Не мислам дека се работи за тренд или пропаганда, односно се согласувам со останатите постови. Не знам дали ова е надвор од темата, ама би сакала да го кажам. Она што мене ми недостига е повеќе зборување за градење ментален отпор (mental resilience), и тоа уште од најмала возраст со цел да се намалат тенденциите за хронична анксиозност и депресија во подоцнежните години. Каков мајндсет да градиме во животот? Како да ги израснеме децата во средина која е доволно нежна за нив за да можат да се слободни спрема нас, но и доволно „цврста“ да можат да ги поднесат ударите од животот кои порано или подоцна ќе дојдат, на еден или на друг начин? Сакам да кажам, разбирам дека овие работи се адресираат индивидуално на терапија и немам никаков проблем со тоа. Ама би сакала и градењето ментален отпор да стане поактуелна тема, затоа што на крајот од денот, тоа те спасува во животот .
Ова исто ко со хомосексуалност. Јас па баш обратно мислам дека е. Луѓето воопшто не се себеанализираат, не издвојуваат време да се поврзат сами со себе, да се откријат кои се, што осеќаат, што сакаат. А тоа не е добра ствар. Баш вчера налетав на ова: https://vm.tiktok.com/ZM2YNLUdP/. Или: https://www.instagram.com/reel/CrQ1FyDMvU8/?igshid=MmJiY2I4NDBkZg== Општеството напредува, се откриваат нови нешта како што луѓето повеќе се ослободуваат, комуницираат, споделуваат, сакаат да си помогнат, луѓе се интересираат, сакаат да ислушаат, да помогнат, да дознаат, се создаваат нови термини, нови дефиниции, луѓето се вољни да си помогнат на секаков начин. Исто така, за добра психа и позитивно ментално здравје не значи секогаш дека се работи исклучиво само со психолози и психијатри, и се пијат апчиња при секој случај. Проблем е што повеќето не веруваат дека многу нешта од секојдневието играат огромна улога за состојбата на психата, па одбиваат да превземат многу нешта што би им помогнале. Редовна физичка активност (не мислам на теретана, туку пример пешачење, има многу луѓе што буквално не пешачат), квалитетна исхрана, доволно сон, пророда, сонце, релаксирачки активност (читање, цртање, креирање нешто, лежење у hammock, играње board games, што год, индивидуално е), медитација, посета на цркви/храмови, пишување во дневник, дружба, правење групни активности (планинарење, пливање, пилатес, грнчарство, итн), ехеее можам да дрдорам уште. Сè со што се храниме, од самата храна до нештата кои ги слушаме, гледаме, правиме, сè влијае врз психата. Или гази, уништува, труе. Или учи, зацврстува "дух"/менталитет, менува перспективи, унапредува.
Менталното здравје не е тема за која се врши пропаганда. Се зборува за тоа бидејќи треба да се зборува. Ни една генерација не можам целосно ни да ја фалам, ни да ја критикувам. Од зи имам слушано или дека не постои проблем или дека некој е ненормален оти му се вртат 300 мисли во глава и дека паничи и се жали. За некои ствари и бетер се од бумери и икс. Миленијалците делуваат посвесни за менталното здравје. Од каде знаеш дали е од нормално семејство? Само за тие со кои живееш 24/7 можеш да знаеш какви се, за други не. Има многу семејства што надвор на сите им изгледаат нормално, но дома нешто не им е во ред. И дома да е сè во ред, други средини можат да дестабилизираат некого. Ако нешто не го гледаш, не значи дека не постои. Анксиозна личност може да избегне некои обврски во приватната сфера (што треба да е разбирливо со оглед на состојбата, не да се суди), но не може да избегне одговорност ни во таа, ни во јавната.
Ова е и те како битно, ама не знам кој и дали некој вака пристапува. А пристапот секогаш треба да биде повеќе од само идентификување на проблеми, треба да биде насочен кон решавање на проблеми. Можеби посоодветен наслов на темава би бил, епидемија на ментални проблеми, не знам дали во таа насока е замислено @Peanut Butter ? Оти реално, ова е чест медиумски наслов после корона пандемијата и реално станува евидентен проблем меѓу млади личности, бар во општеството кајшто живеам. А пристапот кон решавање проблеми останува болна точка.
