Обично при земање анамнеза ова го прават. Зарем при преглед на дојки еве грубо прашање никогаш не прашале имате ли во фамилија некои блиски членови со канцер на гради итн. нешто такво?
Тоа е семејна анамнеза, нема врска со мојот животен стил баш многу, нели. Не е тоа темата. Сакав да кажам, врз искуство на членови од мое семејство ми е констатацијата, ако не се разбравме убаво.
Па е поврзана таа семејна анамнеза со лично твојата, баш за тоа е темата. При такви прегледи вообичаено прашуваат, не прашуваат за да пополнат време при прв преглед онака од досада Ама ок ти имаш такви искуства, сум имала и јас не велам не, ама по таа прва средба велам чао пријатно и барам мислење од некој многу постручен и пред се попосветен. Има и стручни ама со поглед од врата како да те брка, не се посветени. Сега приметив имаш едитирано е вака и да е твое лично искуство мене лично не ми менува. Јас пишував општо и за лекари и за психотерапевти, од секакви искуства. Сосем е во ред да не си кликнеш и да не си одговараш или да се разбереш убаво со секого. Впрочем затоа и бираме и имаме можност да смениме од матичен до секаков постручен
Малку како да подзаборавате каде живеете... Во Македонија можеш да се обидеш да бараш второ мислење, ама има доктори кои се еден на цел гегион. Секој ден во различен град и тоа ако воопшто патува, а не мора ти да мора да го гониш низ различни градови. Прашајте малку како е и по други градови. Башка форум е ова, може слободно да си прашате што и како е и за многу кратко време ќе сфатите дека многу од работите кои ги пишувате - ги пишувате идеалистички, како што всушност си замислувате дека треба да бидат, а не како што се. И јас имам и такво и такво искуство. И ме прашувале и не. Претежно прашувањата беа порано, сега поретко затоа што нема доктори па секој има 10мин за да те прегледа, распраша, постави дијагноза и остало.. Менталното здравје не е исклучок. Има членови кои кажуваат дека во нивниот град нема луѓе луѓе кои би помогнале околу менталното здравје или ако има е еден и е пребукиран.
Не можам да поздаборавам каде живеам, ама таму каде што сум живеела и живеам немам вакви искуства и убаво е ( па и затоа служи форумов) секој да си сподели со какви проблеми се справува еве конкретно на тема достапност. За ова малку оф топик од област на гинекологија баш тазе разбрав имале воведено мобилни комбиња со гинеколошка опрема и возеле во различни градски и рурални региони да покријат повеќе пациентки со основни гин. прегледи и пакети. Убава тема отвораш за дискусија, можеби некои од надлежниве ќе имаат во предвид како за гинеколошкиве потреби и по оваа да постапат слично.
Отвори мој термин и кликај по доктори. Ќе забележиш дека и гинеколози нема, а тоа за мобилни амбуланти прв пат го читам. Почна да има по еден, два или по ниеден гинеколог во град. Ситуацијата со психолози и психијатри е уште полоша.
Навистина гинеколози се повеќе снемува затоа и вака изреагирале со мобилна амбуланта и јас пишав сега набрзо дознав за ова.
