допаѓања:
    274.738
    Не сум сигурна дали мислиш дека не постои превенција кај ментално здравје?
    Пошто постои, во теорија.

    Некои работи колку и да превенираш ќе се случат, па и со свои очи видов како хирург кој нема запалено цигара во живот, активен спортист, алкохол не пиеше, здрава исхрана умре од рак, пошто ете, нема секогаш да ја најдеш причината и не можеш баш сѐ и секогаш да превенираш. И друг кој таман почната кариера му заврши поради мултипла склероза. Итн. Можеш да се обидеш, нели.

    Тоа не значи дека не треба да се обидеме барем да превенираме. Превенција не секогаш значи дека нема да дојде до болест, но може и да не дојде, а може и да дојде но да сме спремни и поскоро да ја решаваме. Како и секаде, и кај менталните болести, што побрзо се лекуваат, решаваат, пред да дојдеме до критична точка, толку се поголеми изгледите за подолготрајно или пак целосно лекување, исходот е очекувано подобар.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Машки
    Да во право си на иста линија сум дека превенција има кај психичко здравје.
    Превенција може да постои и за релапс на пример. Си имал некогаш некое растројство како дијагноза и сега си добар па по одредено време ако осетиш стрес или некоја паника се прима терапија за да се спречи враќање на растројството. Или превенција може да биде самото редовно контролирање на установена состојба на долг рок значи одење на разговори.
    Така ова е уште една работа поврзана и со психологијата и те како е превенција меѓутоа бидејќи не спаѓа во медицината со овој термин честопати се манипулира.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.803
    Допаѓања:
    274.738
    Превенцијата може да биде и примарна, значи да се однесува на здрави луѓе, оние кои не почувствувале потешкотии.

    Тоа е идејата на примарната превенција всушност, здравите да се обидеме да ги заштитиме (т.е. едуцираме како да се заштитат) од евентуално доаѓање до болест. Примарна превенција вклучува и рано детектирање и барање помош, многу пред да "гори".

    Едукациите што ги спомнав поназад за родителство пример, се токму тоа, превенција. Што е нормално, што е очекувано, како да се постапува ако се појави тоа и тоа чувство итн.

    Се' што правиме за да спречиме накаква болест или состојба, кај здрави луѓе, спаѓа во примарна превенција и е исклучително важна.

    Само што како што кажав, тоа е теорија најчесто, во пракса никаде не се спроведува баш. Односно имаме тенденција да се справуваме со последиците, а не сме ни пробале да го спречиме појавувањето на проблемот.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.104
    Допаѓања:
    188.556
    Ах, да се само цитирам...го најдов видеото :)

    ... за инфлацијата на дијагнози во вокабуларот, и што со тоа, и потоа...
     
    Последна измена: 17 јуни 2023