За ова се согласувам дека треба да биде основна ментална хигиена и да се насочуваме кон нови навики. Ама треба да правиме разлика измеѓу превенција и третирање. Бидејќи некој што не може од кревет да стане нема ни да се измие не па да води дневник. Затоа и ме буни темава - зборуваме за одржување на ментално здравје или ментални болести? Некако од почеток се измешаа различни теми.
Мене ми е страв од особи што не веруваат во здрава психа, што не работат на својата, континуирано работат и дејствуваат со ограничени сфаќања и не дај боже се на повисока позиција и моќ па некој е должен да го прима тоа. Уште се во застрашувачки голем број, бидете силни
Не ги исчитав сите мислења ама ќе кажам чисто како јас го сфаќам ова. Не знам ама некако приметувам дека од толкава важност што му се придава на менталното здравје, почнаа секакви работи да се сметаат за пореметување и состојба и некаква дијагноза. И дека за сѐ мораш да идеш да збориш со психолог. Имаш стрес пред испит, пред интервју, кога треба да се јавиш негде, се плашиш од јавни настапи, имаш период на намалено либидо, некогаш не ти е денот итн итн и ајде на психолог и лепи дијагнози. Ќе идеш ако сметаш дека е нешто претерано да, ама никој не може да ме убеди дека постои човек што само оти иде редовно на психолог ене го не се потресува за ситници во животот. Имам и јас трема за многу работи ама не сметам дека психолог ќе ме оправи и дека воопшто ми треба психолог за нормални работи. Оти да, лично такви мали потресувања се нормални за мене Да си напрајме муабет ок ама да ме "лечи", не. И за секоја болка не идеме на лекар ваљда. Крај крајова она што многу пати имам кажано, кога се работи за ментални проблеми, ако сам немаш желба и не знаеш делумно да си помогнеш, психолог со сила нема да те оправи. Не демонизирам одење на психолог ама не треба ни да се претставува како магичната напивка за сите проблеми.
Јас стварно не знам кој има време за сево ова? И што правиме кога ќе дојде некој стресен период каде едноставно немаме време за грнчарство? Некој спомна mental resilience погоре, комплетно се согласувам дека тоа е тоа што фали.
Терапија може да биде редовна пракса за личен раст, не мора услов за психолог да е страшна болест. Само што треба да имаш пари за тој лајфстајл и кај нас не е вообичаено некој да оди на неделни сесии за личен развој.
Во општество во кое здравството и општото здравје се сметаат за луксуз, одењето на доктор се смета само за во крајна фаза кога ќе се дадат сите финансии за исходот да биде добар, секако не може да се очекува никаква свест за менталното здравје. Здравјето и одењето на доктор пред се е превенција и контрола не и лекување во крајна фаза. Така и самиот систем ќе биде попродуктивен докторите и болниците послободни и ќе се троши помалку материјал и време. Лица што имаат ментални односно психички проблеми, ако се работи за нивното здравје и ситуацијата трае долго време треба да се консултираат со доктор, специјалист за таа намена.