Нормално дека менталното здравје е реално и важно и не е нешто ново. Порано то шо немало свесност дека нешто постои - не значи дека и не постоело се шо има денес. Клавање акцент на него го решава проблемот за многу генерации. Полесно ми е со пример. Јас сум анксиозна "од дете". Сум била и на лекар. Имам физички проблеми како резултат на то. Ни доктор, се дур не зачекорив кон средина на средно образование, не ни спомна анксиозност и само ми третираа физички проблеми без да се спомни дека МОЖЕБИ се е од глата. А не беше едно нешто. Мајка ми беше прва шо ми рече дека во нивно време немало анксиозност. Да зборниш три реда муабет со неа, има многу слични симптоми на мене само ги игнорира. Во мојот терапевтски правец се дава исто така големо значење на трансгенерациско пренесвање. То е баш ова шо опишав. Мајка ми не ја решава нејзината мака. Со то шо не ја решава тој товар го префрла на мене. Ако и јас не го решам и те како ќе го префрлам на мое дете. Или друг пример. Колку пати од постари генерации имаме слушнато "арен чоек беше, оти се отепа". И истите луѓе ќе речат дека некој за внимание оди на терапија, ко и внимание само по себе да не е крик за помош. И дека депресија не е реална. А е. И колку луѓе ќе речат дека intrusive thoughts се за ненормални. Дури и луѓе шо генерално се океј со промоција на ментално здравје и негово одржавање. Скоро сите. Се дур се најдов во друштво "со моите" немав храброст да споделам. Оти се гнасни, страшни и морбидни. И баш оти не се збора јавно за ова, "од дете" јас мислев дека памет губам. Не знаев дека едноставно нешто толку морбидно и несакано можи да те "нападни" и да те фрли во панична епизода како резултат. То шо на интернет и во многу тесен круг на пријатели се збора за ова, ми поможи п р е м н о г у. Mental health awareness не е пропаганда. Нашето ментално здравје не е пропаганда. Само сме свесни за него и не го стигматизираме поќе. Основно бев ко имав прв паничен и физички болки ради анксиозност. И пошто мислеа дека морам да имам "доволно добра" причина за да се установи анксиозност и да се третира, многу долго период шо требаше да ми е среќен и carefree - не ми е и си повлече и други работи со себе оти ако не третираш нешто одма испаѓа: "купи едно, земи едно генетски и доби 5 гратис!" Менталното здравје е комплексно. Некогаш треба малку да не фрли од колосек особено ако си млад и неискусен, или пак ако многу ти се насобрало па си overwhelmed. Сите имаме различен праг на толеранција и ни требаат вештини и искуство да се справуваме полесно со картите шо ни се доделени. Грижа за ментално здравје не е секогаш со апче, напротив. Најчесто е со терапија. А терапијата ни помага да научиме вештини да се "снаоѓаме" во одредени ситуации подобро.
Не е пропаганда, али како и се од кога имаме интернет, ќе се популаризира, оти многу луѓе ќе се пронајдат и ќе соберат храброст лајк да стават или да ја кажат својата мака, многу бизнизи и групи ќе почнат да го користат ко тоа. Поединци ќе почнат да се фолираат од премногу слободно време, за да бидат популарни, за пари, како изговор за своите лоши постапки и тако даље. Плус, ако дремеш дома цел ден, па уште и на интернет, ако немаш рутина каде ќе внесеш редовна исхрана, искачање од дома, со луѓе уште поарно, па и физичка активност, и да немаш, ќе развиеш некое пореметување. Знам дека звучи патетично и дека продавам муда за бубрези, али лично сметам дека многу од овие проблеми се појавија, па и продлабочија кај луѓето кои ги имале веќе, со појавата на интернетот, а за Короната да не зборам. Социјална изолација, физичка неактивнот, лоша исхрана, мрза за да живееш. Кој проблем и да го имате, сметам ќе се поправи барем минимум, со дневна рутина, и искачање од дома на сонце и светло, барем и пола саат пешачење сам. Дома завесите секогаш отворени, да влезе светло. И разбирањето дека сите го живееме нејсе истиот живот, куча посо, не сме ништо посебно помалку, а камо ли повеќе, само некои подобро и поефикасно се сносат со него, а некои за жал не, небитно од кои причини.
Јас исто би поправил дека ако гледаме генерациски, милениалс се тие што се најголеми поборници за менталното здравје, џен зи се повеќе поборници за човечки права. Друга работа, секогаш кога е нешто вирално ајде да кажеме, ќе има луѓе кои ќе сакаат да го злоупотребат, или профитираат од истото. Меѓутоа, тоа е најчесто онлајн, така да не треба да е толку загрижувачки. Најбитно е да се фокусираме на луѓето околу нас и нивната психичка состојба. За анксиозност и јас би се сложил дека број 1 причина е интернетот. На социјални мрежи најчесто се споделуваат само позитивни делови од животот и мозокот ти креира една слика која е нереална, затоа што тоа ти е единствен извор на информации за нечиј живот. И ова е најповршното, има уште многу примери кои можат да то влијаат на расположението и самодовербата. И од пред некое време мислам дека ќе дојде период кога ќе се нормализира луѓето воопшто да не се активни на социјални мрежи и баш сабајлево ми искочи на тикток некое истражување дека на џен алфа, социјалните мрежи ќе им бидат одбивни затоа што уште од раѓање се експонирани на истите. Јас неколкупати имам доживеано burnout и ме има снемувано по неколку месеци и никогаш не би се вратил, да не ми е инстаграмот единствена конекција со некои луѓе што не ми се во околина. Ама сериозно, секогаш кога се враќам на социјални мрежи сфаќам дека постојат луѓе што додека сум присутен ги гледам секојдневно, а додека ме нема мозокот ми ги брише 100%.