Да, да, скроз се согласувам. Мислам повеќе на луѓе што ќе ти се изнасмеат во фаца ако им кажеш дека фактот што не мрдаат со газ влијае на тоа како се осеќаат психички. Зборам кога со години се неактивни, тромави се дури. Па додади на тоа дека јадат се' и сешто. Дека единствена занимација им е тв и муабет со комшиката. Дека ништо не прават за себе, не се заинтересирани, не се ни трудат. И на крај подобро е лексилиум секој ден чисто за да осети некаква релаксација. Или помлади, неактивни, нонстоп пред екран. Знам многу такви примероци кај што почнале со планинарење или трчање, и буквално луѓето се препородија. Им се тргна маглата од умот, башка што физички почна да се средуваат. И сега не можат ни еден ден без таа физичка активност. И тврдат дека скроз им е сменет животот зошто подобро се осеќаат и физички и психички, посреќни се општо, почесто позитивни, далеку помотивирани за се'. Зошто секоја позитивна активност си влече друга позитивна активност. А инаку, темава ми делува дека е за тоа дека премногу акцент се става на менталното здравје периодов. Што според мене е супер, баш топ. Во секој случај, ако ти е преку глава, пак можеш да лимитираш што гледаш и слушаш. Не мора грнчарство де, тоа беше само пример. Што год да е, не правиш апсолутно ништо што ти е интересно? Немаш хоби некое? Сето што набројав се само примероци што можеш да правиш, не дека секој треба се' од тоа да прави. Еве лично ќе ти набројам што се' правам (што ми одржава позитивна психа) барем 5 денови во неделата: или пешачам 10ина км или возам точак (а некогаш и двете во ист ден), внимавам на исхраната (иако можам подобро), медитирам, пишувам во дневник, читам книги. Кога не би имала дете, би правела многу повеќе од тоа, како што и правев пред да имам дете. Воопшто не е за чудење, така фунцкионирам, не можам поинаку. Прашање на приоритети е.
За другото се согласувам, за ова сакав да спомнам. Како за нација кај што секогаш било и уште се нормални зависности(цигари, алкохол, апчиња за смирување), испади и насилства, немаме криза на ментално здравје само кај една генерација туку кај сите.
Има дете, колку што прочитав, по фултајм џоб од тоа нема . Сдк браво за свесноста и организираноста на членката. Нема универзален рецепт за наоѓање коупинг механизам, ама битно е секој да си го бара, се додека не го најде. За мерење, моето е подобро од твоето, нема простор, ама некои работи мора да се земат како аксиоматски предуслов за психосоматски добробит. Ко што и објаснував на ќерка ми преѓе, мора да дишеме, да јадеме здраво и да се движиме во природа за да бидеме здрави. И да си најдеме издувен вентил. Не ми е готова листава, ама како основа мислам дека не е лоша. Менталната издржливост (или како да го преведам resilience) е трка на долги патеки.
Ова е форум. Најголем дел од работите кои се пишуваат од одредени членови се работи кои не ги знаат ниту малку, ама пак се разговара. Секоја тема за било што е добра за да се излезе од табу, другите да дознаат повеќе, да се дестигматизира, да се научи нешто. Ако не си режисер, не значи дека не треба да отвориш тема за филм. Членот почувствувал дека треба да отвори тема за нешто и отворил, наше е меѓусебно да разговараме наместо да осудиме некој што се заинтересирал за нештото. Тоа е сосема спротивно на тоа како би требало форум да изгледа.
Баш дека е форум треба да се внимава што се пишува. Еве јас лично имам дијагностицирана анксиозноат и панични напади, одам на психијатар, пијам терапија за да можам да функционирам, и ме навредува кога некој кој не осетил како е да се бориш со себе си да станеш сабајле да одиш на работа, да го тераш денот, да живееш наместо да легнеш и да го поминеш цел ден во кревет зашто телото не ти дава да станеш, а во главата имаш 300 идеи што би можел да направиш. Некој кој појма нема како е, да кажува дека оние кои одат на психијатар бараат внимание ( тука морам да признаам лично се навредив), дека сум размазена, дека си умислувам.. и да. Анкисозноста не се лечи секогаш со грнчарство, медитација, и слично зашто кога ќе те фати тој период не ти се чита ни книга, не ти се оди никаде, не ти се прави ништо. Кој може супер, ама не има и такви кои ете без терапија не би функционирале бар онолку колку што функционираме. И сега некое девојче можеби има напад на паника или анксиозност, доаѓа чита дека е размазена, дека ништо не и е зашто побогу на 20 години треба да пееме по улици сите и да сме среќни. А она се гуши во себе си. Толку од мене на темава. Имам и онака тежок период не сакам да тригирам понатаму, сепак морам да функиционирам од утре да работам..