Најпрво од крај, што има лошо во екстровертност/интровертност? Тие поими ги создал уште Јунг пред сто години, не дека се нови. Само нѐ опишуваат исто како што имаме уште многу други описи на карактер. Другово ти е како слушнато-недослушнато. Бидејќи навистина не знам како некој би избегнувал одговорност преку декларирање дека е анксиозен? За што одговорност? Која е логиката? Зошто ја гледаш терапијата како некоја негативна екстрема? Како можеш да добиеш депресија од разгалување појасни ми? Зошто го гледаш себеанализирањето како непотребно? Тоа што секој втор вика дека е анксиозен е затоа што ни е влезено во жаргон и точно е дека често пати погрешно се користат многу растројства за да се опише обично чувство - но тоа не ги прави невалидни. Ваљда ако некој ти рече дека има висок холестерол нема да му речеш абе ај како не сите имате денес, а како дедо ми немал. Истото примени го и на оваа тема. А и навистина не ти ја разбирам логиката позади - се рекламира ментално здравје со "позадина". Исто како да кажеш дека се рекламира физичко здравје преку кампањи за здрава исхрана и спорт ама таа промоција на трчање на кеј е смислена од тајните владетели. Ова е еквивалент на минатото класифицирање на менталните болести како демонски и натприродни.
Темава е навреда за сите оние кои се борат со состојба на анксиозност, панични напади, депресија. @Peanut Butter ти посакувам никогаш да не осетиш на своја кожа како е. Ве молам не отварајте теми кои се осетливи и за кои треба да имаш искуство за да ја отвориш и да пишуваш за неа.
Јас бев многу анксиозно дете. Под тоа мислам цело време имав страв дека нешто ќе ми се случи и пројавував физички симптоми, па ме носеа одма во болница мислејќи дека нешто физички ми е, а физички немаше ништо, бев здрава. Ама, не постоеше тогаш анксиозност. И така, сама некако научив да се справувам со тоа и да разликувам што е што. И тоа како е важно менталното здравје, и да, се согласувам со Кечап дека миленијалците го покренаа ова, можеби зашто со појава на интернетот кога се споделија работите се увиде колку голем проблем е тоа всушност. И не би рекла дека е од размазеност, би рекла е од непосветување на внимание и туркање на све по тепих. Ништо не ти е ајде, ај не се преправај, не туку плачи само и се лигави... Фала богу денес многу повеќе се зборува за ова, можеш да најдеш луѓе со кои поминувате низ истото и да најдеш разбирање.
Се согласувам дека провејуваат предрасуди на темава во неколку мислења (затоа и лајкнав). Ама не се согласувам дека не треба да ја отвори темава ако нема лично искуство, ете спомна има искуство со близок. Не е тоа толку битно дали има таа или други што и значат, убаво што е отворена и вака поставена темава ( освен насловот малку не штима )за да се разбијат тие предрасуди дека се е пропаганда и направено само за маркетиншки цели и профит преку нив.
Јас разбрав дека мотото на темава е: Анкс и панични напади не постојат. Психијатар само те клука со апчиња (од искуство кажувам дека не е така). Оние кои одат на психолог, психијатар само бараат внимание. 20 гоишен со анкс? Ма иди бре размазено дериште. Прочитај го првиот пост. Ќе видиш.
Да во право си, ете ги тие предрасуди што провејуваат. Треба да се поработи на објаснување дека се погрешни, како што многу членки погоре убаво истакнаа и објаснија за што станува збор. Ама реално многу вака размислуваат независно дали имаат/имале блиски во вакви ситуации или никого па реално не ни знаат што претставува тоа за што вака размислуваат. Убаво би било да се едуцираат и сменат светоглед, бидејќи очигледно грешат.
Се надевам дека темава за тоа ќе послужи. Зашто не дај боже никому да доживее што значи анксиозност, напад на паники и се што повлекува со себе. Ако е темава за да се створи свесност ок, ама ако се минимизира, исмејува.. нека се затвори зашто не е воопшто во ред.
По што ги разбра ти овие работи, кога скоро сите постови во темава се спортовни од воведот, што е наратив кој сѐ уште владее во секојдневието?
Да, те сфаќам на што мислиш, ама вакви работи искрено секојдневно ги слушаме, а на темава повеќето не се сложуваат со членката, така да мислам дека е океј да се има оваа дискусија и секој да си го каже своето искуство, што не е воопшто така како што го опиша она.